1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас поминав во Матица минатата недела, па сега хит ми се печатени книги и тоа на македонски :D
    Гледам никој ништо не пишува во клубов, па почнав со Зафон. Ајде еве уште еден предлог од мене
    https://www.goodreads.com/book/show/11250053-the-snow-child?ac=1

    The Snow Child од Eowyn Ivey - преведена е и на македонски, издание на Матица.
    Добив многу препораки за книгава и една од женичките во Матица како порачана ми пријде и ми вика: Девојче, гледам какви книги си избрала, ако смеам да ти ја препорачам Снежното дете.
    Се туфкам и си мислам од каде ми е познат насловот, оно да ти било The Snow Child. И ајде отиде во корпа, иако знаев дека ја има на kickass во електронска верзија на англиски.
    Ако не сте ја читале, а ви фаќа око, може оваа да ја одбереме. Гледам имаме и тема на форумов за книгата, ама нема многу коментари.
     
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.933
    Пол:
    Женски
    Снежното дете ја имам забележано во библиотека. Ако евентуално ја изберете, и јас би можела да ја прокоментирам. :lol:
    Да знаете, редовно ве следам, ама не можам да ви се придружам, немам време за читање пред комјутер, а и не сум читала на англиски. :(
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    @AnaKarenina што читаш од Зафон, нешто ново? Можевме и нешто од него да читаме...
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.723
    Пол:
    Женски
    И јас сум за Снежното дете, интересно делува.
     
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Може Снежното дете сега,а следната недела нешто од Зафон,мене пример Марина не ми е читана :D
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас почнав со Трилогијата на маглата, додуша од последната книга, ама прочитав дека не се поврзани. Зафон е тежок за на англиски да се чита, а и тешко се наоѓа. Евентуално на српски го имам најдено. Ама стилот на пишување му е толку украсен, како поезија човек да чита. Просто си го засакувам јазиков наш кога го читам :)

    Ако сте за Снежното дете да ја одбереме, или сакате по секако да ја прочитате, еве торент
    https://kickass.so/the-snow-child-eowyn-ivey-epub-t7786974.html
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Епа ајде давајте торент од Снежното дете. :)
     
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.933
    Пол:
    Женски
    Гледам сте ја избрале Снежното дете. Јас ја земав денес од бибилиотека. Ќе ја почнам. Една недела имаме така?
    Ако ептен ме заинтересира јас и за 2-3 дена можам да ја прочитам
    Библиотекарката рече дека била нешто слично како Малиот принц. Ако е така, баш би било интересно да видиме како ќе излгеда од мој и од ваш аспект, бидејќи ептен се разликуваме во години. :lol:
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @Lella welcome to our club, едно кафе за добредојде :coffee: :)
    Една недела ја читаме, ама некогаш и порано ја коментираме ако гледаме дека сите сме ја прочитале.
    Јас со моиве Септемвриски светлини сум до пола, а и славата ни се ближи, па ќе немам многу време за читање. Во секој случај за една недела планирам да ми биде прочитана :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Оф топик. Денес ги објавија победниците на Goodreads Choice Awards 2014. :)
    Вкупно 3,317,504 гласа. Лани чинам еден милион имаше.
    Еве линк: https://www.goodreads.com/choiceawards/best-fiction-books-2014

    Јас малку разочарана, мојот фаворит не е ни во првите пет.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.723
    Пол:
    Женски
    И јас би требало да ја завршам за една недела, таман да дочитам другово што ми е веќе на список.

    Мојот фаворит е втор, Big little lies, баш ми е криво. Landline прва во fiction, не ми е јасно со гласовиве, Big little lies има рејтинг 4.17 од 30.000 и кусур гласови, Landline има 3.68 од 26.000 гласови. А одамна ми е на киндл, ама никако да ја прочитам зашто не ми делува дека е нешто посебно. Е сега оди најгоре на листата дефинитивно.

    We were Liars победила во YA, ама немам од другите номинирани ништо прочитано, па не можам ништо да кажам. А и не беше нешто лоша книгата.

    Maybe someday на второ место.|( Ептен сакав да победи.

    All the lights победила во historical fiction. @sia.bella ја почна ли, како ти се свиѓа?
     
  12. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Има место во клубот? :hai:

    Ве следам редовно веќе долго време, но неможам да ви се придружам од учењето и школото па немам време за читање пред компјутер, како Лела.
    Некогаш од време на време ќе коментирам. Сега гледам сте ја избрале Снежното дете, убава книга е, нема да зажалите. Јас ја имам прочитано па за една недела ќе ја искоментирам. :)
     
    На RainBow, Marossa, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @Ondula Добредојде,баш убаво што се придружуваат нови членови.

    Инаку на Goodreads скоро никогаш не ми победуваат фаворити,ама овојпат сум задоволна.
    За Fiction и јас навивав за Big Little Lies.
    За Historical Fiction баш убаво што таа победила,не ги знам сите,ама таа дефинитивно ќе ја читам.
    Останатите ги имам ѕирнато и ќе одат на листа за читање,здравје до лето 2015 ќе прочитам :D
     
    На Lella и Ondula им се допаѓа ова.
  14. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Ја почнав синоќа, прочитав само 20тина поглавја, сеуште навлегувам во приказната. Но, ми се допаѓа и стилот и начинот на раскажување, ветува многу приказната барем од досега прочитаното. Сега и кога гледам дека победила на Good Reads во соодветната категорија, ќе убрзам со читање. :) Патем, не видов колку страници е точно, но претпоставувам е и прилично обемна со оглед на тоа што има околу 180 поглавја.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.933
    Пол:
    Женски
    Ја почнавте ли Снежното дете? Јас прочитав околу 100 станици.
    Интересна ми се гледа.
     
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Има место во клубот и за мене ?

    Само и јас како Ондула и Лела нема да можам секогаш на време да ги прочитам книгите кои се изберени поради училишните обврски . Но ќе се трудам колку што можам да бидам во тек и да ги прочитам сите изберени книги . Се надевам ќе ме прифанете . :)
    Досега не сум ја читала Снежното дете но ќе ја прочитам сега . Па наредната недела ќе дадам коментар за неа , ако сум во клубот секако .
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.723
    Пол:
    Женски
    Клубов е отворен луѓе, сите сте добредојдени, не мора да прашувате, слободно читајте кога можете и сакате и пишувајте кога можете и сакате.:)
     
    На Ondula, Lella, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.933
    Пол:
    Женски
    Што направивте, ја почнавте, до каде сте? :D
    Јас асално си ја фатив, впрочем, така е со секоја книга која ќе ми фати око. Ја поминав половината, и сега само гледам да се тргнам за да ја читам повеќе време, не сакам наеднаш, постојано така правам. :(

    Засега ми се допаѓа колку толку, најмногу ми се допаѓа дека совршено е опишан студот и суровоста на Алјаска. Имам доста работи да кажам, ама на крај ќе биде.
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас ноќеска ја почнав, ко божем првите поглавја да ги прочитам, да видам за што се работи и дојдов до кај 70та страна :lol: Не можев да ја оставам, ептен се внесов во настаните и веднаш се приврзав за ликовите. Приказнава ветува, мислам дека знам во која насока ќе се движи. Денес само неколку страни успеав да прочитам, ја меркам оддалеку, ама немам време да седнам на раат.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.933
    Пол:
    Женски
    Јас луѓе, ја прочитав. Секогаш морам да ја прочитам најмногу за 2-3 дена, инаку душата не ми е мирна. :wasntme:
    Е сега, да си кажам што имам, или да ве почекам вие да ја прочитата? Мене доста време ме држат книгите, можам и друг ден да ставам. :) Како сакате.