1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Фемински клуб на читателки-The Ocean at the End of the Lane

    Ја разгледував групата па да помогнам малку околу epub форматот.

    Додатоков е читач за epub формати само за Мозила. Едноставно се инсталира, потоа само завлечи ја книгата во Мозила и уживај во читањето :)


    https://addons.mozilla.org/en-US/firefo ... pubreader/
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки-The Ocean at the End of the Lane

    ^Баш убав додаток :)
    Особено за оние кои читаат пред компјутер, а книгите можат да ги најдат само вo epub формат. Практична работа.

    Инаку, јас ќе ве следам со читањето, ама најверојатно нема да стигнам за коментирање бидејќи нема да бидам тука. Можам од мобилен да пишам во темава, ама ме фаќа сафра кога ќе треба да се распишам, а јас сакам на долго и широко да ги анализирам книгите :) Како и да е, ако не стигнам, ќе пишам во Последна прочитана книга.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.762
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки-The Ocean at the End of the Lane

    Ја дочитав јас The ocean at the end of the lane.
    И збунета сум. Не знам што да напишам. Ама не ја читав со целосно внимание, не знам зошто, и мислам дека ја утнав поентата, не се внесов доволно во содржината за да ја сфатам суштината. Барем по критиките на GR што читав.
    Како и да е, ми се допадна стилот на пишување, имаше некои добри поенти, ама се на се не сум импресионирана. Можеби ќе ја прочитам пак некогаш и ќе ја гледам на друг начин.

    “Grown-ups don't look like grown-ups on the inside either. Outside, they're big and thoughtless and they always know what they're doing. Inside, they look just like they always have. Like they did when they were your age. Truth is, there aren't any grown-ups. Not one, in the whole wide world.”

    Во ова ептен си се пронајдов - “I lived in books more than I lived anywhere else.” :)

    “Nobody looks like what they really are on the inside. You don’t. I don’t. People are much more complicated than that. It’s true of everybody.”
    Тоа е тоа од цитати. Не знам, дај пишете другите како ја доживеавте книгава. Јас и давам тројче заради стилот на пишување и ликовите.
     
  4. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки-The Ocean at the End of the Lane

    RainBow, јас чекав некој да го скрши мразот, па да пишам и јас. Книгава ми се чини, ја читав ради реда. Не се внесов доволно, чекав да ме воодушеви таа без да се трудам да ја сфатам. Почетокот ми изгледаше навистина интересен, книгава на goodreads била избрана за goodreads choice 2013 winner- fantasy.

    "Adults follow paths. Children explore. Adults are content to walk the same way, hundreds of times, or thousands; perhaps it never occurs to adults to step off the paths, to creep beneath rhododendrons, to find the spaces between fences. I was a child, which meant that I knew a dozen different ways of getting out of our property and into the lane, ways that would not involve walking down our drive."

    "Monsters are scared.
    That's why they're monsters."

    Мене ликовите ми беа добро доловени, посебно ликот на седум годишното момче за кое не знаеме име и неговото семејство, ликот на единаесет годишната Лети со нејзината мајка и нејзината баба. Прва книга што ја читам од овој автор, можеби би прочитала и друга.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.762
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки-The Ocean at the End of the Lane

    ^Хах, да, мене не ми ни текна дека момчето воопшто не беше именувано.
    Инаку, еве некои интересни гледишта од GR. Вака кога ги читам се согласувам со некои од нив.

    This is a grand Myth in the finest sense of the word. It's an allegory about the journey of the soul through one human lifetime, how we face our demons, the demons of the mind: everything that causes fear and paralysis, helplessness and hopelessness, and how we call upon the deep inner wisdom of our soul (our soul self is classically feminine as opposed to the mind, which is classically masculine) to confront those demons and send them back where they came from so that we can continue our human journey. When our soul self has to sacrifice itself for the benefit of our human, physical life, then that is the meaning of the sacrifice of the Christ.

    The ocean is a classic symbol for the Great Mother, the great womb of creation we came from and to which we will return, and during the course of our life's journey we have many opportunities to return to that place of rejuvenation and refreshment during which times we re-member our selves.

    Посебно ми се допаѓа делот за океанот. Кога момчето влезе во него ги спозна сите работи, го имаше целото знаење, Лети влезе во него за да може да се излечи и повторно да се врати.
    Има и мислења дека книгава е во голем дел автобиографска, дека Gaiman ја напишал во многу тежок период од животот, така се справувал и со своите демони, преку магичниот свет...

    И уште нешто, нели при крајот кога си одеше од фармата рече нешто како Мислев дека сте две, а всушност е една, нешто во тој стил, дали сите три жени всушност беа една?
    I think it's an allusion to the Triple Goddess symbol, and yeah, the Triple Goddess is really One, just aspects of the One in different guises or roles.
    Еве и интересно мислење за тоа.
    Всушност, кога ќе се навлезе во книгава има симболика и длабочина, не е за површно читање. Дефинитивно ќе ја прочитам пак понатаму, во друга фаза од животот, да видам како тогаш ќе ја сфатам приказнава.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки-The Ocean at the End of the Lane

    Јас малку не сум во тек со случувањата во клубов. Сега The Girl with a Clock for a Heart ја читате? :?:
    Бидејќи во насловот уште стои The Ocean at the End of the Lane, ќе дадам краток коментар за книгава.

    Прво, не бев подготвена за вакво нешто, па некако со сосема други очекувања седнав да ја читам.
    На многу моменти си се фаќав себеси како летам со паметот, па ги препрочитував пасусите и се губев во раскажувањата. Не се внесов доволно во целата приказна и сега ми е жал што толку површно ја читав, па затоа и останав со прашалници врз глава.
    Дефинитивно ќе ја оставам за да ја прочитам уште еднаш, бидејќи мислам дека испуштив едно убаво четиво со длабока поента.

    Како и да е, имаше многу убави цитати што ми останаа во глава. Повеќето веќе сте ги напишале, ама еве една мисла на која моментално сега ми текнува:
    (‘Nothing’s ever the same,’ she said. ‘Be it a second later or a hundred years. It’s always churning and roiling.) And people change as much as oceans.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.762
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки-The Girl with a Clock for a Heart

    Го сменив сега насловот, не знам кој и дали ја прочитал, јас денес ќе ја почнам, а ако некој ја прочитал може да си напише критика.
    За следна јас сум за Сјаење, те прочитав Ана во другата тема, па интересно мислам ќе биде да си продискутираме за таков хорор.
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки-The Girl with a Clock for a Heart

    ^ Јас со оваа сум до 40%, кога ќе ја прочитам ќе пишам критика.
    А јас таман за следнава недела сакав да ви предложам некоја хумористична книга од типот на Wake Up, Sir! од Jonathan Ames :wasntme: Видов дека Peter Swanson ја читал во мај месец и ја оценил со четворка. Ама The Shining ми е во мисла уште кога ја гледав сцената во Friends кај што Џои ја става во фрижидер од што му е страв :D Само што, јас киндлов под кревет изгледа ќе го пикнам, евентуално во некој шкаф :lol:
     
  9. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки-The Girl with a Clock for a Heart

    Ќе ме примите и мене во клубов? :wasntme:

    Книгава ме привлече. Незнам до каде сте вие, јас сабајлево ја почнав. Кога ќе ја прочитам, ако е уште актуелна во темава, ќе ги напишам моите впечатоци. :)
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.762
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки-The Girl with a Clock for a Heart

    ^ :hai:
    Не е лоша на почетокот, ама ќе видиме понатаму.
    Ана, ја ѕирнав книгата и интересно ми стои, таман после хоророт да се посмееме. :rofl:
    Ептен некако ме заскокотка Сјаење, ама нека се изјаснат и другиве, па ќе видиме.
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки-The Girl with a Clock for a Heart

    Штотуку завршив со The Girl with a Clock for a Heart, па додека ми се свежи импресиите ќе напишам критика.

    Почетокот ветуваше интересна приказна и ми го задржуваше вниманието. Потоа некако интересот ми се изгуби и настаните ми изгледаа досадни. Па расплетот некако ја разгори љубопитноста кај мене, за крајот да ме остави подзината.

    Прво - ликот на Џорџ ми беше многу несфатлив и не можев да го вклопам во никаков калап. На почетокот според постапките ми делуваше многу наивен и изгубен, без да знае што сé се случува, дури и во некои моменти тотално очаен. За на крајот тој да биде оној што ќе ја одгатне целата замрсена приказна. Ми беше многу нелогично тоа што толку лековерно прифати да ѝ помогне на Лиана, после сé она што го преживеал заради нејзините постапки во минатото. Од никаде се појавува после 20 години, бара некоја услуга со сомнителна заднина, а овој толку лесно прифаќа. За на крај да испадне дури и попаметен од неа.
    Што се однесува до Лиана, мене ми делуваше како неуспешен обид за femme fatale.

    Целата приказна мислам дека беше излишно искомплицирана, со непотребни ликови и настани. На крајот кога се расветлуваше целата ситуација, откако ги вклопив сите ликови на свое место, откако сфатив кој со кого и на каков начин е поврзан и вмешан, на некои од нив искрено не можев да им ја сфатам поентата. Не можев да разберам што бараат во книгава. На пример, зошто беше потребна целата приказна со детективот? Го испрашува Џорџ, го следи, го наоѓа кај Нора, Џорџ го забележува, се договараат тој да му раскаже што сé се случило, Берни го удира детективот со кола и од тогаш за него ништо не дознаваме. Никаков фактор не ми беше во целава приказна.
    Потоа, целото раскажување со Кејти Адлер за нејзините родители, зависноста од дрога, нејзината ситуација... за што? Само за да се најде логика во тоа од каде им е куќата и бродот на Лиана и Берни? Немало потреба од усложнување на околностите. Само уште еден непотребен лик.

    Објаснувањето на целата ситуација од страна на Џорџ ми беше малку бесмислено. Толку заплеткан план за кој има поголеми шанси да тргне нешто наопаку, отколку да се оствари како што е замислено. Многу работи можеа да свртат во сосема друг правец. Во ред беше тоа што секој чекор беше испланиран и Џорџ убаво го објасни, ама која е веројатноста дека баш така сé ќе се случи? Многу ми беше чудно сето тоа.

    Не ми се допадна тоа што некои работи се повторуваа во текот на раскажувањата. Имав впечаток дека целта е само да се потполнат страници. И она што најмногу ми недостигаше во целава книга беа искажувањето на емоции кај ликовите. На некои моменти ми се чинеше дека читам драма во која само се нафрлани дијалози без да можам да ја замислам нивната фацијална експресија, ниту тоналитетот со кој зборуваат.

    За крајот претпоставувам дека е оставен простор да има продолжение. Во спротивно книгава би имала еден од најлошите завршници што воопшто сум ги прочитала.

    Од цитатите во текот на читањето само еден ми остави впечаток:
    "No one can choose the family he was born into. No one can choose his own name, or how he looks, or what kind of parents he has. But as we get older we get to choose, and we can become the person that we were meant to be."

    Оценка од мене - 2,5.
    Само заради изборот на наслов и тоа што во одредени моменти ми го задржуваше вниманието.

    Претпоставувам дека The Shining е следна, па веќе ја спремив за читање заедно со Wake Up, Sir! (хорор за дневно, комедија за ноќно читање :wasntme: ).
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.762
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки-The Girl with a Clock for a Heart

    Книгава оди на полицата за најлоши книги што сум ги прочитала. Од мене не добива рејтинг, нула и давам.
    Прво, стилот на пишување беше ужасен, бавен, празен... Страшно неинтересен.
    Второ ликовите... Толку антипатични, несфатливи, неизградени до крај.
    Џорџ, прво имево ми беше одвратно, не можев да го сварам никако, како што кажа Ана, на почетокот ми делуваше исплашено, поготово кога Дони го напдна и одма ко од пушка се му кажа, што не се измоча за малку. Потоа растур направи, најпаметен испадна, се он сфати, а немаше никаква индикација за неговиот лик дека е таков. Само превртував со очите да бидам искрена. Приказната ме потсетуваше на онаа од Книга без наслов, нафрлани настани само колку да се случува нешто. Еден куп нелогичности, непотребни ликови, несврзани приказни.
    И да има втор дел не би го читала, ја отпишувам книгава дефинитивно, а ако пак е таков крајот е ужас дефинитивно.
    Не знам ни како ми бил почетокот макар малку интересен, мислам дека од 10 посто па натаму ме нервираше секое зборче од книгава.
    И демек толку Џорџ паметен, а толку слеп да биде, па откако дозна дека ги украла дијамантите и уште и веруваше, ахм да, сигурно.
    Толку за книгава, сакам да заборавам дека сум ја читала и сум потрошила време на вакво нешто.

    Следна е Сјаење или? Од кога да ја ставиме, да почекаме некој ден, да не ја дочитува уште некој книгава. :wasntme:

    И да дополнам уште нешто само, имаше едно делче каде што Карин му кажува на Џорџ за жена му на Меклин, демек останала уште жива и морале да и кажат дека сопругот и умрел, Карина вика "...and now we're praying she doesn't get well enough to want to start looking at newspapers..."
    Се молеле да не се оправи, барем малку, мислам колку само бизарно ова ми дојде некако. |(
     
  13. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки-The Girl with a Clock for a Heart

    ^И мене ова со жена му ме запрепасти...

    Инаку ја дочитав денес и можам да кажам дека е една од полошите книги што сум ги читала.
    На почетокот ептен ме завлече, мислев дека ќе биде една од подобрите. Ми се допадна тоа што раскажувањето одеше во две времиња паралелно.
    Уште на самиот почеток беше добро сплеткана, што стварно се надевав на квалитетен расплет и добар крај. Меѓутоа, како читав, се подосадна и подосадна ми беше. На крај ја читав само колку да ја дочитам.

    И според мене имаше додавање на ликови и сплетки од кои стварно немаше потреба. Се беше некако премногу збутано и нелогично. Пушувано со многу лош стил, како што кажа Реин.

    Што се однесува до ликовите, ниеден карактер не ми се допадна.
    Џорџ од толку глупав и наивен, се претвори во најпаметниот во книгава. Многу нелогично. :?:

    И да, за да го читам продолжението, требаше прво оваа да ме привлече. Вака воопшто не се нафаќам.

    Инаку се согласувам следна да биде Сјаење. За неа одамна се заинтересирав. :)
    Само што можеби нема да стигнам да напишам критика овде, затоа не ме чекајте за следната. :D
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.762
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Сјаење - Стивен Кинг)

    Ајде, ја ставив Сјаење. Па ако има некој за давање критика за претходната може да го направи тоа. :) Мислам Мароса дека не се јави. :wasntme:
    Јас негде до 50 посто стигнав, не е лоша. :)
     
  15. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Фемински клуб на читателки (Сјаење - Стивен Кинг)


    Супер тема!

    Сакам да ја прочитам Сјаење само ме интересира дали има превод на македонски? Негови книги сум гледала низ нашиве книжарници, но претежно на англиски а во библиотекиве има и по некое постаро издание на српски.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.762
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Сјаење - Стивен Кинг)

    Да, ја има, на Арс Либрис е издание, околу 500 денари мислам дека беше. :) Би требало да ја има на купикнига.
    http://thepiratebay.se/torrent/3797436/ ... hining.pdf
    Еве и торент за тие што сакаат да ја симнат на англиски
    http://www18.zippyshare.com/v/10252429/file.html
    Еве на српски.
     
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    29.264
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Сјаење - Стивен Кинг)

    Ќе ви се придружам за книгава.Одамна ми е на листа за читање и конечно ќе имам со кого да ја коментирам :D
     
    На Cvekjence му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Сјаење - Стивен Кинг)

    Ја заборавам темава комплетно,а The Girl with clock for a heart ја прочитав уште пред 2 недели :D

    Не би ја ставила книгава во најлошите што сум ги прочитала,ама се согласувам дека не е ништо посебно.
    Ликот на Џорџ ми беше комплетно бесмислен и глупав,на почетокот дури и си викав „ Што му е на човеков?“ :D
    Бившата девојка која нема ја видено 20 години,му бара помош за сомнителна работа,а тој ни две ни три одма прифаќа.За мене тој е човек кој заглавил во минатото и кој имаше своја одредена слика за Лиана и поради нивната кратка врска кога биле млади,сметаше дека припаѓа со неа.И иако знаеше дека не треба да и се верува,пак тргна со неа.
    Неговата трансформација од толкав наивко до најинтелигентниот човек кој ги размрсува сите работи ми беше ужасно нелогична.

    Лиана пак иако беше претставена како фатална женска,манипулативна и интелигентна,мене ми остави впечаток на себична личност заглавена во милион проблеми,нималку брилијантна како што би требало да биде.
    Едноставно не ја разбирав опсесијата на Џорџ со Лиана,не се поврзав со него.И се согласувам со Реин,многу безвеза име :D
    Ми се допадна паралелното раскажување во минато и сегашност,како и прикажувањето на историјата на Лиана,ама имаше вклучено и доста непотребни работи.Дејствието беше доволно брзо, ми здосадуваше на средината,ама не дотолку да ја оставам.
    Крајот беше еден од најглупавите што може да биде, претпоставував дека тој е почеток на следна книга,ама прочитав интервју со авторот дека не планирал да пишува продолжение.
    Мислам дека од книгава би излегол добар трилер филм,со соодветни глумци,приказната не е лоша,само малку млака за мој вкус.
    Оцена 3/5

    Сега си ја наоѓам Сјаење и одма на читање :D
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.762
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Сјаење - Стивен Кинг)

    Ај ја да почнам штом вие се срамите. :lol:
    Прво, не сум толку фасцинирана од книгава колку што мислев и очекував дека ќе бидам. Многу ми беше бавна некако, сто години требаа додека да се развие дејството и се случи нешто. Имаше некако премногу повторување на истото, исти објаснувања...

    Ликовите беа супер изградени и одлично психолошки обработени. Можеби и поради тоа дејството трпеше.
    Од сите сепак мислам дека Халоран најмногу ми се допадна, иако немаше нели некоја страшно голема улога. Ама ретко кој би си го ризикувал животот да оди да му помогне на едно дете во целото тоа невреме и страшниот снег. Ама сепак отиде.
    Џек... Премногу недостатоци имаше, лабилна личност, па добро, алкохоличар, тоа е. Жал ми беше за него сепак на крајот.
    Венди лавица, одлично се држеше.

    Друго, не беше толку страшна. Односно, мене воопшто не ми беше страшна. Мислам дека како филм оваа книга е поуспешна, ќе го гледам филмот да направам споредба деновиве.

    Има многу прашања за книгава што може да ги продискутираме, на пример, дали ако не отидеа во хотелот ќе успееја да останат семејство, дали сјаењето е за Дени клетва или дар, дали Џек ја изгуби моќта со силите во хотелот поради тоа што темнината веќе постоеше во него?

    Јас и давам 3,5/5 зашто не ми го држеше вниманието цело време, на моменти се фаќав како махинално читам, без некој особен интерес. Ама ликовите и стилот на раскажување беа одлични во секој случај.

    За следната недела предлог од мене е Big little lies - Liane Moriarty, новата книга од авторката на Тајната на сопругот.
     
  20. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Сјаење - Стивен Кинг)

    Се залетав да ја читам книгава и на крај ништо не направив.
    Ја симнав на компјутер, ама дека бев на одмор, решив да се одморам малку од него. Наместо оваа читав две лесни книги за одмарање мозок. :D
    Сега имам други две што сакам да ги читам, па ќе ги напишам тука како предлог, ако сакате ќе ги анализираме. :D
    "Ми припаѓаш мене" - Карен Роуз
    http://sakamknigi.mk/index.php/trileri/ ... 0%BD%D0%B5
    "Точка на измама" - Ден Браун
    http://sakamknigi.mk/index.php/trileri/ ... 1%83%D0%BD

    Ми изгледаат на добри книги. Ако ве заинтересираат и ако ги немате читано, може да ги ставиме. :)