Касниш веќе го имав поправено, знаеш дека сум по рускиот Сепак ти ги поддржуваш америчките трендови Фати се за сламка, пошто аргументи немаш Колку смешно што секогаш кога ќе видиш дека негде имам пишано за помалце од минута ме цитираш Имаш повеќе видови на феминизам златна. Ако си се нафатила да браниш феминизам, научи се околу таа тема. Колку што гледам пак ме цитираш, ех ни на зборот не можеш да стоиш тогаш барем седни си Каде гледаш срамење на религијата? П.С продолжи да го редактираш мислењето.
Секако дека се прави, а дури и да не се правеше веќе кај нас, во светот сè уште има девојки на кои не им е дозволено да одат на училиште, има такви кои ги мажат против нивна волја, има милиони жртви на семејно насилство а и принудување на секакви традиции измислени од мажи како носење бурка, обрежување и уште купишта ужасни сексистички традиции против кои треба да се бориме сите. Точно е дека ни јас, ни ти, ни @sjdgo не можеме да спречиме некоја девојка денес да биде омажена со 50 годишен чиче, ама молчењето помага уште помалку. И не, вие што не се сметате за феминистки, не сте ниту quirky, ниту уникатни, туку само игнорантни. Затоа нема да се преправам дека сè е океј ниту во Македонија, каде што според вас сме достигнале доволно ниво на еднаквост. Сè додека моите сакани професори кажуваат работи од типот дете кога ќе дојде ерата на жените, рачунај пропадна светот, ќе превртувам очи и ќе им се спротиставувам, и ќе им посакувам да си ги спакуваат куферите и да се вратат назад во 1950. ... а на оние со Библиите во 1500 BC.
Учебник за 3то одд. Вистински правилни вредности на жената се: 1. Со гордост да ги носи модринките што и ги направил мажот (зашто секој си го добива тоа што заслужил). 2. Со радост да го прифати отказот од работа зашто останала бремена. 3. Да роди најмалку 2ца синови, а ќерка ако се роди хммм...ај ќе си ја чуваме и неа хехе. 3. Иако и таа и сопругот одат на работа, кога ќе се вратат дома треба таа да го прави ручекот, да мие садови и да ги чува децата 24/7, а мажот си зема пиво и гледа фудбал. 4. Синовите да ги воспитува да пцујат, да тепаат послаби, да ждригаат, да се облекуваат во сино и да играат со пиштоли, зашто се машки и така ги личи. 5. Поголем дел од денот да седи во кујна, зашто е жена. 6. Да биде горда дека зема помала плата, само зашто е жена иако работи исто како и машките колеги. 7. Да не провоцира со облека. 8. Да ќути. 9. Да не излегува на гласање. 10. Да знае само да пишува и чита. Ако не верувате прочитајте Куран/Библија и ќе видите дека е вака. Се знае Ева, нашата мајка, што направила со јаболкото. Ај со здравје.
Јас не знам дали прочита добро или не тоа за пропаста на светот не е моја реченица така човекот го доживува тоа, што можам јас? Јас зборував за овде во Македонија, инаку овде бурки се носат за паричен надомест мила и не знам зошто да кревам бунт за таа жена ... насилство ниеден свесен човек не би одобрил ама свесен, па бил феминизмот или не бил, ти човек не можеш да го декодираш, си има ред за тоа. А ако сакаш подигнување на свеста против наслство врз жената, тоа е друга тема, и нема кој не би ја поддржал. Јас не гледам за што да се бунтувам во Македонија зборувам за надвор ... ех, ние овде си ја наредивме па, сега и за другите ќе ја мислам А за какви уникати зборуваш па, јас ако не знам како е жена да се бори низ животот, друг тешко дека ќе ми посоли памет ? Да седнам и за бурките да се замарам? Не сакам.
Не може рамноправност да биде синоним за феминизам, кога се работи за различни поими од кои едниот во себе го содржи зборот ЖЕНА, со што фокусот е ставен врз жените. А од жена до жена постои разлика. Нема зошто „да се борам“ за иста кауза со секоја една од нив, во услови кога општеството не ми ускратило ништо кое му е понудено на некој маж само затоа што е маж. Вистина е дека жените се поранлива група од мажите, дека се уште мажи угнетуваат жени, но феминизмот затајува на големо и наместо да решава проблеми, слугува на политички интереси. И не, не се доживувам како феминистка, безмалку сите тие се едногласни како чипирани, истиот сет на вредности, веднаш знаеш што ќе каже пред да почне да зборува. Тоа е навреда за индивидуализмот. Што се однесува до „прикриени шовинисти“ , речиси сите мажи се такви, особено во Македонијава (дури и најголемиот дел од мажите феминисти се тоа). Пред да почнете со дефанзива, напишав речиси и најголемиот дел, и не очекувам од некој што не го познавам да се правда. Не е точно дека сите феминисти се луѓе со висока интелигенција, доказ се одредени испади во темава. Го доведоа форумот до степен како мали дечиња да се натегаме кој е попаметен. Наместо фино и учтиво да си пишат нивно мислење.
Да знаев дека ке внесеш религија во дискусија ич немаше да те прашувам, се ќе ми беше јасно од претходно. Библија не е аргумент. Ниту една религија не може да биде оправдување да се стави едно човечко битие под друго. Ајт сега за рака со сите што мислат како тебе и играјте се во темата за религија, не овде. *** Едит за да не спамирам: Сега името ли е проблем? Така е наречен зашто жените се систематски опресирани. Не треба мажите да се борат да бидат еднакви со жените, обратно е. Според тоа, логично е жените да се во фокус на феминизмот. Тоа не значи дека мажите се исклучени од секое вакво движење или пак дека немаат бенифиции од феминизмот.
Де бе @carangigia ако застапуваш правилни вредности и некој морал, нели сакаш да го споделиш тоа? Или себичноста е дел од тие норми? И јас сум љубопитна како и членката која те праша. Ништо повеќе, само љубопитство. Имам право на тоа? Пред да заклучиш како го живеам животот, ќе ти кажам дека имаш грешна слика. Најискрено прашувам, без белешки и траги за скриено богатство. Ако сакаш секако, ако не игнорирај мислењево.
Заради особи со вакви размислувања си патиме. Вие што сте против феминизам претпоставувам сакате вакви мажи. Ако вистинска вредност во животот е да бидеш таква жена тогаш немам зборови. Не се жените еднакво третирани секаде, прошетајте по арапскине земји да видете како жените се тепани на улица бидејќи погледнале друг маж, и секој тоа таму го смета за нормално, што ако интервенираш можат тебе да те казнат. Да не зборуваме како се и убивани ради слични причини. Уф каков еднаков третман шта да ти причам. @Ketchup секоја чест, we need more men like you.
@Outlook Како за промена, можеш да не се смееш на глупавите мудролии на твоите колеги: Вакви изреки сум слушнала илјадници. Две работи го вртат светот: парите и жените. Позади секој успешен маж стои успешна жена. Жена што може да ти направи, ни ѓаволот не може. Од женска итроштина подалеку. И сега набројувајќи сфаќам дека почнувам да пишувам скрипта за македонска народна приказна. Ваквите поговорки не се смешни и интересни и не треба да бидете горди на ваков вид деградирање и објектификување. Секое божемно глорифицирање на жената на ваков начин е главно несериозно и претставува само некој вид надоместување поради фактот што всушност ве сметаат само како temptation, нешто како во грчките митови. Ова ми кажува сосема доволно. Искрено се надевам дека ќе ја поминеш фазава. Ах, тој познат ментален склоп: што ви треба феминизам, ако сте толку јаки што не си станете еднакви едноставно, како на пример јас нели, не ми треба да се идентификувам со група кога сама си ги добив правата што ги имам. Или што би рекле гореспоменатите чичиња со поговорките: алал да и' е, како маж е. Леле имам флешбекови. @Bridget ти ли си? Мажишта бе. Посакувам да беше ситуацијата како што пробувате да нè убедите дека е.
Мешаш малограѓанштина и фурање со темава на овој жена му после му има сржано и бил мирен ко маче гарант овој пост е малограѓанштина и провокација
Штом ти било јасно од претходно немало потреба да ме цитираш. Лечење фрустрации по дома, не си земај за право да кажуваш кој во која тема да коментира. Такво однесување терај си со другите со мене не. @theowndemon членката @Srckata28 си пиша дека се и е јасно. Зошто да си губам време кога се и е јасно? На начинот на размислување влијание има домашното воспитување, а потоа детето кога ќе потпорасне со читање на Библијата и придржување до 10те Божји заповеди ќе знае како правилно да постапува во животот.
Да не се смеам? А зошто ? што требаше да го затепам хахха човек беше на возраст татко да ми биде и беше шала, еден од најок луѓе што ги познавам е, така што не барај причина за дебата, ако веќе е причина нека биде издржана.
Ќе се изненадиш колку има вакви ко него, и жени што мислат дека треба да бидат "каде што им е местото". Коментарот е превземен од фб баш каде што се коментираше за оваа тема.
@carangigia ама јас пишав дека заедничко со членката ми е љубопитноста. Ако неа ѝ е јасно, мене не ми е. Благодарам за одговорот. Во тие вредности, има нешто и за фрлање со камен по грешниот? Или да оставиме на Бог да суди?
Слушај, најголемите папучари така се фураат само ... остави глупости. А за место, тоа секој си го има и мажот и жената
Еве и од мене уште еден бисер за поздрав до светиците + уникатните снегулки: Не ни треба феминизам веќе, никако.
Ова ме потсети ... Неодамна зборав со девојче кое не ми е многу блиска, и ме праша дали дечко ми ме оставал да имам другарки и да јадам што сакам и да одам каде сакам. Оти нејзиниот не ѝ дозволувал. Вервај, ми требаше време дур ми дојдат зборови во уста.
Вие мажени ли сте ? Од искуство ли зборувате или онака да се најдеме у муабет ? Моите пријателки мажите ги носат во кафич пиеме и ги враќаат дома ако треба ... е, сега ако има некои што не смеат тоа е друга тема.