Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 24 јуни 2011.

  1. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.103
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не пишав дозвола ама изгледа темава треба да се врти :) од излегување, облека, финансии и ред др нешта во брак се договараат заедно. А за да бидеш феминистка, можеби и дел од мене е, меѓутоа некои работи не ми се ок. Аман, не сум можела да се насмеам, па ти од каде знаеш во кој контекст бил разговорот ...е, боже мили.
    @sjdgo ништо нема за општеството ама за врски и брак има :)
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    29.027
    Пол:
    Женски
    Можеш да бидеш сигурна дека ако некогаш стапувам во брак, нема да има вакви basic-ass балкански будалаштини.
    Повторно ти кажувам, ако твојот брак е таков и тоа за тебе е нормално, жал ми е за тебе.

    @sjdgo Еве и тебе ќе ти кажам, искрено се надевам дека нема да излезам од оваа фаза и да преминам кон континуирана пасивност и игнорантност. Тоа ми е најголем страв.
     
    На WildMk, Lolo5, Nigredo Odor и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.103
    Пол:
    Женски
    Девојче дај престани да ме цитираш, јас не сум во брак. А, бе ти стапи во брак па, ќе разговараме дали се балкански или не се :)
     
    На ADOKI, carangigia и sjdgo им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.461
    Пол:
    Женски
    Јас пред некоја година иако велев дека сум феминистка имав одредени глупави мислења за некои теми. Среќа, почнав да читам повеќе за феминизмот, за правата на жената, следев повеќе феминисти и сите тие споменати глупави мислења произлезени од неедуцираност се искоренија. Истите статии кои сум ги читала ме мотивираа да бидам поактивна за социјалните проблеми. Така феминизмот допре до мене. Ако може да допре до мене, може да допре и до било која друга жена што размислува како тебе. Можеби сето ова што го пишуваме во темава ке дојде до некоја друга личност што ја чита темава. И верувај ми дека ако феминизмот допре до некој кој размислува како што јас сум размислувала пред година дена, тоа е прогрес. :)

    Некогаш за ваква тема дисуктирам со мајка ми. Како постара жена, таа си има свои ставови за местото на жената како и за поентата на животот на една жена. Со самото тоа што и зборувам дека не треба да биде така менувам нешто. Кршам очекувања и слики што општеството ги има за женските лица. Тоа е прогрес.

    Има многу организации кои дигаат свесност за насилството врз жената. Верувала или не, тоа е феминизам. Тие кампањи инспирираат жени за да пријават, да се одбранат, да се спасат. Да не мислат дека така треба да биде и дека насилство е нешто што заслужуваат. Плус, самата подршка значи многу за некои жртви на семејно насилство. Не можеш да очекуваш насилството (веднаш) да се комплетно искорени, тоа е невозможно и мислам дека треба да го знаеш тоа и да не го користиш како аргумент. Сево ова горенаведено е прогрес.

    Верувала или не, од денешниот феминизам, имаш и ти бенефиции. Ама навикната си ти на такви бенефиции, та не можеш или не сакаш да ги приметиш и признаеш.
     
    На Alisa22, WildMk, Lolo5 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.641
    Пол:
    Женски
    ...Не им е лесно бе дечки ни на контрашиве, јас и ги жалам по малку искрено. Сериозни комплекси се во прашање што ги тераат да газат и плукаат по целата идеја благодарение на која целиот сопствен род градуално ги добил правата што тие и сега ги уживаат. Дали преизнасилен „индивидуализам“, дали потреба не само да се испофалиш дека целата таа малку добрина и чесност што останале во светот се во тебе и твоите истомисленици – па уште и дека истите сте поатрактивни од оние што размислуваат поинаку... :D

    Еве ние нема да се „браниме“ и од тие игнорантни и небулозни споредби, бидејќи знаете што? Феминизмот (нѐ) учи и на тоа, да се прифатиме себеси, да не се споредуваме посебно во физички изглед и омаловажувајќи други жени (без разлика на нивните ставови) да се фалиме себеси.
    Затоа ни 5 Библии (а камоли толкувања од фанатици) нема да ме убедат дека вакви размислувања се спротивни на правилно воспитување и морал. (fingers)

    И прекрасно е да се читаат млади луѓе, тинејџери што си ги развиваат ставовите и свеста во овој правец. Ова е многу повалидна зрелост отколку „искуството“ кога е сфатено така како што гледаме по трагикомичните примери на менталитетов околу нас.
     
    Последна измена: 31 март 2018
    На Alisa22, WildMk, Lolo5 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Па претходно токму за пасивноста побарав отчетност. Само зборување, свесно обраќање на погрешни адреси, е исто така облик на пасивност.
    Не значи дека ако некој не се согласува со тебе е игнорантен, или дека ако не ја поддржува твојата идеја, нема некоја своја и не прави ништо во нејзино име.

    Јас денес живеам исто како мојата мајка пред 30 години, значи со истите слободи кои ги напоменав. Ништо суштински не се променило, а во тоа време овде немало разни здруженија, и феминизмот не бил, да го наречам, мејнстрим како денес, не дека девојките се изјаснувале како феминистки. Имај на ум дека во западни држави како САД на пример, кампањи и организации се со нешто подолга традиција, па не видовме нешто да тргнало на подобро, можеби и обратно е, ама како и да е, насилството не запира. Јас не велам да замре женскиот активизам, секој нека оди онаму каде што се пронаоѓа, едноставно лично никогаш не сум се препознавала таму (не е фаза, отсекогаш е), а тешко да сум неинформирана или неедуцирана. Има и други лица сето тоа, само не сакате да ги гледате.
     
    На carangigia, Aquamarine93, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.305
    Пол:
    Женски
    Decent human being. Ете тоа е потребно. Кон тоа се стремам. И би сакала и други кон тоа да се стремат.
    Сите овие ставови, декларации, движења, social justice warrior однесувања, дискусии на феминист(к)и vs не - феминист(к)и не вредат доколку не се третираме decent, kind, со почит, без оглед на нашиот пол.
    Ме иритира однесување од типот: Жените во овој век имаат право на се што сакаат, зошто се борат за еднаквост?
    Ваквите ставови ми се тотален булшит. Тоа значи дека овие луѓе ги запознале сите жени на планетата Земја и нивното булшит однесување е оправдано.
    Погрешно ми е и ваквото размислување: Мажите се опресори, жените - опресирани.
    Различно е секаде. Но не поради полот, туку поради одредени индивидуи. Во одредени земји, градови, општества е (повеќе) опресирана жената. Но тоа не значи дека така функционира цел свет.
    Во одредени земји, градови, општества не е опресирана.
    Во одредени семејства постои опресираност врз жените или мажите, во одредени не.
    Воглавно опресијата поради пол ми е крајно ступидна. Па ако еден пол е супериорен во секоја смисла тогаш тој пол би требало да е единствен пол, по некоја логика. Би требало да постои некоe супер human кое ќе функционира како двопол or something. Ете тогаш веројатно нема да постојат шовинисти и феминисти :)
    Не постои супериорен пол. Тоа е само илузија која ја создаваме ние.
    Бедни, арогантни, суетни, себични, лакоми, добри, лоши, пасивни, прогресивни, затуцани, агресивни, пацифисти, насилници, жртви итн. сме сите ние - луѓето, а не само мажите или само жените.
    ЕДНАКВИ сме со сиот наш булшит.
    Ниеден човек не е посебен зашто е жена. Ниеден човек не е посебен зашто е маж. Ниеден човек не треба да опресира друг човек затоа што смета дека припаѓа на супериорен пол. Одбегнувам да се етикетирам себе си како феминистка затоа што секој има различно толкување на феминизмот (иако си постојат дефиниции).
    Decent human being е етикетата која се стремам да ја заслужам секој факин ден.
     
    На Lolo5, AnotherLiar, Aquamarine93 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.621
    Ахх, жени шo плукaaт пo феминизaм...

    Oчaјни ку×oпaченички кoи се пoнижувaaт сaмите и сиoт свoј рoд, сaмo зa дa бидaт пoтaпшaни пo рaмo и е×aни oд искoплексирaни мaжињa нa кoи нaјубaви им биле бaш вaквите жени, кoи не знaaт зa нештo не дa им речaт де,и кoи знaaт декa местoтo им е у кујнa, и декa служaт кaкo крaвa зa рaсплoд.

    Сеa, дa бидеме реaлни би легнaле oни и некoјa феминисткa, aли пa шaнсе не oти се грди, негo oти знaaт декa дебили кo нив немaaт шaнси...

    И дa, вие кoи не ви требa феминизaм, aј гaсете кoмпјутерoт, идете oпнете буркaтa и прaвец дoмa ручек дa прaвите и нa мaжoт нoзете дa му ги измиете.
     
    На Alisa22, WildMk, Lolo5 и 16 други им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Тоа е едно од грдите лица на модерниот феминизам за кои зборувам. Ку*чење и глумење супериорност по форуми, од жени кои инаку отворено признаваат колку очајно се желни за дечко и колку трагаат по него, а не можат да го најдат.
    Додека некој за промоција на истите идеологии, реализира дебел бизнис интерес, овие освен лечење комплекси (и тоа неуспешно на долги стази), остануваат со прст во... уста.


    Ама колку сте вие грижливи за туѓите чувства :D Ти кога омаловажуваш и исмејуваш луѓе кои имаат политички и идеолошки определби различни од твоите, тоа е ОК, а онаму каде што тебе те боли, поточно вас ве боли, не е. Нема сеа. What goes around, comes around, учете да се помирувате со такви моменти.

    Досадни ко ај да не речам што. Ќе им кажеш дека се слободни да бидат што сакаат, они упорно сите да ги повлечат заедно со нив.
     
    На Feminka22, Aquamarine93, orevokrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Бурка ставаше баба ми а јас не и не е битно за муабетот, но што има лошо ако јас седам во кујна и готвам за своето семејство, што има лошо ако на сопругот му ги измијам нозете откако ќе се врати од тешка физичка работа!?
    Зарем не треба обострано да си помагаме, миеме и масирме нозе!?

    Која ти е поентата само незнам?
     
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.621
    Знaеш кoе е еднo oд нaјлoшите лицa нa феминизмот?
    Штo жени кoи денес имaaт прaвo нa глaс, шкoлувaње, нoсење мoчaни пaнтaлoни бaш пoрaди тoј феминизaм, му се серaт пo фoруми и глумaт супериoрнoст.
    Oти дa му умре кoзaтa нa кoмшијaтa...

    А oвa сo твoјoв кoментaр измеѓу редoви декa сум феминисткa oти сум неебaнa, штo ти гo дoзнa oд тoa шo у секoјa темa спaмирaм декa немaм дечкo ( се прaшувaм зaштo, се се мислaм декa е сaркaзaм и ирoнијa, aли ти знaеш бoље oд мене ), кaжувa зa тебе, a не зa мене.

    Сo штo се пoтврдувa мoетo мислење oд пoгoре.
    Фмп.
     
    На Lolo5, AnotherLiar, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    А види, не реков дека значи оти си нее*ана, провери си убаво како е пишано, зашо вака и ова ти е „гасете компјутер и правац дома“. Ништо твое не се потврдува, можеш само да се тешиш со поддршка на останати што во главите не излегле од Втора светска војна, го нема униформираниот окупатор и ајде, удри на форум вие партизанките, има по ваше да биде или никако, другите не смеат да мислат. Сепак, како што ни откри другарката посебна, се работи за учење и не е играчка некој да критикува (после ги обвинувате христијаните за фанатизам). А не лупај дека на форумов некоја пишува за да се улизува на мажи, да и е за тоа наместо да расправа со вас, има други форуми каде доминантно членовите се машки и би исполајкувале се.
    И остајте ги веќе еднаш раат тие што не ви се приклучуваат во сектата.

    Упм.
     
    На orevokrsacka, carangigia, Outlook и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.461
    Пол:
    Женски
    Ништо не може да ме убеди дека овие зборови се сериозни а не првоаприлска шега. Аууу...
     
    На Lolo5, Amellie13, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Треба нова тема - феминизмот и неговото постоење во бракот како институција. Ако е ова забавно, тогаш ќе биде фешта. :)

    Околу темава, не можам да разберам како една жена во денешно време себе сѝ не сака да се нарече феминист? Како е возможно да не ги чула имињата Eма Голдман, Лујз Вес, Роза Луксембург, Вирџинија Волф, и Глориа Стејнем, трите феминстичко генерациски движења, и да не е запознаена дека пред само неполни шеесеттина години во повеќето патријархални општества жената немала право да излезе од дома. И дека единствено, ама единствено како резултат на овие јунаќињи и борци сме денес овде каде што сме. Гледајќи ги денешниве размислувања кои се граничат со ултра психотичен хаос, сѐ чини дека пред само 20 години нашите општества биле далеку полиберални и флексибилни во однос на прашањата за полова и родова еднаквост. Само во Србија 90-тите години не беше табу трансродови проститутки да стојат на улица и да се проституираат, а денес измислуваме нови концепти за правдина и морал мислејќи дека сме издигнати над хедонистичките потреби и задоволства.
    Еве ви информации за третата генерација феминистички движења започнати 63 година. Прочитајте за да не се брукате велејќи дека нема потреба од феминизам денес -

    Goals and Objectives

    [​IMG]The feminist movement of the 1960s and '70s originally focused on dismantling workplace inequality, such as denial of access to better jobs and salary inequity, via anti-discrimination laws. In 1964, Representative Howard Smith of Virginia proposed to add a prohibition on gender discrimination into the Civil Rights Act that was under consideration. He was greeted by laughter from the other Congressmen, but with leadership from Representative Martha Griffiths of Michigan, the law passed with the amendment intact.[9]

    ^ Како може ебено да не се согласувате со овој начин на оперирање од аспект на структурални системски рамки, и дали мислите дека ваквите аномалии денес се успешно разрешени во потполност?
    Безобразни и неедуцирани. Жално е што некои од вас се родени како жени, ама стварно жално. Излезете на состанок со некој анти - феминист кој ќе направи да оргазмирате но, при првиот проблем на работното место наместо да застане рамо до рамо со вас кога ќе наидете на сексуална опресија, ладно ќе ви одбруси, испраќајки ве во кујна да направите сендвич.
     
    Последна измена: 1 април 2018
    На Alisa22, WildMk, Lolo5 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Боље во кујна по сендвич отколку во рудник или на кран..аман веќе со таа кујна....
     
    На carangigia и sjdgo им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Не сите мажи мора да одат во рудник, на кран и во војска. Тоа не се машки професии, илјада жени worldwide се бават со истите делатности. А ти Радо, врткај со дупето, косата, купувај шминки прави сендвичи ако така се чувствуваш вредно и женствено. Остави не нас лажните либерали и војсководци да тераме правда на форумот и надвор од него за вас кои ви е тешко да го правите тоа, или едноставно сметате дека нема потреба.
     
    На WildMk, Lolo5, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Феминизмот го подржувам, но правиот вистински феминизам а не овој искривоколчен каде сакате жената да ја направите маж...
     
    На carangigia и sjdgo им се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Кој вистински феминизам, што е за тебе вистински феминизам, и кој од жените пробува да направи мажи? Зошто прво оксиморон е, а второ биолошки невозможно.
     
    На WildMk, Lolo5, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски

    Точно така, но биолошкото невозможно го лајкнавте на погорниот пост од една членка.
     
    На Outlook и sjdgo им се допаѓа ова.
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Тоа што сме биолошки различни од мажите, не нѐ прави ниту физички послаби, ниту помалку вредни, бидејќи генерички не сме нужно обусловени да го следиме биолошкиот повик. Тоа за слабоста е алузија која беше креирана од машкиот свет во време на Втората Светска Војна, и која за жал сеуште успешно перзистира во менталните склопови користистејќи се како одбрана.
     
    На Lolo5, Amellie13, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.