Феминизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 24 јуни 2011.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.887
    Допаѓања:
    194.363
    Hmm:smirk:... I don't think so. Ај елаборирај со свои зборови што е систем, па да се објасниме. Вака, овоа е она-сама си го барала, или сите сме криви (за нешто за што не сме криви).
    Еве...мислам од Талибан до Исланд...и овака е во Исланд http://www.nordiclabourjournal.org/...is considered,world leader in gender equality.
     
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.933
    Допаѓања:
    25.806
    Пол:
    Женски
    Статус на една Скопјанка .. И потполно , апсолутно се согласувам !


    Преземено од фејсбукот на една Скопјанка
    ( нема да ја именувам , не знам дали би сакала бидејќи не е директно моја познаничка и пријателка , ако се пронајдеш кралице , feel free to tag yourself up ! )

    Да ви кажам нешто околу феминизмот.
    Ова што го живееме денес е се, само не дека уживаме некои женски права.
    Исто барабар со мажите, рмбај по 8 саати, вози како маж уште два саати. Под таков напон и стрес, зошто мажите со добри автомобили имаат предност.
    Остави дете у градинка, земи дете од школо, трчај тоа од вечер што си спремила да згрееш за јадење и почнува маратонот, чисти, пуштај машини, дипли алишта, мисли што треба да се испазари нели како жена треба да знаеш дали ти недостасуваат чечкалици за заби. И на крајот од денот истуширај се и биди способна и да му се посветиш на мажот, во меѓувреме срамно е да идеш неисфенирана, недепилирана, несредена… И само трчај како луда наста, не останува време да си ги видиш најблиските, животот отиде… трча и тој по нас.
    Се ова додека мажот заработува нели повеќе, ти одиш за подпросечна плата…
    Се мислиш дали Орнел омекнувач поевтин е од Ленорот за 40 денари… па ќе утнеш, не мириса овој…
    Кралици беа нашите баби!
    Владееа од дома, платата на мажот кај неа, таа е дома и има време и за себе и за домакинство и за деца!
    Затоа нема деца, зошто жената самата си направи да е еднаква со мажот, а во поново време и да си го земе поголемиот товар на себе, зошто машко е он, не знае ќе ја изгори тавата.
    Ова го направија кариеристките амбициозни што сакаат да се натпреваруваат со мажите и кариерата пред се.
    И неспособните мажи, што не може да заработат за семејството па им треба таа бедна плата на сопругата.
    Да му се плукнам јас на нашиот феминизам каде што како коњи рмбаме и пцуеме како кочијаши приморани да се слееме во мнозинството. Одете, работете! И мерете сили. Топлината на домовите се испразни кога жените станаа како мажи.
    Два цели часа денес од Чаир до Аеродром.
    Имав време да мислам на ова…
    Каков скапан ден.
     
    На EvAngelos, mKdevojce, Трагедијаупмм и 9 други им се допаѓа ова.
  3. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.562
    Допаѓања:
    14.050
    Пол:
    Женски
    Ова од жена напишано?
    Ако некоја сака да биде трад вајф, слободно, ама нека не продава вакви приказни. На бабите наши им било супер бе. Имала време за се, па на крај на дрн да му се посвети на мажот. Бре мајката.
    Затоа имам маж кој подеднакво е вклучен во домот и околу децата и не бара јас да му се посветувам, туку двајцата еднакво работиме на тоа. Што нема проблем да го изриба вцто и да игра принцези со ќерка му.
    Дали сакав да бидам дома со бебево уште некој месец? Апсолутно. Ми поминуваше низ глава да дадам отказ. Ама тоа не значи дека сакам засекогаш така.
    Си ја сакам работата, нескромно, добра сум во неа. Сакам децата да ги научиме дека мама и тато се тим.
    А работа по дома никогаш доста во секок случај.
     
    На CrazyGirl15, sparklie, Just_a_kid и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    45.418
    Ахам значи феминизмот и е крив оти се окотила со дебил? Оки доки.

    Нас другите НЕглупачките арен ни е. Леб ни дал, слобода, права, али и ОБВРСКИ.
    Ако по грешка се земеме со вол, ќе се оставиме и со парите ќе си ја прчиме колку можеме.

    А на другарка ти што го пишала ова, боље ич нека не се кажува која е, него нека се покрие
    со ушите.
    Гревови. За ваквите само карта у еден правец у Авганистан.
     
    На Калатеа, Medea., CrazyGirl15 и 25 други им се допаѓа ова.
  5. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    1.021
    Зарем не сфати дека текстот е саркастичен?
    Подолу вели “ платата на мажот кај баба”.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    45.418
    Камо те срече...
     
  7. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    9.437
    „Време за себе“ ѝ било на баба ми кога ќе се изгасеше струјата и сите ќе заспиеја, па ќе можеше 10 минути да седи во тишина и да медитира. Цел ден готвела за 7 особи (5 деца, имала време да раѓа, нели), па садови миење, чистење, перење, пеглање, плус ја носеле и на нива. Битно, била кралица на фискалната политика, парите ги чувала. Дедо ми после работа си го прчи, си јаде, си легнува, толку.

    Оваа од статусот е ваљда како баба ми, плус оди на работа, што е дополнителен товар, па претпоставувам затоа е овој гнев. Но, како за почеток, може да го научи идиотот за кој се омажила, да приметува дека нема чечкалици за заби, а не одма со: Проклет да е феминизмот!11

    Особава која го пишала ова, ако беше како баба ѝ, тешко дека ќе замешаше уз Цеца во некоја локална биртија и ќе пуштеше лајф (како што и често прави), ем стварно ќе немаше време, ем тогаш било срамота - жена во меана. Али толку ѝ е капацитетот. Не е ни чудо што мисли дека нашите баби, парите кои ги чувале, ги трошеле на козметичар, фризура, маникир и педикир, третмани (имале време за себе, биле кралици кои владееле од дома:rofl:). Најстрашно е што оваа е просветен работник.
     
    Последна измена: 3 октомври 2025
    На CrazyGirl15, Касија, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.970
    Допаѓања:
    41.934
    Пол:
    Женски
    Леле ја мислев некој забутан статус од фејсбук си копирала, а сега ми искочи и гледам 1000+ лајкови.
    Една од негативните страни на 21 век е тоа што интелектуално потпросечни луѓе можат да се осеќаат како Аристотел зашто имаат платформа кај што исти други такви луѓе им се восхитуваат.
     
    На CrazyGirl15, Just_a_kid, smooch и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.058
    Допаѓања:
    24.954
    Ај таа што го вели ова оти кариеристките ѝ се криви нека се закопа таму негде да не се кажува.
    А замисли има ќерка и сака да биде доктор? Нека им каже фала на сите жени што храбро станале први жени доктори, пилоти, инженери, за денес да не нѐ рамнат со крави за расплод.
    Или само за нас ни е гајле, за другите жени што нѐ боли пичка?
    Више рекоа, ене ѝ го Авганистан, слободно нека се пресели.

    Убаво ви е кога ве лечат жени доктори оти ви е срам да покажете цицка и путка на маж ама феминизмот не чинел. Ај важи.
     
    На CrazyGirl15 и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    45.418
    Дај бе кажете која е...
     
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    132.582
    Пол:
    Женски
    Оваа не е кралица, туку некоја глупава и затупена на која очигледно ѝ фали едукација.
    Оваа е ко некоја од минатото заглавена во 21ви век. Нека најде начин да си се врати. :D
    1. Зошто се омажила и зошто родила дете ако сето тоа ѝ е мачно или напорно?
    За разлика од бабите, она има право на избор. Ако не ѝ се живее таков живот, нека се разведе и нека му го остави детето на мажот.
    Или нека го превоспита мажот за да почне и он да мисли на тоа што е потребно.
    2. Жените прво треба да се средуваат за себе, а потоа (доколку сакаат) за мажите. И не е срамота понекогаш да одат несредени.
    3. Кој/а сака ќе најде време да си ги види најблиските, макар и 5 минути. Не треба да се толерираат изговори постојано.
    4. Што не организира нешто ако не е задоволна од платата?
    Лесно е да се лае на тастатура.
    5. Нашите баби не биле кралици, туку претежно маченички. Не владееле од дома.
    Не знаеле кај им се главите оти целиот домашен товар паѓал на нив. Повеќето од нив и немале пристап до парите на мажите без прашање.
    6. Денешните жени не се принудени да раѓаат деца и имаат право на избор. Не треба да се прават деца ради реда. А и тие кои сакаат да раѓаат мора да обезбедат повеќе приходи во време на скапотија. Како и без љубов, така и без пари нема топлина во домот.
     
    На ЕмилијаEma, Just_a_kid, Касија и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    16.922
    И денес не е многу различно. Разликата е во тоа што сега жените имаат плус 40 часа работа навор од дома неделно.

    Уделот на мажите во домаќинството се сведува само на помагање.

    Никој не може да ме убеди дека работата во кујната, перењето и средувањето на алишта па и обрските околу децата можат да бидат поделени 50-50 помеѓу мажот и жената.

    Ете јас не сум сретнала посветен татко во темите Бебе и Дете, сите машки зе знае претежно каде ги има, во темите за секс.

    Точно, имаш избор да не раѓаш ако не можеш да вклопиш мајчинство и кариера ама тоа само го потврдува фактот дека феминизмот не и прави услуга на жената со тоа што и' е компромитирана најуникатната улога која и ја дала природата, само за да се докажеме во трката за еднаквост со мажите.
     
    На CrazyGirl15, Skyler, makakosi и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.887
    Допаѓања:
    194.363
    Не, не ја компромитира феминизмот таа улога, еден друг ,,изам,, е крив за тоа, почнува на зборот ,,капитал,,
     
    На Калатеа, CrazyGirl15, Skyler и 10 други им се допаѓа ова.
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    16.922
    Па некако ми изгледа дека едниот "изам" е во служба на другиот.
     
    На CrazyGirl15 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.887
    Допаѓања:
    194.363
    Изглед вара:angel:
    Улогата мајка е незаменлива, ама колку време во животот имаш таква незаменлива улога? 15 години преку сила, и да ги родиш 3. И што правиш во остатокот од животот, освен ако не се претвориш во опсесивна свекрва:wasntme: Ок, може некому е тоа дримџоб, ама не е многу здраво, за никого.

    Мислам, можеш и да не пишуваш, шо ќе ти писмена да бидеш, ако гледаме така. Али видиш беља, и ти имаш некој порив, да мислиш, да изразиш мислење. Шо ќе ти е па тоа?
    Иначе Марија Терезија е крива, она таму ќе ми ти воведувала задолжително образование и за машки и за женски деца. Пред 300 кусур години. Значи свашта.
     
    Последна измена: 4 октомври 2025
    На Калатеа, CrazyGirl15, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    8.264
    Пол:
    Женски
    Може да биде поделено и не се сведува само на помагање. Туку јасно зацртани обврски. Тоа што жената сама си билда одговорности, наместо да си олесни е друга филозофија. Маж не може да испере? Да испегла? Да направи ручек? Да исчисти? Да облече дете, да успие, да му даде да јаде, да го игра? Да имам уште едно ,,дете" по дома, ќе го вратам кај мајка му. Нејзе и е обврска да си го гледа детето, мене не ми е, да го третирам маж ми како дете. Ми треба вистински, одговорен маж што не се плаши крпа во раце да земе и не се плаши пелена да смени.

    Така да, пред да го кривиш феминизмот, проблемот ти лежи по дома. Кога ќе престанете да ги третирате како хендикепирани, тогаш може и обврските ќе ви се олеснат.

    Патем некои работи по домот, јас до ден денес не знам ни како се прават и немам намера да ги правам, не е на мојата листа на обврски, како што ни маж ми не се замара за моите. Си имаме јасно поставени обврски и секој си се придржува до истите. Ако не може, не можам ни јас, да се докажувам колку можам, на кого и зошто:D.

    Да не работам, па ајде да си превземам домаќинството како моја одговорност, некако и е сфатливо. Двајцата идеме на работа, децата се заеднички. Затоа пред да се мажите, ќе му фрлите крпата во фаца, ако не знае да клекне да забрише, тури му пепел, нека си најде некоја наивна и смотана да го слугува. Јас не сум таа и нема да бидам.
     
    На Калатеа, CrazyGirl15, sparklie и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    15.519
    Пол:
    Женски
    Ја мислев цел живот си мајка, коа еднаш више ќе станеш, цел живот не си? :?:
    Нормално дека не да е врзано детето на папочна врвца коа ќе порасне, но таа улога на мајка зар прекинува?

    Малце двосмислено и глупо ми е тоа шо се прекинувало родителското право коа ќе начукаш 18.. Да за самостојност, да за независност на детето, слобода во одлучувањето, али не е баш така во реалноста.

    И шо после откако се пораснати, кршете глава и снаоѓајте се скроз сами, не сум ви више ич потребна?
     
    На CrazyGirl15, Bitter-Sweet и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.887
    Допаѓања:
    194.363
    Добро, немам соодветен збор, ама ај сега контекстот во кој збориме земи го предвид па коментирај. Ете, цел живот си мајка и тоа, само тоа ти е фул тајм џоб?
     
    На LiquidLuna, Angie1432, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.058
    Допаѓања:
    24.954
    Епа за тоа се криви говедата со кои се мажат, не феминизмот.
    Има збор за тие, married single moms. И голем дел на форумов што се заебаваат хехе мојов дома не знае чиниите кај стојат, хехе го облекол блузичето на детето наопаку, се од таа група.
    Освен за доење, сите други обврски, ама апсолутно сите може да ги прави и маж.

    ФМП
     
    На Касија, Amellie13, Polyincognito и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.608
    Допаѓања:
    28.941
    Пол:
    Женски
    Феминизмот не натерал да рмбаме ко коњи и плус да ги вршиме домашните обврски ама феминизмот исто така ни дал и шанса да се разведеме.
    Така да, ако рмбате ко коњи и ги извршувате сите домашни обврски додека он си го лади курот, разведете се. Шо ќе ви е?
     
    На smooch, TammiB5, LiquidLuna и 11 други им се допаѓа ова.