1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Мене не ми фаќа око оваа од Џон Марс, читајте ја и тагнете ме кога ќе дојде време да се чита книгата од Дороти Кумсон. (highfive)

    Од Џоди Пико сакам да ја завршам 19 минути, ми остана недочитана кога ја фатив ГоТ.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Ја дочитав конечно од Барбара Кингсолвер.
    Морам да кажам дека ми е разочарување. Демон ми е подобра дефинитивно.
    Книгава почна супер. Проблемот ми беше што негде до 70 посто беше за нивното детство во Конго, навлезе во толку многу детали и потоа одеднаш почна да скока со години нанапред, секое поглавје неколку години нанапред и се изгуби хармонијата која ја имаше книгава. Исто така вториот дел ми беше премногу политички, ми се изгуби поврзаноста со ликовите.

    Стилот на пишување е одличен, Кингсолвер успеа на толку POVs да задржи посебен глас и да не ги претопи едни во други. Не морав да барам за кого читам, сите имаа свој глас, што ми се допадна премногу.

    3/5 на крајот оцена, мислев дека ќе ми биде една од омилените, така ми делуваше, ама ете...

    Да ја ставам од Џон Марс новата?
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  3. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Јас сум веќе на 20% од Џон Марс. Засега ми држи внимание.

    Демон и беше предобра книга на Барбара, ги имав истите очекувања и за оваа книга ама големо разочарување. Инаку има предобар стил на пишување.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Супер, ќе ја почнам и јас следна, ми треба нешто пократко, заглавив со обемниве книги некако.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Сакав да се надоврзам за библијата само, кога бегаа од мравките, мајка им каков ужасен избор имаше да направи. И ја остави Ада на крајот, ја остави да ја прегазат. Мислам, не знам, ужасно беше, не можам да замислам таква ситуација, ама да си оставиш едно дете назад... Трагично беше премногу.
     
    На ane.bella и Skyfall им се допаѓа ова.
  6. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ја завршив книгата. Надоле спојлери не читајте ако не ви е завршена книгата.


    Од самиот почеток имав сомнежи за врската помеѓу Кони и Гвен. Имаше многу дупки во нивната врска и самото тоа што понекогаш за неа се обраќаше со Гвен место мама. Уште во првата реченица се познава. Како што си беше цел живот Рејчел/Кони така и си заврши. Ми беше жал за неа на крај, бидејќи мислам дека и она сакаше да почне да живее нормален живот.
    Имаше многу мистерија во книгава и читање меѓу редови. Ликовите ми беа убаво разработени. Со добра имагинација може да се сфати во кој правец оди и за мотивите позади секој лик. Малку ме изненади Мередит на крај, мислев дека или има поврзаност со Пол или и таа ќе беше жртва на крај. Ама убаво изигра или пак ја изиграа. Најмногу жал ми беше за Волтер, не задлужуваше таков крај.
    Едно нешто што не ми беше јасно е како полицијата и никој друг не се посомнева да провери за Пол дека имал бракови позади него. Колку и да немаш докази за некој ако самата интуиција ти дава сомнеж за него, мислам дека ќе провериш. И таа социјалниот работник што беше. Некако ми беа млитави и социјалната работничка и полицијата. Работата си ја работеа половично.
    Неможам да се сетам во моментов што друго имам впечаток од книгава. Ќе дискутираме.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Јас сум до 40 посто.
    Крајно језива ми е книгава.:worried: Не знам колкава е веројатноста ова навистина да може да се случи, ама и не би ме чудило. Ама нејзината немоќ ми е застрашувачка.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Језива е да. @RainBow на кого немоќта? Кони или Гвен?
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    На Кони. Дека ништо не можеше да направи да го сопре Пол.
    Иако, веќе почнува да ми личи дека и она нешто мати, кога отиде за Италија, па оставила друг број, дрн, дрн, сигурно ќе направи таква грешка, а толку загрижена за мајка и. Брзо се чита, верувам ќе ја завршам за брзо.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Окееејјј... Следува мрчење.
    Книгава беше тотално разочарувачка. Типичен трилер.
    Сите ликови ми беа одвратни, не навивав за ниту еден и мислам дека ќе беше подобар крај доколку Пол ја фрлеше Кони и возот ја прегазеше.
    Целата премиса беше толку неверојатна и смешна на моменти. Едноставно еден страшно прост трилер.
    Стана јасно дека Кони исто не е што се претставува, па не бев изненадена кога испадна дека не и ќерка на Гвен. Беше сулудо до крајот како се надеваше на имотот на Гвен, иако сакаше да го добие со измама, не знам како едноставно не беше оспорен тестаментот кога полицијата точно знаеше која е Кони.
    Гвен на крајот беше претставена како толку одвратна, ама ако била овратна немаше да престане да е таква откако и го украде свршеникот на братучетка и. Беше страшна глупост како беше претставена.

    Соседите сите ко, океј, се жени овој со бабава со деменција, биг диал, никому ништо, оваа другава е луда што зборува. :D
    Полицијата ко да не можеше да провери за Пол кој е и што е со неколку клика и дека се имал и порано оженето со баби со деменција и да му го најде патернот. Ахам.

    Одамна не сум прочитала толку глупости во една книга, ама стварно. Може од еден претходен трилер на кој за среќа не се сеќавам. Како што и на овој нема да се сеќавам.
    Хајпот мислам е повеќе зошто е Џон Марс авторот, не зошто е ова добра книга.


    Ќе преминеме на таа од Дороти Кумсон, или имате нешто друго интересно?
     
  11. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Кога свештеникот зборуваше на крај на книгата мислев дека погребот е за Кони не за Гвен. Викам ок може да играме и така. Ама преживеа Кони. Полицијава ептен испадна ко со ништо да не се замара.


    Може да ја читаме и таа од Дороти. Еве и од мене еден предлог
    https://www.goodreads.com/book/show/183087424
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Не можеше да биде за Кони зошто погребот беше по осум месеци откако ја џитна на пругата. Плус, цело време викаше таа, таа, без име, што одма се знаеше дека не беше за Кони.

    И ова ми изгледа ко уште еден просечен трилер, а сега веќе не би читала нешто такво...
    @Mishela @crimson @ane.bella вие што мислите?
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Среќа што не ја читав книгава, нешто ми викаше дека нема да ми се свиѓа. Мене искрено воопшто не ми се свиѓа Џон Марс, само Вистинскиот ми е нешто подобра и толку.

    Во моментов некако порадо би читала нешто по накај историска фикција, само без војни. Планирам да ја почнам Year of wonders од Geraldine Brooks, па еве таа нека биде мојот предлог.
     
  14. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Нема да можам да ве дружам, имам да завршам 2 книги до 12ти, на 12ти ми излегува Empire of the Damned од Џеј Кристоф и ништо друго не ме интересира :D од 2021 ја чекам книгава.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Ајде од Дороти Кумсон новата кој сака да се приклучи. :)
    Јас ја почнав и баш ме заинтригира.
    Ќе ја прикачи @Mishela ако сакате да ја симнете. Се надевам дека нема да разочара, постарите книги и се одлични.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Може да си фатам ред вака преку ред за следна книга? :$
    https://www.goodreads.com/book/show...s?ac=1&from_search=true&qid=wKsbqEkhIW&rank=1

    Многу ме влече книгава, ми стои на киндл цела година и баш би сакала да ја читаме заедно. Добра е авторкава, а и таман малку чик-лит терапија нема да ни дојде лошо да смениме жанр. :)

    Еве ја книгата од Дороти, ќе ја почнам јас за ден-два, да ја завршам оваа од Џералдин Брукс.
    Happy reading на сите. (highfive)
     

    Прикачени фајлови:

    На loreddie, Skyfall и RainBow им се допаѓа ова.
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.605
    Ајде јас сум за. До коа иам фора за читање?
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Додека не ја прочитаме повеќето. :D
    Некако престанавме време да одредуваме зошто не сме многу, па зависи кој како, една недела беше инаку, мислам.
     
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.605
    Оки доки. Ќе почнам деновиве, до Недела ќе ја завршам.

    Може месечен да го напраиш клубов, мислам повеќе би се активирале така.

    И плус да може да се гласа за предлозите. Сори вака шо ти шефувам у темава, само некој предлог.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Гласаме кога не можеме да се согласиме за некоја книга генерално, и ако има повеќе предлози, па се става анкета.
    Дај предлог слободно, еве Мишела пишала за следна книга.
    Имам читано една од авторката, ама ми беше одлична, а и blurb-от за оваа ми стои интересен.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.