1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Nineteen minutes-Jodi Picoult)

    Јас во принцип малку скептично им приоѓам на книги кои се класифицирани како Young Adult, ама прочитав многу добри критики. Не само на гр, туку и на barnesandnoble.
    Јас сум за :)
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.768
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Nineteen minutes-Jodi Picoult)

    И јас ја видов книгава, ама дека YA, па ја рипнав. Ги прочитав критиките и добри се, така што може да биде оваа, а и не е многу обемна. :)
     
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.046
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    Одлично, jа читаме оваа значи. :)
    До 25.5, точно една недела за читање, одговара?
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    Се надевам не е проблем што овде ќе ја коментирам Nineteen minutes :?:
    Не сме стигнати уште до новата книга, а штета ќе биде ако претходната остане со само една критика во темава.

    Не знам зошто никогаш ништо немам читано од Пико, иако имам неколку книги од неа во компјутер и на полица. Ми се допадна начинот на раскажување, имаше многу убави цитати што ми поттикнаа размислување. Иако, јас лично би отфрлила некои делови. Мислам дека на моменти беспотребно се одолговлекуваа настаните.
    На почетокот ми беше тешко да се вклопам, ги измешав ликовите и настаните. Можеби затоа што не беа поделени во поглавја, раскажувањето течеше непрекинато, па не можев да ги разграничам. Чекај сега кој беше Партик, а кој Питер. Која беше Алекс, а која Лејси. Згора на сé, ме збуни и она 10 years before, 5 months later... Ама како што навлегував во приказната, си ги поврзував настаните и сфатив кој е кој.

    Ми се допадна тоа што Пико се одлучила да обработи една актуелна тема, која истовремено ми се чини дека не е сфатена толку сериозно. Барем јас таков впечаток добивам. Кога пред некоја година го прочитав терминот bullying, искрено си помислив дека има некаква врска со булимија.
    Откако прогуглав, видов за што се работи, ама некако... несфатлива ми беше целата ситуација. Зошто некој психички и физички би малтретирал некого, без никаква провокација?
    Скоро две години сум на tumblr, и таму често налетувам на блогови наменети за учениците кои се жртви на оваа појава. Во многу случаи, целата ситуација завршува трагично - со самоубиство. Јас се фрапирав кога прочитав статистички податоци за тоа колку средношколци на годишно ниво во САД си го одземаат животот затоа што биле малтретирани од соучениците.

    Ликовите добро беа обработени.
    Лејси и Алекс беа претставени како мајки кои само фигурираат како такви. Не знаат како да допрат до нивните деца, ги препуштаат сами на себе и стојат подалеку од нивниот свет. И двете ми беа антипатични и не знам како не забележуваа што им се случува пред нос. Или можеби не сакале да забележат.
    Мене ми беше малку глупаво завршувањето на нивното долгогодишно пријателство. Наеднаш пресекоа и прекинаа секаков контакт заради некоја тотално неважна работа. Ако веќе Пико сакала да ги раздвои, па после судбините повторно да им ги вкрсти, барем нека напишала некоја посериозна случка од онаа со наоѓањето на пушките на мажот на Лејси. Многу ми беше безврска тој дел.
    Питер во ниеден момент не го осудив, иако направи ужасна работа. Толку ми беше кревка душа, изгубен, исплашен, измалтретиран до максимум уште од првиот ден во градинка... Никој не му ја забележуваше маката, никој не му помогна, никој не го слушаше. Дури ни во сопственото семејство не можеше да биде свој. И таму беше потиснат од очекувањата да биде како брат му. Сé додека не пукна нешто во него.
    Џоси ми беше профил на типична тинејџерка која прави сé за да се вклопи во друштвото. Многу наивна, без свое јас. Постојано потпаѓаше под влијанието од средината. Од целата love-hate врска со Мат, почнав да ја сожалувам. Толку работи ѝ се случија, а таа на никого не се довери. Некако, поинаква замисла имав за односот мајка-ќерка кога живеат сами, како што беа Алекс и Џоси. Очекував дека ќе бидат многу блиски. А Џоси на мајка ѝ не ѝ кажа ниту за бременоста, ниту за спонтаниот абортус, ниту за средбата со татко ѝ.

    Што се однесува до крајот - воопшто не го очекував. Имав сосема поинаква замисла.
    Мислав дека после сите напори, Питер нема да заврши во затвор. А тоа со Џоси ми беше гром од ведро небо! Ми беше чудно тоа што доби 5 години затвор, некако многу ми се виде. Јас не очекував ни дека ќе добие затворска казна :?:

    Сума сумарум - ми се допадна.
    Можеби сакав крајот да е поинаков, ама Пико веројатно не сакала да го направи охрабрувачки за сите жртви на bullying-от кои би се одлучиле за истиот чекор што го направи Питер.
     
  5. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.046
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    We were liars jа прочитав за неколку часа. Не сум од оние што плачат кога гледаат филм или пак читаат книга, но на оваа книга речиси заплакав. Ми беше ептен тешко на душава, се внесов во приказната целосно, за да крајот ме остави малку потресена.

    Jасно напишана, без некои големи, сложни и непотребни фрази. Лично, за оваа книга неможам да кажам дека некој дел е вишок и не му е местото таму. Баш на време почнува мистеријата и се провлекува низ сите страници. Книга која што би jа прерорачала на сите млади луѓе, бидејќи е искрена и многу поучна.

    Станува збор за едно богато семејство каде што сите се идеални, а всушност доволна е една несреќа за да ги покаже вистинските лица на сите возрасни членови. Богатството не секогаш носи и среќа, но дефинитивно многу често носи алчност и неспокоj. Се додека еден многу трагичен настан не им ги отвори очите, се до тогаш нема да сфатат дека семеjството е наjважно и никакво богатство нема да го замени.

    Ликовите беа добро обработени. Jасно беше коj е коj од самиот почеток, немаше забуни во тоj поглед. Мене искрено малце се збуни крајот, па се вратив наназад да препрочитам, можеби не сум разбрала како што треба, ама после ми стана jасно. :D
    Имаше фрази кои што беа типично тинејџерски, што малце ми идеше на нерви, ама сепак, за таа група е наменета книгава.

    Многу ми се допадна описот на околината каде што се одвиваше деjствието. Ни премногу, ни премалку, доволно за да читателот создаде слика, но да не се преоптеретува со небитни работи.

    Добра книга, од мене 4/5.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    Јас доцнам два дена, ама ја дочитував 19 minutes, па подоцна почнав со оваа.

    Искрено, единствено нешто кое ме држеше до книгава во текот на читањето беше љубопитноста. Ама не во однос на тоа што се случило, или како ќе заврши, туку зошто книгава има толку добри критики. Уште и кога ја прочитав оцената на SV1911 во темава, си реков мора да има нешто.

    Прв пат читам книга во која ликовите се само имиња. Не беше даден никаков физички, ниту пак карактерен опис, па затоа и не можев да ги замислам во глава. Карактерите ми беа тотална мистерија. Голем минус за тоа.
    Дијалозите некако не ми беа поврзани, цело време имав чувство дека читам склопени парчиња приказни. До душа, после на крајот веќе логично беше тоа што настаните не беа којзнае колку хронолошки подредени, дури и на моменти ми изгледаа само така нафрлани.
    Начинот на раскажување ми беше скуден и сувопарен. Речениците беа кратки, и немаше некои убави и длабоки мисли кои би ми останале во глава, освен неколку сосема мали исклучоци.
    Расплетот беше единствениот плус кој ѝ го давам на книгава - ми се допадна психолошкиот начин на надополнување на изгубените сеќавања на Cady, преку нејзините веќе починати братучеди.
    Идејата не е нешто ново - навидум перфектно семејство, задскриено зад фасадите на совршенството. А зад сето тоа, се кријат мрачни приказни. Описите на почетокот ме потсетијата на Dirty Sexy Money серијата :wasntme:

    Не е важно тоа што идејата е веќе видена, колку што беше лошо реализирана. Не знам зошто толку висока оцена има книгава. Во глобала, мене лично не ми се допадна. Јас ѝ давам двојка.
    Некако, ме измачи. Воопшто не беше интригантна и неизвесна. Со тешки сили се движев низ настаните, се обидував да ги спојам приказните и да разберам што всушност се случува. Да беше малку подолга, веројатно ќе се откажев од читање.

    Ајде уште Реин да пише критика, па да бираме нова книга :)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.768
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    Јас не сум ја почнала уште, имам други работи, тешко да стигнам. А тешко и другава што ќе се одбере да ја почнам. Негде до средина на јуни нема да имам време. :(
    Така што може да си бирате книги, јас ќе го менувам насловот.
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    Тогаш еве неколку предлози од мене, па со SV1911 ќе одбереме и ќе читаме :)
    Минатата недела ја спомнавме Сандра Браун, па сега ги расчепкав нејзините книги и мене ми изгледаат која од која поинтересна :) Ми се чита некој трилер.
    Одбрав неколку што имаа највисока оцена и најдобри коментари:
    Lethal
    Envy
    Mirror Image
    И The Alibi ми изгледа интересна, ама за таа не можев да најдам торент :?: До душа, најдов српска верзија, ама не ми се чита на српски :worried:
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.768
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    Envy е одлична книга, една од подобрите од Сандра Браун. Ако се одлучите за таа ќе си прокоментирам и јас, кога ја читав немав со кој. :wasntme:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. malaprinceza

    malaprinceza Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    Здраво јас сум нова тука и исто така обожавам да читам поточно не можам да заспијам без прочитани неколку страници :D .сакам да се придружам во овој клуб за да коментирам за книгите ако не е проблем се разбира :D која книга ја читате или што е тема за да се вклопам ??? поздрав :D
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    Добредојде во клубот :)
    Моментално треба да одбереме книга за оваа недела.
    Реин, гледам SV1911 нешто не пишува :?: Да ја одбереме Envy по твоја препорака ако не? Па на крај краева ако она не се јави, ќе ја коментираме ние две. Еве може и новава членка да ни се придружи :)
     
  12. malaprinceza

    malaprinceza Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    Јас сум за само да си ја најдам да си ја симнам
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.334
    Допаѓања:
    41.699
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    Јас сакам да ви се придружам ама некако редот не можам да ви го фатам.Мене ми е проблем што книгите се онлајн, а мене ми е тешко да ги читам така.Кога ќе има предлог кој можам да го најдам во библиотека ќе ви се придружам :)
     
  14. malaprinceza

    malaprinceza Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    па можес и да си ги симнес ако сакаш ги има и на англиски српски и хрватски али на македонски тешко
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    Јас прочепкав низ интернетов и најдов српска верзија. Едино таа да ја побараш во библиотека, бидејќи на македонски колку што видов ја нема.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. malaprinceza

    malaprinceza Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    оваа книга дефинитивно ја читаме или уште не е сигурно?!?!?!
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    Ајде ете таа нека биде :)
    Јас предложив неколку книги од Сандра Браун, Реин ја пофали Envy, па ќе ни се приклучи она во дискусија откако ќе ја прочитаме ние.
     
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.046
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    Тука сум jас! :D

    Ajде ќе jа читаме Envy.

    Ако може некој да ми пише од каде да симнам книги преку мобилен директно, дека обично ги симнувам на компjутер, па после ги префрлам, но сега не сум во можност, па ми треба директно да симнувам на телефонов.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (We Were Liars - E. Lockhart)

    ^ Јас едвај ја најдов, и тоа во doc формат :tmi:
    Еве од овде ја симнав.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bojana-24

    Bojana-24 Нов член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Фемински клуб на читателки (Envy - Sandra Brown)

    Здраво.
    Прво сакам да ве пофалам за интересните теми и разговори. Си ги следам форумиве, иако речиси никогаш не правам акаунти :lol: меѓутоа овој морав да го направам затоа што добив страшно голема желба да го кажам моето мислење во врска со една книга. Второ, сакам да се извинам што ова што ќе го напишам е мноооогу off topic.
    Ги читав вашите мислења и додека можам да кажам дека за оние книги што сум ги прочитала, горе-долу слично мислење делам со повеќето, дојдов и до вашето мислење за Looking for Alaska и морам да признаам дека негативните коментари тотално ме изненадија. Би сакала, ако може, да споделам некои контра аргументи, затоа што искрено ми изгледаше како повеќето од вас воопшто да не ја разбрале книгата, или веројатно The Fault in Our Stars некако ве попречила да и посветите внимание без споредба... Во однос на тоа дека е тинејџерска, јас имам 24 години и не можам повеќе да не се согласам со тоа. Океј, ликовите се тинејџери, дејството се случува во интернат, но темата што е обработена е многу повеќе од обична тинејџерска приказна. Аласка. Ахх, не можев да поверувам дека ви беше толку недопадлива. На почетокот нејзиното однесување е неразбирливо како за Паџ, така и за читателите, меѓутоа од кога се дозна за смртта на мајка и, не разбирам како бар малку не можете да ја оправдате? Аласка е психички истрауматизирана и има емоционални проблеми, дури е чудо како успеала да се држи на нозе сите тие години, а не па да и се замерува за тоа што е, како што вика Чип, moody. Таа имаше причина зошто беше таква, не е дека туку така и текнало да биде bitchy и едноставно чудна и нејасна, туку тоа што се случило и стравот од парализирање ја направил таква. Верувајте ми, при крај на студии сум по психилогија и имам видено вакви случаи. Аласка е дури неверојатно храбра, во однос на тоа како ваков настан би можел да влијае по човек. Исто така имаше некои други коментари што ме збунија... за "љубовта" меѓу Аласка и Паџ. Каква љубов, не разбирам :) ? Немаше љубов меѓу ликовите. Многу јасно се укажуваше на тоа дека Паџ просто ја идеализира Аласка, мисли дека е заљубен во неа а воопшто не ја ни познава. Тој само си ја сакаше совршената слика за неа, може да се каже до некаде дека беше и само опседнат. Но немаше никаква романтика. Сите во некој период од животот се затрескуваме во некој кој никогаш нема да го разбереме, ниту имаме на начинот на кој посакуваме. Претпоставувам дека Џон сакал да каже дека идеализирањето не е секогаш добра работа, затоа што Паџ не доби ништо од неговите фантазии. Неговата опсесија со зборовите to be continued мислам дека очигледно го покажува тоа. И така... Но најмногу од се ме збуни коментарот за тоа дека оваа е лесна книга, а The Fault in Our Stars длабока. Моето мислење е дека TFIOS е многу обична, веќе видена книга, каде се обработува темата (еј? по 100000000000000ти пат во светот?) ЉУБОВ, а приказната за болни од рак е тооолку предвидлива. Не знам, кога ја завршив не почувствував баш ништо. Во Аласка имаше толку многу подлабоки, повредни теми за размислување, почнувајќи од самото учење за религијата, па до справувањето со вина и загуба. Не знам, јас мислам дека психата, обвинувањето како и чувството на вина и лавиринтот и патењето се многу поважни нешта од "my little infinity" со дечко ми. Дури и не ми се веруваше дека таков генијалец како Џон после таква генијалност како Аласка, стигна да пишува клишеа.

    Уште еднаш, се извинувам на off topic-от, ако сакате избришете ми го коментарот, нема проблем, битно си ја олеснив душичката :rofl: