КОЈА ДРУГА ТЕМА????? КОЈАААА Едит: Се извинувам на малиот breakdown. Знаете какви сме ние феминистките, агресивни така. Ама навистина не ми е јасно како некој може да каже во тема за феминизам дека такви случки се друга тема.
Ок, признавам, статусов што го ставив јас како тролање го пишав за да ме објават и да докажам поента, не е од реален, просечен балкански македонски мушкарац (или пак жена уште полошо) во некоја си од оние срамните групи по фб што ни го отсликуваат менталитетот Баш оваа тема е, тоа е тоа што не го разбирате.
Брачни неверства хаххах ако не ја пушта за тоа не ја пушта и зависи со кого ,,, башка тоа, секоја жена дома си реди како што мисли дека треба. Јас не знам како едно движење го разбирате ... правата на жената се за рамноправност која државата тебе дома не може да ти ги наметне, тоа треба самата жена. А движење е да ја натера државата да имплементира нечии поголеми или помали права. Јас така гледам на ова, а не на рекла казала муабет.
Иста тема се Ти викаш љубов, јас викам класично контролирање. Мажите ги носат сопругите до кафич, таман да видат со кого се наоѓаат, а и во исто време да им дадат до знаење на останатите гости дека се „зафатени“ па да не им текне да частат пијачка. Исто и ги земаат од кафич, да бидат 100 % сигурни дека сопругата не здувнала некаде на друго место, со некој друг. Твоите пријателки се далеку од слободни жени. Во секој случај, благодарам што даде уште еден пример зошто ни е потребен феминизам.
Па не се слободни, мажени се ... а маж и дали смее да оди каде стаса без да знае жената, не верувам. Така што внимавајте за кои се права се борите да не биде после мажите не не рецкаат си одат каде сакаат зборуваме за брак, не за врски.
Е што ако се мажени не смеат да излегуваат на кафе со пријателки? Или мажите не смеат да одат сами со нивните другари? Ако има доверба и почит во врската/бракот нема потреба од такви контролирања. Ако се мажени не се врзани еден за друг со мажот па да не можат сами да излезат со пријатели. А знам пример од реалноста каде сите знаеја за една девојка која беше во насилна врска каде дечкото не и дозволуваше скоро ништо па дури и физички ја малтретирал, едвај раскина со него оти и се заканувал не знам што. Сега си е среќно мажена со нормален човек и си излегува кога сака и може.
Сега читаш што сум пишала јас или си пишуваш онака и самата ова што го кажуваш не е за во темава според мене, движење треба да е да се наметне со факти над државата, а не над дечко и девојка или маж и жена самата кажуваш меѓусебниот однос зависи од вклучените патнери,а не од феминизам
Ама за тоа треба друга тема од типот на колкава е свеста на партнерот за слободата на жената во една врска и слично и со ќеиф ќе се приклучам, ама за овде не е. Феминизмот т.е жените во минатиот век се избориле за многу важни образовни и политички права, за тоа да ми кажеш нешто овде во ред ама за врски немој. @Lella девојче ако не ти е денот и не разбираш што е шала, што да кажам, море крај близу е апокалипсата ххахаха Сексистички менталитет ? јас? хаххаха фала ти, баш ме познаваш хахха
Па тогаш честитки, и ти спаѓаш во луѓето кои придонесуваат на сексистичкиот менталитет во државава. Требаше да знам порано, земајќи го предвид фактот што тврдиш дека сè е сјајно. Ако вакви коментари од 60 годишни имбецили ја претставуваат твојата идеја за рамноправност, стварно ми е жал.
Па и тоа спаѓа во феминизам, и за тоа се залага феминизмот. Тоа е тој gap во дискусијата, пак не сфаќате. Тоа што вашата слика е дека готово, до не знам која година во претходните векови запрела целата дискриминација врз жените за која би требало да постои феминизам (а верските фанатици ниту таа борба во минатото не ја почитуваат и ја плукаат) - додека сега само исфрустрирани и незадоволни со себе жени изиграваат модерни под овој термин и идеологија, тоа е ваш голем проблем со информираноста.
Само се надоврзав на она што ти го кажа погоре, толку. Мислам се разбравме. Баш е погодена темата бидејќи феминизмот тоа го налага, не само движењата туку и односите меѓу партнерите.
И не сум информирана да ти кажам искрено, жена сум и се борам во ова општество од кога знам и јас знам дека ако жената добие квалитетно образование, работно место кое е исто платено како и на мажот таа е самостојна да одлучува со кој партнер ќе биде, дали ќе одбере шовинист или приземјен човек. Значи се започнува од економската моќ, не морада има за златни дугмиња ама да е самостојна. И мене се најде да ми се каже јас сум била сексист хеххехе виц хахха не прочитав кои се целите во државата, што сакаме уште и тн. А за меѓусебните односи маж-жена и што се би донела таа некоја слобода во бракот, пазете добро што се бара зш што ќе добиеш ќе треба и да прифатиш, зборувам за нормални парови, не фрикови.
@Outlook Налет бракот (или врската) ако дошло до тоа да си забрануваме со кого да се дружиме и каде да седнуваме на кафе. Нормален брак меѓу две еднакви единки (феминизам, нели) не смее да биде ниту терет, ниту стега за ниеден од партнерите.За жал, тоа што кај нас е нормално мажот да ја контролира жената каде е и со кого е, е само показател колку е ненормална реалноста во која живееме. Инаку, сите треба да сме слободни, без разлика на романтичниот статус. Ако ти немаш слобода да отидеш да се видиш со другарка без дозвола од мажот, или да прошеташ низ парк, или да отидеш во кино, не си ништо поразлична од затвореник. ***** Епа, Аутлук, ако тебе ти се смешни такви шовинистички изјави (а „вицот“ баш е таков, школски пример), што кажува тоа за тебе? Е сега, ако си се почувствувала приморана да се насмееш, од х причини ( надреден ти е, комшија ти е, пријател е на татко ти, си мислела дека ќе се навреди ако не реагираш итн) добредојде во темава.
Дефинитивно разговарам со девојчиња зрела жена не размислува вака ... бракот е заедница од двајца луѓе, така? Што занчи тоа и тој неговиот и ти твојот живот треба да го подредиш и прилагодиш на заедницата. Тоа не значи дека некој ја губи слободата ... не се работи за дозвола, тој човек треба да го испочитуваш и да му кажеш и ти нему и тој тебе, тоа е брак. А не е брак секој оди каде сака, прави што сака, а навечер спиеме заедно па, кој дојде дојде работава. Извини, можеби сум традиционална ама кај мене што важи за него важи и за мене, ако нема така нема двојка туку распар. Боже, сум била приморана, се нашали човекот, а јас требаше ко млад мајмун да му скокнам ? Тоа е бесмислено, а дека сум тип мирен и се што прифаќа, не знам, тоа треба да кажат тие што ме познаваат
Е, не созревај надевај се каде и да си на земјава дека ќе живееш во заедница со маж и дека тој ќе те третира ккао мама дома или ко што има мажи што мислат дека жената ќе ги третира како мама некогаш. Омажи се па, здравје ќе разговараме
Уште ли манијачите по групи на фејсбук, барате коментари за сеир и од нив правите драми? Леле замисли во Македонија уште постојат жени кои го прашуваат партнерот за кафе и излегување со пријателки, ваууу, чек да го постирам насекаде и да зборам, освестувам (потсмевам) оти така ќе придонесам кон подобрување. Мене ич не ме интересира дали жената го прашува мажот за кафе, дали имаат посесивна врска и знаат секој во секоја минута каде е, дали прашуваат за секој денар кој имаат намера да го потрошат. Такви врски има секаде и ако нема насилство и принуда, ако институциите работат како треба...личен проблем е, поточно избор, и не е ваше да се мешате.
Зрела жена може не, ама феминистка да Пак ќе речам, си можела да не се насмееш. Јас ете не би се насмеала, верувам и куп уште други, зошто нема ништо смешно во кажаното. Напротив, навреда е. А за дозволата, сериозно сметам дека во нормален брак нема потреба ни да се бара, ни да се дава. Доволно е да се каже каде и со кого.
Е браво за ова, тука ве чекав. Па одете во тие земји да го поттикнете бунтот против машката опресија, сите борци за полова еднаквост би требало да дејствуваат така некако. Ама не, поубаво е од мека фотелја, на топличко, во земја на рамноправност за двата пола, да се докажува сопствената либерална и егалитаристичка природа на сметка на замислени непријатели инкарнирани во нечии туѓи, поинакви мислења. Или пак во ликот на Доналд Трамп. О, не. Не сум јас таа што пребарува, чита и споделува вакви објави на социјални мрежи, моите интереси се поинакви. За мене: богат, убав, писмен, препорачливо светла коса и тен... Зарем е прашање на феминизам тоа што некој е од мајка глуп??? Не е фаза, туку вистина. Фази допрва ќе имаш ти, сети се на девојчето кое пред само две години го идолизираше рускиот претседател и тврдеше дека Американците никогаш не стапнале на Месечината. Ќе ти здодее и ова. Се надевам. Не, двојазичноста е проблем. Од цел пост се фаќаат за по една реченица. Редовно избегнувате одговори, било понудени или онакви кои треба да ги дадете. Веќе некое време ве прашувам кои се плодовите од вашата женска борба во нашето општество - ништо не прочитав околу тоа.