1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Сјаење - Стивен Кинг)

    Јас каснам со читање, немав многу слободно време периодов, не сум ни до пола искрено да ви
    кажам :tmi: Ама дефинитивно ќе ја дочитам и ќе ја коментирам, ќе му ја запнам деновиве.
    За нареднава недела одберете вие, јас немам никакви идеа, затоа што не сум ни расчепкала на гр да видам предлози. Па ќе ве следам со читање.
    Само ѕирнав во to-read листата, и од нив некако оваа ми се виде најинтересна
    The Woman Before Me - психолошки трилер, за кој јас меѓу коментарите не прочитав лоша критика.
    А гледам дека и Anne Stuart има интересни книги, повеќе ми фатија око.
     
  2. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Фемински клуб на читателки (Сјаење - Стивен Кинг)

    Книгата Сјаење дефинитивно ми оди во полицата за книги што би ги препорачала на читатели заинтересирани за добри хорор психолошки приказни. Мене дефинитивно ми се допадна до крај, значи на момент почувствував дека Стивен Кинг како да пишувал книга за филм.

    А морам да признаам дека многу пострашна ми беше книгата отколку филмот. Сцените со живата ограда, самиот хотел Видиковец и неговата душа, Џек... дури и на самата последна страна имаше страшна сцена кога Халоран почна да го чувствува духот на хотелот и за момент сакаше да ги убие...Браво за писателот, во скоро 400 страни создаде вистинска атмосфера за читателот и не остави ниеден момент за махинално читање.

    Иначе во однос на ликовите, Венди стварно ме нервираше и се прашував како можеше да го остава Дени сам во собата, откако Џек веќе почна да станува дел од мрачната страна на хотелот.

    Можам уште многу да зборувам, ама би сакала да чујам и од вас некои коментари...
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Сјаење - Стивен Кинг)

    Ајде една анализа и од мене :)

    Прво да потенцирам дека книгава не ја доживеав како што очекував. Не ми беше страшна, можеби на моменти малку морничава, ама хорор моментите не ми оставија толку силен впечаток. Мислам дека филмот ќе ми биде многу пострашен.
    Во првата половина некако имав чувство дека книгата е преполна со непотребни сцени, ама понатаму во текот на читањето, видов дека секое раскажување се вклопуваше во приказната како парче од сложувалка :) На сметка на тоа самото дејствие се одвиваше бавно, ама затоа ликовите беа одлично психолошки обработени и многу внимателно конструирани. Многу комплексни, и можеби затоа мене лично ми предизвикаа чувство на емпатија. Можев да се поврзам со нивните животни приказни.

    За мене херојот во целава приказна беше Џек. Венди дури и ми беше неподнослива. Без разлика на тоа што се случило во минатото, Џек успеал да се издигне од дното и постојано се обидуваше да се искупи за тоа што му го направил на Дени. Семејството му беше на прво место, во сите ситуации покажуваше грижа кон нив двајца, а Венди во никој случај не му ја даваше довербата што ја заслужи. И токму таа недоверба го убиваше Џек. Бидејќи што и да направеше, Венди секогаш ќе гледаше со обвинувачки поглед кон него.

    "Things had never really changed. Not to Wendy. He could be off the juice for twenty years and still when he came home at night and she embraced him at the door, he would see/ sense that little flare of her nostrils as she tried to divine scotch or gin fumes riding the outbound train of his exhalation. She was always going to assume the worst; if he and Danny got in a car accident with a drunken blindman who had a stroke just before the collision, she would silently blame Danny's injuries on him and turn away."

    Наместо да му биде потпора на Џек, таа постојано се сомневаше во него и како да сакаше да избега од бракот. Многу ми беше себична. Во сите ситуации прво размислуваше како самохрана мајка, а не како сложно семејство.
    Што се однесува до Дени, особено ми се допадна како беше дадена неговата перцепција на настаните. Беше даден убав приказ за тоа како размислува детската глава преку тоа како ги доживеа некои работи.

    "But despite Daddy's careful explanations, Danny was scared. There didn't seem to be any difference at all between LOSING YOUR MARBLES and HAVING A BREAKDOWN, and whether you called it a BUGHOUSE or a SANNYTARIUM, there were still bars on the windows and they wouldn't let you out if you wanted to go."

    Халоран како лик ми се допадна, особено начинот на кој комуницираа со Дени. И некако имав чувство дека со целата негова пожртвуваност за ова семејство, сака да се искупи за претходното семејство кога не направил ништо да го спречи она што го предвидел.

    Мислам дека главниот адут на книгава не беше морничавата приказна, туку самите ликови. Како Џек, Венди и Дени се опседнати од хотелот, секој борејќи се со своите внатрешни демони. Кај секој од нив стравот имаше различна форма и сите различно ги доживуваа непредвидливите настани.

    Јас ѝ давам четворка.
    Единствено не ми се допадна темпото на настаните и тоа што некои работи се повторуваа повеќе пати.

    Инаку, уште пред да ја почнам знаев како ќе заврши (заради спојлерот на Џои :lol: )
    [​IMG]
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.753
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Сјаење - Стивен Кинг)

    А како треба да се искупи Џек со тоа што му ја скрши раката на детето во налет на бес? Не го удри, не го потчукна, туку му ја скрши раката. Нереално ќе беше Венди безрезервно повторно да му ја даде довербата на Џек. Мајка не може преку такво нешто да помине и да го заборави.
    Џек беше во постојана борба со себе си. Кој може да каже дека немаше пак нешто да го турне во работ и пак да го повреди Дени? На крај она остана разумна и се бореше до крај за детето. Не дека не направи грешки, ама даде се од себе. Џек само се препушти на темнината на хотелот, дозволи да го проголта.
    Среќа што не сум го видела спојлеров, инаку немаше да се нафатам да ја читам. Мразам да читам нешто ако знам како ќе се заврши. :wasntme:
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Сјаење - Стивен Кинг)

    ^ Точно, јас не ја оправдувам постапката на Џек. Ама она што ме нервираше кај Венди е тоа што постојано го кочеше Џек во тоа да стане подобар човек. Со тоа што цело време ја покажуваше недовербата и сомнителноста, направи тој самиот да се посомнева во себе и да се обесхрабри, затоа што сфати дека никогаш нема да биде доволно добар за неа. На крајот на краиштата, како еден брак може да опстои ако недостига доверба од едната страна? Венди можеше да се разведе од него после таа случка. Вака изгледаше како да му дала уште една шанса, а всушност од самиот старт ја скрои иднината на нивниот брак.

    А за спојлерите - Little women дефинитивно нема да ја читам, премногу информации дознав заради Рејчел :lol:
    [​IMG]
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Сјаење - Стивен Кинг)

    Јас овојпат предложувам нешто малку поинакво од тоа што досега сме го читале во клубов - Black Lies од Alessandra Torre. Книгава е прилично нова, ама има торент за да ја симнете, еве линк. Има многу добри коментари, во глобала се пофалби, ама има и по некоја критика. Па се надевам дека нема да биде лош избор. Сите вие што сте заинтересирани за сплет од мистерија, романса и еротика - повелете на читање :)
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Black lies - Alessandra Torre)

    Феминки, како оди книгата?
    Јас сум во втора половина, деновиве ќе ја дочитам и здравје во среда планирам да пишам критика. Нема да бидам тука деновиве, а од мобилен немам нерви да куцам толку многу. За импресии ми се чини рано е, ама фаќам забелешки на страна, зашто ми се чини дека нема сé да запамтам.
    За следна недела вие предложете, да не бидам досадна јас :) Башка претчувствувам дека лош избор имав за оваа недела, ама ќе видиме :wasntme:
     
  8. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    17.158
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Black lies - Alessandra Torre)

    Јас сум скоро до половина. Ова ми е втор обид да читам книга на англиски, првиот ми беше неуспешен. Не дека не разбирам англиски, ама не знам зошто чудно ги доживувам книгите. До мене ли е, до книгите ли е, стварно не знам. :?: :$

    Досега не сум нешто многу импресионирана ни од приказната, ни од ликовите, но рано е. И јас до среда би требало да ја дочитам, па ќе споделам импресии. :)
     
  9. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    17.158
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Black lies - Alessandra Torre)

    Јас денес ја дочитав книгава, па ќе ги пишам моите впечатоци.

    Книгата во целост не ми се допадна. Ја прочитав многу брзо, во исчекување нешто да се случи, бев љубопитна да прочитам што е всушност тајната. Околу тоа, мислам дека одолговлекувањето на откривањето на тајната беше сосема непотребно. Со исклучок на неколку добри дијалози, не ми се допадна многу стилот на пишување и начинот на раскажување. Исто така не ми се допадна временската рамка, цело време се навраќав на почеток, па ги поврзував настаните. Многу, ама многу работи ме иритираа во книгата. Едноставно, полна е со нелогичности и не е реална.

    Што се однесува до тајната... Добра идеја, ама мене некако ми беше неспојливо со целиот тој сплет на еротика и романса.

    Потоа ликовите... Толку ми беа апсурдни, несфатиливи, конфузни, неизградени до крај.
    Да почнам од Лејана... Дознава дека Брент има ДИД и што прави? Ја чува тајната две години и не презема ништо за да му помогне, се до оној момент кога Ли бара од неа да одлучи.
    Брент... Опишан како екстремно интелигентен, 20 години не се запрашал какви медикаменти всушност пие? Исто и неговите родители, фрустрирачки е фактот што безрезервно ѝ веруваат на Џилијан и ѝ го препуштаат својот син, како да се слепи и глуви и не забележуваат што навистина се случува.
    Друга работа... Сите овие личности каде живеат? Во вакум? Под стаклено звоно? Брент е познат, милионер, компјутерски гениј, јас си го поистоветив со Бил Гејтс. И никој, никогаш, ниеднаш не го препозна како Ле. Освен можеби Џилијан им плати на останатиот дел од градот да ја чуваат тајната? :?: :!:
    Крајот беше добар, но според мене Џилијан не е едиствената која требаше да заврши во ментална болница. :)

    Сума сумарум на се, од мене има една двојка.
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Black lies - Alessandra Torre)

    Јас малку доцнам со критиката, ја ветив за вчера. Ама морав малку да ги потсредам импресиите, бидејќи сите забелешки кои ги имав во текот на читањето, пропаднаа во вода откако стигнав до последната третина од книгата. Добив одговор на прашањата кои си ги поставував и објаснување за настаните кои отпрвин ми делуваа чудни, дури и глупави. Сé она за кои ќе се распишував во темава, веќе доби смисла.

    Додека не дојдов до моментот кога почна сé да се расветлува, имав чувство дека сум одбрала прилично глупава книга, многу слична на Raw. Си реков: Па добро, ако ништо друго, стилот на пишување не е нималку лош. Многу ми се допадна начинот на кои беа доловени одредени ситуации. Не беа само нафрлани зборови и настани опишани на најпрост начин. Штета што не ги запишав на страна оние цитати кои ми оставија впечаток.
    "His focus best in the morning, when he woke me with gentle swipes of his fingers through my hair, soft kisses placed on the surface of my skin. I’d roll into his arms, and there we’d spend an extra hour in bed, blinking the sleep from our eyes as the warmth of coffee flooded our veins."

    "The light in my heart faded slightly, and I pushed myself up, stealing a kiss before the emotion hit my eyes."


    Имаше и поубави. Малку ме потсетуваше на God-Shaped Hole од тој аспект. Дури и најмалите ситници беа префинето дадени.

    Откако ја дознав ситуацијата со Брент, ја добив целосната слика, па почнав да си го враќам филмот на некои настани, дури и да препрочитувам страници.
    Знаев дека постои некаква поврзаност помеѓу Брент и Ли, кога Џулиен ѝ рече на Лајана: “Lee is the weakest of them. A couple of them have been… ugly. Violent. You can’t save them all. You snagged Lee, congratulations. Don’t get cocky and think that the next boy will be the same. The next boy is just as likely to bend you over and rape your ass.”
    Само што, мене претпоставките ми одеа во сосема друга насока.

    Единствено не ми се допадна тоа што тајната на Брент како носечки темел на книгата, беше единствениот мистериозен момент. Ми недостигаа сплетки и интриги, нешто кое ќе ми побуди љубопитство, па нема да сакам да ја пуштам книгата од раце. Ми недостигаа малку повеќе настани и приказни. Некако имав чувство дека сé се врти околу психолошката состојба на Брент.

    Да ме прашавте во првите две третини од читањето, на книгава ќе ѝ дадев една двојка. Ама сега давам една солидна четворка. Освен стилот на пишување, ми се допадна и темата која ја разработува, бидејќи ја сакам психологијата.
    Од книгава може да произлезе една долга дискусија за DID. Tell Me Your Dreams од Шелдон беше прва книга што сум ја прочитала која ја разработува оваа психолошка состојба, па ме поттикна да истражувам малку повеќе. Ова е малку контроверзна тема, сé уште се поделени мислењата за тоа дали навистина постои, од што произлегува, како и дали воопшто може да се излечи.
     
  11. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    17.158
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Black lies - Alessandra Torre)

    Глава 41! :) Во обид да сфатам тогаш која е поврзаноста меѓу нив ја прочитав може 6-7 пати, дури не ми се потрошија сите претпоставки (дека е геј, дека има брат близнак и сл.) и ни на крај на памет не ми падна дека се работи за ДИД. Тоа може да кажам дека ми беше единственото позитивно нешто во врска со книгава, тоа што не беше предвидлива, тоа што ме изненади. :)

    Како што кажав погоре, темата за ДИД ми беше несоодветна за ваков жанр на книга. Можеби па и дека ја споредувам со горенаведената книга од Шелдон, што ми е една од омилените. Мислам дека впечатокот ќе ми беше многу попозитвен доколку имаше малку повеќе акција, настани, како да немаше заплет книгата. За некој што првпат чита книга со ваква тематика, верувам дека ќе биде импресиониран, претпоставувам од таму произлегува и високата оцена на гр.
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Black lies - Alessandra Torre)

    За тоа дека недостасуваат настани и сплетки - и самата нагласив. Во тој дел се согласувам.
    Ама мене па баш изборот на жанр ми се допадна. Затоа што ако беше во форма на трилер, ќе беше веќе видено. Затоа Шелдон го предвидов, а овде бев изненадена. Во глава имав еден куп possible scenarios, од кои ниту едно не испадна точно. Баш со Tell Me Your Dreams престанав да го читам Шелдон, од причина што дојдов до точка кога после неколку негови книги, почнав да однапред да го предвидувам крајот. Може некогаш ќе се вратам на него, ама засега ми стои во ист куп со Агата Кристи.
    Инаку за оценките на гр - прво мислев дека луѓево се импресионирани од еротските сцени, ама како што читам низ коментариве, позитивниот впечаток го прави разоткривањето на тајната на Брент.
     
  13. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    17.158
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Black lies - Alessandra Torre)

    Феминки кога нова книга? Набрзо или да барам некој предлог наназад во темева? :)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.753
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Black lies - Alessandra Torre)

    Јас луѓе сум ужасно многу зафатена периодов. Не верувам да се ослободам до наредната недела. Не стигнав ни оваа да ја прочитам. :(
    Ама вие одберете нешто, па јас кога ќе се ослободам ќе надокнадам.
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Black lies - Alessandra Torre)

    Еве јас ја предложувам The Ocean Between Us од Susan Wiggs, jас таа моментално ја читам. Со тоа што, пожелно е прво да ја прочитате The Story Of Us, бидејќи таа ѝ претходи на оваа, како вовед е во приказната. Ама тоа е книжуле од 60тина страници, за пола ден се чита. Јас сум моментално до 13% со поголемата книга и добра е сега за сега. Се работи за navy families, паралелно следи неколку ликови.
    Ако имате други предлози, слободно пишете.
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    17.158
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Black lies - Alessandra Torre)

    Ана имаш торент за книгите? Пробав да најдам, ама се спуштија еден куп глупости, освен книгите. |(
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Black lies - Alessandra Torre)

    И јас малку се намачив за да ги најдам, антивируснава се шекна! |(

    Еве линкови: The Story Of Us, The Ocean Between Us. Ги има и во pdf и во epub формат.
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Јас ја завршив книгава, ама ќе ја ставам во спојлер критиката бидејќи ќе откријам многу од настаните.
    Не се штедев воопшто на зборови, ете до толку ми се допадна :wasntme:

    Ова е прва книга која разработува вакви настани што сум ја прочитала, и морам да кажам дека ми се допадна премногу. Ми ја исполни душата со топлина, а истовремено и ме растажи и ми го скрши срцето. Премногу се приврзав на ликовите и некако многу блиску ја почувствував нивната приказна.
    Раскажувањето беше глатко и во ниту еден момент не почувствував досада. Баш напротив. Едвај чекав да видам како ќе се одвиваат настаните понатаму.

    Сé што знаев за припадниците на воените морнарици пред да ја прочитам книгава, беше тоа дека се посветуваат себеси за да ѝ служат на државата, изложувајќи го својот живот на ризик. И кога и да прочитав некоја статија за загинати војници, прво што ми поминуваше низ глава беше тоа колку им е тешко на нивните семејства да се помират со таквата загуба.
    Ама после книгава, сфатив дека таквиот номадски живот постојано носи загуби. Отпрвин имав впечаток дека таквото непрекинато преселување од место во место е многу авантуристички и никогаш досадно. Мислам дека ни самата не бев свесна колку е всушност тешко постојано да се живее во привремен дом, сé додека не дојде овој момент: Grace wondered what it would be like to live in a place where you could plant a garden and still be around to see how it turned out.

    Тогаш низ глава ми поминаа сите недостатоци што сам по себе ги носи тој живот. На секои 2 до 3 години ја менуваш целата рутина во која си живеел. Местото на живеење, домот, климата, соседите, пријателите, училиштето... буквално сé. На секои 2 до 3 години учиш како да функционираш во новата средина, со постојана помисла дека сето тоа е привремено и не можеш да си дозволиш долгорочни планови врзани за просторот. На секои 2 до 3 години, некогаш и против своја волја учиш да го сакаш новото место на живеење и од куќата да направиш дом. А тоа не е ни малку лесно.

    Во меѓувреме годините поминуваат, а луѓето кои како служба кон државата заминуваат во мисија, пропуштаат многу од животот на нивните семејства. Првите зборови, првите чекори, првите запчиња, првите училишни денови... сите тие убави нешта во најголем дел таквите родители ги доживуваат само преку телефонски повик или имејл. Не можам ни да си замислам колку е тешко да не бидеш дел од тие убави спомени на семејството.

    А ми се чини дека уште потешко е да бидеш од другата страна. Половина од годините во брак, ги минуваш будејќи се и заспивајќи во кревет каде другата половина е празна. Половина од спомените, не ги делиш со љубениот. Половина од животот го минуваш без него. Половина од времето си самохран родител. Постојано чувствуваш дека некој друг ти го диктира животот и како да немаш право на свои желби и мечти. Постојано се трудиш да се вклопиш во системот, ускратувајќи ги задоволствата кои би можел да ги имаш.

    И мислам дека сите такви жени доаѓаат до точка кога сфаќаат дека животот им минал низ прифаќање на туѓата волја. Притоа, низ сите обиди да се приспособат на таквиот живот, се изгубиле себеси. Затоа што заборавиле какво хоби имале, што сакале и за што сонувале.
    А откако Џош се појави во целата приказна, мислам дека Грејс доби wake up call дека нешто недостасува во нејзиниот живот. Некаква страст кон нешто, некаква пасија која ќе ја негува преку неуморна работа. Нешто на кое ќе се оддаде и посвети максимално. Нешто кое ќе го создаде сама и ќе биде горда на тоа. Нешто свое.

    Отпрвин мислев дека настаните ќе се движат во малку поинаква насока. Очекував феминистичка книга во која овојпат жената ќе ги земе сите конци во рака и ќе докаже дека може да направи нешто сама, без постојано да биде флексибилна кон мажот и неговата работа. Ама мило ми е што приказната се задржа во рамките на семејството.

    Грејс ми беше права хероина - жена која целосно отцепена од нејзиното семејство од кое не добива никаква поткрепа, и маж кој половина од времето е во мисија, успеала да изгради хармонично семејство и да израсне и воспита три деца. Мошне млада и без поддршка на семејството влетува во таков брак, ама брзо успева да се вклопи во таквиот систем. Целата приказна за Грејс и Стив ми беше многу симпатична. Имаше некоја топлина и убава енергија што ја впивав додека ја читав.

    Јас да ја пишував, и самата немаше подобар тек на настаните на напишам. Не успеав ништо од тоа да предвидам. Мислев дека Стив ќе инсистира Брајан да замине во Академијата, затоа што понекогаш родителите се толку заслепени од тоа децата да ги следат нивните чекори, што не можат да ја видат нивната вистинска дарба и талент.
    И мило ми е што се расчисти целата ситуација со Ема и што се врати на она што беше - самоуверена и храбра девојка. Мислам дека тогаш сфатив колку еден таков настан може да влијае врз нечија личност. Колку може некој целосно да се смени откако ќе му се случи некоја немила случка.
    Мислев и дека бракот на Грејс ќе се разниша откако го запозна Рос, ама испадна дека тој човек влегол во нејзиниот живот во вистинскиот момент, за таа да сфати што навистина сака.

    Ми се допадна и приказната на Џош и Лорен. Како некоја тинејџерка се почувствував додека го читав нивното запознавање и сите настани што следуваа :wasntme:

    Ми се допадна и хуморот :)
    Неколку цитати што ги издвоив:

    With growing exasperation, she scrolled through promises to reduce her home mortgage, enlarge her penis and find her a Russian bride. (и одма ми поминаа слики од досадни вируси во форма на реклами што ги среќавам :lol: )

    It was awkward, talking to Grace through the kids. She wasn’t helping, either, sitting there as neutral as Switzerland. (неутрална како Швајцарија бе, леле, терминов прв пат го среќавам :D )

    “Welcome to the class. I think you’ll be glad you joined. Before you know it, you’ll have arms like Demi Moore’s.”
    “What, do you know her surgeon?” :rofl:

    И уште еден цитат кој ми се допадна:
    Walking through other people’s homes made Grace feel as though she was visiting a foreign country with customs and habits she barely understood. She loved to study the gardens with perennials, displays of family photographs showing generations growing up in the same place. She was intrigued by the permanence of their way of life, and she studied it like an anthropologist researching a different culture.

    Сума сумарум - прекрасна книга.
    Од мене чиста петка, затоа што не најдов ниту едно нешто што би го сменила.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.753
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Јас ја прочитав воведната приказна и сега поминувам на книгата. Според петкава што и ја даде Ана, а и според првата книга очекувам навистина добра содржина.
    “One advantage of marriage, it seems to me, is that when you fall out of love with him, or he falls out of love with you, it keeps you together until you maybe fall in again.”
    ―Judith Viorst
    Одличен цитат.
    Ќе ја дочитам книгава, па ќе пишам мислење. :)
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    И јас бев зафатена летото,а слободното време читав македонски книги што можат да се држат в раце :D
    The Shining гледан ми е филмот,книгата ја почнав ама искрено не ми го задржа вниманието,можеби дека не сум фан на тој жанр.
    Оваа што ја предложи Ана ми изгледа доста интересна,така да ќе се дружам повторно со вас и лаптопот :lol: