Фемински κлуб на читателκи (Стапица - Сандра Браун)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Фемински клуб на читателки

    Предложувајте книги од кои подоцна ќе може да произлезе квалитетна дискусија!
    Инаку темава ќе се преполни со обични рецензии, а тема за рецензии веќе имаме.

    Ќе ви се придружам и јас, само да ја дозавршам книгата што моментално ја читам. :)
    Strike II - се надевам овој обид ќе биде поуспешен од минатиот пат.
     
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки

    Повторно темава замре..

    Еве, јас ќе предложам два наслови кои што ми се видоа интересни. Доколку решиме да читаме некој од нив ќе ви ја прикачам тука во pdf формат доколку е возможно или пак ќе ви дадам линк да ги симнете.

    Life after life - Kate Atkinson. http://www.kateatkinson.co.uk/books/inf ... After-Life

    And the mountains echoed - Khaled Hosseini. http://khaledhosseini.com/books/and-the ... /synopsis/

    Да не должам многу, прочитајте ја кратката содржина од линковите.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.057
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    И планините одекнаа јас сум ја читала, а оваа Life after life изгледа интересно, а и одамна ми е на tbr.
    Нека предложат и другите нешто што им е достапно или им е одамна на листата.
    The Ocean at the End of the Lane - Neil Gaiman https://www.goodreads.com/book/show/157 ... f-the-lane
    Stephen King - Joyland https://www.goodreads.com/book/show/13596166-joyland
    Овие две одамна сакам да ги прочитам, ама не дошле на редот.
     
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Ајде и јас да ви се придружам..
    The Book Thief,Markus Zusak-испадна филмот,па би сакала книгата пред тоа да ја прочитам
    http://www.goodreads.com/book/show/19063.The_Book_Thief
    Inferno,Dan Brown
    http://www.goodreads.com/book/show/1721 ... earch=true

    Да се договориме побрзо и да почнеме да читаме :D Мене ниедна од вашите не ми е читана,па не ми пречи која и да ја одбереме
     
  5. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки

    The Ocean at the End of the Lane е поблиску до книгите кои што ми се интересни за читање, додека пак Joyland не ми остави впечаток читајќи ја кратката содржина.

    The Book Thief би сакала да ја прочитам, но Infеreno не баш.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.057
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    ^Целта на еден ваков клуб исто така е и да прочитаме нешто што можеби онака не би го прочитале, значи да си ги прошириме видиците.
    Ако другите би предложиле нешто што вообичаено не би го одбрала за читање сепак би се нафатила, можеби пропуштам нешто. :)
    Сум ги читала и Инферно и Крадачката на книги. :wasntme:
    За Инферно има и што да се дискутира, исто и за Крадачката, специфичен е начинот на раскажување.
    Ако сакате некоја од тие јас ќе се приклучам во дискутирањето, ама може и нешто алтернативно да се одбере.
     
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки

    Целесно се согласувам, но мене лично не ми е посебно интересен Dan Brown, поготово не Ангели и Демони, Кодот на ДаВинчи. Овие две ги имам читано и ми се` само не интересни, а следователно на ова не очекувам дека последните две продолженија ќе ми го привлечат вниманието.

    Напоменав во првиот мој пост на темава дека детективските романи не ме интересираат, а списоков морам да го продлабочам со дела кои што во себе вклучуваат т.н. темни сили, духови и слично. Да не бидам сфатена погрешно, мистериозни, интересни книги - да, мистериозни со духови - не!

    За се` друго сум апсолутно расположена! :)
     
  8. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    928
    Фемински клуб на читателки

    Ги прочитав кратките содржини на сите, мене ниедна од овие не ми е читана, но највеќе вака за око ми зафатија http://www.femina.mk/out/?id=a63cc48cce ... After-Life и Џојленд.

    Било која од нив би била супер. :)
     
  9. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Епа ајде ако сакате,Life after life да биде за оваа недела...
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки

    Jас сум за Life after life исто така! RainBow?

    Да дополнам: доколку и RainBow се согласува, тогаш еве ви торент линк од каде може да ја симнете книгата (проверено) http://kickass.to/life-after-life-by-ka ... 83106.html
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.057
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки

    Мене недела ми е доволна. Почнувам! :))) :D

    Како ќе напише мнозинството, така и ќе биде.
     
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки

    Life after life е необична книга. Иако секогаш ми биле интересни несекојдневни приказни, оваа не ми остави некој голем впечаток.

    Урсула, главниот лик, се раѓа во февруари, 1910 година, за веднаш да умре од задушување.

    Потоа таа се раѓа повторно и умира по одредено време. Секоја нејзина смрт води кон нова реинкарнација. На почетокот таа не е свесна дека се реинкарина, за потоа да има моменти или цели слики на дежа ву. Се труди да ги промени околностите кои водат до нејзината смрт, но потоа повторно некаде греши и умира.

    Целата поента на книгава е доколку би имале таква можност да живееме одново и да ги измениме околностите кои довеле до смрт, дали би го избрале вистинскиот пат кој ќе води до совршен живот.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.057
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Јас уште не ја прочитав, заглавив со една друга која не ме мотивира баш многу, ама не сакам да ја оставам недочитана. Значи к нига од најлошиот вид. :D
    Ама планирам оваа да ја прочитам утре, интересно ми делува вака, зависи само стилот на пишување каков е. Па ќе напишам коментар после.
     
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Многу брзо ја прочита,алал да ти е :) Инаку јас имам уште едно 40тина страни,ама имам оформено впечаток.Интересно е прикажан текот на настаните,од повеќе гледни точки на авторката.Еднаш Урсула е мртва,на следната страна повторно жива.Еднаш е во Лондон,на другата страна од книгата на истиот ден е во Берлин.Урсула е во можност да почне или да спречи војна,да присуствува на погребот на татко или да остане каде што е..Се зависи од одлуките кои ги носи во моментот,а и можноста да ги смени истите
    Добра е пораката што ја носи книгава,дека секој од нас добива ограничен број на одлуки и дека не секој може да добие втора шанса како Урсула,дека треба добро да размислуваме,за последиците да не бидат нешто многу поразлично од она што очекуваме..
    Сепак мислам дека е предолга книгата,немало потреба до толку,а имаше и некои посложени зборови на англиски кои ми ја отежнаа за читање.Цело време додека читав се напнував,башка не бев возбудена кога ја свртував страната,се ми беше очекувано.Се на се,еве како оценка 3/5
     
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки

    Девојки, до кај сте? :)

    Ако се уште има заинтересирани за клубов, мој предлог за наредно читање би бил:

    Сесилија Ахерн - Love, Rosie http://www.goodreads.com/book/show/147865.Love_Rosie

    Сесилија е една од моите омилени писателки и сите нејзини книги кои што ги имам прочитано ми биле многу интересни.
     
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Оваа од Сесилија не е лоша,лесна за читање ми изгледа.
    Јас уште стојам на тие од претходниот пост :D
    Еве и оваа ми стои интересна
    https://www.goodreads.com/book/show/155 ... hoice=true

    Многу малку читачи сме,двајца без тројца :D
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.057
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Мене претходната не ми легна некако, не знам дали периодот ми беше таков, ама не ми се погоди. Монотона, заспав на неколку пати.
    Оваа од Сесилија ја имам читано, супер е, мене ми е омилена од нејзе.
    А оваа од Џоџо и јас баш ја видов, не сум читала ништо од неа, а гледам рејтингот и е одличен.
     
  19. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки

    RainBow, верувај, не си единствената која заспала читајки ја книгата. :) :)

    Баш сега го отворив линкот од Marossa. Книгата е интересна, рејтингот висок. Што е до мене, јас сум за.

    Почнав вчера вечерта да ја читам Love, Rosie и сум речиси пред крај, ептен е интересна, тажна, смешна.. во стилот на Сесилија.
     
  20. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Jа има онлајн книгава? Од линкот на Мароса само онака излегва како да се купи,или не видов добро :?: