1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    На 7мо поглавје сум, ако е таква да ја оставам барем дури сум на почеток?!
    Пред да ја почнам не ни прочитав за што се работи во книгата, не обрнав внимание ни на корицата, и кога почнав да читам и видов дека е поврзана за дете баш му реков на Мм јас не знам дали ќе можам да ја читам оваа книга. Книги поврзани со деца, загуба на дете итн не се за мене :(

    Да бараме нешто со по ведра тема :)
     
  2. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Јас ќе си ја дочитам :)
    Давајте предлози за друга
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    И јас ќе ја дочитам, ептен при крај сум, за 30% не ми се остава. А тоа што си мрчам е веќе ко дел од мене за секоја книга во последно време. :D

    @ane.bella
    нема смрт, не умира никој (бар засега), за нешто друго се работи и не е баш тажна книгава, повеќе е како драма-мистерија.

    Скај пишала предлози да даваме, сега видов. Новата од Софи Кинсела ми се чита мене, The party crasher.
    9780593449172.jpeg.jpg
     
    На ane.bella и Skyfall им се допаѓа ова.
  4. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    :)
    Софи Кинсела ја избегнував за читање. Да ме прашаш зошто не знам :D
    Ама може да и дадеме шанса сега :)
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Мораш да ја читаш, презабавна е и мислам дека баш ќе ти се допаднат нејзините книги. Има некој свој посебен хумор, навистина е впечатлива. :)

    Ајде да ја дочитаме оваа па ќе одлучиме, може ќе најдеме и нешто друго интересно.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Ке продолжам да читам, само што оставив една друга книга од 700+ страни, неизбежно беше, нема шанси да се влечам низ толкава книга, оваа и да не ми е толку интересна по брзо ќе ја прочитам сепак е не цели 300 страни.

    Мене ме има фатено празнична еуфорија, нешто крисмас романтики ми се читаат, или да си пуштам Hallmark на ТВ :lol:
    оваа нека биде предлог од мене
    https://www.goodreads.com/book/show...p?ac=1&from_search=true&qid=B84JRoP1oi&rank=1
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Грахам ми е многу сомнителен. Се ми се чини има нешто со него за ситуацијава со Ани. Тоа ме држи засега да ја читам книгава.
     
  8. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    70% стасав. Стварно тапка во место некако, се тоа па тоа :|
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Ме отру мене книгава, на 75% сум и јас и морав да почнам друга за да разбијам монотонија.
    Големо разочарување, се надевам дека ќе ја завршам за некој ден. Ептен малку ми фали да ја баталам. :worried:
     
  10. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    90%. Вечер ја дочитувам. Синоќа за малку, ама многу ми се спиеше.
     
  11. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Вие барем на 70% се пожаливте, јас на 45% сум и почнува по живци да ми оди |( Изгледа ќе почнам да скокам цели страници (facepalm)
    Не знам само како на гудридс сето е само 4ки и 5ки :x

    И незнам како е крајот на книгава, но кога почнав да ја читам си реков книгава 100% е инспирирана од филмов:


    И јас почнав една друга во меѓувреме да слушам.
     
    Последна измена: 6 декември 2021
    На Mishela и plava.90 им се допаѓа ова.
  12. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ја прочитав…. :?:
    @ane.bella го немам гледано филмов, неможам да кажам дали е од таму инспирација.
    Ја вртеше едно па исто едно па исто до крајот. Последните страници па ептен розов свет ја направи. Сите работи магично се средија.

    Интересна тема сакала да разработи за повеќедимензионални светови. Ама многу тупење на истите работи. Вртење во круг.
    Мислев дека Грахам има нешто со целата ситуација, според начинот на кој се однесуваше.
    Не очекував дека на крај ќе се врати во другата димензија каде што ќерка и беше жива. Мислев ќе напише нешто повеќе за врската со Џонатан. Дека ќе се врати во куќата, ќе има closure и Можеби меморијата ќе и се врати и од животот без Хана.
    Некако на крај испадна дека двете Ани после сообраќајката ги замениле местата.

    Верувате ли дека постојат луѓе што имаат сеќавања од нивниот живот во друга димензија?
    Верувате ли дека постојат други димензии на вашиот живот?

    Не знам што оценка да и дадам. 2-2.5 можеби.
     
    На Mishela и ane.bella им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    И јас ја завршив сиротава книга. Од мене исто така има двојче. :worried:

    Почетокот навистина ми се допадна, посебно прологот и првите 2-3 поглавја. Баш ми беа интересни и пишувањето беше посебно. После кога почна да тупи, леле мајко мила. Едно исто - едно исто. Куќата, па куќата, па сликата. Толку мала книга, а тешка за читање не поради темата или нешто слично, туку баш заради развлечените поглавја.
    Одвај ја завршив и веќе при крај воопшто не ми беше гајле за крајот.

    Патем, ниту еден лик не ми се свиѓаше, површно така направени колку да постојат. Колку интересна и несекојдневна тема, вака лошо искасапена. Штета огромна.

    Ме потсети делот со автомобилот и несреќата на The age of Adaline филмот, ако ви текнува. И нејзе нели тогаш во тој момент ѝ се случи пресвртот и престана да старее па така и Ани во книгава, само ете малку во поизменета содржина. Најверојатно откривме од кои филмови се инспирирала и ги преточила во книга. :D
    Е уште да беше добра книгава и топ, ама ете, нема.

    @ane.bella немој ни да се мачиш ако не оди, книгава ќе ја памтам само како бројка, тотално невпечатлива во ништо.

    Зачитав една друга деновиве, онака океј е, ништо посебно и таа. Најверојатно од сè ми е преку глава и се осеќам презаситено од сè, ништо не ми е по мерак. :bug:
     
    На ane.bella и Skyfall им се допаѓа ова.
  14. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Ауу луѓе која отров книга еј!!
    Еве се мислам што да пишам ама ништо не можам да измислам а да има смисла. Ја дочитав и се чувствувам уморена, како да сум трчала 10КМ ама у место :x Does that make sense?
    The shortest never-ending book?!
    Читам, читам... Хана, пак читам читам... жолтата куќа... читам, читам... јоргованите, аман жено ја откупи :drunk:

    Вие пак барем 2ка и дадовте, од мене доби чиста 1ца.

    Дали требаше да ја сожалиме Ането (Annie)? На почетокот Да, жал ми беше но како се развиваше книгата воопшто не ми беше жал напротив ми беше многу досадна и доста себична.

    Веќе не вреди да се трошат повеќе зборови и енергија на книгава, Thank God it's over, да не јачитав за во групава уште на 30% ќе ја оставев.
    Толку!!!
     
    На Mishela и Skyfall им се допаѓа ова.
  15. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Мене ми е страв веќе да предложам книга за читање. :D
     
    На ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Исто, стално некои утки испаѓаат моите предлози. :D
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  17. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Оние на гудридс што даваат по 5 звезди се криви :D :mm:
     
    На Skyfall и Mishela им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Ама стварно, ставаат 5 ѕвездички на секакви книги, се прашувам дали некој од нив воопшто ја читал книгава и ако ја читал, баш ме интересира што точно им се допаднало. Љубопитна сум. :D

    Букблогериве очај, што сè нема да направат за бесплатна книга. Греота вака што се создава лажен рејтинг и некој ко нас ќе наседне и ќе се покае после.
     
    На ane.bella и Skyfall им се допаѓа ова.
  19. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ние годинава :D

    6209B244-A26B-4CE6-83C2-C534EC99BF32.jpeg
     
    На violetblue, ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Проблемот беше што многу работи се повторуваа, ама онака некако се соживеав со Ени( Ани). Успеав да се замислам на нејзино место и до некаде ја разбирам потребата да се вртат истите слики од меморијата во круг, куќата, цвеќињата...
    Не ми се допадна баш што имаше среќен крај, ме нервира кога вакви книги имаат среќен крај, бидејќи не е реално, ама окау.
    И јас мислев во еден дел од книгата дека маж и е вмешан и ја прави луда, особено со гласовите и телефонскиот повик, некако остана неразрешено. Мислам дека намерно беше напишано на тој начин исто и со психијатарот и сметката за да не насочи и во друга насока за да се дочита книгат.

    Заборавив предлог од мене-
    Wish You Were Here
    by Jodi Picoult
     
    На ane.bella и Skyfall им се допаѓа ова.