1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Кога некој ќе рече да се негува традицијата треба да ја прочита книгата. Според традиција во ред е таткото да има швалерки и да се коцка, ама не е во ред за мајката и мајката мора да се убие од сопственото дете. И што е најтрагично во Лондон, не во Турција и не пред 100год.
    Моралната одговорноста да се раѓа се додека не се добие машко дете..
    Ми беше ептен жал за Џамила, осудена на самотнички живот само затоа што има сомнеж дека не е невина. Адем беше ептен безрбетник, прво немаше храброст да биде со Џамила, па ајде како утешна награда ја зеде сестра и.
    Сакав да има среќен крај и Пембе да проживее барем некој среќен живот.
    Не требаше на Искендер да му кажат дека ја убил Џамила наместо Пембе, не заслужуваше. Демек извалкана била честа на фамилијата, а Адем што не го интересираа ниту жена ниту деца небитно. Неблагодарно детиште ептен.
     
    На ane.bella и Skyfall им се допаѓа ова.
  2. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Нивната традиција никако не можам да ја разберам. Колку искривени вредности имаат. Нема врска каде живеат. Како се однесуваше жената на најстариот брат на Адем. И беше несфатливо како може да се облекуваат и да зборуваат другите жени. За нив тоа беше погрешно.
    Искендер беше разгален од Пембе. И никаква поддршка и совет од Адем. Мило ми е на крај како заврши Адем. Го заслужи тоа.
    Жална судбина на двете сестри.
     
    На ane.bella и violetblue им се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Леле кога ќе прочитав султану мој
    На мајка му не и дозволуваше да работи, ама татко му нека се коцка не е проблем.
    Сакав да читам повеќе за Есма ептен симпатичен лик ми беше.
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  4. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    @violetblue и мене Есма ми беше интересен лик. Down to earth. Можела да ја обработи повеќе.
     
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Страшно е што во име на традицијата и честа и ден денес жени страдаат, да не одиме подалеку од нашата земја, можеби кај нас не е толку екстремно со убивања ама секогаш се дава предност на мажот и се му се простува за разлика од на жената.

    Дали со приказната за детството на Адем требаше да разбереме зошто е таков каков што е и требаше да ни е жал за него?

    Да и јас сакав малце повеќе да знаам за Есма, деловите со нај малиот син Јунус мислам се викаше ми беа нај не интересни, и се до пре крајот не ми беше јасно зошто толку поглавја имаше за него.
     
    На FridaKahlo, violetblue и Skyfall им се допаѓа ова.
  6. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    За Јунус имаше премногу, а за Есма премалку.
    Никакви чувства немав спрема Адем. Ништо не ги оправдува неговите постапки.


    Од мене предлог книга
    https://www.goodreads.com/book/show/58108577
     
    На violetblue и ane.bella им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Не ја прочитав јас, уште ја читам I know this much is true, плус и со болести заглавив и така.
    Мислам да ја дочитам оваа, па на следната може да се приклучам.
    Да ставам анкета сега или?
     
  8. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Јас само да си кажам дека ќе правам пауза една книга па потоа ќе се вратам.
    Јас и малава двете сме со бронхитис, и тоа што имам земено да читам се си стои не чепнато.
     
  9. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Побрзо нека мине кај сите болни :*:

    Јас ја прочитав книгава што ја предложив. Просечна книга, не ми беше нешто wow.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас дури сега конечно почнувам да ја читам Чест, имав некој без врска период без книги. Ќе ја скокнев скроз ама ме заинтересира.
     
  11. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Да направиме тогаш една пауза, кој што заостанал да прочита, брзо да оздравеат другите па да продолжиме. Може ако евентуално некој има предлог да пише да ќе се договараме за следна.
     
    На ane.bella, crimson и Skyfall им се допаѓа ова.
  12. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Не ми фаќа око оваа некако...
    Откако ја дочитав I know this much is true сфатив дека ми требаат малку покомплексни книги периодов.
    Јас се мислам да ја почнам Dune или The Poisonwood Bible. Нешто во таа насока одам.
     
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Ме заинтригира ептен со оваа i know this much is true, ја прочитав твојата рецензија, ама некако 900 страни..

    Dune ми е ептен надвор од мој стил, другата е окау. Немам јас предлог евентуално останатите ако сакаат да се приклучат @Mishela
     
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Не можев нешто да ги тагирам другите @crimson @ane.bella
     
    На ane.bella и crimson им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Мене ми се чита некој класик. Разгледував што имам и најверојатно ќе ја почнам Quo Vadis, па ако на некоја и се чита ете предлогот од мене нека е тој.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Еее јас од кога се мислам за Dune, само некако ме плаши :D се некои лабави книги бирам во последно време. Така што, би гласала за неа.
     
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    И јас не сум за Dune. Ич не е мој тип на книга, ама нели се крена многу прашина па го гледав филмот ама ништо не разбрав, или можеби од што не сум по sci-fi не ни се потрудив да го разберам.

    Баш ми е мило што пробуваме да читаме нешто ново сосема различно, може ќе ни земе малку време да се договориме ама ако, претходно многу им се запнавме на историските :D

    Јас сум на почеток од Ariadne, ако сте за грчка митологија ајде :)
    https://www.goodreads.com/book/show/54860614-ariadne
    Овие митолошкиве ми се малку WTF!? :o ама пак сакам да ги читам :)
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски

    Прикачени фајлови:

    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ќе ти се придружам. Од неа ми е читана само The Alice Network.
    Ама интересна содржината на книгава ми изгледа :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.