Обично, кога докажуваш поента, одговараш на аргументите со аргументи, не се однесуваш дефетистички. И не можам да те разберам. Од една страна многу убаво разбираш како ни е загрозена слободата како луѓе, од друга страна толку елементарни работи не разбираш за жени. Да, јас се расправам со мајстори за плочки и струја, не е голема филозофија, секако мажите немаат појма од сантиметри. На крајот станува збор за комуникација и финансиска трансакција, никаква машка суперспособност не е во прашање. И знам дека многу повеќе работи ќе беа направени ко што треба, ако ги правеа жени, јер имаат повеќе смисла за систем и организација, и мултитаскинг, и фокус на детали, и дополни по желба. Сдк, во случајов на погрешно дрво мочаш. Односно мочаш на гранката на која седиш. Се случува де, секако и тоа е дел од агендата.
Морам да дополнам тука. И ова не е така зошто биолошки е одредено, туку е така ради општеството и какви улоги и обврски дава за женските деца, а какви за машките деца. Очекувањата за машко дете и очекувањата за женско дете не се исти. Од таму, како возрасни индивидуи, однесувањето на женско дете и однесувањето на машко дете - се различни зошто различно сме учени да го гледаме светот и различно сме учени да земаме (или не земаме) одговорност за то шо прајме. И дури и да излезиме од тој општествен притисок до негде, некои навики си останват и си влечат.
По други држави има и жени што работат на градилиште, возат камиони... Кај нас и такси да сака да вози ќе и се изнасмеат иако има положено.. Јас лично иако сум женско од секогаш многу се дружев со дедо и кречев и сијалица знам да сменам и помагав во ѕидање, пренесува дрва, во село сум косела трева, сум цепела дрва... И можам да кажам дека не е некоја филозофија што можат само мажите да ја работат. Од друга страна брат ми многу повеќе со баба ми се дружеше и иако е машко многу подобро од мене се справува со сукање, правење јадење.. Само што сме растени во патријархот некако секогаш сите го исмеваа и му велеа дека е "женски петле", па денес ако е сам ќе готви ако има некој ќе рече "Јас не сум женско".. Чудно па на мене никој не ми рекол дека сум "машко петле", сите ми велеле "убаво е да знаеш да си работиш се, да не зависиш од маж"..
Кај детево мое на балет нема ниту едно машко, а се 7-8 групи со по 20ина деца. Колку дечиња машки познавам што сакаат танц, ама родителите не им дозволуваат. Како така, ПЕДЕРЧЕ ли ќе го правиме е муабетот. Секогаш. И така детето е запишано на фудбал, иако ја мрази секоја минута од тренингот. Машките не плачат, машките не танцуваат се основата на понатамошното мажот не пушта машина, брише прашина или што и да е по дома. Па и се дрзнува да те праша на интервју кога планираш да раѓаш. Или си товар и ја уништуваш фирмата затоа што одиш на породилно. И што си 3 скали назад кога ќе се вратиш. Само затоа што си решила да имаш дете. Жално што се уште имаме вакво општество кое уште долго нема да се смени. Подреденоста на жената ќе постои за навек и со затуцаниве размислувања тешко дека ќе се избориме за нешто. Затоа треба добро да се размисли со кого ќе го поминеме животот. Пример сега додека дојам и куцкам на телефонов, он брише прашина. Гревче, сирот тој.
Бидејќи феминизмот е политичко движење, не безусловна поддршка на други жени во дебати и согласување со жени само зашто се жени. Се надевам дека ова ти е од помош.
Срамота тинкабел го мачиш човекот прашина да ти брише. Место колата да си ја носи на мајсторот он прашина ќе брише, ти од кога ќе го надоиш детето не можеш да бришеш? Он да беше прав "муж" немаше така да ти ќути. Спојлер: . Се шалам, убаво ми дојде кога го прочитав ова. Даваш надеж дека и јас еден ден ќе најдам маж што ќе ме цени и многу други исто така, не се сите исти.
Па не знам, не сум студирала баш, колку е биолошки, колку е хороскопски , главно искуствено зборам, за времето во кое постојам. Појма немам какви единки ќе бидат овие од генерација алфа, родени со смартфон и главата закопана во него- можеби подеднакво неспособни ќе бидат без оглед на пол. И секако, глупо е да споредувам со генерации родени пред 100 години, јер едната ми баба немала пристап ни до платена работа, ни до пари во џеб. Ама да кажам, абе супер и беше, главата само во тенџерињата и кокошките и беше, е глупо, пошто не е вистина, и баш таа најмногу инсистираше- учи бабино, да имаш работа, да не зависиш од маж. Од финансиска перспектива, помудри одлуки донесоа тие баба и дедо кајшто бабата ја држеше ташната со пари во скут, ама и двајцата работеа исто, а и од брачна перспектива, никој никого не потчинуваше и никој не живееше и не умре огорчен. Не знам, ќе достудирам можда на темава -што е биолошки, што општествено- некогаш. Ако не ни го укинат интернетот, дека жени.
Баш прочитав некаде, мислам за Авганистан стануваше збор, не се сеќавам точно. Нели ги натераа жените да се покриваат епа многу им било да гледаат со двете очи па сега има закон само со едното. Исто така и пристап до интернет се им било укинато (ова за сите). Колку е точно незнам.
Дали инжењерите кои дизајнираат апарати за домаќинство се мажи и жени или само мажи а жените бидејќи сме глупи смеат смееме само да ги користиме? Најсериозно прашање.
Не мора ништо да ми докажуваш, праиме муабет на форум, пошо тоа е поентата на форумов. Нејсе, те прашувам реален муабет: дали живееш така како што опишуваш дека "требало"? Дали маж ти ако уопште го имаш, ора на нива и цепе дрва, додека ти седиш дома, печеш леб и ги чуваш децата ако уопште ги имаш? Најреален муабет, дали тоа е животот што го имаш?
Точно дека повеќето мажи се такви ради кои целиот товар иде на жената, особено на балканов, тоа е генерално реалноста. Но и покрај тоа не треба да се предаваме и да си речеме "сите се такви, што да правам, каков е таков е", наша должност е да не се мотаме со такви мажи. Со тек на време кога ќе видат дека ако продолжат така никогаш нема да имаат жена, полека полека ќе почнат да се менуваат и ќе се научат да го делат теретот после работа. Сега такви се сеуште зошто знаат дека им се може. Ние како жени ова си го правиме. Еве маж ми на пример повеќе од мене готви некогаш, правосмука он 90%, џогира, чисти прозори пошто е повисок, пазари. Која како си ја наредила.
И ја сакам вака Ја ко шо нејкам нишо да праам по дома ооооооо Не знам зашо ме мислат за не знам каква
Она кога феминизмот го кривиш за тоа што имаш неспособен маж што не учествува (не велам помага) во домашните обврски исто колку и ти. А тој феминизам ти дава избор да правиш што сакаш, што порано го немало, и колку и да го романтизираме животот порано, нашите баби немале друг реален избор освен да се мажат, да раѓаат деца и да бидат домаќинки. А да не зборуваме дека повеќето овде работеле и друго покрај тоа. Ама сега било полошо пошто и жените можат да поседуваат имот, банкарски сметки, да возат кола, да не мора да се мажат и раѓаат по секоја цена (иако околу ова има уште стигма) и пак да се вредни. Погледнете си дома прво пред да го кривите феминизмот и да викате дека жените сакале да се мажи. Не, не верувам воопшто некоја да сака да "изиграва маж". Сакаме да сме пред сѐ човечки суштества на исто рамниште по важност со мажите. Да имаме избор, без разлика дали домаќинки, кариеристки или нешто измеѓу. И исто така да шутниме маж што нѐ гледа како слугинки и крави за расплод, или мама бр.2. Инаку јас сакам маж што ќе готви и купува намирници пред сѐ, исто така ќе мети со правосмукалка и бриши прозори. Другото можам да го правам јас (од секојдневните обврски), ама овие работи ги правам од што морам и ич не ги сакам.
Јас мислам само мажи се. Да беше жена ќе измислеше едно за све, не вака едно за ова, едно за она. И така ќе го пропадневме капитализмот. Мислам апарат само (! )за варење јајца. Мора од маж да е измислено, за маж. Јас имам еден апарат, се вика тенџере. Све вари
Абе знаете што, океј е некогаш едниот да прави едното повеќе АМА друг друго. Едниот е рецимо талентиран за готвење, па повеќе готви, ама затоа другиот повеќе се бафта со чистење. Да, фала богу знаеме дека не можеме 50/50 да пресечеме. Ја повеќе би готвела, он веце нека чисти и нека усисава. Само работата е што типичните "женски" работи се токму тие што се работат секојдневно - готвење и чистење. А машките еднаш годишно или и поретко - менување чешма, поправање кола, кречење, реновирање. Така да пак сме заебани, како и да вртиш. И еднаш реков ако имам дете и утре мене ме снајде нешто и детево треба при здрав татко, сирак да ми биде, не го правам ич тоа дете со него. Јас барем ако одлучам деца да имам со некој, сакам да ми е мирна душава дека утре во добри раце ќе биде тоа дете ако мене ме нема. Тешката работа да одвоел алишта по боја, да направел обичен ручек.
Абре жени, девојки или што и да сте, да не ве цитирам посебно. Јасно е дека ние жените покажавме дека можеме да правиме сè што можат и мажите, освен да мочаме стоејќи. Се додека ние се обидуваме и тоа да го научиме и превземаме се поголем дел и од нивниот терет тие стануваат се понежни и помрзеливи и сè поголем терет паѓа врз нас. И на крај, додека ние успееме да научиме да мочаме стоејќи, тие ќе почнат да мочаат клечејќи. Јас никаде не реков дека сум против тоа жената да има еднакви права на образование и работа. Но, цврсто стојам зад фактот дека ние нема никогаш да бидеме еднакво способни и добри во некои работи во кои тие се, на пример извршување голем дел физички работи па и возење. Исто како што и тие нема никогаш да бидат еднакво добри во некои работи во кои ние жените по природа сме, како што е грижа за децата и домаќинството. Тој треба и може да учествува во сето тоа но не може да има еднаков удел како мене, исто како што јас не можам сега толку лесно да идам од гаража да ги товарам зимните куми во колата и да ги однесам на мајстор да ги смени. Значи не е дека не можам, можам ама не се осеќам јас еднакво маж како него.
Па се општествено условени. Јас како девојче не смеев да грешам многу, додека брачедите со кои растев (кои беа машки) - смееја да грешат многу поќе зошто "машки се" и "така растат децата". Јас како чупе бев растена дека мора да сум одговорна, мора да сум чиста, мора да размислувам, премислувам и носам трезвени одлуки зошто како девојче сум била емоционална (LOL), мора да попуштам зошто како девојче сум созревала порано и "попаметниот попушта". Шо само по себе ова е огромна тема. Не е дека девојчињата созреваат порано туку многу порано се туркаат да се однесуваат зрело и од многу порано се сексуализирани. Женските деца се "девојки", а машките деца се едноставно "деца". И се ова после си влечи во возрасниот живот и како се однесуваме. Друг момент (многу "пластичен") шо ми текнува е наставничка во основно не учеше да врзваме врвци. И на чупињата ни велеше да помагаме на машките зошто нив потешко им оди да разберат. И така девојчињата сите научивме да врзваме врвци па као им помагавме нив (на машките) да врзат ама не се ни трудеа. Зошто на крај на ден врвките беа врзани, и тоа не од нив. Шо носи до та вооружена некомпетентност шо се развива кај многу како возрасни мажи. Сигурно и ти имаш сетено, искуствено, дека има мажи шо апсолутно ќе грешат нешто постојано зошто се свесни за два моменти: 1) ние нема да го остајме несредено, и 2) кога ќе згрешат доволно пати, за да си заштедиме нерви нема поќе то да го бараме од нив. Јас не можам да судам жените кои се нашле со таков маж покрај себе. Напротив, жал ми е. Жал ми е дека при партнерство пак се сами. Жал ми е дека тој на кој треба да му се се, им е најголем хејтер. Секоја жена заслужва некој кој ќе ја третира како богињата која е. Према мене, кога сме двата уморни после работа ама делиме обврски ми е знак на почит. Не ме остава сама да се мачам, не го оставам сам да се мачи. И после двата сме слободни да се посветиме на себе, на хоби, на деца (во поглед социјализација, не како обврска; морав да дополнам).
А што е тоа што го спречува? За да готвиш и чистиш ти требаат раце што ги имаат и мажи. А како бе најпознати светски готвачи се мажи? Во повеќето големи ресторани, крузери, шефови во кујна се мажи? Ама дома на вашите тешко им било супа да сварат, ај
Мене не ми е жал зашто најчесто и тие жени цврсто се држат до родови улоги. Сори. Барем си се наоѓаат едни со други.
То е точно. Ама секогаш at the back of my head седи информацијата дека немала можност да види дека има други опции и зато ова го прифатила како апсолутна вистина.