1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Јас сум околу пола, шанси нема да ја завршам денес-утре, до понеделник би требало. :tmi:
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Ја дочитавте?
    Книгава некако нетипична за Дајен, прилично досадна, развлечена и провидна.
    Првата половина, оф мори мајко... И повторувања многу. Можеше многу побрзо да напредува до делот кога замина за SCOPE, не мораше толку објаснувања зашто не беше од никаква последица тоа.
    Ми стана јасно што се случува и пред да се открие, за Бренда дека е жената.

    Инаку, не можам да разберам како можеше да му прости на брат и за тоа што го натепа Вин, а не можеше да поверува дека Рид е невин и цело време да му замерува Ели. Сите во нејзиното опкружување беа одвратни расисти, ама на Рид се закачи.

    Сцената кога го влечеа Вин со камионетот беше страшна, како може толку омраза да има... Ужасно.

    Кејла беше само колку да има некаква поврзаност со минатото, ништо посебно нејзиниот лик, Ели беше океј.
    Ама, книгава за двојка, толку ми е, ништо повеќе.
     
    На Mishela и violetblue им се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    И јас толку и дадов оценка, дури не ми беше верно за книга од Дајен.
    Многу непотребни ликови и описи имаше околу целото движење. Во ред да се спомне и образложи ама страни и страни...
    Исто ми немаше логика зошто Бренда дојде да ја плаши Кајла кога веќе нивната куќа беше изградена. Ели беше многу наивна, ем пред нејзини очи брат и го истепа Вин ем пак си го бранеше семејството, демек нема шанси они да се расисти.
    Исто ми немаше логика зошто мајка и го зела возилото на Рид, кога семејството на Ели сакаше таа да биде со него.
     
    На RainBow и Mishela им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Дури и Преправај се и танцувај ми беше поинтересна од оваа...
    Не знам, скроз ме утепа книгава и интересно ми беше само од 80% до крајот. Таман, по една оценка на секои 10% и стасав до двојче и јас. :lol:

    И мојата оценка е таа, не очекував дека Дајен може да напише волку досадна книга со уште подосадни ликови. Мажов на Кејла, Џексон беше или Џејсон? Како и да е, ептен нешто сакаа да умотаат филм дека не била несреќа неговата смрт, па преиспитување, не знам што. Можеби навистина би се запрашал некој вистина ли е или не, ама ликов на Кејла ми беше толку мех, како да кажам, безличен, без'рбетен, ми фалеше некоја димензија кај неа за да биде комплетен лик. Толку беа ради реда нејзините поглавја, само едно исто - ох, колку е тешко, ох куќава каква е, ох ова, ох она. Ми се стужи додека читав. Поглавјата на Ели беа поинтересни, ама некои работи немаа поента. Моментот кога Бренда кажа дека Ели е виновна за смртта на Герет (ваљда така се викаше нејзиниот сопруг), Ели ни да се запраша, ништо бре, ќутук.
    Дали јас погрешно разбрав не знам, ама онака ми остана тоа да лебди во воздух. И токму Ели како што беше претставена, праведна и непристрасна, баш требаше да стави прст на чело и да резонира малце. Она ништо, фамилијата да си ја оправда. Истата таа фамилија која ја шутна во моментот кога посака да следи нешто свое и да не е дел од семејниот бизнис. Истата фамилија што и' "држеше лекција" дека е срам за фамилијата и дека им го угрдила семејното име и репутацијата, откако ја довлечкаа дома. Штета голема што Вин вака настрада, ама и него ич не успеала Дајен да го доближи па си остана како сајд лик.
    Штета, претходната книга со муралот беше класи над оваа, а баш мислев дека книгава ќе биде интересна. Убава тема, површно прикажана.
    И јас ги поврзав работите за црвенокосата дама, смешки.

    Ќе ја чекам да излезе новата на Хувер, па неа ќе ја читам од утре. Рејзорблејд ќе почека, ми треба нешто лабаво после утепанава книга.
     
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Гарет бил тој од Кланот што Ели го турна кога се качи по неа на дрвото, кога долу го тепаа Вин.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Јас мислев дека Бренда го турнала Џексон некако, зашто нели и нејзиниот маж така умре, тоа ми имаше логика. И за да не дојде оваа да живее во куќата. Инаку, што дека ќе ги најдеа толку старите коски, ко божем па бази да не најдеа кој го убил, па толку се испотресе Бренда.
    Ели беше сосема слепа за нејзиното семејство, требаше да прекине конткат целосно со нив, ако веќе толку држеше до своите принципи.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Да, па тоа викам, Бренда и кажа на Ели како уствари било. И само на тоа остана, немаше ништо друго и ми беше нереално, се навраќав да видам дали нешто пропуштив. Наместо Ели да се запраша нешто, што било, дали стварно било така, виновна е за нечиј живот, она никако не изреагира, ниту пак нешто беше спомнато околу тоа. Најдобри другарки беа, до толку да не се напишат уште два реда за ова и да не се напише како се осеќала Ели ептен без врска ми е.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    @Mishela не ја почнувај ич книгава јас што ја читав. Никаква еуфорија, ниту па сожалување за ликовите немав. Многу страници безвезе изнапишани. На некои работи се имаше задржано многу, на други скокнато детали, месеци години. Никаков впечаток не ми остави.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Баш ми се допаѓа ова, штета што Дајен не размислувала во таа насока. Би било како некоја одмазда можеби, реванш. А вака како што испадна се некако беше за да си го прикријат убиството. Безвеза, не знам, колку повеќе размислувам толку повеќе ми станува смешна книгава.

    Штета и за книгава што ја читаше ти @Skyfall, нешто ич не ни оди со книгиве, белја работа. :D
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Ама немаше како, за кого би било реванш, ќерката на бившиот на Ели. На Рид доволно му нанесоа штета. Ликот на Бренда беше тотално непотребен, освен што на крајот се издаде дека и таа и маж и биле дел од Кланот. Бренда не и мислеше добро на најдобрата пријателка, наместо да ја предупреди што спрема Кланот таа соучесник, епа карма, Ели го загуби саканиот, ама и Бренда го загуби и маж и и бебето. Мајка и на Ели најголема злобница. И на крај Ели пак дојде да ги гледа и мајка и и брат и, иако и брат и беше цело време против неа.
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    @violetblue, баш ради тоа дека Бренда беше далеку од добра личност, повеќе би очекувала од некој како неа да оди до крајности и да прави вакви бедни работи по луѓе. Ем да си го храни егото дека на бивш пријател нанесува уште повеќе болка преку детето, ем од друга страна со цел да си го прикријат злоделото и никој да не се доближи до куќата, па тајната да си остане запечатена уште некое време. Таман додека да умре генерацијата нејзина. Јес да е екстрем веќе, забегува и накај теленовела момент, ама нема веза, книгава беше толку безвеза што комотно можеше да смести и нешто вакво. :D
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  12. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Ја чита некој новата од Колин? Јас сум при крај, се убив плачејќи.
     
  13. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Која? Одамна немам читано од неа. Баш се мислев нешто следно да прочитам нејзино.

    Кога читаме следна книга тука?
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Јас ја читам Razorblade tears, до 70 посто сум негде. Полна е со насилство, ама одлично е напишана.
    После на ред ми е оваа, ти се допаѓа значи? Од Колин некако не ми се допаѓаа последниве, се надевам оваа ќе биде добра конечно.
    Reminders of him се вика новата, вчера излезе.
     
    На Skyfall и violetblue им се допаѓа ова.
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Ќе ја читаме и ние останатите рајзорблајд??

    Јас ја дочитувам денеска книгава што ја читам цел месец и сакам да знам дали да ја почнувам договоренава или ќе бараме друга книга.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Како сакате. Книгата е како акционен филм, до толку е живописна. Е зависи дали ви се чита такво нешто или не.
    Ако сакате предложете и нешто друго, или да ја ставиме новава од Колин и сите да ја читаме.
     
  17. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Јас сум за razorblade, Хувер многу не ја сакам :) ама ајде нека кажат и другите што мислат.

    Дали ви се читани Honor и Tha architect's apprentice од Шафак? Двете ми се за читање, ме интересира ваше мислење за книгиве.
     
  18. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Јас ќе ја дочитам новата од Хувер денес, може од утре Рајзорблајд да ја почнам.

    @RainBow мене ми се допаѓа многу новата од Хувер, драма романтична е, си ја проплакав поштено, ако си во таков муд моментално. Јас баш сакаше вакво срцепарателна приказна, би и дала 5ка мислам на крај.
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Ја имав во план оваа од Хувер, ама некако ни едната ни другата не ми се почнуваат мене во моментов. Можеби најпаметно ќе биде да си доврши секоја што почнала и нешто друго да одбереме.

    Оваа ми е во план мене:
    9780593452684.jpeg.jpg
     
  20. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Јас дочитувам една книга до вечер ќе бидам готова. И мислев или Разорблејд или од Хувер да почнам утре.
    @RainBow ако има за дискусија Разорблејд може таа да ја читаме