1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.738
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Us - Susan Wiggs)

    Ја имам читано Остров уште одамна и знам дека многу ме трогна, мислам дека треба да ја прочиташ. :)
    Ајде ќе видиме со оваа како ќе биде.
    http://thepiratebay.se.unblock.to/torre ... arbie1710_
    Еве торент, ја има и Остров тука.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.738
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The Thread-Victoria Hislop)

    Тешко иде некако со книгава, м? Јас сум до половина, 50 посто. Интересна ми е, ама на моменти се чувствувам како да читам учебник по историја, тие моменти некако не се добро вклопени во приказната. Сепак, кога ќе ја дочитам ќе пишам соодветна критика. :)
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The Thread-Victoria Hislop)

    Тоа баш сакав и јас да пишам - некако на сите ептен споро ни оди :)
    Јас сум до 83%, не дека ми е досадна, ама толку долго не сум читала книга (освен некоја што има 600-700 страници). И некако се заситив од приказната, едвај чекам да почнам нешто друго.
    Инаку мене не ми е толку лоша, ми се чини дека моментално ова што го читам ми е најинтересниот дел од приказната. Имам забелешки, ќе пишам целосна критика деновиве.
     
  4. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    17.158
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The Thread-Victoria Hislop)

    И јас како Реин сум до пола, ама не верувам дека ќе ја дочитам. Обично книга што нема да ме привлече во првите 50тина страници ја оставам недочитана, а на оваа ѝ дадов шанса и повеќе од тоа. :)

    И мене до каде што прочитав ми беше како што рече Реин - како учебник по историја да читав. Верувам дека е приказната интересна, но стилот и начинот раскажување ми беше монотон и досаден. Дејствието во книгата се случува во толку турбулентен историски период, време на војни и други непогоди, ама ништо од тоа не ми беше доловено како што треба (не го почувствував стравот на луѓето, паниката, тагата кога го напуштаат своето живеалиште...) барем до каде што прочитав.
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The Thread-Victoria Hislop)

    Јас синоќа конечно ја дочитав.

    Не е прв пат да читам книга со ваква тематика и обично секогаш премногу сум се соживувала со судбината на луѓето кои настрадале во војната и сум била многу благодарна што живеам во поинакво време. Меѓутоа во оваа книга ми недостасуваше таа жичка, како да не побуди емпатија кај мене. Можеби затоа што не беше ставен доволно голем акцент на тие делови од книгата, туку како само попатно да беа спомнувани. На моменти се запрашував што е всушност целта на писателкава, што конкретно сакала да биде во фокусот на оваа книга, бидејќи некако се беше расплинила со настани и ликови. На крајот сфатив дека можеби главниот лик сакала да биде токму Солун, како град кој преживува окупација, војна, а на крајот и земјотрес.

    Генерално стилот ми се допадна. Има книги кај кои веднаш забележувате колку претпазливо се напишани и колку секој збор е внимателно избран. Меѓутоа, некои делови од книгата како да беа напишани од сосема друг писател. Деловите каде е опишана војната, некако не ми се вклопуваа во приказната. Имав чувство дека читам исечоци од весници од тој период. Многу некако беа нафрлани податоците, како целта да била чисто информативно да дознаеме кој бил на власт, какви односи имале десница-левица меѓу себе, како биле малтретирани комунистите и слично.

    Ми имаше некои нелогични делови во книгата - на пример, откако се разделуваат во родното место, мајка ѝ на Катерина никогаш, ама баш никогаш не изразува желба да си ја види ќерката? Половина книга бевме во исчекување дали ќе се пронајдат, дури и ми се стопли душата кога го читав делот каде успеваат да ги поврзат, за на крајот мајка ѝ на Катерина да ѝ рече: Седи си ќерко таму, гужва е
    овде? :^) Многу ми беше бесмислен тој дел. На крајот кога мајка ѝ умира и Катерина добива писмо од сестра ѝ, и самата вели дека сестра ѝ е странец за неа. Не ми беше јасно како може целиот живот да им помине без ниту една од нив да изрази желба да се видат барем еднаш. Сепак, семејство беа, иста крв, а како да не им беше грижа за тоа. Катерина ја прифати Еугенија како своја мајка, небаре е сираче.
    И малку ме изнервира таа нејзина неблагодарност, кога сосема при крајот го наоѓаат парчето од ракавот на Леонидас, и седи делот дали е копчето сребрено, а таа вика:

    ‘Well, I think it might be,’ said Katerina. ‘But that’s not why it’s valuable to me. It’s because I feel that piece of sleeve saved my life, and reminds me of the greatest kindness that’s probably ever been shown to me.’

    И во ред е сето тоа, Леонидас ѝ го спаси животот, ама Еугенија ја одгледа како своја ќерка. Ја прифати како свое чедо, се жртвуваше за неа, делеше од нејзина уста за да ја нахрани, а Катерина како сето тоа да го заборави.

    Кога сум веќе кај Еугенија, ми беше малку чуден и тој момент - се омажија Марија и Софија, и после како да испарија во воздухот. Изнародија деца, а мајка им во ниту еден момент во книгава не им отиде во посета, ниту пак тие кај неа.

    Си викам, можеби мене од сегашна гледна точка сето тоа ми е чудно, ама па можеби во тој период така функционирале работите. Сепак, мајчинството ми се чини дека ништо не може да го побие, ниту времето во кое живееме, ниту околностите.

    Исто така, малку ми беше чудно како се разреши целата ситуација со мажот ѝ на Катерина. Дојде Димитри, Катерина остана бремена од него, а кога го сфати тоа и сакаше да изведе нешто, мажот ѝ умре во постела. И така лесно се реши тој проблем. На крајот дури и смешно ми беше кога Димитри после 2 години доаѓа кај Катерина, го гледа детенцето, ѝ вика: Не знаев дека имаш дете, оваа му одговара: Твое е, и тука сите се гушкаат и седнуваат да вечераат.

    Инаку, ликовите ми се допаднаа. Баш ми беа поделени како олицетворение на двете страни на паричката. Стилот иако не беше лош, малку не е по мој вкус, бидејќи сакам книги со побрзо темпо.
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.738
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The Thread-Victoria Hislop)

    Книгава воопшто не беше тоа што очекував. Прилично сум разочарана.
    Замислата ми се допадна, ама не и нејзината реализација. Можела подобро да ги вклопи историските моменти, не вака сувопарно, ги направила досадни. Приказната се влечкаше и се влечкаше и се влечкаше... Дури и кога се случуваше нешто беше исто како да не се случува, напишано со истиот монотон стил.
    И ликовите не ми беа сосем разбирливи. Еугенија туку така ја прибра Катерина, во време кога едвај имаше облека на себе. Што знам, некако без многу причини, само ете, така е напишано и ние како читатели мораме да го прифатиме. Се согласувам со Ана за нејзината неблагодарност. Ама тоа беше исто и за неа како и за Еугенија, се случи и тоа беше тоа.
    Навистина чудна книга. Со интересна приказна, ама лошо раскажана.
    Плус, близначките нели беа различни, само си личеа физички, на крај двете исто се направија во животот. И каде им беше разликата во карактерот?
    2/5 има од мене книгава, само поради добрата идеја, ништо повеќе.

    Нова книга за следната недела е Before I Go to Sleep - S.J. Watson.
    http://tuebl.ca/books/74493

    Давајте слободно предлози за следната недела, оваа сигурно побрзо ќе ја прочитаме. :)
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.738
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    Стигнав до 50 посто од книгава. Сакав само да напишам што мислам дека се случува, да видам колку сум во право или колку ќе згрешам. :rofl:
    Мислам дека Бен ја задавил, затоа толку се плаши да не и се врати меморијата. Ама па и не може да биде само толку едноставно, мора да се случува уште нешто. Ако испадне дека ја задавил заради тоа што сакала да го остави и се заљубила во друг маж ќе бидам прилично разочарана. И со син и сигуно не е толку едноставно. Мислам дека најголемиот клуч се наоѓа кај другарка и, Клер. :wasntme:
    Ќе ја завршам денес сигурно, ептен ме копка што се случува. :)
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    Реин потполно исто размислуваме :lol:
    Јас сум до 61%, уште од почетокот мислев Бен дека ја задавил, па сега заради грижа на совест ја чува и поминува едно те исто со неа секој ден. Не знам дали уште си стигнала до тој настан, да не откријам сега спојлер предвреме :wasntme: Кристин ќе се сети на еден настан што ме натера уште повеќе да се сомневам во Бен. Од друга страна па ќе бидам малку разочарана ако заврши така, ќе испадне ептен предвидлива.
    Сега сум баш до тој дел каде што мислам дека ќе влезе во игра и Клер, ама јас мислам дека и зад приказнава на докторов се крие нешто повеќе. На моменти ми се чини дека знае малку повеќе за Кристин отколку што покажува.

    Мене ептен ми е интересна книгава, се плашев да не биде досадна и да не се повторуваат некои работи, ама ептен е интригантна и лесно се чита :)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.738
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    Ја завршив јас. Не можев да ја оставам ни секунда.
    Па, добро е, имаше солиден пресврт. Не очекував воопшто дека маж и всушност беше љубовникот.
    Интересна, брза книга, ама верувам дека наскоро ќе ја заборавам. Така, типичен трилер. Ќе напишам нешто повеќе подоцна, кога ќе имам повеќе време.
     
  10. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    Јас ја имам читано можеби пред година дена, исто не можев да ја оставам.

    Ми се допадна заплетот, а и расплетот.Фина книга, многу испреплетени настани, се на се, совршен спој.
    Мене некако жал ми падна на крај за женичкава, онака емоциите ми беа испомешани, во контекст на критикава.

    Периодов кога ја читав бев гладна за ваков тип на роман, совршено добро ја голтнав. :wasntme:

    Прекраснотии во една поинаква смисла. :)
     
  11. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    17.158
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    I kaj mene istiot efekt go ima knigata, ne mozam da prestanam da ja citam, skoro do polovina sum. Od sekogas me vlecele vakvi knigi so psiholoski fenomeni, samo se nadevam deka nema da me razocara na krajot. :)

    P.S. Mislam deka ova ke bide najbrzo procitanata kniga vo klubot :)
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.738
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    Океј. Имав време да ја сварам книгава. И имам доста забелешки. Морам да кажам дека ако се чита површно без многу мозгање тогаш книгава е супер. Ама ако се размисли убаво за приказната ќе се најдат многу нелогичности. Самата приказна е неверојатна и како читател морав да проголтам многу работи.
    Од сè најневеројатно ми беше тоа што маж и, демек нели ја сакаше, не се ни јави во центарот да праша како е, толку време човече. Нели бре љубовта на неговиот живот беше, нели демек затоа што премногу ја сакаше си замина, па да не се јави еднаш да праша дали е жива? И син и исто, работава ја шутнале таму во рехабилитација и никому ништо. Мхм, сигурно. И целата работа со амнезијата беше прилично голем залак за голтање.
    Ама ај, ќе замижиме.
    Ликовите ми беа океј, не се врзав нешто посебно длабоко со никој, онака. Не беа лошо изградени, ама не беа ни нешто фасцинантни. Кристин ме нервираше на моменти, правеше некои глупи работи.
    Има книгава од мене солидно тројче, поради тоа што ми го држеше вниманието цело време, до самиот крај. Читав критики на гр, добри и лоши, се согласувам со поедини работи и од двете страни.
    Еве една критика во спојлер со која се согласувам и ме насмеа малку. :lol:
    Before I Go to Sleep is a highly improbable novel that's practically a fantasy. A very slow, drawn-out, horribly written fantasy. Christine, the protagonist, wakes up in a strange bed with a strange man. He tells her he's her husband, Ben, and she has amnesia -- she cannot form short-term memories. Think Memento. Hey, in fact, this book is just like that movie! Determined to figure out the mystery of her past, Christine sees a doctor in secret and keeps a day-to-day journal. That's pretty much all you need to know.

    The bulk of the book is Christine rereading her journal. Which is just ENDLESS accounts about how confusing and terrifying things are. Ugh, we get the point. Perhaps that would be realistic, but it's hardly INTERESTING for the reader. Throughout the book, one finds out (as Christine does) that her husband is lying to her about how she got amnesia (she was attacked; he tells her it's a car accident), her son (he says they have no kids; they had a son), her best friend moving away (nope), etc etc. Obviously something is creepily wrong, and yet Christine is like, "Hmmm. GUESS I'LL JUST STAY HERE WITH THIS CREEPY LYING DUDE."

    We also discover that Christine was having an affair when she was attacked. WHICH IS ALSO WHEN I CALLED IT THAT BEN WAS ACTUALLY THE DUDE SHE WAS SLEEPING WITH. I didn't quite know how that was going to work, but when Claire (her best friend) was all, "GIRL THAT AIN'T BEN", I was like, "WHAT REALLY YOU WENT THERE, YOU FUCKER????"

    BASICALLY, the dude Christine was having her affair with was super obsessed with her to the point of LUNATIC CRAZY and when she tried to break the whole thing off, he went BATSHIT and TRIED TO DROWN HER IN A HOTEL BATHROOM. Then, because her memory was so shoddy and awful, her loving husband Ben (apparently in this world "loving" means that he's a handsome successful vegan architect) is all like, "I CAN'T HANDLE THIS. I MUST LEAVE BECAUSE I LOVE YOU TOO MUCH AND THIS I AM CAUSING YOU SO MUCH DISTRESS. I'M GOING TO TAKE OUR SON AND LEAVE YOU IN THIS REHABILITATION CENTER." So then Crazy Dude, who's been staring at her through windows and shit this whole time, swoops in and...manages to convince the staff that HE's Ben (?????????????) and is all, "YUP I'M TOTES BEN. I'M GOING TO TAKE MY WIFE HOME NOW." So she's been living with CRAZY UNHINGED DUDE this WHOLE TIME and he's been masquerading as her husband!

    I can't really go into how much I thought the plot sucked (it did; a lot, in case you were wondering) because my brain might implode. But one thing I do want to vent about is: HOW IS IT EVEN POSSIBLE TO GET SOMEONE OUT OF A REHAB CENTER BY PRETENDING TO BE THEIR HUSBAND???? DO PEOPLE NOT CHECK RECORDS ANYMORE???? WHAT IS THIS SHIT??? DO REHAB CENTERS JUST LET ANYONE WALTZ OFF WITH CRITICAL AMNESIACS???? WTF????

    That aside, MAN, this writing was AWFUL. The audiobook narrator did not help. She had this grating voice and whenever she read Claire, I wanted to throw my iPod out my car window. Christine is a HORRIBLE character. I mean, I was SO SHOCKED that the author was a man (haha, jk, not at all)! Once again, we have a female protagonist with no autonomy. And this time it's because her horrible cheating made it so! Ladies, no sex for you outside marriage even though dudes do it all the time, because your lover will probably try to asphyxiate you on a tile floor and then stalk you for years and years only to kidnap you and keep you hostage with him in his love shack. ISN'T THAT ALWAYS THE CASE?

    Also, everything was SO SLOW. The fight scene at the end when she's trying to escape from Ben/Mike and she's all like, "I should've probably hit him again..." when she FINALLY manages to wrench herself free from his violent attack and you're like, "NO SHIT SHERLOCK" and then he GRABS HER AGAIN AND THROWS HER TO THE FLOOR. COULD'VE JUST BEAMED HIM IN THE HEAD AGAIN WITH THAT STOOL AND SAVED US ALL A LOT OF TIME, YOU WORTHLESS EXCUSE FOR A CHARACTER. Oh, this is a good segue into the gratuitous violence of the book. All the scenes with violence in them (few, but they are pretty intense) are UGGGGGGH. It was like, "and then I cracked my head against the radiator!" "and then he shoved me to the floor and my arm twisted behind my back!" "and then his hands were around my throat and I couldn't breathe!" I was SQUIRMING on the train. I CANNOT DEAL. And, I know why this book had to be narrated in first-person present, but IT WAS SO AWFUL I CANNOT EVEN.

    Bee tee dubs, the character of Claire makes NO SENSE to me at all. She's supposed to be Christine's BFF and she just doesn't talk to or try to see her anymore? WOULDN'T THAT BE A LITTLE SUSPICIOUS????? If my best friend got AMNESIA and couldn't remember anything, I WOULD BE THERE EVERY SINGLE FUCKING DAY. EVEN if I slept with her stupid husband, I would NEVER lose contact with her. CLAIRE, YOU ARE OFFICIALLY THE WORST FRIEND EVER. CONGRATULATIONS.

    Dear Adam -- you suck as a son. Dear Ben -- you suck at still being in love with Christine and letting some dude pretend to be you to steal her out of the clinic. This book is really just a presentation of THE WORST PEOPLE TO HAVE IN YOUR LIFE WHEN YOU LOSE YOUR MEMORY.

    И предлог за следната книга, новата од Diane Chamberlain - The silent sister, едвај чекав да излезе и конечно ја има за симнување. :)
     
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    Само што ја купив книгава, ќе бидам многу назад, но сепак ќе напишам мое мислење.Инаку, книгава има 362 стр., за сите оние што читаат од интернет.Минатиот пат бев многу разочарана што книгата не ми се допадна, но на крај открив дека оваа јас што ја читав имаше само 127 стр., ( пишувам за книгата од Susan Winggs). Susan ќе ме чека некое друго време кога ќе ја купам во книжара.
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    Мене книгава ме остави синоќа без спиење, ама морав да ја дочитам :)

    Кога стигнав до втората половина почнав да се сомневам дали мажот со кој живее Кристин е всушност Бен. Некако, имаше некои чудни детали и little clues, ама кога веќе стигнав до 85% бев уверена дека се работи за човекот кој ја нападнал. Тогаш почнав да си го враќам филмот и да ја склопувам приказната.
    Ќе ѝ дадев повисока оценка на книгава да немаше толку големи нелогичности, на пример - каде беа Бен и Адам цели 20 години?! Ја оставиле женава во центарот и заборавиле на неа. Ниту да ја посетат, ниту да се јават. И ништо од тоа што се случувало две децении немало да се случи ако мажот и синот малку се заинтересирале. На крајот Бен ѝ изјавува длабока љубов на Кристин, имал други жени, ама наводно неа секогаш ќе ја сакал |( А ја оставил женава на милост и немилост на некој психопат кој ѝ го одзел животот без да ја убие.

    Инаку, самата приказна на Кристин за жал не е толку чудна. Баш пред некоја година наидов на статија за филмски ликови инспирирани од реалноста (еве ја, ја најдов) и верувале или не - постои таков случај. Жената се вика Michelle Philpots и страда од ваква амнезија. Тогаш многу читав за неа, ме интересираше, така што не е толку нереална приказната. За жал. Имаше и едно интевју со неа на интернет, ама сега не можам да го најдам.

    Во секој случај интересна книга, мене ми го задржуваше вниманието.
    Малку крајот беше исфилуван, ама од мене добива 3.5 :)
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.738
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    ^Ама женава од вистинскиот случај ги има задржано спомените, знае која е и што е, до времето на несреќата. Кристин ги имаше изгубено спомените и пред несреќата, а и не можеше да задржи нови спомени, имаше два вида на амнезија. Инаку го прочитав и јас тоа, имаше постирано во коментарите на гр блог од авторот.
    I'm occasionally asked how medically authentic Before I Go to Sleep is. I was very careful during the writing of it to make it as true as possible to real cases of amnesia - but, I thought, that my one concession was that my character is able to retain memories for a day, which are then wiped.

    This was necessary for me to tell the story from her point of view, but I didn't think it was possible. My understanding of amnesia (or anterograde amnesia, at least) is that people can find themselves unable to code short-term memory as long-term memory, and these people would lose their memories every few minutes (as in the film 'Memento'). They wouldn't retain a whole day's worth of memory, only to lose it overnight.

    But, as we were sending the book out to editors, I came across a story in a national newspaper. A woman reported exactly the same symptoms as my character - symptoms I thought I'd invented - and, chillingly, she was exactly the same age. Reading her story was odd for me - I felt in some way vindicated, but by far the bigger emotion was a profound sadness. During the writing of the book I had come closer to understanding just how terrible it must be to lose our memory, to have no sense of who we are, but I had consoled myself that, unlike my character, people who really suffer with anterograde amnesia must have only a limited understanding of what has happened, and is happening, to them. Scant comfort, but some comfort nonetheless. It was chilling to discover that someone really did have to live through the fictional situation that I had created for my character.
    Он прво ја напишал книгата, ама не ни верувал дека тоа се случило или дека е можно, подоцна се открил случајот.
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    Добро, овде малку пофилмски беше напишано :wasntme:
    До душа, Кристин успеваше на некои работи сама да се сети, на крајот и успеа да створи некои нови сеќавања. Знаеше која е, само што последните сеќавања ги имаше од раната младост. Затоа не го познаваше Бен. Кај неа не беше физички проблемот, туку последица на траума.

    Инаку, додека ја читав книгава и си го замислував животот на Michelle, размислував за тоа колку често ние луѓето дозволуваме деновите да ни станат безлични и безначајни. Живееме рутински, деновите се претопуваат еден во друг, поминуваат без да ги забележиме по нешто. Има денови кога сум во улогата на Кристин и дозволувам денот да ми помине по некој однапред определен шаблон.

    Реин, некој торент за The silent sister? :?: Само мислам да не ја ставаме одма, да ја почекаме барем и sia.bella за коментирање, пред 3 дена ја ставивиме книгава :)
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.738
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    https://kickass.to/the-silent-sister-di ... 80182.html
    Еве торент. :)
    Ќе почекаме, не е проблем, може ако има некој друг предлог да пише.
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    Ако има некој друг предлог нека пише, јас немам. Со оваа ќе почнам уште денес, ама ако одберете друга - не е проблем. Јас ги расчепкав коментарите и оценките на гр, претежно се позитивни, а краткава содржина ветува :)
     
  19. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    Е да, и крајот ме остави гладна, некако целата приказна ко недовршена ми испадна.

    А, прекрасна, па зависи од кој агол се гледа Реин. :)

    *

    За оваа од Чемберлен, не можам да го симнам торентот, антивирусот ми сигнализира вирус. :wasntme:
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.738
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    ^ Не знам зашто така, од kickass мене никогаш не ми правело проблеми. :wasntme: Јас ја симнав и се е океј.
    Крајот ја си го сфатив дека ќе продолжи да се подобрува. Штом почна сама да си го бара дневникот без никој да ја потсети, нели се сеќаваш и на моменти од преходната ноќ кога демек водеа љубов... По толку години тешко целото сеќавање да и се врати, ама сигурно ќе има поквалитетен живот.
    Ана потполно се согласувам, некогаш живееме како да ќе живееме засекогаш, ги оставаме деновите така безлично да течат... Ама па и можностите не ни се некои огромни за да правиме не знам што. Едноставно тоа е тоа.