1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    @Marossa не сум ја приметила, дај профил тука, не можам да ја најдам,
    Од предлозиве твои Ugly love ја прочитав, а на киндл ми е ставена All the light we cannot see, исто ме заинтересира како таа што ја предложив, па ќе ја читам после првата.
    И The pearl ми изгледа доста солидно, оди на листата за читање.
     
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Ја дочитав We were Liars, па ќе ја искоментирам тука, штом веќе е коментирана,

    Прво, не ми се допадна структурата. Ми беше некако напорно за читање.

    Второ, приказната ми се допадна. Ќе излажам ако кажам дека не се расплакав на крајот. Сериозно, крокодилски солзи ронев. Добро, можеби тоа што сум во пмс и се расплакувам на обична реклама имаше ефект. Ама сепак, не знам како можеше да живее со загубата. Јас да бев ќе отидев веднаш што ми се вратеше сеќавањето и ќе се удавев. Кој може да поднесе толкава болка, дали тоа е реално? Да живееш со таква вина?

    Среќа беше кратка книгава, да беше подолга и поразвлечена ќе беше страшно досадна. Морам да кажам дека тоа ја спаси во голем дел. Вистината дури на крајот се окри, пред тоа беше напорно. Ми се допаднаа и варијациите на бајките, once upon a time...

    Од ликовите Cadence ми остави најголем впечаток, што е и нормално зашто низ нејзини очи ги гледаме настаните. Ми се свиѓаше и Gat, ми беа одличен пар. Тетките ми беа неподносливи, слаби очајни жени што не можат да се грижат ни за себе, не па за децата. Најголем дел од вината ја имаа тие. Заслепени, да ги тераат децата на такви одвратни работи,

    И налсовот не ми има смисла, мислам зошто Liars? Океј, деца се, лажеле, па не дека и тоа нешто посебно беше истакнато.

    И така, има 3/5 од мене книгава, сума сумарум.

    Едит, се изнасмеав за насловот во една критика на гр: "And what's with the title? It's like they came up with a great title that didn't fit the book, then tried to shoehorn it in. I would've gone with We Were Dumb Rich Kids." :D
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Феминки, до каде сте со The Life List? :) Претпоставувам дека веќе сите сте ја прочитале, па ајде јас ќе го скршам мразот со коментар. Може требаше да напишам импресии веднаш откако ја завршив, вака после две прочитани книги некако не ми се свежи впечатоците, ама ќе се потрудам да опфатам сé што планирав и сé што си забележав во глава додека ја читав.

    Прво, самата идеја многу ми се допадна, ме потсети на мојот расказ Каде се гледаш себеси за 10 години (кој патем сé уште не успеав да го најдам). Ми разбуди спомени и ме натера да размислам колку сум скршнала од патот кој сум си го замислувала како дете. Колку мојата сегашност се разликува од она што сум го планирала.
    Второ, ми се допадна како постепено навлегувавме во приказната, како спонтано се одвиваа настаните и сите парчиња дојдоа на свое место. Искрено, очекував дека ќе биде многу предвидлива. Некои од работите беа очигледни, ама ете конкретно за љубовниот живот на Брет, ми се допадна што до последниот момент не се знаеше каде ѝ е среќата. Целата книга беше исполнета со многу убави пораки, а врската што ја имаше Брет со мајка ѝ ја почувствував како многу блиска и топла.

    Она што не ми беше баш логично во приказната, беше целосниот план на мајка ѝ да го изрежира целиот нејзин живот. Како нејзина мајка сигурно ја познавала доволно добро за да знае што би ја направило среќна, меѓутоа најзначајните животни одлуки, бракот и семејството, некако чувствував дека ѝ беа наметнати на Брет, дури и исилени. Цело време беше под притисок да го најде совршениот маж, да има дете, за да може да го запази рокот поставен од мајка ѝ. Ама некои работи во животот едноставно не се планираат. На крајот на краиштата, можеби Брет повеќе не е она девојче кое ја напишало таа листа со стремежи. Можеби во текот на животот се изменила, но само во очите на нејзината мајка останала иста.
    Второ, ми беше малку себично од страна на мајка ѝ што на некој начин ја отцепи од семејството, ја тргна од семејната фирма, нејзината куќа, направи дури и да чувствува одбивност кон нејзините браќа и снаата. Тоа што дозна за татко ѝ, мислам дека беше само дополнителна причина да се почувствува туѓа во своето семејство.

    Ликовите ми се допаднаа, единствено целата таа on/off врска меѓу Брет и Мидар ми беше само како еден начин да се задржи неизвесноста во приказната, до тој степен што мене ми станаа досадни. Некако насетував дека психијатарот ќе биде како последна карта во играта, знаев дека нема туку така да се збогуваме со него. А искрено ми беше и најсимпатичен од сите три ликови во кои Брет го гледаше својот потенцијален сопруг.
    Не ми се допадна постапката на Брет кога дојде моментот да се додели старателството врз бебето на Санкита и кога за писмото рече: I never ask Jean about the notarized paper. I don’t want to know how she got it, or when. It doesn’t matter. Колку и да беа искрени нејзините намери, со ова само покажа дека е очајна да го посвои бебето, без разлика на начинот на кој ќе го постигне тоа.

    Текот на настаните ми се допадна, со исклучок на крајот кој ми беше премногу бајковит. Сé до тој момент можев да ја проголтам целата трансформација на Брет од Прада девојка која живее во луксуз, до девојка со скромен живот која работи како професорка и е многу дарежлива. Ама моментот кога Барбери типот испаѓа дека е психијатарот и она кога доаѓа кај неа дома, па бакнежи на дождот... Ми беше премногу.
    Исто така многу ми недостасуваше последната порака на мајка ѝ на Брет откако се вљуби. Знам дека Лори кажа во интервјуто како отприлика би изгледала пораката, ама сакав да биде дел од книгата. Така ќе оформеше некоја целина и ќе беше комплетна.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Не успеав да најдам торент од The promise of stardust. |( А баш и се израдував. И од уште неколку книги што сакав да ги прочитам не можев да најдам линк, изгледа има поголема контрола.

    Туку, да си напишам мислење за книгата што ни е неделава, со оглед на тоа што помина недела.

    На почетокот ми беше малку монотона, без некое вистинско дејствие, ама понатаму почна да ме вовлекува приказната.
    И мене исто не ми се допадна што мајка и толку имаше контрола над неа. Да, мајка и била, ама од каде толкава сигурност како ќе се одвиваат работите? Што ако Брет се скршеше и не можеше да се собере, што ако сосема и се уништеше животот? Дали е тоа ризик кој една мајка би била способна да го преземе, а притоа да не е тука да помогне да се соберат парчињата ако се се распадне?

    Сепак, ми се допадна топлината, емоциите, љубовта на мајка и која можеше да се почувствува. Само имав впечаток дека од што се трудела авторката до тој степен да не стане клише приказната малку и избегале конците од раце. Мидар и беше совршениот партнер, супер се согласуваа и надополнуваа, ама нели, ај да не биде толку очекувано ќе уфрлиме во приказната мистериозен психијатар. Плус, врската на Мидар воопшто не ми делуваше толку солидно за да не проба со Брет.
    Јасно ми беше дека психијатарот е Барбери (го читав блубери) типот откако неколку пати им пропаднаа плановите да се сретнат. Од една страна мистериозен психијатар, од друга мистериозен тип на кој постојано налетува. Не зашто, ич не беше очигледно.

    Плус, морничаво ми беше што мислеше дека има 60 години и пак мислеше на него на романтичен начин. Го прочитав интервјуто со авторката, ама пак, не можев некако да поверувам во тој дел.

    Нели судот би требало да ја провери веродостојноста на ливчето што го донесоа? Да видат дали таа стварно го напишала? Или само ако другата страна се жали? Инаку, мене не ми делуваше очајна за било кое бебе, сакаше само да го спаси од ужасната иднина што го чекаше ако завршеше во рацете на баба му.

    И за Херберт неколку збора. Не знам зашто мора да има ваков совршен маж, ама ете, не е тој. Мислам, која е поентата? Многу ми се клише ваквите ликови кои секогаш колку и да се совршени остануваат сами. Сосема непотребни ми се,

    Многу ми се допадна овој дел: Blind dates are nothing more than a lesson in humility, a time when you actually get to see what other people think you deserve. Апсолутно точно. Мислат дека си одговарате со тој човек бидејќи сметаат дека делите некои карактеристики што се взаемни.

    Не беше лоша книгава, има некои пропусти, ама ми се допадна се на се, има три ипол од мене.

    И пишете за следна книга што правиме :)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допадна самата идеја и приказна, стилот на пишување, но преку многу нелогичности не можев да преминам и поради тоа и давам 3ка!

    Никогаш не сум можела да го сфатам мешањето на родителите во животите на своите деца по секоја цена, така и во книгава сето тоа ми беше апсолутно неприфатливо. Елизабет си ја замислував во глава како Мерил Стрип во The devil wears Prada, манипулативна, пресметлива, сурова, control freak. Целата таа слика на добра и грижлива мајка ми беше исфорсирана, контрадикторна и неспојлива со нејзините дела. И каква е таа мајка што прави поделба меѓу своите деца? Синовите добиваат милиони, а Брет добива... отказ! И наследство условено од исполнувањето на нејзиниот животен план што го составила кога имала 14 години.

    Кога веќе знаела дека Брет е несреќна и неисполнета, приватно и професионално, зошто не презела нешто околу тоа додека била жива како што би постапила секоја мајка всушност. Сега од гроб и го диктира животот, а Брет како некоја малоумна во трка со времето ја исполнува последната волја на мајка и. Ниту едното, ниту другото не ми е одраз на добар однос и взаемна љубов и почит на релација мајка - ќерка. Во сите тие писма после секоја успешно исполнета цел, иако исполнети со мудрости, не осетив никаква емоција, ми беа само зборови на хартија.

    Потоа, целата таа "неизвесност" кој ќе биде "среќникот" кој ќе го одбере Брет беше предвидлива. Очигледно беше дека Барбери типот е всушност психијатарот, со кој никако не можеше да договори средба а толку многу им одеше муабетот по телефон. Крајот некако ми беше многу набрзина, исфорсиран - се среќаваат, тој доаѓа уште вечерта, сфаќаат дека се створени еден за друг и си живееја среќно до крајот на животот.

    Не знам, да се поврзев со некој од ликовите можеби и целокупниот впечаток ќе ми беше поинаков. Одвај чекав да ја дочитам зошто ме иритираше едноставно целиот тој авторитет кој родителот може да го има врз своето дете (иако во книгата целта беше да се прикаже како безусловна љубов), а и послушноста на Брет, немањето свое јас на 34 години, немањето претстава што сака во животот па се води од планот... И пак на крајот не добив впечаток дека е навистина среќна и исполнета...
     
    Последна измена: 23 ноември 2014
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Ова заборавив да кажам дека и мене исто ми фалеше. Толку важност се даде на писмата, на целиот тој концепт, а на крај, најважното не беше дадено. Да, го имаше во интервјуто, ама ако го немаше интервјуто како додаток? Голем минус за тоа.
    Ова беше објаснето демек синовите немале потреба од таква интервенција, Брет била послаба и и требало малку помош. Или така нешто беше. Ама и мене ова не ми делуваше фер. И точно, зошто толку време чекала за да и помогне? Зошто додека била жива не се обидела да и укаже на некои работи? На Ендрју на пример?
    Мене Брет не ми личеше на 34, ми личеше на 20годишна девојка што се обидува да си го најде патот.

    Како и да е, прво дело е ова на авторката, се надевам следното ќе и биде уште подобро.
     
  8. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    ^ Се сложувам апсолутно со се. Однесувањето и размислувањата на Брет ми беа несоодветни за нејзините години - првичниот впечаток на разгалена богата мамина маза ми остана до самиот крај.

    А за нејзините браќа - па ни нивните животи не дека беа совршени, ама со по некој милион би можело се да се реши и поправи. А Брет како послаба беше доведена во ситуација да бара куче, коњ, работа, куќа, дете, партнер... И се тоа во една година... Too much нели?
     
    Последна измена: 23 ноември 2014
  9. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Аа сте напишале рецензии,сите наеднаш :D
    Требаше јас да си напишам некаде настрана,уште свежи импресии,помина цела недела и друга книга од неа.
    Книгата беше неверојатно лесна за читање,на почетокот малку побавно дејствие,но потоа летнаа страниците.
    Приказната ми беше доста уверлива и интересна,и јас имам таква листа,ама големи се шансите да е изгорена во некој ладен зимски ден
    Многу ми се допаднаа мудрите пораки од мајка и,дури си запишав неколку од нив,баш адекватни совети.И мене ми фалеше онаа последната...
    Морам да признаам дека ме нервираше фактот што мајка и и го контролираше животот од гробот,тврдејќи дека ја познава ќерка и,дека таа е истото девојче од пред 20 години.Иако испадна баш така,искрено мали се веројатностите да ги имаме истите идеали на 34 години како во минатото,кога сме биле млади и незрели.
    Брет ми беше позитивен и солиден лик,но на моменти изгледаше дека се прави за да стигне до наследството,а не да си ги оствари вистинските цели.И малку глупаво беше што она дотогаш живеела лажен живот,покрај мајка и која тврди дека ја сака,а одлучува дури откога ќе умре,да и ја соопшти вистинската слика што ја имала за ќерка си.
    За вистинската љубов на Брет,се знаеше одма дека не е Ендрју,ама јас бев уверена дека ќе остане со Мидар :D Кога почна да разговара со оној психијатарот,одма претпоставив дека е млад и човекот во Барбери костимот,но не ја замислував со него,ми изгледаше како платонско другарче.
    И мака ми е,многу повеќе си одговараше со адвокатот :D
    Во глобала,добра книга,нешто што би го понела за на пат или плажа,за релаксација.Оцена 3/5.
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    А што правиме за нареднава недела? Од предлозите на Мароса мене Don't Look Back ми изгледа интересна, иако е YA. Snow White Must Die по кратката содржина ми делува малку познато, само не ми текнува на која книга ме потсеќа. Нешто историско мене не ми се чита во моментов искрено.

    Еве неколку предлози од мене:
    Black for Remembrance - Carlene Thompson
    Shadow Lover - Anne Stuart
    In the Woods - Tana French

    Не знам што ми е денеска, ама не сум способна да одберам книга, и за моиве предлози ќе ви речам дека се тапа. Жими Hopeless што веќе ја имав ставено на киндлот, па почнав да ја читам.
    Мене нешто ме спопадна да барам книги со патувања, со убави пејсажи и такви ми ти работи. И прво што ми текна беше Under the Tuscan Sun од Frances Mayes. Филмот го имам гледано и многу ми се допадна, ништо чудно да си ја прочитам и книгава. И кога сме веќе кај Тоскана, Италија, храна и вино, ајде предлози :D

    A Thousand Days in Tuscany: A Bittersweet Adventure (Italian Memoirs) - Marlena De Blasi
    Living in a Foreign Language: A Memoir of Food, Wine, and Love in Italy - Michael Tucker
    Without Reservations: The Travels of an Independent Woman - Alice Steinbach
    The Reluctant Tuscan: How I Discovered My Inner Italian - Phil Doran

    Како што ми е променливо расположениево денес, може до полноќ накај Франција ќе свртам :?:
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    И јас сум во исто расположение. Тоа што сакам да го читам не можам да го најдам за симнување, ептен се напнав. Почнав некој трилер колку да се рече, ама интересно ми изгледа вака на почеток. Не знам и јас што да ставиме. Ајде одлучете вие.
     
  12. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Ана јас сум за - за се што е поврзано со Италија. Ми се допаѓаат првиот и третиот предлог, јас му се запнав на Каризи, ама паралелно би читала и нешто полајт :)

    Иако можеби не ви се чита нешто историско, ќе ги ставам овие предлози кога сме веќе кај Италија, па нека стојат за некоја наредна недела.

    https://www.goodreads.com/book/show/85854.I_Mona_Lisa

    https://www.goodreads.com/book/show/16099189-the-light-in-the-ruins
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Уште @Marossa да се изјасни :) Колку сме неодлучни :D А анкета да поставиме?
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Ајде, еве анкета. Пишете ако треба уште некоја книга да се стави.
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Се нервирам, не можам да ја најдам A Thousand Days in Tuscany! :devil:
    Вчера преку мобилен најдов еден лик, ахам супер си викам, денес гледам дека било preview и фалат страници! (facepalm) Скоро цел саат ја барам и никако не можам да ја најдам. А баш бев загреана да пробам некои од рецептите... Не знам што се случува со книгиве, ништо не можам да најдам од тоа што ми се чита.
     
  16. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓаат сите од предложените,а гласав за The pearl the broke its shell.
    Гледам Тоскана води,па ако најдеме линк,неа ќе ја читаме.(досега неуспешен search :D)
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Не можам и јас да најдам линк. Уф, ама е фрустрирачки вака. Ај тогаш да видиме од што ќе најдеме линк, па тоа ќе читаме. :D Ние па уште и анкета правиме, ќе избираме.:fubar:
     
  18. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Мммм......:?:Нешто македонско се чита овде или да фаќам магла? :wasntme:
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Па, како сме тргнале изгледа ќе се вратиме на македонското. :D Предложи ако имаше нешто на листата, па ќе видиме дали може да се најде како е-книга. :)
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски