1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.046
    Фемински клуб на читателки (Envy - Sandra Brown)

    ^ Иако jа дискутиравме книгава пред некое време, морам да вратам на погорниов пост.

    Сето тоа за променливоста на Алjаска е jасно, неможе никој да и завиди на детството неjзино и на сето она што таа го проживеала, но книгата не се состои само од тоj психолошки момент. Паџ е исто така малце отиден, што од немање искуство, што од читање на совршени последни зборови, па на нив jа основа смислата за живот. Сето ова ќе поминеше кај мене ако не беа сите оние пиjанки, со какви длабоки фрази го оправдуваа сето тоа, па секојдневните глупости во името на...што? Книгава им дава тотално погрешен пример на младите бидејќи ќе мислат дека ќе може да се извлечат така лесно од глупостите кои што ги прават. Ретко кое дете на 16-17 години ќе анализира некоја книга од психолошки аспект.
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Envy - Sandra Brown)

    Феминки, завршивте ли со Envy?
    Малку доцниме неделава, ама добро, оправдано. Малку поголема книга одбравме.
    Јас синоќа ја дочитав и едвај чекав денес да пишам во темава ^_^ Уште ме држат импресии, затоа не ми замерувајте на долгата критика.

    Прв пат читам книга во книга и морам да кажам дека премногу ми се допадна концептот. Откако го прочитав прологот, не очекував такво продолжение на настаните. Back and forward варијанта на случувањата ќе беше веќе видено, ама ваквиот начин на раскажување што го одбрала Сандра баш ми се допадна и пријатно ме изненади.

    Кога на почетокот го запознавме Паркер и неговиот план за одмазда, мислев дека неговата мета ќе биде таткото на Марис. Затоа сите possible scenarios што ги имав во глава се движеа во таа насока. Како што се одвиваа настаните, останував сé поизненадена од текот на случувањата.
    Од настаните кои успеав да ги предвидам, беше тоа дека Ноа не ја напишал The Vanquished. Ми беше чудно тоа што напишал толку впечатлив роман, кој дури беше дефиниран како The best historical novel since Gone with the Wind, а потоа останал на тоа. Застанал на таа точка и никогаш повторно не напишал ништо. Кога го запознавме вистинското лице на Ноа, станував сé поубедена дека романот не е негов, а дека одмаздата на Паркер се однесува на тоа. Особено кога Марис ќе му раскажува сцена од романот и следи овој дел:
    "Do you know what made that scene so erotic?"
    She tilted her head inquisitively.
    "It was his having that much access to a woman, his having cerebral intimacy with her, without her knowledge."
    "Yes."
    "His eyes and mind had touched what his hands and lips wanted to. He hadn't seen much, but he felt guilty for looking at all."
    "The forbidden."

    Значи знаев! Знаев дека е негов романот!
    Она што не го очекував, беше тоа дека Паркер има многу посилна причина за одмазда. Кога при крајот беа раскажани тие сцени, просто ме лазеа морници од самата замисла што ја имав во глава.

    Ноа... каков егоцентричен, себичен, лицемерен son of a bitch! Човек без никакви морални вредности, без никаква совест. Само гази сé пред себе и подготвен е да направи сé што треба, само за да го добие она што го сака. Мило ми е што на крај си го добри заслуженото.

    Надја цело време си ја замислував како Шила од Suits :lol: Немам поим зошто, прво кога ѝ го прочитав името, ми дојде таа замисла во глава. Не очекував дека на крајот и таа ќе се отргне од Ноа откако ќе дознае за Даниел, баш ме изненади тоа што сепак имала некакви граници кога е во прашање постигнување на целта.

    Марис на моменти ми беше многу симпатична, ама во некои ситуации ме изнервира. На пример, зошто не му кажа на татко ѝ за Ноа? Не разбирам зошто го криеше тоа од него. Немаше да испадне татина галеница ако му се довереше. Самата си кажа дека Ноа повеќе не го познава. А човек што ќе те изневери во кревет, не значи дека таму ќе застане. Не требаше толку лекомислено да се повлече и да мисли дека тука завршува сé. Можеби ако му кажеше на Даниел што се случило, тој никогаш немаше да отиде на викенд со Ноа и немаше да се случи тоа што се случи.

    За Даниел, знаев дека нема да испадне толку наивен. Стариот волк има изострени сетила. Претпоставував дека знае за целата ситуација и мило ми е што така добро одигра и притоа го остави Ноа на цедило.

    А Паркер... ах Паркер, каков лик! Него го оставив за крај.
    Премногу ми се допадна како карактер. И покрај саркастичниот начин на комуницирање и остриот јазик, имаше некоја топла нишка во него што го правеше толку неодолив. Ќе бев разочарана ако на крајот го убиеше Ноа, затоа што со тоа ќе се урнеше целата слика што ја градев за него во текот на читањето. И повеќе од јасно ни стана дека Паркер не е убиец, дека има совест и морални вредности, и покрај целото зло кое Ноа му го нанел. Мило ми беше што не дозволи да надвладее горчината за сите оние изгубени години од младоста. Постапи правилно, а крајот подобар и не можеше да биде.

    Што се однесува до начинот на раскажување, ми се допадна премногу. Прв пат ја читам Сандра Браун и знам дека нема да застанам тука. Во ниту еден момент не ми беше досадна, дури и ме изнасмеа на некои делови. Она на што моментално ми текнува, е делот кога Ноа ќе ги види Шила и Морис во ресторанот и ќе дознае за нивната венчавка, па ќе си рече: Judging by Blume's pallid coloring, getting blood to his penis would be a chore :D

    Искрено, не очекував толку експлицитни секс сцени, ама мене ми беа баш добро зачинување на неизвесноста на настаните :wasntme:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.768
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Envy - Sandra Brown)

    Да, предобра е книгата, Ана убаво ја доловила. :) Мене Сандра Браун секогаш некако ме изненадува и затоа сакам да ја читам.
    А може и книга да одбереме. Немам јас некои предлози, не сум расчепкала да видам што има интересно, па пишете ако имате некоја на листата.
    Bojana-24 јас тер разбирам што сакаш да кажеш, не е дека книгата беше испреплетена па да не може да се разбере, туку не го допира секој исто. Ете, тебе те допрела на некој начин, ама некој не може да ги осети истите емоции. Во TFIOS имаше некоја топлина, беше прекрасно напишана, нешто што отсустува во Аласка. И придружи ни се во клубов, убаво е да се прочита и поинаква перспектива. :)
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Envy - Sandra Brown)

    ^ Јас почнав со The Alibi, моментално сум до пола. Ама ако одбереме нова книга, паралелно ќе ја читам и таа. Не ми се седеше без книга, а тука веќе недела дена никој немаше пишано ништо за Envy, па затоа одбрав уште една од Сандра Браун. И оваа е добра :)

    Јас пред некое време си разгледував книги на гр, па во Want to read ставив неколку:
    Cry No More
    No You See Me
    The Last 10 seconds
    Suspect
    Guilty as Sin

    Ги немам побарано на гугл, ама сигурно ќе најдеме некоја за симнување.

    Инаку, ми стигна порака на гр за Special discussion with Elin Hilderbrand and Jojo Moyes, Tuesday, June 17th :) А бидејќи Jojo Moyes ја читавме два пати во клубов, си реков да пишам во темава, да ве известам. Можеби некоја од вас ќе сака да ѝ постави прашање :)
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Envy - Sandra Brown)

    Не ми ги собираше линковите во претходниот пост, еве уште две книги што ми стојат во To read
    See Jane Die
    Absolute Fear

    Мене сите ми изгледаат интересни, ако сакате можеме да одбереме некоја од овие. Ако не, дајте други предлози :)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.768
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Envy - Sandra Brown)

    Јас не сум за оваа од Тами Хог, имам нешто од неа читано, ама стилот воопшто не ми се допаѓа, досаден и монотон е.
    За од Лиса Џексон ако читаме најубаво ќе биде од првата да почнеме, не знам дали се надоврзуваат приказните.
    Ми фатија око Now you see me и See Jane die.
    А јас бев во план да ја почнам Divergent, сакав барем првата да ја прочитам да видам за што се работи, па ако сте за може и таа да ја ставиме, не мора и оваа недела, може и некоја наредна. :)
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Envy - Sandra Brown)

    И јас ја гледав Divergent, ама малку сум скептична бидејќи е дистописки роман :?: Да ја почекаме и SV1911 ако не, па заедно да избереме, да не читаме само ние две :)
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.768
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Envy - Sandra Brown)

    Кај сте луѓе, дајте да читнеме нешто. Јас инаку ќе си почнам со Divergent. :)
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Envy - Sandra Brown)

    Нешто ги нема другиве читателки :?:
    Реин ти Divergent, јас The Alibi, и уште една заеднички да читаме ако не :D
    Нешто ти фаќа око од моиве предлози погоре?
     
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Envy - Sandra Brown)

    Добровечер девојки,I'm back :D

    Ги читам Игри на Тронови на англиски,ама ќе паузирам.
    Немам предлози,ама ги разгледав вашите и најмногу ми се допадна Sее Jane die,така да јас гласам таа да биде за следната недела :lol:
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.768
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Envy - Sandra Brown)

    Јас ја имам читано The Alibi, добра е и таа, не си згрешила со изборот. :)
    И јас мислам може See Jane die, па да ја ставиме таа.
    Еве торент. :)
    http://kickass.to/erica-spindler-collec ... 50952.html
     
    На Marossa и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Envy - Sandra Brown)

    Зелено светло и од мене :)
    Ставај ја Реин, времево е само за седење дома и за читање :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.768
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (See Jane die-Erica Spindler)

    И добро е што е времево такво, барем за ова. Ми се насобраа еден куп книги за читање, што ново излегло, да не почне да чепка човек, одма се зголемува листата. :D
    Книгава ептен ме закопка, би требало да испадне добра, а и има доста позитивни коментари.
     
    На Marossa и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (See Jane die-Erica Spindler)

    Девојки,јас ја прочитав книгата :D
    Ептен ми беше интересна и во две вечери ја поминав,едноставно не можев да ја оставам.
    Ќе пишам критика кога ќе заврши неделата.

    Инаку и јас планирам да ја читам Divergent,филмчето е прилично добро.
    За други предлози,ќе ставам за некој ден,сега ништо не ми отвара :D
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (See Jane die-Erica Spindler)

    Marossa ти експрес брзо си ја завршила, значи да очекувам и втората половина да е добра :wasntme:
    Јас сум некаде до 58%, засега многу ми е интересна. Имам неколку теории за целата ситуација, па ќе видиме крајот каков ќе биде. Засега немам забелешки.
    Инаку до кога ни е рокот за читање? До 24ти?
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.768
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (See Jane die-Erica Spindler)

    Да, до 24ти. Јас денес ја почнав, ептен интересно ми делува, уште на почеток го зграпчува вниманието. Па и кога почнува така грозоморно...
    Туку ај за следната книга да одбереме нешто дистописко, да смениме малку. Мада јас барав, ама се е некако YA, не налетав на нешто посериозно и интересно, а да не е во неколку дела. :wasntme:
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.768
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (See Jane die-Erica Spindler)

    Ај да си почнам јас штом вие се срамите. :lol:
    Книгава е типично трилерче. Ама онака, по шаблон пишувано. Ти го зграпчува вниманието, те држи во неизвесност, сепак, кога ќе ја завршиш книгата ќе остане само една во морето од трилери, непрепознатлива и не впечатлива. За мене барем. Не верувам дека по некое време ќе се сетам на книгава.
    Не ми се издвои ни една мисла некако, баш затоа и ми е лесно трилерче.
    Џејн како карактер ми се допадна, што не дозволи нејзината верба во Иан да се изгуби целосно, што успеала да преживее и да биде силна. Стејси ми беше некако, мех, ништо посебно.
    Мислам дека и немам многу што да кажам за книгава. Дејв ми беше сомнителен, премногу беше добричок некако, секогаш тука да подаде рака, а и бидејќи нели, книгава е типичен трилер очекував и некој од добричките да биде негативецот.
    Тоа е тоа.
    Ај може ќе се надоврзам покасно.
    Инаку и давам 3/5.
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (See Jane die-Erica Spindler)

    Мене книгава ми беше некоја средина. Ниту лоша, ниту па премногу фасцинантна.

    Уште од сам почеток го шкртнав Иан од листата на виновници, ќе беше too simple and too obvious. На крај ќе испаднеше дека книгата сме ја читале само за да видиме како ќе се докаже неговата вина и ништо повеќе. Знаев дека е нешто друго во прашање, и покрај тоа што сите парчиња од приказната совршено се вклопуваа.

    Први осомничени мене ми беа Стејси и Дејв. Стејси заради љубомората и зависта која ја чувствувала спрема сестра ѝ. Цел живот била тргната на страна и никој никогаш не ѝ обрнувал внимание на неа. Џејн била центар на целиот универзум, секогаш добивала сé, почнувајќи од љубовта и вниманието, сé до големото наследство. И ете, дошол момент кога пукнала тиквата, па Стејси решила да ѝ го скрати целото задоволство на Џејн. Уште кога прочитав дека Стејси прва била со Иан, станував сé поубедена. Освен тоа, уште полесно е детектив да ја намести целата ситуација. Што на крајот испадна дека е така.
    Дејв заради љубомората кон Иан. Толку голема љубов кон Џејн, а така отфрлен од нејзина страна. Секогаш бил тука за неа, а ништо не добил за возврат. Кога дојде делот со разоткривање на неговата приказната, прво што си помислев беше: Most shrinks are crazy after all :wasntme:
    На моменти се посомневав и во Тед. Толку опсесивно вљубен во Џејн и толку навидум наивен и прост делуваше.
    Ама тоа со Мак не го очекував ни на крај памет. Подзинав додека го читав крајот, кога се расветлуваше целата замрсена и заплеткана приказна.

    Ако треба да ѝ најдам некоја мана на книгава, би било тоа што можело секое поглавје да завршува понеизвесно. Имав впечаток дека гледам епизода од серија каде што сé си завршува онака, тивко и незначајно. А имало материјал секоја глава да завршува шокантно и предизвикувачки. Нешто од типот на книгите на Шелдон. Каде што после прочитаното поглавје, едноставно не можеш да застанеш таму. Мораш да продолжиш со читање.
    И уште нешто - се надевав дека во животот на Стејси ќе има барем една светла точка, која цело време ја гледав во Мак. Барем едно нешто добро да ѝ се случи. Вака испадна дека и во оваа ситуација таа е само уште една искористена карта за достигнување на целта на Мак и Дејв.

    Од ликовите најмногу ми се допадна Стејси. Решителна и храбра. На моменти ѝ се восхитував на издржливоста. Како успеала да го претрпе сето тоа што го доживувала уште од мала. Неприфатена од семејството на нејзиниот очув кој практично ѝ бил татко, оставена сама на себе, без никакво внимание.
    Се соживеав со приказната на Џејн и сето тоа што го проживеала. Кога почна целиот живот да ѝ се распаѓа, парче по парче, цело време си мислев колку лесно може сечиј живот да доживее пресврт.
    Ама па ме нервираше со целата нејзина наивност. Без разлика што Иан на крај испадна дека е невин, таа воопшто не сакаше да ја разгледа ниту опцијата дека можеби ја изневерил и одбиваше да се посомнева во него. Како да не забележуваше што се случува околу неа. Никогаш не ни забележа дека Дејв има некакви чувства спрема неа, за Тед уште помалку. Пред нос ѝ се случуваа некои работи, а таа не беше свесна за ништо. Како ветрушка ми беше.
    Иан малку ми беше недообработен како лик. Можело малку повеќе внимание да добие, зборувам како карактер. Вниманието и онака во цела книга се врти околу него како прв осомничен :)

    Ќе се согласам со Реин дека книгава е типичен трилер, на чии настани веројатно ќе заборавам во блиска иднина. Има книги кои секогаш ќе ги памтам, ама ете, оваа нема да биде една од нив.
    Во секој случај интересна книга.
     
  19. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (See Jane die-Erica Spindler)

    Ајде и јас да ја дадам критиката...

    Се согласувам дека книгата е типичен трилер,затоа толку брзо ја прочитав.Сакам такви книги,се си е јасно и брзо искажано,а не само полни страници,а бавно дејствие.
    Низ цела книга шпекулирав кој може да е виновниот.
    Најпрво ми падна ум на Дејв,бидејќи ептен беше заљубен во Џејн и ми изгледаше како доста паметен и снаодлив,па можеше да изведе се од почеток до крај.За Стејси и Иан бев 100% сигурна дека беа невини,Стејси ми е најдобриот лик од книгата.Цврста и храбра,без влакна на јазикот,а во моменти сочувствителна сестра како што треба да биде.Иан изгледаше многу виновно,иако се знаеше дека не е толку едноставно,на почетокот тој беше повлечен и мистериозен да те натера да се подзамислиш.
    Вториот сомнеж,верувале или не,ми беше Мак.Начинот на кој настојуваше да престанат да копаат,да се помират дека Иан е крив,укажуваше дека он има замешано прсти.
    Некаде на средината,за момент ми се уфрли дека и Тед можеше да го изведе тоа,и тој затрескан во Џејн,многу морничав тип,ама веднаш ми стана јасно дека само е чудак,ништо повеќе.
    При крајот дури Џејн кога мислеше дека е Дејв убиецот,се израдував,бидејќи колку и да се сомневав на Мек,сакав да биде друг,а овој да си биде среќен со Стејси,таа заслужуваше малку љубов.
    Џејн не ми беше ништо посебно,ама и се восхитував на храброста,на силата што ја имаше да помине се и што бескрајно му веруваше на својот сопруг.
    Се на се,3/5 би и дала на книгава и само за на плажа :D
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.768
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (See Jane die-Erica Spindler)

    Океј, се согласивме дека си прочитавме еден типичен трилер. :D
    Ајде да движиме понатаму. Јас ги расчепкав новите книги од годинава и еве што ми фати око.
    The Kill Switch: A Tucker Wayne Novel - James Rollins, Grant Blackwood
    Оваа му е најнова. Ако сте читале нешто од Џејмс Ролинс тогаш знаете дека пишува возбудливи авантури. Има 4,05 рејтинг на гр.
    Missing you - Harlan Coben
    Нов трилер на Харлан Кобен, има 3,97 рејтинг.
    The Birobidzhan Affair: A Novel -Marek Halter
    Само 4ри критики има книгава, ама ако сте читале нешто од Марек Халтер знаете дека пишува потресни приказни. Мене ми се допаѓа ептен стилот на пишување, па книгава секако ќе ја прочитам. А и кратката содржина е прилично интригантна.
    Unravel - Calia Read
    Ова е Young Adult, ама има некои интересни психолошки моменти што ми го фатија вниманието.
    Raw - Belle Aurora
    Ова е нешто поразлично, dark, erotica, такви некои работи, ама исто интересно ми делува, а и добар рејтинг има 4,37.
    Видете ако нешто ви фати око, ако не, давајте предлози. :)