Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.204
    Пол:
    Женски
    На листата за читање ми е новата од Кристин Хана, само сакам да ја завршам Гејм оф тронс прво, не ми се остава, се навлеков ептен. :D

    Ќе ја читам Хана нешто подоцна и веројатно подоцна ќе се приклучам, ама ќе кажам импресии. Со неа навистина не знам на што сум, некако повеќе ја читам од љубопитство. Последната беше добра до некаде, ама на туркање ја истерав до самиот крај...(tumbleweed)
     
    На simoncelicius, Skyfall и RainBow им се допаѓа ова.
  2. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ја читам моментално Rock, paper, scissors да ја довршам и почнувам од Хана.
    @Mishela која и беше последна книга?
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.204
    Пол:
    Женски
    The four winds, во 2021-ва излезе.

    За прв пат таму во книга од К. Хана ми се случи првата половина да ми биде подобра од втората. Обично секогаш било обратно, ама ете. Добра беше, само ептен на рати ја читав, сега којзнае како ќе биде со новата, ќе видам како ќе ми се чини.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Мене за оваа исто ми беше бавна првата половина. Додека ги постави работите некако бавно ѝ тече приказната. И после веќе тргнува.
    Сѐ уште ниедна ми ја нема надминато The Nightingale, таа ми остана најдобра. Еве, можеби оваа ќе биде шлагот на јаготката, се надевам дека како ги ниже книгите станува позрела во пишувањето.

    Сепак, верувам дека приказната ќе биде длабока и со впечатливи ликови, впрочем како и останатите, без разлика на темпото.
     
    На Skyfall и Mishela им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.204
    Пол:
    Женски
    И мене Славејот ми е најубава нејзина книга, па Четирите ветришта по неа. Доста посозреана е како автор, последнава книга и беше навистина далеку од комерцијалната фикција во која беше навлезена со постарите книги. Има многу разлика од Збогум најмила (воопшто не ми се допадна таа книга) и Ветриштата, воочлив е напредокот.
    А и не е она за тралалајки, има потенцијал и баш сакам понатака да се движи во некоја насока со останатите современици од типот на Вергезе, Кингсолвер, Дилија Овенс.
     
    На simoncelicius, do-re-mi, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Four winds читана ми е и ми беше многу убава. Не се сеќавам само дали побавно или побрзо ми одеше читањето. The Nightingale уште не ми е, а сакам и таа да ја прочитам. Досега што имам прочитано од неа ми се допаднало.
    А сакав уште лани да ви ја предложам новава книга за читање, ама видов дека само ја промовира и уште дека не е излезена.
     
    На simoncelicius и Mishela им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Шлагот на јаготката сум пишала.:rofl:
    Еве ја ставив, пообемна е, па нема да се брзаме секако.
     
  8. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Како е на оригиналниот наслов на Збогум најмила?
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.204
    Пол:
    Женски
    Night Road
     
    На simoncelicius и Skyfall им се допаѓа ова.
  10. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Не ми е читана таа.
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.204
    Пол:
    Женски
    Таа ѝ беше една од најпопуларните книги, но јас не сум дел од фановите па не можам да кажам дека ја препорачувам. :D
    Некако имав чувство како да читам две книги споени во една, не успеа да ме воодушеви. Воопшто не сакам таков тип на книги што се трудат да поентираат кај читателот вадејќи се на емотивната карта. Не се поврзав ниту со The things we do for love, ниту со The great alone. Вторава беше со прекрасен почеток, Алјаска, ова-она, ама ми беше како шпанска серија понатака...

    Славејот, Ветриштата и Улица на светулките ми се топ 3 од неа.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    The great alone ми е на to read list. Firefly lane ми беше исто многу убава, пробав серијата на Нетфликс, никаква врска. Друга од неа што ми се читани се True Colors, Angel Falls и Winter Garden. Исто гледам ја имам дома The Night Road, ама уште не ми е читана.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    И јас нема да можам одма да ја почнам, имам други 2 книги да ги завршам па после ќе ја почнам оваа, само стави ми линк да ја сметнам.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.204
    Пол:
    Женски
    Серијата не ме привлече ниту мене, мислам дека една епизода погледнав само и на тоа остана.
    А ја имам Winter Garden и така ми стои на полица со години, сè уште не ми е прочитана. Прво ќе терам со новава, па здравје таму...ќе дојде и Winter garden на ред. Добра ли беше барем?

    @ane.bella еве за да си ја симнеш.
     

    Прикачени фајлови:

    На Skyfall, ane.bella и RainBow им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Јас ја почнав, за чудо уште од почетокот ми е одлична и ме вовлече.
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Сакам јас, да го дочитам трилерот прво. Само можеби ќе ми треба повеќе време, во некое чудно расположение сум и се ми оди многу бавно.
     
    На Skyfall, ane.bella и RainBow им се допаѓа ова.
  17. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Фала ти @Mishela :)

    Од Кристен Хана имам 2 книги дома Ветровите и Славејот но не ми се читани, Славејот можеби некогаш ќе ја читам но оваа другата ич не ме привлекува и не знам зошто уште ја чувам.
    Или пак ако ми се допадне оваа новата можеби ќе сакам и останатите да книги да и ги прочитам (fingers)

    Од серијата гледана ми е само 1ва сезона и ок ми беше.
     
    На Mishela и Skyfall им се допаѓа ова.
  18. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Мене ми беше добра :) 2019 ми е читана. Избледени ми се некои работи, ама во глобала се сеќавам на дејството на книгата.

    @ane.bella врска нема книгата со серијата.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.204
    Пол:
    Женски
    Ќе се случи ли некогаш нешто во книгава или до крај ќе биде вака...:yawn:(tumbleweed)

    Ја почнав и само првите три поглавја ми беа поинтересни, другово некако што знам. Прерано за заклучоци, предоцна за DNF. Е, така некако се осеќам во моментов.
    Се надевам ќе се смени нешто, зашто вака како што е, воопшто не сум импресионирана. Другиве не ѝ беа до толку досадни бе луѓе. :doh:

    Ај се искажав, може сега магично ќе ми тргне. :D
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Јас сум до 40%. Има нешто, не е без ич, мене ми се допаѓа, ама е како што очекував, развлечено со многу повторувања. Значи океј, колку пати може да ги опише
    искасапените војници и крвиштата, сфативме, војна е, ги разнеле бомби, сто пати истото.
    Ама, верувам дека веќе втората половина ептен ќе тргне, како и другите нејзини книги, затоа и не ја оставам, терам до крај. И после ќе бидам, леле книгава, предобра.:D
     
    На Skyfall и Mishela им се допаѓа ова.