1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ја има преведено кај нас, мене одамна ми е читана. За девојки кои се осомничени за убиство на наставник, едната е црна, едната бела, па печатот ги крсти The ice cream girls, поради една слика на која јадат сладолед. Одлична е книгата, јас го почнав вториот дел, добар е засега.

    Ништо годинава не ми се погоди за читање, не знам што ќе беше ова стварно. Давајте предлози да ставиме анкета, па да гласаме, таман по некое време да имаме одбрано нешто за читање.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Не ми изгледа познато, ќе мора прво првиот дел да го прочитам.

    Еве предлог од мене
    https://www.goodreads.com/book/show/56075504-hostage
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Имам една читано од нејзе, 3,5 сум и дала. Може да и се даде шанса.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Мене ми е читана новата од Клер, минатата недела ја читав. Добра е, онака во нејзин стил, трилер како трилер.
     
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    И јас сум разочарана, си го исполнив чаленџот на гудридс за оваа година и ни една книга не ми се издвојува, сите ми се меехх.. па затоа се фрлив на паранормал романси летово, тие супер ми се за опуштање.

    Дали сте сезонски читател или многу сезоната не ви прави некоја разлика во читањето?
    Јас да, на пример во лето сакам да читам по опуштени книги, чик лит, романси. На есен влегувам во по дарк муд и тогаш ми се читаат хорор, мистерии и по некој трилер. За октомври и Халовин сезона уште од сега си имам одбрано книги а декември ми е месец за новогодишни.

    Предлог книги:
    оваа по втор пат ја ставам тука
    https://www.goodreads.com/book/show...y?ac=1&from_search=true&qid=X9pdXUNXZh&rank=1

    https://www.bookofthemonth.com/all-books/instructions-for-dancing-989
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Ех, не ми се чита просечен трилер ко трилер.
    А новата од Дороти Кумсон?
    https://www.goodreads.com/book/show/56053500-i-know-what-you-ve-done
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Трилер и одличен некако ко да не постојат годинава, ендемски вид. :D

    Ништо ново не ми остави впечаток мене досега. Сè е веќе видено, позајмено од други автори, реда ради со некои актуелни теми нафрлани колку да е во тренд книгата или плитко со безвеза ликови. Тоа е.

    Не ми се чита мене Дороти. Имам чувство дека нема да ми се допадне, не ми се свиѓаат поновите книги од неа. Почнав нешто чик-лит плажарско, па ќе видиме како ќе се покаже. :)
     
  8. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    https://www.goodreads.com/book/show/53717123-the-end-of-men
    Set in a world where a virus stalks our male population, The End of Men is an electrifying and unforgettable debut from a remarkable new talent that asks: what would life truly look like without men?

    Only men are affected by the virus; only women have the power to save us all.

    The year is 2025, and a mysterious virus has broken out in Scotland--a lethal illness that seems to affect only men. When Dr. Amanda MacLean reports this phenomenon, she is dismissed as hysterical.

    Книгава ептен ми фати око, ја токмам следна за читање, ако сака некој да се придружи.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Уф, пандемија и вируси. Не знам дали сакам да читам нешто вакво во моментов @RainBow. :sweat:

    Да ја дочитам оваа што ја почнав па ќе видам. Би читала дистопија, само без вируси и болештии и слично. :tmi:
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Значи, Мишела, вирус и болештини, ама само мажите ги фаќа. Перспектива да се немало. |(:D
     
    На violetblue и Mishela им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    А нешто повесело нема? На пример, Anxious people од Бакман? Јас тоа ќе почнам изгледа.

    Читај ја и кажи дали ќе има спас за мажите. Мене ми е страв. :tmi:
    Ја читав The pull of the stars пред скоро, многу пандемии ќе ми дојдат наеднаш. :worried:
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    До десет посто сум, не можам да ја оставам. Фасцинантна ми е на крајно морбиден начин, а некако толку реална поради нашава пандемија.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Интересно звучи, ќе ја почнам, секако немав идеа за следна книга.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Сепак I'll pass. Преку глава ми е од зборот пандемија и сè околу тоа. Ми треба нешто меланхолично ама убаво, па мислам дека оваа од Бакман ќе ми биде супер.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    И мене ми е на листата, можеби и ја почнав, ама не знам зашто ја оставив... А баш го сакам. Кажи ако е добра.
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Ќе напишам некоја рецензија ако испадне добра.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Леле книгава.(facepalm) Како, значи како може една дистописка книга за болест да е досадна? Може да нема смисла, да има дупки во приказната, ама да е досадна?
    Е книгава тоа беше. Едвај ја прочитав, дури и скокав некои делови.
    Премногу повс имаше, премногу ликови, ниту една подлабока приказна за која можеш да се врзеш. Беше премногу техничка, без емоции.
    Не се погодуваат книгиве значи и не. Не знам што да речам, поинтересни ми се книгите со ќерка ми што ги читаме.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Само што ја завршив и јас. Потполно исто мислење. На моменти ги мешав Аманда и Катерин со приказните.
    Приказната на дадилката од Кина Филипините беше тотално непотребна. Да се задржеше на неколку ликови ќе беше приказната далеку подобра.
    Само што ја прочитав книгата а единствено овие три лика ми останаа во сеќавање. И докторката што ја измисли вакцината. Мислев ќе има повеќе за тој дел како успеале сите да ја купат вакцината.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    И јас исто, или ќе заборавев што се случувало со ликот во преходниот дел зашто толку имаше поминато до следниот. Многу разочарувачка, многу, единица има од мене, ма и нула, живи глупости. Се спасија сите што не ја читаа.

    А сте ја читале ли Bury My Heart at Wounded Knee? Некако на таа се токмам.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.