1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Не сум прочитала ни една цела книга од Шафак до сега. Копилето 2х ми е зачитана и недочитана. Сите книги и се со висок рејтинг и сакам да почнам да ја читам. И Архитектот и Чест преку апликација од библиотека ми се достапни на аудио без чекање, решив да гласм за Чест оти е пократка, но ако ми е добра одма ќе ја слушам и другата.
     
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас гласав за A flicker in the dark затоа што секако планирав да читам ама ќе ви се приклучам што и да одберете.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ајде, ја ставив од Елиф Шафак според гласовите.
    Нека ја прикачи некој ако ја има.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    И јас дојдов да барам да ја прикачите.
    Видов дека има 4 гласа па ја пуштив да ја слушам, 10 мин. послушав ни имиња ни места ништо не разбрав, јас сум “Американка” ќе ми земи некој полсаат дури да ми се адаптираат ушите и мозокот на англиски акцент, ама и да се акнам од земја турскиве имиња со англиски акцент нема шанси да ги претумачам :$ :D
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Еве ја. Среќно читање, да ни се погоди една конечно :D
     

    Прикачени фајлови:

    На ane.bella и crimson им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    И јас ја ставив на Киндл, после ќе ја почнам. 8-|
     
  7. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ја почнувам вечер, ја земав вчера :*:
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Го дополнив списокот со книги кои сме ги читале во клубов на првата страница во воведот, 78ма ни е оваа. :)
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Ќе одиме до стотче годинава? :wasntme::muscle:

    Па од толку книги, белким една ќе се погоди добра. Од Евелин навака не ми оставила впечаток никоја друга од прочитаниве. Ама ајде, ќе биде. (tumbleweed)
     
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Ја почнавте книгава? Ако да како ви оди? Јас сум на 45%
    малку ме нервира што има многу ПОВ и многу time lines, сигурно на крајот се ќе слее на место ама од време на време ми е натрупано и збунувачки
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Јас сум 16%. И мене ме нервира тоа. Бавно ми оди. Некако многу ликови, приказни различни периоди испомешано.
    Не ме фаќа око почетоков, се надевам ќе се подобри.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Мене почетокот ми е одличен ама и се што се случува си е ок, само многу ми е избуричкано, иако секое поглавје си е обележано со година сепак има многу ликови и понекогаш се мислам кој беше кој, кој на кого е татко, керка син итн.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Мене не ми смета тоа воопшто, убава е книгава засега, на околу 20% стасав. Само немам баш ни време, а ни желба за читање деновиве, па ќе видам како ќе ми оди понатака.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Јас сум на пола некаде и сега за сега 5ка би и дала. Многу ми се допаѓа стилот на пишување.
    @ane.bella ти ја слушаш така? Може затоа. Јас не можам да слушам книги, не можам исто да се фокусирам и почнуваат да ми летаат мислите.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    И мене понекогаш ми забегува мозокот на пасење и затоа ретко слушам книги. Оваа прво само ја слушав, па после ја слушав и ја читав во исто време, вака повеќе се концентрирам. Мислам знам во што е проблемот, имав малку време за читање и затоа ја слушав на поголема брзина, сега кога ќе и се вратам ќе ја слушам со нормална и ќе ја читам, па ќе видам како ќе биде.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Морав да ја завршам :whew: Од мене 5ка. Ама после читање вакви книги полна сум со бес и го мразам целиот машки род и сите религии и традиции...
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  17. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    И се запнав денес и ја завршив. 4.5 од мене, не и давам 5 ради тоа што ми сметаше што го пишав во претходните коментари ( иако кон 50/60% веќе се навикнав,сепак во првата половина бев малце Лост)
     
    На Skyfall и violetblue им се допаѓа ова.
  18. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ја завршив конечно книгава. Интерессна, ама многу бавно ми одеше читањето.
    Ми се допадна стилот на пишување на авторкава.
    Повеќе осврт ќе дадам утре. Да ми легне малку книгава :)
     
    На ane.bella и violetblue им се допаѓа ова.
  19. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Што направивте со книгава? Ја дочитавте ли сите?
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Ја завршив и јас, некако скроз безволно на сила после првата половина. Добра беше ама стално имав чувство дека ми фалеше нешто за да ме воодушеви...

    Продолжете со следна некоја, ич некако немам желба да читам што било деновиве па решив да одморам уште малце.