Фемински клуб на читателки Предложувајте книги од кои подоцна ќе може да произлезе квалитетна дискусија! Инаку темава ќе се преполни со обични рецензии, а тема за рецензии веќе имаме. Ќе ви се придружам и јас, само да ја дозавршам книгата што моментално ја читам. Strike II - се надевам овој обид ќе биде поуспешен од минатиот пат.
Фемински клуб на читателки Повторно темава замре.. Еве, јас ќе предложам два наслови кои што ми се видоа интересни. Доколку решиме да читаме некој од нив ќе ви ја прикачам тука во pdf формат доколку е возможно или пак ќе ви дадам линк да ги симнете. Life after life - Kate Atkinson. http://www.kateatkinson.co.uk/books/inf ... After-Life And the mountains echoed - Khaled Hosseini. http://khaledhosseini.com/books/and-the ... /synopsis/ Да не должам многу, прочитајте ја кратката содржина од линковите.
Фемински клуб на читателки И планините одекнаа јас сум ја читала, а оваа Life after life изгледа интересно, а и одамна ми е на tbr. Нека предложат и другите нешто што им е достапно или им е одамна на листата. The Ocean at the End of the Lane - Neil Gaiman https://www.goodreads.com/book/show/157 ... f-the-lane Stephen King - Joyland https://www.goodreads.com/book/show/13596166-joyland Овие две одамна сакам да ги прочитам, ама не дошле на редот.
Фемински клуб на читателки Ајде и јас да ви се придружам.. The Book Thief,Markus Zusak-испадна филмот,па би сакала книгата пред тоа да ја прочитам http://www.goodreads.com/book/show/19063.The_Book_Thief Inferno,Dan Brown http://www.goodreads.com/book/show/1721 ... earch=true Да се договориме побрзо и да почнеме да читаме Мене ниедна од вашите не ми е читана,па не ми пречи која и да ја одбереме
Фемински клуб на читателки The Ocean at the End of the Lane е поблиску до книгите кои што ми се интересни за читање, додека пак Joyland не ми остави впечаток читајќи ја кратката содржина. The Book Thief би сакала да ја прочитам, но Infеreno не баш.
Фемински клуб на читателки ^Целта на еден ваков клуб исто така е и да прочитаме нешто што можеби онака не би го прочитале, значи да си ги прошириме видиците. Ако другите би предложиле нешто што вообичаено не би го одбрала за читање сепак би се нафатила, можеби пропуштам нешто. Сум ги читала и Инферно и Крадачката на книги. За Инферно има и што да се дискутира, исто и за Крадачката, специфичен е начинот на раскажување. Ако сакате некоја од тие јас ќе се приклучам во дискутирањето, ама може и нешто алтернативно да се одбере.
Фемински клуб на читателки Целесно се согласувам, но мене лично не ми е посебно интересен Dan Brown, поготово не Ангели и Демони, Кодот на ДаВинчи. Овие две ги имам читано и ми се` само не интересни, а следователно на ова не очекувам дека последните две продолженија ќе ми го привлечат вниманието. Напоменав во првиот мој пост на темава дека детективските романи не ме интересираат, а списоков морам да го продлабочам со дела кои што во себе вклучуваат т.н. темни сили, духови и слично. Да не бидам сфатена погрешно, мистериозни, интересни книги - да, мистериозни со духови - не! За се` друго сум апсолутно расположена!
Фемински клуб на читателки Ги прочитав кратките содржини на сите, мене ниедна од овие не ми е читана, но највеќе вака за око ми зафатија http://www.femina.mk/out/?id=a63cc48cce ... After-Life и Џојленд. Било која од нив би била супер.
Фемински клуб на читателки Jас сум за Life after life исто така! RainBow? Да дополнам: доколку и RainBow се согласува, тогаш еве ви торент линк од каде може да ја симнете книгата (проверено) http://kickass.to/life-after-life-by-ka ... 83106.html
Фемински клуб на читателки Ајде може. http://kickass.to/life-after-life-by-ka ... 83106.html Еве торент за сите што сакаат да ја симнат книгава. Недела или две за читање?
Фемински клуб на читателки Мене недела ми е доволна. Почнувам! )) Како ќе напише мнозинството, така и ќе биде.
Фемински клуб на читателки Life after life е необична книга. Иако секогаш ми биле интересни несекојдневни приказни, оваа не ми остави некој голем впечаток. Урсула, главниот лик, се раѓа во февруари, 1910 година, за веднаш да умре од задушување. Потоа таа се раѓа повторно и умира по одредено време. Секоја нејзина смрт води кон нова реинкарнација. На почетокот таа не е свесна дека се реинкарина, за потоа да има моменти или цели слики на дежа ву. Се труди да ги промени околностите кои водат до нејзината смрт, но потоа повторно некаде греши и умира. Целата поента на книгава е доколку би имале таква можност да живееме одново и да ги измениме околностите кои довеле до смрт, дали би го избрале вистинскиот пат кој ќе води до совршен живот.
Фемински клуб на читателки Јас уште не ја прочитав, заглавив со една друга која не ме мотивира баш многу, ама не сакам да ја оставам недочитана. Значи к нига од најлошиот вид. Ама планирам оваа да ја прочитам утре, интересно ми делува вака, зависи само стилот на пишување каков е. Па ќе напишам коментар после.
Фемински клуб на читателки Многу брзо ја прочита,алал да ти е Инаку јас имам уште едно 40тина страни,ама имам оформено впечаток.Интересно е прикажан текот на настаните,од повеќе гледни точки на авторката.Еднаш Урсула е мртва,на следната страна повторно жива.Еднаш е во Лондон,на другата страна од книгата на истиот ден е во Берлин.Урсула е во можност да почне или да спречи војна,да присуствува на погребот на татко или да остане каде што е..Се зависи од одлуките кои ги носи во моментот,а и можноста да ги смени истите Добра е пораката што ја носи книгава,дека секој од нас добива ограничен број на одлуки и дека не секој може да добие втора шанса како Урсула,дека треба добро да размислуваме,за последиците да не бидат нешто многу поразлично од она што очекуваме.. Сепак мислам дека е предолга книгата,немало потреба до толку,а имаше и некои посложени зборови на англиски кои ми ја отежнаа за читање.Цело време додека читав се напнував,башка не бев возбудена кога ја свртував страната,се ми беше очекувано.Се на се,еве како оценка 3/5
Фемински клуб на читателки Девојки, до кај сте? Ако се уште има заинтересирани за клубов, мој предлог за наредно читање би бил: Сесилија Ахерн - Love, Rosie http://www.goodreads.com/book/show/147865.Love_Rosie Сесилија е една од моите омилени писателки и сите нејзини книги кои што ги имам прочитано ми биле многу интересни.
Фемински клуб на читателки Оваа од Сесилија не е лоша,лесна за читање ми изгледа. Јас уште стојам на тие од претходниот пост Еве и оваа ми стои интересна https://www.goodreads.com/book/show/155 ... hoice=true Многу малку читачи сме,двајца без тројца
Фемински клуб на читателки Мене претходната не ми легна некако, не знам дали периодот ми беше таков, ама не ми се погоди. Монотона, заспав на неколку пати. Оваа од Сесилија ја имам читано, супер е, мене ми е омилена од нејзе. А оваа од Џоџо и јас баш ја видов, не сум читала ништо од неа, а гледам рејтингот и е одличен.
Фемински клуб на читателки RainBow, верувај, не си единствената која заспала читајки ја книгата. Баш сега го отворив линкот од Marossa. Книгата е интересна, рејтингот висок. Што е до мене, јас сум за. Почнав вчера вечерта да ја читам Love, Rosie и сум речиси пред крај, ептен е интересна, тажна, смешна.. во стилот на Сесилија.
Фемински клуб на читателки Jа има онлајн книгава? Од линкот на Мароса само онака излегва како да се купи,или не видов добро