1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Не е мој жарн воопшто, историска, па и not fiction, дефинитивно би ја скокнала.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Имаш некоја друга? И новата од Алис Фини е излезена, Лист, камен, ножички, и таа ми е на листата.
    Да се јави @Mishela да каже со Бакман како помина.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Ја прогуглав сега, доместик трилер може може . Ако не се даде подобар предлог, јас сум за.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Ама не можам да ја најдам нигде.
     
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    На z-library.org ја има. Не можам како epub фајл да ја прикачам овде.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Ја симнав, фала ти, еве линк.
    Ајде оваа ќе ја ставам, па може ќе се приклучи некој.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Уште ја читам и не знам како да ја оценам, ама ми се допаѓа. Некако поразлична, а сепак хуморот и пишувањето задржани, Бакмановски.

    Новата од Алиса Фини ја симнав пред некој ден ама не знам како ќе стигнам со читање, да ја дочитам прво оваа па ќе видам.

    А знаев дека нешто не штима со оваа дистопијата штом ве снема толку време. Ама ајде, пак вие не слушајте. :wasntme::D
     
    Последна измена: 28 август 2021
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  8. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Јас ја прочитав така речено на 2 седнувања, брзо се чита. Е ќе ве почекам сега
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Добра е книгава, @violetblue ?
    Авторкава ми е или hit или miss, измеѓу нема.

    Ќе ја почнам вечер, го завршив Бакман денес.
     
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Епа веројатно оваа ќе ти биде нешто помеѓу. Не можам ниту јас да се одлучам дали би ја препорачала.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Ова не звучи ветувачки. Ти ја почна @Mishela?
    Јас еве денес се токмам да ја почнам.
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Ја почнав синоќа, да. Стасав до 20%, а бавно читам, па веројатно тоа кажува колку брзо оди.

    Чудна е, чудни ликови, ама нешто ме влече да продолжам да читам па ќе видиме каква ќе испадне. Интересен концепт, па ајде да видиме што е со книгава.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Knock knock :hai:
    Почна да живнува темава :)
    Заглавив со Daisy Jones and the Six, ќе ви се придружам со следната книга. :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Конечно ја дочитав книгава.
    Би ја ставила во категорија евтини трилери. Не мислејќи притоа на цена, туку на финтите кои се обидува авторкава да ги направи.

    Ќе почнам од ликовите, ниту еден не ми се допадна, ниту пак мислам дека беа доволно разработени. Сè во книгава целеше кон тоа да го држи вниманието и да се прашуваме what next?, ама тоа беа само ништожни обиди. Секое пглавје завршуваше демек застрашувачки, леле, што ќе биде сега, за во следното веднаш да стане јасно дека ништо нема да биде. И веќе во второто поглавје ова стана крајно иритантно.

    Ме изненади само главниот пресврт, не очекував дека му е бившата жена Робин. Ама, колку ме изненади толку и ме изнервира. Обидувајќи се да го прикрие пресвртот ликовите на Робин и Амелија беа исти, немаа никаква разлика. И што беше всушност поентата? Евтин трик лошо изведен.
    Немаше никаква психологија зад ликовите, ништо.
    Робин, да отиде таму и така да живее? Зошто? Адам да спие со Амелија и да ја изневери Робин? Никаква позадина немаше ни за тоа.

    Уште на почетокот ме сецна книгава, кога отидоа сред пустелија без да истражат ништо за местото. Мислам, сериозно? Тоа ми беше толку неверојатно што едвај продолжив понатаму да ја читам.
    Потоа, кога почнаа да гледаат чудни работи, сите до една ги занемарија. Мислам, спалната соба иста како нивната и тоа случајно било. Да, сред пустелија во Шкотска нарачал некој иста спална соба како нивната. Океј.
    Друго, Адам, покрај состојбата со непрепознавањето на лица, го направи и слеп. На настанот кај што беа со Робин не ја препозна формата и телото на авторот? Океј, лица не препознава, ама да не го види воопшто, а овој цело време да го зјапа? Ахам, сигурно.

    Амелија не знаела дека Боб бил куче на Робин? Пријателки беа. Сигурно дека не знаела. Па го сакала како дете, абе исто е, нема грешка.

    Едноставно премногу работи ме нервираа и само превртував очи.
    Книгава од мене има двојка, само поради тоа што не видов дека Робин е авторот на писмата, толку.
    И повеќе не читам книги од оваа авторка, трета ми е оваа и сосема ми е јасно каков и е стилот.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Што знам, мене ми беше добра. Ни нешто прекрасна да посакам да ја испофалам ко да е не знам што, ниту пак толку лоша. Има и уште полоши книги од неа, на пример I know who you are...чиста единица.

    Исто и His & Hers ми беше многу досадна и премногу бавна. Ме утепа со тие некои безвеза пресврти. Крајот ми беше интересен и во исто време ми немаше смисла таму. А ликовите беа далеку полоши од овие тука.

    Понекогаш лажам ѝ е најдобра книга на авторкава. Другите што знам, ко да ја немаат таа магија ниту со ликовите, ниту со ништо. Не успева да ги доближи на ист начин како Амбер. А штом уште ѝ го памтам името, тоа кажува многу.

    Во оваа ми се допаднаа атмосферите. Без разлика дали имаше или немаше смисла, она успеа да ја долови морничавоста на тоа што и да беше тоа таму кај што се сместија. А кога некој ќе успее да ми долови таква wanna be Стивен Кинг атмосфера, тоа го сметам за предност секогаш.

    Не се ни трудам да предвидувам и да анализирам што ќе се случи додека читам, некако не ни обрнувам внимание на тоа во последно време. И јас бев како ликовите. ^_^
    Тука имаше добри пресврти, само крајот ми беше безвеза. Ептен утнат, а последното поглавје беше непотребно. Не знам дали имаше потреба од прстот крвав отсечен и другите работи, па и за да биде подраматично, се вклучи и детективот. Ко почеток на некој спин-оф ми беше тоа и немаше потреба од таков глуп крај. Затоа спуштив уште од оценката, некаде на средина ми е. ни за чиста 3, ни за 4.

    Другото генерално ми се допадна. Мислам, кога можеше Б.А. Парис да стави лик под ласер за да ѝ тргне бемки и да ѝ смени идентитет, можат и ликовите на Алиса Фини да не препознаваат лица, да бидат наивни, смотани и што ли уште не. И згора на тоа, успејаа пак да ми бидат далеку посимпатични од некои други безвеза трилери што сум ги читала. Ама и нема што повеќе да понуди просечен трилер, едноставно тоа е, можностите на овие автори се тие и ваљда затоа ништо не ме изненадува и сум ептен рамнодушна и со книгава и со сите слични.

    Јас викендов одмарам од се, ќе си гледам серии. Во понеделник ќе ја почнам The Farm од Joanne Ramos. Ако ви се чита супер, ако не, пак супер и така. :D
     
    На violetblue и ane.bella им се допаѓа ова.
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Јас веќе ја и заборавив така да не ми остави впечаток, онака просечна книга. Може дека немав и големи очекувања. Пресвртот со Робин ми беше она што ја ,,држи,, книгата, и некако цело време мислев дека ќе има уште нешто на крај ама не.
    Ликот на Адам ми беше ептен антипатичен без никакви квалитети.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  18. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Може. До пола сум со друга книга па може оваа потоа.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    @violetblue ја почна книгава?
    Јас сум 28% ама бавно ми оди. Монотона некако :yawn:
     
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Да, и јас сум уште на почетокот, барем сега за сега ништо посебно, ајде барем не е обемна, може ќе има некој пресврт, ма да .. не сум баш оптимист.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.