Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Јас сум 63%. Брзо се чита :)
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Е супер, баш ми треба една книга шо брзо се чита и држи внимание.
     
  3. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ја завршив книгата. Интересна, една 4ка од мене.
    Брзо се чита.
    Има примеси на How to get away with murder. :)

    Не очекував дека се работи за иста личност.
    Колку и да убиваше мажи што го заслужиле тоа, сепак мислам дека не е нејзина одлука. На крај заврши со психолог што ја подржи да продолжи да убива.
    Колку треба да си спремен, да испланираш се до детал, да помине како самоубиство.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Со кој ум на само 30% прочитани ти го отворам спојлерот (facepalm)
    Мене ми е како женска верзија на Декстер :)
     
  5. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Еееее требаше да пишам дека има од книгата. Сори
     
  6. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Ти убаво си го стави во спојлер не е твоја грешка, моја си е. Curiosity killed the cat :D
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    И јас ја завршив книгава. Мило ми е што зедов да ја читам без да знам скоро па ништо за содржината. @Skyfall дури на крајот видов зошто велиш дека ти е како How to get away with a murder, јас пак уште од прв чаптер реков дека оваа Скарлт е женска верзија од Декстер :)
    Во книгата следиме 2 POV едното е од страна на Скарлет која е професор по англиски на колеџ во Пенсилвенија и Скарлет е и сериски убиец, убива само мажи кои се насилници/силеџии, демначи итн, криминалци кои прават лоши работи на жени а не се осудени, едноставно таа им пресудува. Другото ПОВ е од Карли која е прва година на истиот колеџ каде што Скарлет е професор, интровертна, чудна повлечена девојка која доаѓа од дисфункцијално семејство. Карли со тек на време развива чувства кон нејзината цимерка која за разлика од неа е многу по откачена, по оутгоинг ама и малце "лесна" во моментов не ми иди по соодветен збор за опишување, плус со нив се дружи и Вес другар на Алисон(цимерката) уште од основно училиште, Вес е нешто како карли мирен, повлечен и секогаш расположен да им помогне на девојкиве. Некаде кон средината на книгата има јак пресврт и тука сфаќаш дека Скарлет и Карли уствари се една иста личност.
    Книгата е многу интересна и брза за читање, до 90% во книгата мислев дека ќе биде 5 звезди, но ептен при крај намалив на 4,5 нај многу заради тоа што Карли го убива Вес кој низ цела книга го опишува како ептен добар дечко и на крај му прави пресврт дека и демек и тој е како останатите мажи |( Инаку Вес ми беше нај симпатичен од сите карактери. За Џаспер (toyboy на Скарлет) осеќав дека е малце манијачки настроен и мислев дека на крај баш него Скарлет ќе му се отвори, но ете и него го уби.
    Има уште многу да се пишува не опфатив се ама горе долу тоа е тоа.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    И мене не ми се допадна за Вес што го уби. Можеше да напише поинаков крај за него. Како цело време беше добар добар и на крај друго лице.
    И јас очекував дека ќе остане со Џаспер и ке убиваат заедно :D Ама тој ептен покварен испадна
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Писателкава ко да го мрази цел машки свет, на крај сите мажи ги испоуби :D Стварно ми е криво за Вес, на крај со 2 реченици го скина :x
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Никој од мажите не и чинеше :D Само Drew со маж му. :wasntme:
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    Јас оваа предложенава ја чекав да излезе, ете ја дочекав и никако да ја почнам. Стално нешто друго ми одвлекува внимание. Почнав друга во меѓувреме, не знам со кое темпо ќе ја дочитам зашто многу ми е интересна и не ја брзам. :D

    Читајте ја, јас може и покасно ќе се вклучам само да си кажам мислење. Мала е, мислам дека брзо ќе ви оди A day like this. :)
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  13. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Имам 2 книги почнато, една читам една слушам, плус од денеска децава се пуштени дома и не знам колку време ќе имам да ги завршам почнативе и да ја почнам оваа.
    Нека помине гужвава околу Thanksgiving па другата недела ќе ми е по лабаво и ќе гледам да ја почнам.

    Дајте за декември предлог за новогодишни/божиќни книги :)
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    Епа ајде да се почекаме ако сакате? Таман од следната недела може оваа, па ќе бираме и други по расположение.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Важи, ми одговара за од следната недела.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Може, и мене ми одговара.
    Од понеделник ја почнуваме :)
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    :hai:

    Прочитав синоќа неколку поглавја, ми се свиѓа како е пишувана. Концептов, поточно темава малку ми е веќе видена, ама сепак нешто ме влече да ја читам па се надевам ќе биде добра книгава.

    Еве ја во пдф, симнувајте слободно кој ја нема. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На ane.bella, Skyfall и do-re-mi им се допаѓа ова.
  18. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Јас од вечер ја почнувам. Вчера не успеав
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    Книгава ни напред, ни назад, ни дијагонално, ни никако. :worried:

    На 70% сум и тотално немам желба да знам како ќе заврши. Не ми е јасно зошто книгиве никако да се погодат, ко некое проклетство, теорија на заговор - што и да се одбере за читање одма испаѓа нешто безвеза. Сакав да предложам за следно читање ама и така ми е сомнителна книгава, башка од омилена авторка, се плашам да не ја снајде и неа проклетството на безвезалните книги. :D

    Ќе пробам да ја дочитам книгава викендов, ме отру засега и морав да си кажам. :bug:
     
  20. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Сакав синоќа да пишам и не успеав. Јас сум на 30%, интересна ми е засега. Ќе видиме како ќе оди натаму. Ама ми држи внимание.