1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.753
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Јас, за разлика од Ана, имам неколку забелешки за книгата.

    Прво, мене лично, ми беше некако предолга и имаше доста повторувања. Navy wife, navy life, се некако истиот концепт се вртеше со малку изменети реченици. На крај бев Okay, we get it, move on, jeeez...
    Ми стана досадно негде пред средината морам да признаам.
    Имаше топлина, апсолутно се согласувам, пред крајот, кога Стив исчезна почнав да си липам, па кога им се јави, па Џош кога и се јави на Лорен, можеше да се осети нивната болка, навистина беше трогателно. Не знам како се нафаќаат така да живеат, браво за силата и храброста. И за жените и за офицерите.

    Мене воопшто ништо не ме изненади во книгава, ниту една единствена работа, се си беше како што очекував. На крајот некако премногу бргу се решија работите, на 85 посто одма ја средија работата со силувањето, се врати Стив, реши дома да си остане и си живееја среќно засекогаш. Морам да кажам дека ми беше нереален крајот. Знаев дека така ќе заврши, ама потајно се надевав дека нема. Цел живот посветен на службата, ги пропушти сите моменти од животот на децата и кога реши да се врати дома? Кога пораснаа децата и заминаа на колеџ. Хммм...
    Или можеби зашто виде дека Грејс е сосема во ред и без него, дека си направи живот за себе, па реши да не ризикува повеќе... Повеќе ќе ми се свиѓаше да се вратеше и да го завршеше тоа што го почнал и на што му го посветил животот. Ќе можеше повеќе да биде таму за Ема, да и помага.

    Друга работа. Грејс кога беше млада девојка сакаше да направи нешто со себе и со својот живот, затоа не сакаше да се мажи. А што всушност направи? Му се предаде на мажот и го следеше како слепо кутре. Затоа после ја удри средовечната криза, зашто не беше тоа што она всушност го сакаше, ама беше премногу заслепена.
    Има тројка од мене книгава, ми се допадна, ама не сум нешто посебно фасцинирана. Интересна тема, нешто за што немам читано многу, па од таа страна добро ми дојде.

    Како Ана не си слушнала за неутрален како Швајцарија, па и вака се употребува во говорот. :wasntme:
    И за следна книга што правиме?
    Јас се мислам да ја читам од Лоренцо каркатера The wolf, ако сакате да смениме малку жанр, нема некоја добра оцена на гр, ама ми се свиѓаат неговите книги.
    И предложете нешто што ви се чини интересно. :)
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Мислам дека целата несреќна случка со Стив беше клучниот момент зошто на крајот донесе таква одлука. Затоа што колку и да си психички подготвен за она што следува и си свесен што може да се случи, факт е дека нешто се менува кај човекот кога ќе ѝ погледне во очи на смртта. Кога се бориш и грабаш за живот, добиваш сила што не си знаел дека ја имаш и во глава ти прелетуваат сите најважни нешта за кои вреди да живееш. Тогаш се менува перцепцијата на човекот и станува свесен за некои работи.

    Јас очекував малку потрагичен крај, мислев дека Стив ќе загине и дека само Џош ќе се врати. Па можеби така Џош ќе се зближи со остатокот од семејството. Ама добро, имаше и нешто трагично во крајот, Мајкл загина. Ептен ми падна жал кога Патриша рече “I sent Michael an e-mail, telling him about the baby, I’ll never know if he saw it.” (во кој му кажува дека ќе имаат син). И си помислив колку татковци никогаш не дочекале да ги запознаваат своите деца, затоа што прерано заминале од овој свет.

    А во ликот на Грејс мислам дека не се отсликани само оние жени кои ништо не работеле во животот. Има и многу такви кои направиле некаква кариера, ама сфатиле дека малку скршнале од патот затоа што одредени животни одлуки, ги донесувале ставајќи го во преден план семејството и нивните потреби, наместо сопствените желби.

    Јас лезетски и полека си ја читав книгава, можеби затоа не почувствував момент на досада и не приметив дека некои работи се повторуваат :?: Многу се приврзав и соживеав со ликовите, па ме натера малку повеќе да истражувам за ваквите семејства, чии приказни во реалниот живот за жал немаат секогаш среќен крај.

    За следнава недела вие бирајте :)
    Јас моментално ја читам The First Last Kiss, ама ќе ве следам со која и да ја одберете.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.753
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    ^Се повторуваа, кога се зборуваше за navy life, постојано беше истото, психолошките моменти беа истите.
    Јасно ми е кој беше одлучувачкиот момент за Стив, ама мене не ми беше премногу веродостоен. Во 20 години служба видел и премногу работи сигурно, едноставно не го проголтав тоа дека туку така се откажа. Поготово што и за тоа служеше, за да може да спасува животи, баш како што направи во клучниот момент. Баш тоа требаше да му ја зголеми желбата да остане.
    На Грејс не мислев како на жена што ништо не работи. Мислев на неа уште како млада девојка, имаше сосема поинакви желби. И го утна патот едноставно.

    Добра книга читаш, мене ми остави голем впечаток приказната, не знам, можеби така ме погоди во некој момент додека ја читав. :)
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Да, ама па често туѓите судбини ни делуваат далечни, сé додека не дојде моментот да се најдеме во истата ситуација. Никогаш не е исто. Колку и да си видел во животот, кога на своја кожа ќе почувствуваш, сфаќаш дека не си видел ништо. Ситуацијава си ја сврзав со многу сличен настан што се случи во моето семејство, па може затоа ја разбрав одлуката на Стив.

    На The First Last Kiss ептен скептично ѝ пријдов, изгледа прерано ја осудив и тоа според корицата :wasntme: Ама ќе видиме како ќе се покаже.

    А за книгава што ја предложи читав коментари, јас искрено не сум многу по мафиозо книги (ниту филмови), ама во последно време приметив дека читам книги малку нетипични за мој вкус, па what the hell :D
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.753
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    ^Знам дека треба да осети човек на своја кожа, ама реално колку од работите што ги читаме во книгите сме ги осетиле? Зависи и од авоторот како ќе ги прикаже ликовите, колку ќе ги доближи до читателот и ќе ги направи нивните одлуки believable. Ете, оваа книга didn't do it for me. :)
    Јас почнав да ја читам The Wolf, така занимлива е на почетокот. Ајде па, и мафиозо ова она, да се размрдаме. :rofl:
    Нека се изјасни и уште некој, да не има интересен предлог. :wasntme:
     
  6. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    17.158
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Јас во недостиг на време ја прочитав само првата книга, па само неа ќе ја коментирам. И мене ова ми беше прва прочитана книга со ваква содржина, ја прочитав во еден здив. Во ниту еден момент не ми беше досадна, ми се допадна стилот на раскажување, се соживеав со ликовите, многу блиску ја доживеав нивната приказна и иако толку мала, изобилува со прекрасни цитати и дијалози.

    Откако ја прочитав книгата, долго размислував за начинот на живот на воените припадници на морнарицата. Не сфаќам како се одлучуваат за таква професионална определба и за таков живот, но секоја чест за нивната храброст и за жртвите кои се спремни да ги поднесат за да ѝ служат на својата држава. Секоја чест за нив, но и за нивните семејства!

    Љубовната приказна на Грејс и Стив ми беше многу слатка и симпатична. Но Грејс како лик не можев да ја сфатам баш. Се додека не го запозна Стив живееше живот каков што ѝ наметнувале нејзините родители, трудејќи се да биде ќерка за пример и никогаш да не ги разочара, но со желба да направи нешто повеќе од себе и од својот живот. А што прави всушност? Брзоплето влетува во брак без никаква поддршка од нејзиното семејство, заминува во друга земја и започнува да живее живот каков што наметнува професијата на Стив. Но, понатаму станува хероина - како што кажа Ана, како таа да беше мажот во книгата! Многу брзо се вклопи и го прифати таквиот начин на живот, стекна пријателки кои минуваат низ истото и знаеше што да очекува од нејзиниот живот понатаму. Му се посветува максимално на својот сопруг во времето кога е со неа, му ја дава својата поддршка, подоцна им се посветува на своите деца, ставајќи ги сите нејзини желби и потреби во втор план.

    Втората книга не би да ја читам, ги прочитав вашите критики и од прилика јасно ми е што се случило. Првата книга од мене има солидна 4ка, затоа што прв пат се сретнувам со ваква тематика која патем е одлично доловена, премногу ми се допадна нивната приказна и ми го стопли срцето додека ја читав.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.753
    Пол:
    Женски
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    ^ Јас ако треба да бирам меѓу мафијаши и зомби, првото би го одбрала :wasntme:
    Ја почнав Walking Dead серијата и ја прекинав после некоја епизода, не е по мој вкус.
    А Реин ја почна The wolf? Како ти изгледа?

    Инаку бидејќи ја читавме Сандра Браун во клубов, едно инфо - на 30 септември ќе одговара на прашања, можете да ѝ пишете. Кликнете Join Group на The Interrogation Room, тука ги има сите
    дискусии :)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.753
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Ја почнав, до десет посто сум, ама некако не ми иде. Не ми е ко другите негови книги.
    https://www.goodreads.com/book/show/187 ... night-rose
    А Полноќнава роза? Баш сакав да ја читам следна.
    Може ќе се заинтересира и некој друг зашто е преведена кај нас.
    Ако не па дај Ана некој предлог. Јас сакав некој опасен трилер, ама разочарување ми се некако во последно време, нема оригиналност.
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Полноќна роза делува интересно, башка што има наш превод, па ќе можат повеќе феминки да се вклучат. Одамна немам читано нешто историско, само од гр апликацијава не можам да видам што жанр е, не пишува :?:
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Сега видов што жанр е книгава (касно е да реадактирам).
    Ама видов и колку страници е, ќе ја читаме малку подолго.

    Реин за трилери јас ептен имам мерак и периодов барав низ гр интересни книги. Најдов многу, ама 90% од тие книги се во склоп на цели серијали. Од тие што не се, во to-read листата сум ги ставила овие:
    Black for Remembrance
    Night Film (и оваа е малку подолга, ама кратката содржина ептен ме заинтригира)
    The Silent Wife (читав низ коментарите споредби со Gone Girl, ама па други викаат дека немала врска со таа книга)
    The Black Hour (оваа е малку понова, ама ја најдов на kickass, а има и добри коментари на гр)
    Invisible (исто понова, и искрено кратката содржина ми делуваше клише, еден куп такви книги имам прочитано, ама па коментарите се многу позитивни)
     
  12. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    17.158
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Феминки, што и да одберете мене ми одговара, ќе ве дружам - не се сомневам во вашиот вкус. ;)

    Само би ве замолила, како поискусни во онлајн читањето, да споделувате линк или торент каде може да се најде книгата. Зошто јас очигледно поим немам каде да барам, ја барав претходната книга да ја спуштам, сум спуштила еден куп вируси, па дури и мораше да се преинсталира компјутерот. :wasntme:
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    ^ Обично пуштаме торенти во темава за книгата што е одбрана.
    A ако сакаш нешто по твоја желба да читаш и не можеш да ја најдеш книгата, слободно пиши ми, јас ќе се обидам да ја најдам.

    Инаку, друг трилер што ми текна во меѓувреме што го има кај нас - Алекс од Пјер Леметр.
    Знам дека беше меѓу популарните книги на Саемот, има позитивни коментари, па ако не сте ја читале можеме таа да ја одбереме. Таман ќе можат и други читателки од форумов да ни се придружат :)
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.753
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Јас сум ја читала. :wasntme:
    Уште се мислам за Полноќна роза, сме ставале пообемни книги и порано. Ама ако се јави некој за Алекс може и таа да се стави, па јас само со коментирање ќе се приклучам. :)
     
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Нова сум на форумов.Сакам да се приклучам на book club но не можам да ги најдам книгите.Може помош?
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    На 42ра страна во темава имам поставено линкови за The Story Of Us и The Ocean Between Us. Ама тие веќе ги прочитавме и коментиравме, сега треба нова книга да одбереме, можеш за таа да ни се приклучиш :)
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    17.158
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Девојки што одлучивте? Mене ми се допаѓаат коментарите и за двете книги, и двете би ги читала... Нека биде едната, па другата - наредната недела...
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Јас ја почнав Алекс, засега е прилично интересна. Типичен трилер :)
    Нека одлучи Реин за следна книга, последните неколку книги беа по мој предлог. За која и да се одлучите ќе ја читам.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.753
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Нажалост, не можам да најдам торент од Полноќна Роза. Види Ана побарај дали ќе успееш, ама ко што ми изгледа сите ги тргнале.
    Еве друг предлог.
    https://www.goodreads.com/book/show/11468237-the-thread
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Јас може преку 20 линкови отворив, ама секаде се плаќа :?: Дури ни на вируси на наидов.
    А The Thread делува интересно, јас од Викторија Хислоп сакав Остров да ја читам, има позитивни коментари нејзиниот стил на пишување. Конкретно за The Thread прочитав дека е и подобра од Остров.