1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (See Jane die-Erica Spindler)

    Мене ми фатија око првата и последната.
    За YA не сум за, им дадов шанса на неколку такви книги во последниов период, ама ги оставив. Па така малку со предрасуди гледам на секоја книга што е класифицирана како YA.
    За The Birobidzhan Affair не можев никаде да најдам повеќе критики, на гр не пишува ни каков жанр е книгава :?:
    А првата и последната ми делуваат интересни, би читала било која од нив. Ако треба за една да се одлучам, ја бирам Raw. Одамна не сум читала нешто мрачно :wasntme:
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.762
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (See Jane die-Erica Spindler)

    И јас сум за Raw некако, само се надевам нема да испадне некоја шугава верзија на шугавана шејдс оф греј.
    http://kickass.to.unblock.to/belle-auro ... 86989.html
    Еве торент. Ајде нека се изјасни и уште некој, па ќе видиме.
     
  3. darling69

    darling69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (See Jane die-Erica Spindler)

    женски ме интересира како ги отварате фајловите од торентов со книгите на Ерика Спиндлер? и со кои програми?
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (See Jane die-Erica Spindler)

    Мислам дека во линкот имаше и pdf формат, тој можеш и на компјутер да го отвориш. А mobi, epub и другите слични што ги користиме, се наменети за електронски читачи. Ама и тие можеш да ги конвентираш во doc, pdf, па како такви да ги читаш на компјутер. Која книга конкретно ти треба?
     
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (See Jane die-Erica Spindler)

    И јас гласам за Raw :D
    И првата ми фати око,ама редно е да размениме ,малку мрачни книги :D
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (See Jane die-Erica Spindler)

    Да ја ставиме Raw денес, колку што видов помала е, така што до следниот петок ќе можеме веќе да ја коментираме :)
     
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Raw - Belle Aurora)

    Девојки,јас ја завршив книгата.Малку страни и досадно ми беше,па брзо летнаа. :D
    Ќе одам на пат вечерва,па ќе ја пишам сега критиката во спојлер
    Уфф,од каде да почнам... :D
    кога пишуваше Dаrk/Erotic за книгата,очекував нешто слично на 50 нијанси на сиво ама си реков дека ќе и дадам шанса.Ама навистина добив тоа што очекував :D
    Најпрво,стилот на пишување е бетер од оној на 50 нијанси (морам малку да споредувам :lol: ),како да го пишувала некоја средношколка,и припадничка на некое гето(можеби и е).Освен тоа,зборот Bаbe ми иде на живци и едвај поднесував да ја прочитам реченицата што го содржи.
    Втора работа,јас не разбрав што е тоа мрачното во книгата. Многу секс со садо мазо елементи и еден stalker што сака да ја докрајчи девојката.
    Кога веќе свртив на Твич,го сметам за најбесмислениот лик што сум го сретнала во книгите.Сето негово следење,потребата да ја „скрши“ Лекси ми е нејасна работа.Колку и да бил ментално пореметен,од таа една нивна средба пред 20 години,он си ставил во главата дека треба да ја уништи.И таман се помирив дека е лошиот во приказната,моментот кога Лекси му признава дека го сака,он се сменува 360 степени и станува фин џентлмен и затрескан дечко со грижа на совест.Уште едно прашање е како тој се заљуби во неа...
    Почесно место за главниот лик,најглупавото суштество кое постоело :D Лекси со нејзиното глупаво однесување ми е главна причина зошто не ми се допадна книгата.Знам дека тоа е целта на приказната,ама која нормална девојка има секс со личност што ја манијачи 24/7 после 1 минута од нивното запознавање,да додадам без никаква заштита? Не сум до толку феминистка,ама такво претставување на женскиот род ги прави машките да мислат дека се супериорни.И не за друго,авторката сака да не убеди дека Лекси е посебна,дека е многу интелигентна,добродушна,што се грижи за другите,а всушност девојката е прав морон :D И ова не ми е јасно,зошто пак Лекси се заљуби во Твич? Тоа што е добар во кревет и е надарен во половиот орган не го прави материјал за дечко,башка што ја третира како најголемото ѓубре на светот и е психопат што ја демне наоколу.
    За крај,поголемиот дел од книгата е исполнет со секс сцени кои нималку не се еротични и само служат да го прикријат нискиот фонд на зборови и некреативната обработка на ликовите.
    Оцена 2/5 иако и тоа е многу,сум читала и полошо :D
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.762
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Raw - Belle Aurora)

    Јас уште не сум ја почнала книгава, денес планирам. Ама го прочитав од Мароса коментарот на почетокот и се разочарав прилично. :tmi: Дали постои всушност некоја книга од овој тип која е напишана како што треба, или само луѓе со просечен јазик и ограничена фантазија пишуваат вакви книги?
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Raw - Belle Aurora)

    Јас сум до половина на книгава, би требало до утре да ја завршам. Не го отворив коментарот на Мароса да не си расипам филинг, ама се надевам нема да се разочарам од книгава, бидејќи имам прилично високи очекувања со оглед на оцената и коментатите на гр :?:
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Raw - Belle Aurora)

    Јас конечно синоќа да дочитав Raw. Периодов без со обврски, па ја читав многу расцепкано, а мразам кога не можам да седнам на раат и да се задлабочам во настаните.

    Прво, од сите прочитани книги, оваа дефинитивно има најнезаслужена оценка на гр.
    4.37? Премногу за вакво нешто.
    Ни јас не разбрав која беше мрачната страна на книгава. Имам читано книги со експлицитни секс сцени кои биле многу префинето дадени. А книгава кај мене на моменти го имаше сосема спротивниот ефект од оној кој верувам дека сакала да го постигне писателкава.

    Првата половина од книгава ми беше многу чудна. Целата ситуација со следењето на Лекси, обидот за силување, спасувањето од страна на Твич, дозволата тој да влезе во нејзиниот дом и да ја „чува“... сето тоа ми беше многу нелогично. Многу беше очигледно дека целата ситуација со бездомникот беше наместена. Вакви работи читав во 6то одделение кога Витезот ја „спасуваше“ Марта од лошите момци кои ја нападнаа.
    Лекси како да го исклучи разумот после таа случка. Ми личеше на тинејџерка што си го изгубила паметот. Толку ми беше наивна, желна за внимание, без цврст карактер... ни самата не знаеше што сака.
    Твич ми беше очаен обид за креирање лик кој ќе нé освои со неговиот мачо стил. Не знам за вас, ама јас воопшто не паднав на неговиот карактер, кој патем – не можев ни да го дефинирам. Толку ми беше превртлив. Во еден момент реагира на еден начин, во друг момент на сосема друг.

    Втората половина ја читав во постојано исчекување на некој пресврт, на некој настан, на некој момент по кој ќе си речам - е па стварно книгава си ја заслужила оценката. Единствено тоа ме држеше во неизвесност и ме тераше да читам понатаму.

    Друга работа – ми фалеше временска и просторна рамка. Сакам книги кои се просторно и временски обработени. Вака се чувствував изгубена низ целата книга, немав никаква ориентација. Освен тоа дека се наоѓаме во Сиднеј, немав апсолутно никаква претстава за тоа каде и кога се случуваат настаните. Локациите беа само нафрлани, дадени во форма на мојот дом, куќата на Твич, мојата канцеларија... и толку. Ништо повеќе. Ми фалеа описи на сите тие локации.

    Единствено ми се допадна начинот на кој беа доловени цртите на ликовите. Фацијалната експресија на нивните емоции беше убаво опишана, па можев лесно да си ги замислам во глава.

    Приказната искрено ми беше глупава. Целото раскажување за случката од детството, па како Твич сакал да ја најде и да ја казни Лекси затоа што му дала надеж и погрешна претстава за светот... дури смешно ми беше.
    И што беше тоа со крајот? Твич се отргнува од семејството, станува сенка, за еден ден да се врати? Кога ќе биде подобар? Се надевам писателкава не планира втор дел...

    Последнава забелешка можеби ќе ви се чини претерана, ама она што не ми се допадна беше изборот на музика. Во книгите што ги читам сакам да си наоѓам некои неискомерцијализирани песни, што после ќе ги побарам на YouTube и ќе ги преслушам. А со секое наредно слушање, ќе ме потсетуваат на книгата. Исто како што на пример Preaching The End Of The World секогаш ќе ме потсетува на
    God-shaped hole.
    Maroon 5 и Bruno Mars? Сериозно? Па и колку ми беше патетична таа сцена со стиховите од One more night…

    Сума сумарум, од мене една двојка.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.762
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Raw - Belle Aurora)

    Јас, да бидам искрена, не ја дочитав. Не можев. ме фати сафра од пишувањето, од глупавите карактери и ја оставив. Па ве прочитав тука и толку беше од мојата желба да ја завршам книгата.
    Се извинувам што предложив толку глупава книга и си го изгубивме времето за ништо.
    Ајде дајте некој предлог поасален. :lol:
    Јас ништо не читам моментално, не знам ни што да почнам, ми треба инспирација малку. :)
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Raw - Belle Aurora)

    Јас ја расчепкав темава, имаме добри предлози од претходно. Ама кога ќе одбереме една книга, после некако забораваме на другите предлози, иако и тие не се лоши.

    Еве што ми фати око мене:
    1. The Art of Racing in the Rain - Garth Stein
    2. The Ocean at the End of the Lane - Neil Gaiman (иако е YA, прочитав добри коментари, башка и како хорор е класифицирана :wasntme: )
    3. Murder as a Fine Art - David Morrell
    4. The Girl with a Clock for a Heart: A Novel - Peter Swanson
    5. The Kill Switch - James Rollins, Grant Blackwood
    6. Love You More - Lisa Gardner (за оваа Реин гледам пишала дека ја има дома во македонско издание, ние тука прво го читавме продолжението Touch & Go, па ако сакате можеме да ја читаме сега оваа)
    7. А кога сме веќе кај продолженија, можеме да ја читаме и Vladar iz senke од Донато Каризи, како продолжение на Шепнувачот (уште нема издание на англиски)

    Јас моментално сум некаде до 35% со The Undomestic Goddess, па некоја посериозна книга во комбинација со чик лит - добро би ми дошла :)
     
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Raw - Belle Aurora)

    Навистина само додаваме нови предлози на купот,старите си ги оставаме :D
    So many books,so little time...
    Инаку,The Girl with Clock for a Heart ми е ставена во Want to read,одамна се мислев да ја читам,па може таа оваа недела.
    Исто така ми се допаѓа оваа од Лиса,ми стои интересна,дури и подобра од Touch&Go.
    Други книги што ми изгледаат интересни:
    -Save Yourself,Kelly Braffet
    -Burned,Ellen Hopkins
    -Mr Mercedes,Steven King


    Луѓе,не знам зошто,ама поголемиот дел на книгите на Goodreads што имаат прилично добри критики и висок рејтинг,мене не ми привлекуваат внимание,дури и со читањето на кратката содржина.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.762
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Raw - Belle Aurora)

    Јас ја прочитав Владар из сенке, ја прочитав и Јас те сакам повеќе. :wasntme:
    Од Лиса Гарднер е супер, прочитајте ја обавезно. Оваа вторава од Донато Каризи ми се допадна помалку од Шепнувачот, некако се повторуваше приказната, исто многу нелогичности и изгубив веќе интерес за него. Иако ја прочитав и The lost girls of Rome, ама мислам дека не би читала веќе ништо од него.
    Од предлозиве јас сум за The Ocean at the End of the Lane, одамна сакам да ја читам, многу ми се допаѓа и корицата, а и ми се чита хорор, одамна немам прочитано такво нешто.
    Оваа The Girl with Clock for a Heart некако млако ми делува.
    Ана ти што викаш?
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Raw - Belle Aurora)

    Може The Ocean at the End of the Lane, мене ми фати око.
    Јас ич не сум по YA, едно 5-6 такви книги последниве месеци ги почнав, па ги оставив.
    Ама од оваа прочитав и по некој цитат на гр и ми делува интересна :) Мислам дека не е типична YA книга, барем според коментариве.
    Ме заинтригира ова:
    The Ocean at the End of the Lane is childhood in 181 pages.
    Short. Sweet. Magical. Scary. Real.
    You must be adult enough to miss childhood.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.762
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Raw - Belle Aurora)

    Јас ко што гледам YA стои само кај 330 users, што и не мора да значи дека се класифицира како YA, само на таква полица ја имаат ставено. Како adult, horror, fantasy ја имаат обележано повеќе луѓе.
    Ако сакате можеме и двете да ги читаме, и оваа другава нема многу страници, околу 300, па можеме и подолго, не е страшно.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Raw - Belle Aurora)

    Е па ајде тогаш да ја ставиме прво The Ocean, со таа за два дена би завршиле и би пишале критики, па после можеме одма да ја ставиме другава. Или ако сакате двете наеднаш ќе ги ставиме, па за една недела и за двете критики ќе напишеме. Ама така да не се испомешаат, може и некоја дискусија ќе развиеме :?:
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.762
    Пол:
    Женски
  19. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки-The Ocean at the End of the Lane

    Се приклучувам и јас, ќе почнам со читање на првата- The Ocean at the End of the Lane ми изгледа примамлива.
    А вторава дали ја има некаде по интернетов во електронско издание, да не мора да ја симнувам или пак во pdf формат?
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки-The Ocean at the End of the Lane

    Јас ја најдов овде, ама не е цела. Можеш да ја симнеш од thepiratebay во epub формат, па после да ја конвертираш во pdf.