Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    45% сум уште монотоно. Каде е пресвртот? :D Се надевам само нема да биде тоа што мислам и позитивно да ме изненади :)
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Уште 5% издржи и после полесно се дише понатака. :D
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Ја дочитав книгава. Ако не сте ја дочитале застанете тука зошто надолу ќе има спојлери.



    Најлошата книга од авторкава до сега. Убедливо. И прва да е обратно, поинтересен да ми биде првиот дел од вториот.
    Баш имав надеж за книгава и ѝ се радував, навистина мислев дека ќе биде епска приказна, моќна.
    Ама... За жал стана шпанска серија до крајот. Не е тоа типично за авторкава, типичен беше начинот на пишување, премногу повторувања, зборови само колку да се изврти напишаното... Ама од приказната очекував далеку повеќе.

    Да почнам од Френки. Ајде да речеме детиште, сакаше да го импресионира татко ѝ, ама зошто мислеше дека ќе мислат нејзините дека направила херојска работа? Кога гледала дека жените секогаш беа на ѕидот само откако се омажиле, што ја натера да мисли дека би било поинаку со нејзе? Тоа воопшто немаше смисла, ниту беше дадена некаква причина.
    Другите ликови беа тука само во полза на Френки, Етел, Барб, и они беа жени, ама нивната борба не ја видовме, само кога на Френки ѝ требаше нешто, па ајде, ќе се појават. Имаше во едну ривју на гр дека многу ќе беше подобра приказната ако беше од повеќе гледни точки и сосема се согласувам. Ќе беше многу помоќно, подлабоко.

    Друга работа, целата приказна беше крајно предвидлива. Да, се знаеше дека Рај ќе е жив, се знаеше дека пак ја лаже. Ајде тоа, него Рај беше љубовта на нејзиниот живот, толку жалеше по него, се уништи, а Џејми беше на почетокот, океј умре, си продолжи она и на крај Џејми жив, woooow, љубовта на нејзиниот живот се врати, таман разведен, убавини. Бљуц. И бетер од шпанска серија испадна крајот, ми идеше кндлот од земја да го акнам.

    Жените. Жените од Америка во Виетнам. А жените во Виетнам? Може за Американкиве да напише цела приказна како биле храбри во војната, а другиве служеле американски војници по кафаните и носеле стереотипна облека. Сигурно немало од нив храбри жени кои помагале и правеле сѐ што можеле, само Американкиве биле во војната и нивното не било признаено. Бу факинг ху.

    Нормално дека американците ќе се ложат на приказнава и ќе и даваат одлични рецензии, тоа им е работа.
    Жалосно за Кристин Хана и жалосно за мене што изгубив толку време на книгава. И што имав надеж дека ќе е одлична приказна.

    Имав уште работи да напишам што ме изнервираа, не се сеќавам, ќе се надоврзам на вас понатаму.

    А, да, се сетив. Сакав да напишам за графичките прикази, колку детално опишани сцените со ранетите војници. Океј, еднаш, два пати, ама само тоа па тоа, сто пати истото го преврте дури банално ми стана. Сфаќаме, војна е, не мораше сто пати истото да го повторува за грозните работи кои ги виде.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Бев во love hate relationship со книгава. Убава замисла на Кристин ама можела подобра реализација.

    Претпоставував дека ќе остане трудна, ама тоа очекував дека ќе се случи некаде додека беше во Виетнам со Рај. Инаку мислам дека повеќе препаѓаше по Рај него по Џејми дека за Џејми знаеше дека е женет и нема да има ништо. Инаку со Рај се надеваше на некаква иднина. Ја изигра ептен. Ја виде наивно девојче.
    Требаше да остане сама на крајот да си се занимава со куќата што ја направи во Монтана и така таму си го најде мирот. Што и требаше на Кристин да го враќа Џејми.
    Друго нешто што ми бодеше очи е како немаше никој до толку да каже, да имаше жени во Виетнам. Нели ги регрутираа медицински сестри. Разбирам во тој период пак жените немале толку права, ама тоа ми беше малку нелогично. Ќе се обидам да прочитам повеќе околу војнава.

    Многу непотребни информации, а ликовите беа недоработени. Имаше многу дупки. Френки како лик никако не ми се допадна, па и си остана до крај лигава. Цел живот поддршка од некој, додека беше дома се на тацна од родителите; Во Виетнам, Етел и Барб беа до неа целото време, Џејми исто. Кога се врати пак имаше огромна подршка, само што таа спасот го бараше во алкохолот. И на крај мајка и ја среди со апчињата. Нели ја гледаш дека ќерка ти е лабилна, дека и треба некаква помош, не апчиња да и даваш. Ја потона уште толку.
    Имаше еден коментар на гудридс дека Френки кога пристигна во Виетнам, Етел и Барб и помогнаа да се вклопи и ја научија на се. А кога пристигаа нови сестри, таа само коментираше дека знае што ги чека и не добиваа никаква подршка од неа. Лигла.

    Кога веќе пишуваш книга за жените во Виетнам, зошто не вметнеш повеќе приказни да се добие поголема претстава што се случувало. Гледав кај Кристин на инстаграм дека сакаат да направат филм од книгава. Баш ме интересира што ќе реализираат. Уште и немам дадено отценка на гудридс.
    @RainBow, Американците ќе се ложат на книгава нормално затоа што сигурно имаат некој од фамилијата што бил во Виетнам и е ветеран. Уште е пресно се овоа за нив.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Знам, затоа и така пишав.
    И јас сакав вака да заврши, можеше некој хинт да даде дека некогаш во иднината ќе има нешто со некој, а не Џејми се врати, уште брат и да се вратеше и мислам комплет ќе беше.И од брат и не се најдоа остатоци, комотно можеше да го врати, не знам што ја сопрело.:D

    И тоа со жените дека не биле во Виетнам, исто не знам колку било така, посебно ветраните кои беа лечени од сестри, зошто во Виетнам не се однесуваа така со нив? Дека се само жени?

    И ова го најдов Women are arguably given more respect in Vietnam than in other countries. Vietnam was once a matriarchy and there are large number of great women heros. Women played a big role in the Vietnam War.
    Ништо ова за виетнамските жени, знам дека американките беа во фокусот, ама не мораше жените од другата страна да ги остави така, можеше да ја покаже и нивната страна, можеше додека одеа по селата да се сретне Френки со некоја жена, да се прикаже и другата страна. Романов напишан само за американците е, и ништо повеќе.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    И мене оваа книга ми е најлоша од Хана досега, убедливо полоша дури и од една тралалајка прастара нејзина што ја имам читано. Таму бар имаше два лика и тие беа доста подобро разработени, што е навистина поразително...
    Според мене, се вратила едно десет чекори назад со книгава, вакви теленовеласти и беа почетоците и почетните книги. Ај тие бар романси се, знаеш што да очекуваш. Ама ова стварно ноу комент.
    Не знам дали наскоро би посакала да земам нејзина книга за читање искрено, ќе размислам. :lol:

    Се согласувам дека го утнала форматот, книгава си бараше повеќе POVs и малку подруг пристап.
    Ништо не ми се допадна од книгава, друго немам што да издвојам. За Френки да не зборам колку ми беше антипатична. Одамна некој лик не ми бил волку бездимензионален. Многу површен лик, никаква харизма, ни раст немаше, ма ништо, нула бодови. Најсмешен момент ми беше кога излезе драматично :D, не памтам само дали беше од породилиштето, ама мислам таму беше (кога се породи жената на Рај со второто дете). Кога излезе расплакана, се пикна во кола и ја пушти I am woman да пичи на цел глас додека вози. :D:D:D

    Ми текна за која песна станува збор, од тој период некаде е, но мене во глава ми се замота една друга песна со истиов наслов и ја замислував како си плаче додека од прозор ѝ трешти I am woman, I am fierless, I am sexy, I'm divine. :music::D

    Цела книга беше полна со вакви кринџ моменти проследени уз песна. Не мораше на секое да дава детален извештај што песна се слушала, што одело на радио, од џубокс, патетично звучеше во секој случај и никако не придонесе тоа во доловувањето на таа некоја си *естетика* на доцни 60-ти и рани 70-ти што очигледно сакаше да ја протне некако. Све беше провидно, ниту една работа не беше нешто што не би очекувал читателот па да си кажеш - еј, од кај го извади ова, алал.

    На крајот веќе и скимав, не се ни потрудив да посветам внимание само онака читав колку да пројде книгата. Салата направила од сè што и текнало, книгата немаше ни концепт, ништо. Штета, само тоа имам да кажам. Штета за изгубеното време и за сиротите дрва што отишле курбан за да се испечати милионскиот тираж. :bug:
     
    На RainBow и Skyfall им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Леле, стварно со песните.:D Па во О клубот која песна одеше, па после ја потсеќаше и све така...;(

    Дали Кристин Хана е новата Џоди Пико?8-|
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Не знам дали прочитавте, на крајот имаше напишано дека книгава ја почнала да ја пишува од 1997, ама бидејќи била млада и бил преголем залак да ја напише.

    Да кога се породи жена му на Рај од таму избега драматично. Леле @Mishela и мене таа песна сега во глава ми се врти :D
    Исто да додадам непотребно ми беше за облеката кој што како бил облечен, детали детали.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно тогаш требала да ја напише, бар ќе и беше опростено за глупостиве.
    Всушност, ние сме малцинство со оглед на рејтингот.:worried: Уште не ми се верува за рејтингот, ајде темата океј, ама целокупната приказна, глупите романси, како тоа се проголтува, зошто не се размисли малку?
    Се врати Џејми, мислам поголем фејл од тоа не знам од кога немам прочитано.
    Џејми не го ни познаваше надвор од Виетнам, веројатно го идеализираше повеќе, затоа мислам дека не би ни им успеала врската назад во светот (како што милуваше да напише едно сто пати авторкава фалена). Она не го ни познаваше, сето тоа беше толку површински... Како пишувам сѐ повеќе ме нервира книгава.
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Нели ептен одговара?
    Значи ова ќе биде култниот момент од цела книга, што ќе ме прогонува со години. :D
    Морав некаде да го запишам, сакам да постои пишано.

    Вака последно ми беше со Heart bones на Колин Хувер, имаше една сцена толку кринџ, што ме прогонува уште и си се смеам така кога ми текнува на книгата. :lol:

    Штета не ги запишав песните @RainBow. Можев да им удрам хајлајт на киндл, не ми текна. Имаше доста бисери. И плус ги вклучиле како тема за дискусија во некој рандом прирачник на нет што го најдов за книгава. Ко блог пост со можни прашања беше всушност - да се издвојат сите песни и да се анализира што ѝ знаечеле на Френки. Читам низ текстот и си велам - аха, еве сега веднаш. :rofl:

    И колку ме нервираше тоа лингото, 'Nam 'Nam 'Nam...уреду е, сфативме.
     
    На Skyfall и RainBow им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    И колку беше провидно дека Рај не ја оставил жена му, мислам не се ни имаше помачено К.Х некако тоа да го направи поуверливо. Дојде, клекна и ја побара за жена.:rofl: Ми делуваше ко да кренала раце од другиот дел на книгата, па ај, нафрла само. Како сѐ што имаше во себе да го даде во делот за Виетнам и толку беше после.
     
    На Skyfall и Mishela им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Еве и сликовито, со мојата верзија на песната за да доловам атмосфера. :D

     
    На Skyfall и RainBow им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Women can be heroes.

    Тоа и го кажа маж. Кој подоцна ја исполажа и ја уништи.
    И е најцитираното од книгава која се вика Жените.
    :rofl:
     
    На Mishela и Skyfall им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Жива патетика, буквално целата книга. Јас де се прашувам дали се сериозни луѓето, де дали воопшто разбрале. И ако разбрале, што поточно разбрале. Не знам што да кажам...повеќе среќа со следната книга што ќе ја земам за читање. Се надевам нема да ме спотера сега малер со лоши книги.
    А од Хана, ќе размислам дали ќе читам нешто во скоро време. И она ќе оди на списокот отпишани, баш иста судбина како Џоди Пико. :D
     
    На Skyfall и RainBow им се допаѓа ова.
  15. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Јас само еден цитат си зачував. Од мајка и и што и кажа.
    The world changes for men, Frances. For women, it stays pretty much the same.

    Провидно беше со Рај уште на почетокот пред да тргне Виетнам. Ми беше сомнителен уште тогаш.
    @RainBow знаеше Рај што сака Френки и така ја искористуваше. Заслепена беше од него и не ги гледаше ред флагс наоколу. Мене најискрено Барб и Етел ми беа поголеми херои, затоа што ја трпеа Френки :D Требало малку повеќе и на нив да посвети внимание и да ги запознаевме подобро.

    @Mishela ништо немаат разбрано. Паѓаат сите во несвест дека е за Виетнам и како биле без права жените. А целата книга што е шпанска серија паѓа во втор план.
     
    На Mishela и RainBow им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    https://www.goodreads.com/book/show/141236527-the-stranger-in-her-house
    https://www.goodreads.com/book/show/122852512-every-smile-you-fake

    Ова се моите предлози да читаме следно. Ми стои оваа од Џон Марс дека ќе е забавна, забеган си е он малку така.
    Они требаше за ова да добијат медал дефинитивно. Оставаа сѐ во својот живот да и помогнат, секогаш, баш ми е жал што немаше доволно од нивните приказни.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    И мене The Stranger in her house ме фаќа око повеќе.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Јас би ја читала новата од Дороти, на листата ми е. Само прво да довршам некои почнати-недочитани, па може Every smile you fake.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    :D
    Можеме и едната па другата ако сакате.
    Поинтересно е вака после кога имаш со кој да исплукаш или пофалиш де.:rofl:

    Ако и оваа не е добра од Дороти кревам и од нејзе раце, дефинитивно последната ќе ми биде.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Полесно се чита во друштво. Може и двете, не е проблем :)