1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Дааа, ќе ве дружам, само да ја дочитам оваа што ја читам сега. :sun:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Јееее, се собравме и за оваа книга. :party:

    Еве една што утре треба да излезе, нека стои како предлог од мене за некое следно читање. Или за анкетата, мислам овој пат ќе имаме.

    https://www.goodreads.com/book/show/56970272-i-must-betray-you
    [​IMG]

    Солидна е авторкава, а ова со Романија баш звучи интересно како за промена.
     
    На Regina.Phalange, sweet-cherry и crimson им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
  4. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Моли ме потсеќа многу на Шелдон од Big Bang Theory :)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    И мене, цело време тоа си мислев :D

    И јас ја прочитав синоќа книгава инаку.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    И јас ја завршив и ваква сум. :@
     
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Многу ме изнервира. Ептен ми се допадна книгата претходно и кога стигнав до крај останав разочарана.

    Имаше некои недоследности и нелогични ситуации ама ми беше забавна за читање.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Колкав потенцијал имаше книгава. Огромен.
    На почетокот ми се допадна многу, ме навлече, едвај чекав да читам.
    Ама, како што се развиваше приказната, ми стануваше се побесмислена.
    Прво, Моли како лик беше сосема недефинирана. Како да не сакала авторката да сеобврзе на едно нешто, па и натури сто работи кои до крајот немаа смисла.
    Ликовите, а и самата приказна, станаа како од цртан филм, ни логика, ни доследност, не ми се веруваше што читам на моменти.

    Зошто вратарот не и кажа дека и е дедо? Гледа дека е сама на светот човече, демек и се најде кога и требал, ама внука му е, зошто ја остави така? Кога неговото семејство е и нејзино семејство.

    Моли виде дека не може да си верува на себеси кога станува збор за карактерот на луѓето, а сепак и се јави на Жизел да и каже да побегне, зошто тогаш не се послуша себеси? Немаше никаков цврст доказ дека не е инволвирана.

    Хуан Мануел колку само беше ставен за крајот да е среќен, сосема се погоди да одговара на сите quirks на Моли, ама сосема. П како во толку години не направиле два реда муабет да дојдат до тоа сознание....

    Колку беше смешен само нивниот план, они ќе го разоткриваат Родни :D
    Адвокатката требаше со сите податоци да отиде во полиција и полицијата да го спроведе тоа, немаше што они да прават на своја рака.

    Колку повеќе ја мислам книгава повеќе ме нервира, зашто ме излажа на почетокот дека ќе е добра. И дадов тројка, ама се мислам на двојка да симнам.
     
    На Skyfall и crimson им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Моли на моменти преочигледни работи не сфаќаше, несакајќи дилаше дрога со месеци, а на моменти можеше да процени на кого да верува и сама да одлучува битни работи без да консултира никој, како на пример целата ситуација со Жизел и бившата пред неа.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Куп такви работи, куп. Го сведов на двојка рејтингот, тројка е премногу за вакви глупоштини.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Јас не ни почнав да ја читам книгава, сега ве читам и си велам арно и што не сум ја почнала.

    Што ќе се чита Next? Ќе има анкета од предложените книги или ќе се бира сосема нешто ново?
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Не ја читај, навистина, да се изнервираш само.
    Штета ептен за книгава, многу ми е криво.
    Јас ја почнав од Wally Lamb, ама можам да ставам анкета од минатите предлози, или ако имате нешто ново да додадете сега.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Книгава убаво почна ама крајот разочарувачки. Се согласувам погоре со мислењата на @RainBow и @crimson.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Еве ставив анкета од некои минати предлози, ако имате нови пишете да ја дополнам.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Јас тотално изгубив желба да ја дочитам книгава и тоа на 90%. Си кажува ова доволно мислам. Jа завршив секако, ама како ме изнервира, уфффф. Да ја имав печатената, ќе посакав да ја запалам мислам. :D

    Не ми се допадна книгата и не можам да го преболам тоа што првата половина па и до кај 60% ми беше одлична. Што се случи после, како си дозволила авторката такви нелогични работи не знам. Колку повеќе пробувам да анализирам делови, толку поодвратна ми станува книгава. Површни и Моли и бабата и сите. Еден саглам лик немаше. Авторката не се потрудила ни Моли да ја долови како што треба. Вака ниту имаше некој раст ликот, ништо, само постоеше.

    Штета, можеше да биде одлично деби, ама ете како неколку глупи потези можат да направат пресврт во целокупниот впечаток за некоја книга.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    И стави ли единица? :D
    Според анкетава тешко да се спогодиме. Јас ја почнав I know this much is true, ама ми фаќа око и првата од Елиф, а сакам исто и The Hush, па не можам да се одлучам.
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Не, двојче доби. :D
    На раб бев синоќа, ама си реков ај утре со оладена глава. Имаше некои цитати кои навистина ми се допаднаа, ама сега кога отворив киндл хајлајтс да видам и да препрочитам што толку ми се допаднало, со други очи ги гледам и толкувам. Ете, двојка за прологот, зашто беше одличен тизер за книгава.

    Чест ја гласав од анкетата, ми се чита некоја драма. Башка што си ја имам префрлено книгава на Елиф откако ми е купен киндлов и мислам редно е да ја прочитам пред да прослави десетта годишнина во киндл.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Не сум ја ставила Од Шепетис книгата во анкетата.
    Може во следната да оди, @Mishela?
    Се мислам и јас за чес да гласам, може да ја прочитам додека ја читам големава.
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Сега приметив и јас, нека остане за во следната анкета. (y)
     
  20. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Јас не знам што да одберам. Само the Hush не ме привлече, другите ми изгледаат интересни.