Сама си бираш партнер, всушност сама си бираш дали уопште сакаш да имаш партнер. Тоа е поентата на феминизмот, а не дали мажот што сама си го избрала вршел домашни обврски кога и ти и он работите. Никој не те тера на сила да се мажиш со некој таков, ниту те тера да исполнуваш нечии очекувања. Испаѓа муживе се жртви на заостанато воспитување, немаат мозок да согледаат што чини, и се неспособни да созреат. Ако е така боље да не се размножуваат.
Стварно така е, еве ја сум мажена за мистер мк 1994та. И толку години сум со него само оти е многу убав Абе, годините да им ги имам, паметот да им го немам
Мажите и жените се сосема различни по природа. Ако не е така и мажите ќе раѓаа и жените ќе мочаа стоејќи. Па така, не може и машките и женските обврски да бидат поделени 50-50. Толку. Порано се знаеше, дедо одеше в планина по дрва и на орање на нивата а баба дома печеше леб, готвеше и го водеше домакинството.
Па затоа помагаат тие што имаат свест ама пак не може да го дои детето и да седи дома и да се грижи за бебето во првите месеци од раѓањето... А не можам и јас да ги цепам дрвата наместо него на пример.
Па не знам, ете јас го немав видено дедо ми (ниту пак татко ми) со сукало в раце да засука некој зелник или баница. Ниту пак ја видов баба ми качена на трактор да ора или да оди в планина по дрва. Ами ако е само на доење и не се храни од шише?
Тоа било организација на работите на мажот и жената во тоа време.. Денес маж по дрва не оди, може да работи и тој по дома со жената заедно. Ако работи само едниот логично е поголем дел обврските во домот да останат на другиот. Ама ако и двајцата работат и домашните обврски се делат. Он не јаде, не ги валка чиниите, неговите алишта не треба да се перат?
Каде прочита дека го напишав тоа. Јас реков дека нормално е да помага ама не можат да бидат машките и женските обврски 50-50. Како што јас не сакам да се маам по мајстори за кола, да се замарам со мајстори за плочки и струја за дома, така сигурно и тој не сака тој да ми ги одделува алиштата за перење на детето по боја, материјал и сл. или пак за тоа кој прашок и омекнувач е најдобар.
Ама затоа може да пушти машина, да напраи јадење, да изџогира, да избања деца, да измие садови, итн...
Не е точно. Ете дедо ми многу ја сакаше и почитуваше баба ми. По цел ден не се прибираше дома оти работеше по двор и нива и в планина со дрва. А тоа што таа ќе му ја измиела чинијата кога ќе јаде или ќе му ги испереше алиштата не го правеше мрза.
А јас ако не сакам да се маам со правење ручек дома, морам да правам затоа што тоа е "женска" работа?
Ама работеле двајцата, така се договориле.. Денес се е на жената, мажот дома седи буквално не прави ништо од тоа дедо ти што правел, а уште помалку од тоа баба ти што правела.
Дм и пушта машина и готви и чисти. Па еве кажи ми како он може, а маж ти не? Јас сум носела цигли, сум кревала намештај, сум копала бавчи
Бебето ќе се навикне. Мора кога мајката одеднаш не може веќе да дои или нема време поради враќање на работа, па се молзе и полни шише или му се подготвува формула. Во моја фамилија сите сме биле или комбинирано хранети или само од шише.