1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е удав досадна ко претходнава на Тарин што ми беше на пример.
    Slow burner e, ама не е толку страшно. Темата навистина е скокотлива, највеќе ради тоа продолжив да читам, некаде до 40% сум.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Јас знам што е проблемот, вчера ја завршив A Love letter to Whiskey книга која е пре убаво напишана ама ептен слоооу, и сега оваа пак така, и 2 слоу брн книги една по друга не ми е лесно да читам :| Ќе читам до кај 20/30% ако уште се мачам ќе ја оставам, не сакам да ме стави во читачка криза.
     
  3. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    До каде сте со книгата? Јас при крај на 77%. Се надевам до утре да ја довршам. :)
     
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Јас ја завршив, ве чекам за да не пишувам спојлери.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    И јас ја завршив.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    На 70% сум јас.
     
  7. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Јас на 15% застанав да читам.
     
  8. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Готова сум и јас со книгава.
     
  9. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Пред да почнеме, како го читате името на детето, Клауд, Клод? Се нервирам кога не сум сигурна како се изговара одредено име. @ane.bella е од тоа говорно подрачје ,помош?
     
  10. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Јас Клод го читав. Клауд не ми идеше.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Женски
    На 30% застанав со читање.Се извинувам,но,не ми се допадна книгава.:|Досадна беше премногу:yawn:
     
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Klod, na angliski koga se izgovara se zavlekuva malku na O I se slusha kako Klood/ Kload :)

    Sorry za latinicata, pishuvam od na Mm telefonot
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Тишина на темава пак. Да почнеме да ја коментираме книгава, мислам дека доволно време помина.


    Книгава почна бавно, некако ми беше развлечечно. Но, веќе на втората половина ми стана интересна и само вртев страници да видам што ќе се случи и како ќе заврши.
    Ми се допадна и стилот на пишување.

    Ретки се родителите како Роси и Пен што би го прифатиле своето дете какво и да е, без да прават голема врева околу тоа. Единствена грешка дека беше што ја криеја тајната за Клод/Попи кога се преселија во Сиетл. Секоја тајна кога тогаш ќе излезе на виделина.
    Според мене, беа повеќе окупирани со Попи и малку ги имаа занемарено другите деца. Особено, Ро, најголемиот, кој веќе стануваше тинејџер и му требаше и него внимание.
    Во оваква ситуација, како да се поставиш со другите деца, за тие да не се почуствуваат помалку вредни?

    Сакав уште нешто да допишам, ама ми избега мислата. Ќе го оставам овоа барем од некаде да почнеме дискусија :)
     
    На FridaKahlo, violetblue и ane.bella им се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Алал да им е на родителите, просто за чудење( иако е книга де). Навистина го поддржуваа од старт, и бабата исто. Се изнервирав за Ро мислам беше кога мислеа дека е нацист и хомофоб, можеа малку повеќе верба да имаат во него. Некако само за Клод беа секогаш загрижени другите деца беа во втор план, особено кога се преселија во Сиетел, и наместо да почнат од старт како што треба тие направија уште поголема збрка.
    Некако делот со заминувањето во Тајланд ми беше ту мач и вишок во приказната. Она баш кога не прашуваат во Македонија дали имаме фриждер и исто и Роси кога отиде таму. Ми немаше баш некоја поента крајот онака ми беше меех, можеше подобро.
    Во секој случај книгата треба да ја прочитаат сите родители и они што планираат да бидат, дека еве некогаш не е се црно и бело. Дека од двајца стрејт родители со синови може да се роди трансџендер дете. Во секој случај Роси од тотално погрешни причини сакаше ќерка. Јас да сум дете на такви родители ќе де сметам дека не сум бил доволен што сум машко па ајде на 3,4,5 дете само и само да биде ќерка.
     
    На FridaKahlo, Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Каснам и јас со пишување на мислење.

    Книгава почна сосема солидно и ветувачки. Мислев дека навистина ќе биде добра.
    Ама, стана...досадна.
    Не знам како е можно книга со ваква тематика да е досадна, но ете. Предолга беше, премногу непотребни повторувања некако. Друго, сосема нелогично ми е дете од машки пол на девет или десет години да изгледа скроз како девојче и никој да не примети нешто. Веќе почнуваат да се гледаат разликите секако и долга коса нема да му ги смени цртите на лицето, на пример, тоа ми беше сосема неуверливо.

    Не знам, на крај не ми се допадна воопшто книгава, бледа некако, секоја чест за родителите само кои се обидуваа на секој начин да му помогнат на детето, ама толку.

    https://www.goodreads.com/book/show/46000520-the-thursday-murder-club
    Ова е од мене предлог за следна, ако ви се чита.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Мислам дека и не му/и даваа никакви апчиња за да се спречат хормоните, може и сум грешка. Ми се изгубија некои детали веќе.

    Да, книгава треба да биде задолжителна лектира за сите родители.
    Да, имаше нелогичности, но најголем акцент да се стави на тоа како од почеток го прифатија Клод како да е нешто нормално.
    Друго нешто што не ми се допадна беше однесувањето на наставничката во првото училиште. Таа, како педагог и наставник неможеше да прифати дека Клод е различен. Нејзиниот пристап беше скроз погрешен. Зошто толку и сметаше црвената ташна што ја носеше?
    И најмногу ми се допадна психологот. Колку беше кул и мислам дека и тој допринесе многу за како да се снајдат Пен и Роси со ситуацијата.

    Од мене предлог
    https://www.goodreads.com/book/show/36249634
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Најдете ме под дрво и камен за што и да одберете следно, редно е книга да фатам :D
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Сега пред некој ден излезе новата од Алиса Фини, Дејзи Даркер се вика.
    https://www.goodreads.com/book/show/59808050-daisy-darker

    Сакате да ја читаме?


    Jа почнав, онака океј е, скроз на почеток сум.
    Очекувам нелогични пресврти од ракав извадени, ама ако не друго, бар има материјал за зборење во книгите на авторкава. Секогаш има интересни ликови.

    П.С. Еве пдф. :)
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 20 август 2022
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Симнато, да ја дочитам сегашнава ја читам оваа, па ќе споделам импресии.
     
    На Mishela и RainBow им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Супер! :party:
    Друг кој сака да чита слободно нека се придружи, па може ќе се улови нешто интересно along the way. ^_^
     
    На Beautiful Dreams и CameliaMiller им се допаѓа ова.