Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Нека си биде оваа, да се уходам, па ќе пуштам некој предлог понатака.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Јас сум до 40 посто. Не можам да ја оставам откако преминав преку кринџ моментот во првите страници, и малку доби смисла приказната. Сега сум само зошто, кој, како.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Јас викендов немав многу време за читање. Ја почнав книгата ама уште сум на почеток.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Некаде околу 40% сум. Не е лошо засега, што знам. Mожеби затоа што очекував the lowest of the low и бев дај шта даш, па си проработе Марфиевиот закон изгледа и се израдував поштено. :D
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Јас ја завршив.
     
  6. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ја завршив саботата вечер. Не успеав да пишам вчера.
    На почетокот ми беше тешко да се вклопам во приказната и што се случува. Може некаде околу 70% почна да ми добива смисла. Незвесност до крај, таман мислам нешто ќе се случи, се случува обратно.
    Кез ми беше многу интересен лик. Бранди на почетокот ми даваше впечаток на многу лигава, размазена се додека не почна да се дознава вистинската Бранди.
    Ама колку има вистина во книгава за тоа што се случува денес со интернетот и АИ.
    Во глобала ми беше интересна книга, иако малку побавно ми одеше читањето.
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    hey hey heeeey! it's your laydee, Brandeee your girl with two ees y'all!!! :D

    И јас ја завршив синоќа. Малку бавна и баш напорна на почеток (во смисол, со многу вртење очи), па после задоволна сум како течеше во однос на темпо, настани, ликови. Дороти не се откажува од полжав темпото очигледно, ама многу ме вовлече приказнава, иако ич не сакам да читам за теми блогерки, инфлуенсерки и ним сличните.

    Не ми е јасно како толку ми стана интересна Брaнди, навистина не можам да смислам такви ликови. Веројатно и затоа така испадна, баш ми се допадна книгава иако е далеку од најдоброто што го извадила Дороти. Ми се допаѓа што стално експериментира со темите, за среќа овде не се изгуби ко што било случај со други книги. Ми требаше малку повеќе да се внесам во ликот на Кез, доста специфични врски имаше женава со останатите ликови, интересен лик како и да е. Брaнди дефинитивно никогаш нема да ја заборавам благодарение на глупавиве интра hey hey heeeeeeyyyy, Brandee with two ees.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Јас имав некако измешани чувства, на почетокот ми беше конфузна, приказните ми беа ептен неповрзани.
    Ама, приказната течеше и ме влечеше. :D
    Бренди ме живцираше зошто можев да ја замислам како се лигави на видео, ко прав инфлуенсер нели. :D
    Ама, не беше она крива секако, мајка и беше одвратна, баш за такви се збори по форумов, што си ги искористуваат децата. Ептен реално беше прикажана ситуацијата, посебно со онаа што ја зема од паркот и дома си ја однесе. Како децата немаат граници кога така се учени, да се смешкаат и удоволуваат на сите.

    Преморничави беа стварите со deep fakes, толку беше одвратно леле, до каде е дојдена работата и на каде уште ќе оди. Исто и со мизогинијата беше престрашно, како им се полнат главите, дали само на ранливите така успешно може да им се испере мозокот или?

    Исто, како Кез одма се сврте против Џеб, без трошка сомневање одма го осуди штом ги виде повиците. За нејзиниот аналитичен ум тоа ми беше малку превише. Плус, кога влезе Џеб со жена му за советување требаше веднаш да се извини дека од лични причини не може да им биде терапевт и да ги испрати, па он нека се објаснува. Тоа ми беше тотално неетичко.
    И крајот не ми беше задоволителен. Денис беше главниот, оној кој требаше да биде фатен, а она остана за него да работи.
    Тематиката ми се допадна, ликовите не баш, и сметам дека можела малку покохезивно да ја напише приказната.

    Не знам, онака сум, со поделено мислење. Ама, дефинитивно Кумсон има подобри книги.

    Ја прочитав и од Paige Toon, симпатична драма.
    https://www.goodreads.com/book/show/112975658-the-frozen-river ова ми фати око.
    @Gosh до кај си?
     
  9. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Мислам дека одма го обвини Џеб бидејќи Џеб ја изневери Хела со неа, па зошто не би ја изневерил и Кез.
    Не дека таа е нешто поимуна на изневерување.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Ама не беше само изневерување, Бренди им беше како ќерка, порасна кај нив, ја чуваа, сосема друга конотација имаше тоа Џеб да бил со неа. А Кез го прогласи бракот за умрено одма.
    Што бараше тогаш со таков човек, ако мислеше дека е способен за такво нешто?
    Тоа ми беше ептен некако надвор од приказната и ликовите.
     
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    @RainBow, до нигде. :tmi:
    Може ќе ја прочитам до Недела, али не сум сигурна.
    Не ни читам што пишувате, ради спојлери.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160

    Кога го прогласи за умрено? Кога се сомневаше дека тој е татко?
    Колку и да имаш доверба, ако некој ти фрли жарче одма гледаш на работите со резерва. Како и да е.


    Јас ја почнувам од Ребека Јарос Последното писмо да ја читам.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Одма, само што го виде бројот и кај вртел. Бракот ми е готов, баш така си помисли. А плус, дојде тоа од Денис, требаше и тоа да го земе в предвид.