Па може и маж ми. И го прави тоа. Каде реков дека е се на мене. Ете и јас јас носам колата на мајстор ама тоа не значи дека тоа е женска работа. Тоа е сосема друг муабет.
Што има врска половиот орган, со тоа кој ќе мие садови или пушти машина Ако колата ти се расипува секојдневно, време е да си ја смениш. Патем сигурно он не ја поправа, туку ја носи на механичар. Тешко е, да чучнеш на столче и да гледаш што прави мајсторот. По дома секој ден реновирате? Па демек маж ти плочки реди и тешко му е бош муабет на мајсторите да прави. И кој у градска средина при парно цепе дрва. Какви се овие обврски жити се. Еднаш у 100 години и една од партизанско време. Рмбај му по дома, кога немаш попаметна работа. Дунде ќе му порасне ако земе тањир да измие.
Сите жени кои се против феминизам, молим лепо да се откажат и од бенефитите на истиот. Не можеш да си кажуваш гласно мислење, да бидеш образована и писмена, да возиш кола, да заработуваш и да имаш свои пари у џебот, да си сама свој чоек, со други зборови да не одлучува некој си крастав маж у твое име и да те третира ко крава за расплод, а да плукаш по истиот тој феминизам кој сето тоа ти го овозможува. Или да, може. Заборавив дека лицемерието постои. Вие и те како сте феминистки, сите до една тука, без исклучок, ама малку лицемерни некои, и така.
Да знаев дека толку ќе се возбудите , немаше да споделам . П . С . Не знам за " женава " , ама јас со сигурност од сарказам ја нареков кралица . Затоа што , всушност да не беше феминизмот , во први редови , она немаше воопшто да има право на возачка дозвола , ма на збор , камо ли друго . Затоа ја споделив и нареков кралице . Да не дојде до забуна . Сега дури гледам дека сум заборавила да напоменам поназад .
Ве читав уше СДК само немав можност да пишам тогаш, и сега веќе членката рече дека е сарказам па јас ќе коментирам нешто без да цитирам наназад, во склоп на то шо се збораше. Сакав да пишам за важноста на не делење на обврски на машки и женски и како то влијај на ова шо го зборате. Пошто нормално дека ако јас и тој работиме по 40 сати неделно, ама готвење е женска работа, чистење е женска работа, децата е женска работа - јас работам поќе од него секој ден. Машка работа била потешка инаку, дрва редење пример (еднаш годишно), или скара праење (со другарите и бирка, од прилика два пати годишно) или ле-ле шо ако треба гума да се смени на колата (поретко од еднаш годишно) итн. Секојдневните обврски се на партнерите. И често на форум гледаме дека за мажот се вели дека „помага“. И се дур не го ставиме мажот на еднакво рамниште при распределба на обврски во домот, да си извршва неговиот дел, а не да ми „помага“ мене - ќе имаме проблем. Така да баба ми можи била домаќинка и чистела, готвела, деца гледала, ама дедо ми не работел само 40 сати неделно во фабрика, туку одел и на нива, и со кравите. И не е реално баба ми да очекува ко ќе си дојди и пајнци да измие. Ама денес, во модерното време, ако двата работиме 40 сати - значи дека двата сме уморни од та работа и после сакаме да одмориме. Ама домот ќе фати нозе. Е место цел терет да падни на еден партнер, паѓа по малку на двата партнери и никој не е целосно преморен. И не сфаќам како овај концепт е тежок за сфаќање и како не им иди од срце на партнерите да си помагаат за мирен живот и одморен партнер. Одморен партнер е среќен партнер. Уморен партнер е плодна почва за дисфункција. И да, многу е важно и каква е околината во која сме. Наназад беше спомнато дека во своја околина не сте виделе маж да извршва „женски“ обврски. Вервам дека влијај и то во поглед формирање ставови. Татко ми е „домаќинка“. Од дете кога сум била „помагал“ низ дома (си извршвал свој дел од обврските, ако е слободен целосно тој, ако се двата тој ден на работа - двата по нешто). И под извршвање на обврски мислам и на оние „женските“. Ете само да пегла мислам го немам видено ама можда и поарно, не би му вервала со пегла. Се друго има праено и еве уште прај. И секогаш вели, најмногу му се најде живеење сам пред брак за да стекни рутина за уреден дом и добра исхрана зошто одржување на дом е навика шо ни го подобрува квалитетот на живот. Шо ме носи до вооружена некомпетентност. Многу мажи имам забележано дека ја користат за да избегнат извршување домашни обврски. Оти ако згрешам доволно пати - ќе ме остај партнерката на мир и нема поќе да го бара ова од мене зошто „нЕ мЕ бИвА“. И за крај, жени, нема да сме кај шо сме ако не беше феминизмот. Ако едноставно сакаш да живејш како баба ти - живеј како баба ти. Феминизмот ти го дозволва то право да одбериш. Зошто мора сите да живеат онака ти како шо сакаш, за да се охрабриш да одбериш да живејш така? Just do it girlie. Сакаш да не работиш и да си домаќинка? Биди. Не мора сите да бидат за ти да се одлучиш да го напрајш тој чекор. Не ти е феминизмот крив зошто одлучи да живејш на поинаков начин од то шо сметаш дека е подобро. Едноставно напрај то шо сметаш дека е подобро. It's that simple.
Вришти од ,, сарказам ,, ... Небитно, никогаш нема да ми бидат јасни особи што никогаш не си стојат позади ставовите, особено оние контроверзни и кажани со толку самодоверба, и што све некој нив погрешно ги сваќа, па ги напаѓа бла бла бла... Форум е, секој има право на свое мислење и став.
Ова што го опиша бедничкава е далеку од феминизам , како може да е феминизам женста дома и да готви да пере и дете да носи во градинка а мажот што? Да не чека пиво на кауч? Не ми се верува колку жени си го дозволуваат ова на себе си.
Види Гош , јас не те знам , ти не ме знаеш . Тоа што немам ставено " " на кралице , или немам наведено на првиот пост дека е сарказам , не значи дека го поддржувам нејзиниот став . Постот е споделен и напишан ИРОНИЧНО затоа што прво жената Е во АВТОМОБИЛ на кој НЕ БИ ИМАЛА ПРАВО ако не беше феминизмот . Второ , работи 40 часа неделно , за кои БИ МОЛЕЛА да ги работи , повторно , АКО НЕ БЕШЕ ФЕМИНИЗМОТ . Трето , ГО НАПАЃА ИСТИОТ ТОЈ ФЕМИНИЗАМ кој и дал ЗА ПРАВО ДА ИМА ПРАВО НА ИЗБОР И ДА СЕ СЛУША И НЕЈЗИНИОТ СТАВ , МИСЛЕЊЕ итн . Да , во мојот пост ништо не е нагласено , точно . Тоа не значи дека навистина се согласувам со истиот . Или .. требаше да ставам во стил : Потполно се согласувам !!!!!11 како што обично правите , кога сте саркастични на пример . П . С . Да обично внимавам на моето пишување . Ама не секогаш пишувам кога сум дома . Се случува да сум во кафиќ , оној што е со мене е во тоалет на пример па додека седам си читкам и коментирам . Или пак некогаш кога не ме фаќа сон си коментирам , некогаш просто ме мрзи да користам интерпункциски знаци , па ги изоставам . Вам не ви се случува ? Вие сте совршени и сјајни и бајни? Немој ти се молам . Немој со мене . Имам видено се у животов . Така да , Немој со мене на таа карта . Не паѓам на провокации . П . П . С . Овие !!!111 се излишни и досадни веќе . Само да знаете .
А феминизам ли е жена на жена волк да е? Баш ме мачи сеа прашањево. Дали феминизмзот го поддржува ова? Пошо доста од жените ова го праат, дури и радикалните феминистки. Зашо?
Пробваш да си иронична или искрено прашваш? Ќе ти одговорам како да е второто. ✨Интернализирана мизогинија✨ во многу голем % од случаи, зошто сме сите растени на одреден начин и потсвесно го носиме со нас и активно мора да излезиш од тој калап на размислување за да не повредваш (во случајов) други жени. Јас вервам дека поќето од нас успеват да излезат од овај мајндсет, ама толку ни е дел од културата и дел од раст и развој - шо можи да се лизниме every now and again. Ама скроз вервам дека ова е мајндсет кој можи да се надрасни. Кога има фемициди колку често гнасните коментари ("си го барала", "шо мислела со ова", "јас вака никогаш не би си дозволила" итн) идат и од други жени зошто тие веруваат дека ова шо го зборат/пишат е вистина. То влегва и во пик ми мајндсет и како "жените се глупи и досадни, едноставно полесно ми е да се дружам со мажи", "I'm one of the boys". Ова е еден аспект. Дури и ова шо зборам за "пик ми", е многу "проблематично" од моја страна и можи да се интерпретира низ призма на "жена на жена волк". Ама дека бидување пик ми е фаза во рана адолесценција, а не за зрела жена - it's a hill I'm willing to die on. Друг аспект е дека не сите од нас (жени) сме добри луѓе. Некои едноставно сакат да повредат некој и тоето. Дали е исправно? Не. Дали сепак постои та (природна) варијација на луѓе? Да. Не му менва пол. На некои им менва, гледат на други жени како на натпревар. Ама па ко ќе свртиш да гледаш на друга жена за натпревар и низ призма на валидација од маж ... врати се на параграф 1 пошто веројатно е некоја интернализирана мизогинија, а не варијација на (ѓубре) карактер. И последно, многу често не поддршка на women's wrongs се интерпретира како "жена на жена волк". Многу често ако знајме дека Х особа (гордо) се декларира како феминист, и притоа таа особа нема да поддржи одредено однесување - се оди со ова реторика и се користи како некој "gotcha" момент. Лично, многу плитко размислување.
Кој е крив што природата нè создала такви какви што сме? Не сум јас крива што по природа можам да раѓам, а он не може, исто како што не е ни он крив што по природа јас не можам да кренам 100 кила тежина, а он може. Каква врска има тоа со пуштање машини за перење алишта, на пример? Или усисавање со правосмукалка? Имаш ли нива за орање? Орате фамилијарно? На планина живеете? Имаш дрва за цепење? Печеш лепче секој ден или си купуваш од маркет? Знаеш што? Ако не сакам, нема ни да раѓам. Разбираш? Не живеам порано во времето на баба ти и дедо ти, и ако сакам и ќе мочам стоејќи. Баш фактот дека можеш да раѓаш те прави посупериорна по природа од мажот. Ти дој, он нека праи сè останато, океј? Пошо не може да дои, може сè друго да праи за што се потребни само пар раце и малку мозок. А пошо ти ќе направиш пауза од работа (ако работиш), а он нема, држи ги прстите прекрстени надевајќи се дека работата ќе ја задржиш. Ако до толку не можеш да цепеш дрва, најми некој да ти ги исцепи, или едноставно научи, снајди се. Или купи клима. ¯\_(ツ)_/¯
Проблем е тој да ги собере алиштата на неговото дете и да пушти машина да се перат, за да има чиста облека неговото дете? Праиш реален муабет или поентата е тука да раскажуваш како живееле пред 2 генерации во село на планина? Ти лично живееш така? Браво, глеаш дека можеш многу повеќе отколку што некој таму те убедува дека не можеш само затоа што си женско. А иначе, женска работа ли е уопште да возиш кола?
И те како можеш да мочаш стоејќи, од кај овие дебилни мислења?! Дури можеш и млазот да го засилиш да не ти прска насекаде, аман веќе. Само не носи панталони и мочај од ќерамиди ако сакаш. Па не можеле принцезите на механичар да идат, мајстори да викаат, сијалица да сменат. Али ок, ги разбирам и онака мажите за ништо не им служат, па вака се тешат оти уште у брак се со нив оти ете помагале еднаш годишно иделе на механичар да дремат на телефон додека тој таму се фолира демек работи нешто за да ти ја сјебе уште поише колата. Ја коа викам дека жените го крепат патријархалното општество, вие будала ме праите.
Убаво од тебе што си одвоила време да ми ги анализираш мислењата ама штета што не си ја сфатила суштината на тоа што сакам да кажам. И да, немам намера денес и со тебе да се докажувам тука. Недела е, убаво ќе е времето гледам, одам да ја однесам колата да ја исперам и зачистам па после треба да исцепам некое дрво па да запалам оган, додека маж ми ете втората перална од сабајле ја простира да се суши, па ќе станат децата гледам земал да блендира кашичка за бебето и да подготвува појадок за децата.