1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ќе ти се придружам @Mishela :)
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Супер, ајде да стискаме палци да се погоди. (fingers)
    Никогаш не се знае со дистопиите, сè е можно. :)
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    @Mishela ја почна книгата?
    Јас сум до 20%. Бавничко, полека оди :)
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Да, да, ја почнав. На 11% сум, сега ќе го читам петтото поглавје. Ти тргнало тебе. :D

    Бавно, бавно...стварно фали нешто да ја стави во движење, башка што форматов на дневник некако ми е дискутабилен.
    Ако дојдеш до момент кај што стварно не оди, кажи и ќе бараме друга. Вечер ќе седнам да се зачитам па ќе видам како ќе ми оди, ама засега не е сјајно. :D
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Добро е, не е до мене само :D уште ми тапка во место. Се надевам ќе се случи нешто наскоро.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    @Mishela се откажа или уште читаш?

    Јас ја завршив и… не ми остави некој впечаток. Не знам што очекував, ама не ми се погоди книгава.
    Ја дочитав само затоа што мразам да оставам недочитани книги. Цело време си мислев дека нешто ќе смени, ама тоа па тоа. Монотонија цела книга.
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Сакав да пишам синоќа ама сум заспала. Ја дочитав вчера и се изнервирав да ти кажам. Ништо не се смени, ништо не се случи. Се осеќам ко да сум читала некоја сосем друга книга по грешка. Сто пати проверив да не е некое недоразбирање. :drunk:

    Не ми се допадна ниту стилот на пишување (премногу монотона нарација), ниту форматот зашто не сум фан на дневник-книги. Треба многу умешност и многу труд да им се вдахне малку жар и живот на вакви книги, а кај авторкава не го забележав ова. Недостигаше емоција и тоа многу. Рамна линија беше книгава, а Лорен па леле...џабе го имаше тој дарот за хиперемпатија, буквално ништо не смени и не се ни чувствуваше. Онака спомнат колку да се рече, да биде подраматично дека еве леле она е хиперемпатична сирота. Кажано, но не и покажано. А во книгиве џабе е кажано и џабе стои ако не почувствува читателот дека нешто е така како што е напишано.

    Мене не ми смета кога книгата е бавна. Ама ми смета кога на тоа ќе се додадат ликови кои се нелогични и капак на тоа оскудното дејство мислам до толку ми ја одмиле книгава. Ја сфаќам и замислата и се по ред, ама ова за мене беше underwhelming ептен.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Гледам дека има и 2ра книга.

    Не ми смета форматот се додека има добра приказна. А тука немаше.
    Се согласувам со се што напиша. Го делам и ја твоето мислење.
    И мислам дека стварно нема друго што да се додаде.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    За жал нема, тоа е. Штета навистина, книгава сосем случајно ја видов кај Емили Меј на Гудридс, а она е ептен пребирлива и плус доста ни се подудираат вкусовите кога ѝ скролам вака низ книгите што ги читала, па си помислив дека можеби има шанси да ми се допадне и мене. Се запрепастив од резултатот, ама ајде, тоа е. :D
    Тотално ми е нелогично да има втор дел, така да, ќе го скокнам него, доволно ми беше. :tmi:

    Еве @ane.bella види што се случува кога бирам книга, испаѓа тотална утка. Некој ме урочил, не се сеќавам кога последно имам предложено книга за клубов која чинела. :worried:
    Страв ми е да ја ставам книгата од Алис Хофман, да не испадне и таа некој epic fail. Ќе оставам некој од вас да најде нешто интересно за читање сепак. :D
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Не е до тебе верувај, еве и јас во последно време освем дарк романсите се друго што фатив да читам се е epic fail.

    Јас можам да дадам предлог, ама знам дека нема да се прифати оти не сите сакаат да читаат фантаси, т.е готик фантаси :) А сериозно мислам дека барем еднаш треба да земеме да прочитаме нешто по различно.
    Ке ја предложам енивеј :D
    https://www.goodreads.com/book/show/55512738-belladonna?ac=1&from_search=true&qid=Fhwp9XqGuq&rank=1
    или пак оваа
    https://www.goodreads.com/book/show/57840571-the-hacienda
    реков во другана тема дека сум во муд за вакви книги.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Хациендата повеќе ми фаќа око од овие две, @ane.bella. Иако сомнителна ми е зашто многу и падна рејтингот откако излезе (над 4 беше).
    Се трудам да не се ориентирам многу по рејтингот, ама како што приметувате, the struggle is real. :whew:

    @Skyfall одамна немаш дадено некој твој предлог. Дај нешто интересно, по можност ако ти се вртка нешто што е баш во тој octoberish mood. Ако не се најде ништо што нè привлекува, тогаш да ја фаќаме оваа. Додека рејтингот според Гудридс експертите не се спуштил под 3.
    (Морав :D )
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Да баш и јас заприметив тоа, ама овие од јутуб што ги следам гледам 4ка и дале, па си велам можеби не е толку лоша.
    Мене ме влечи да ја читам затоа што демек била нешто измеѓу Ребека и Мексиканска готика ама ху ноус :D
    Ајде да ги видиме предлозите од другите па да решиме.
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се допаднаа ниту Ребека, ниту Мексикан готик па затоа не сум нешто ентузијастична. :worried:
    Нека дадат предлози другиве па ќе одбереме нешто секако. :)
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    @Mishela цело време барам, не ме фаќа око ништо. Периодов неможам да ве дружам за читање. Се враќам после 19ти, се надевам и со некој предлог :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Ќе ја читаме ли новата книга на Colleen Hoover?
    Видов во другата тема @RainBow веќе ја почнала.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Јас многу не и ги сакам книгите на Ко Хо, читана ми е Ова завршува со нас и ми беше само Ок, колку што памтам 3че и дадов. Ич не ме влечи да и ја читам оваа.
     
    На violetblue и Skyfall им се допаѓа ова.
  18. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Може @violetblue. Ја почнувам вечер :)
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    @violetblue ја прочита ли книгата?

    Јас ја завршив синоќа. Полу разочарана сум. Очекував нешто повеќе. Може и премногу очекував :D
     
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Не сум сеуште. Нешто многу бавно ми оди, за разлика од другите книги на Хувер.