1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    @Lella напиши си ги импресиите додека ти се свежи и зачувај ги, а ќе постираш тука сите кога ќе ја завршиме книгата и ќе дискутираме. :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Морам да ве прашам бидејќи помина една недела. :lol:
    Ја завршивте книгата? И ако не сте уште колку имате? :)
     
  3. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Ама си нетрпелива да споделиш импресии... :)

    Јас сум готова уште од пред некој ден, претпоставувам и @RainBow зошто чита нешто друго моментално. Уште @AnaKarenina и @Marossa да се изјаснат, па можеме да коментираме. :)
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Спремни ли сте за коментирање?
    Јас изгледа последна ја прочитав, ама ајде прва ќе ја коментирам :)

    Синоќа откако ја дочитав и склопив книгава, ми требаше некое време да се соземам од емоциите, да ги средам импресиите, па денес седнав да напишам забелешка.

    Мене како некоја судбина да ме поврза со книгава – добив многу препораки, ама некако упорно ја оставав на страна, бидејќи не ми личеше на нешто кое мене би ми се допаднало. Ама откако случајно завршив во книжарница и ја сретнав на полиците, згора на сé и самата продавачка ми ја препорача, си реков мора да си ја купам. Имам лошо искуство со наши преводи на странски книги, ама овојпат имам само пофалби за тоа.

    Книгава ја отворив пред спиење, сакав да прочитам некое поглавје за да видам за што се работи. Ама ме остави будна пола ноќ, бидејќи не можев да ја испуштам од раце. Иако приказната тече бавно, исплетена е со многу емоции и веднаш успеав да се поврзам со главните ликови Џек и Мејбел. Се соживеав со нивната болка. Приказната не беше толку напната и неизвесна, ама нешто постојано ме тераше да ја читам.

    Стилот на пишување беше прекрасен, толку длабок, одмерен и смирувачки. Целата книга беше како везена. Толку сликовито беше опишано секое парче од природата и животот во Алјаска, што многу лесно можев да ја замислам тамошната убавина, која истовремено знае да биде и премногу сурова. Како што постепено се градеше приказната, така низ неа пејсажите беа доловени со сите суштински детали. Се приврзав за скромниот и мирен живот на Алјаска. Ме освои уште во првите страници:

    „Цел живот беше верувала во нешто повеќе, во некоја мистерија која го менуваше обликот на работ на нејзините сетила. Во првкањето на крилјата од молецот пред светилката и во ветувањата на речните нимфи. Се вљуби во мирисот на дабот во летните ноќи, и во начинот на кој муграта се постилаше врз поилото за кравите и ја претвораше водата во болскот. Мејбел не можеше да се сети кога последен пат беше видела таков блескав трепет.“

    Додека ја читав, некако постојано ме следеше некое чувство на меланхолија. Можеби заради самите настани, а можеби и заради начинот на кои беа раскажани. Но, на моменти успеа и да ме насмее. Беше во умерени дози и по малку комична :)

    Ликовите многу ми се допаднаа. Мислам и дека главниот носител на книгава не беше самата приказна, туку ликовите. Нивната приврзаност еден за друг, нивната решителност да отидат во непозната земја и да почнат нов живот, нивната издржливост наспроти тешките услови, нивните начини на справување со сопствените стравови... Баш ми беа некако совршено вклопени. Естер беше неопходниот носител на ведрина во целата тажна приказна, многу ми се допадна нејзиниот весел дух. И еден од нејзините цитати кои ги обележав во книгата:

    „Мила, слатка Мејбел“, рече таа. „Никогаш не знаеме што може да се случи, нели? Животот постојано нé фрла наваму-натаму. И токму во тоа лежи сета авантура. Да не знаеш каде ќе стигнеш и како ќе поминеш. Сето тоа е мистерија и ако тврдиме поинаку, тогаш само се лажеме себеси. Кажи ми, кога си се чувствувала најживо?“

    А што се однесува до ликот на Фаина - склоп на фантазија и реалност, лик кој секој ќе го доживее на свој начин. Ме натера да размислам за она од каде доаѓаме и каде припаѓаме. Во текот на целата книга ме држеше чувство на љубопитност за нејзиното потекло, за тоа дали е реална или само плод на нечија фантазија. Од сите коментари кои ги прочитав за книгава, во најголем дел се позитивни. Единствените критики се однесуваат на крајот на приказната, поради фактот дека не е сосема разјаснето дали Фаина е напуштено девојче, или лик од бајка. Ама мислам дека баш тоа ја прави оваа книга поубава. Ни остава простор самите да дефинираме што е Фаина.

    Ова е една од оние книги кои те проголтуваат уште од првото поглавје и те држат занесен во текот на целото читање. Ќе ја паметам уште долго.
     
    Последна измена: 9 декември 2014
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас уште малку имам,бидејќи бев зафатена.Коментирајте вие,јас утре ќе напишам импресии или попосле,ако ја завршам :)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Јас не сум спремна, единица да ми ставите.:|
    Утре најверојатно ќе бидам, па ќе пишам критика.
     
  7. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Книгата ми беше... сон, перфекција во секоја смисла! Пејсажите на Алјаска, описите на ликовите, магијата на зимата - сѐ беше толку реално и живописно прикажано, што ѝ симнувам капа на авторката за ваквото нејзино деби. Ја доживеав како едно незаборавно патување до Алјаска, но и низ животите на главните ликови. И јас додека ја читав ме држеше некое чувство на меланхолија и тага, во одредени делови со солзи во очите читав. Одамна немам читано книга во која сите ликови ми биле по ќејф и добро осмислени.

    Тешко ми беше додека читав, се соживеав премногу. Ми доаѓаше на моменти, да можев да ги протресам Џек и Мејбел да се освестат, дека се имаат и си требаат еден на друг. Не можев да разберам зошто се казнувале така толку години, како болката ги водела низ животот и си свртиле грб еден на друг. Но, најверојатно само некој кој е родител може тоа да го разбери. Нивните ликови ми беа реални, но не можам да го кажам истото и за Фаина. Но, најверојатно тоа била и целта на самата авторка, секој да ја доживее на свој начин, некаде помеѓу реалноста и илузијата.

    Единствено што не ми се допадна во книгата беше суровото убивање на животните, мислам дека леев крокодилски солзи кога Фаина го убиваше лебедот, морници ме полазија и како крвавиот снег да ми беше пред очи. Но, тоа е законот на дивината во Алјаска и единствениот начин да се опстане и преживее во тие екстремни услови.

    Ме замисли книгата за многу работи - за тоа која е границата на слободата и цената која се плаќа за тоа, за љубовта и пожртвуваноста на родителите, за уживањето во малите и едноставни нешта...

    Бајка или не, премногу ме допре и ќе ја паметам и препорачувам уште долго. :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Книгава ја прочитав пред некои 5-6 месеци ама ептен голем впечаток ми остави и на се се сеќавам како вчера да сум ја читала, прво се мислев дали да ја земам ама и ми ја препорача библиотекарката па и дадов шанса и дефинитивно не зажалив.

    Ми беше преубава за читање, посебно описите за вистинскиот и суров живот во Алјаска. На некои моемнти дури ми ги насолзуваше очите книгава. Прв пат читам нешто од Ејовин Ајви и навистина ми се допадна нејзиниот стил на пишување и описите со кои не задлабочува во книгата, не е нешто неизвесно и напнато цело време, но има нешто поради кое не можеш да ја оставиш.

    Ликовите ми се допаднаа сите до еден и немаше некој негативен лик во книгата. Сите беа толку различни, а сепак поврзани еден со друг. За Мејбел и Џек на моменти ми доаѓаше исто како и @sia.bella да можам да ги протресам и да ги освестам Џек и Мејбел дека си требаат еден на друг. Најведриот лик во книгава беше Естер која со скоро секое појавување ми мамеше насмевка на лицето. Ми се допадна што кога Мејбел и Џек беа во тешка состојба Естер и еден од нејзините синови останаа кај нив цела зима, да им помогнат, со што докажува дека вистински пријатели се уште постојат.

    Фаина ми беше лик кој секој треба да го доживее на свој начин и неможе да го дефинира, некои ја сваќаат дека оживеала од снежното девојче кое го направиле, за некои е само фантазија, а други веруваат дека е напуштено девојче. Во секој случај то е лик кој секој треба да го дефинира на свој начин и треба да се замисли за тоа дека на некој начин таа постои во животот на сите нас. Тоа е нешто кое сите го посакуваме но неможеме вистински да го имаме, бидејки припаѓа на некој друг. Така е и во книгата, Мејбел и Џек очајно посакуваат дете и кога Фаина доаѓа сакаат да ја задржат, но таа и припаѓа на дивината.

    Крајот го претпоставив уште од кога Мејбел ја зема книгата од сестра и, но сепак нешто ме тераше да не верувам дека тоа ќе се случи. Малку пребрзо почнаа да ми се одвиваат настаните од кога се запознаа, Фаина и синот на Естер, веднаш остана бремена, па свадба и одеднаш Фаина исчезнува.. За крајот се прашував што се случило со неа, бидејки нели ако е само Фантазија ќе беше истопена, а ако ја земеме за човечко битие не би можела да преживее сама, без облека во таа ладна дивина.

    Ми се допадна премногу книгата ќе ја паметам и дефинитивно ќе ја препорачувам на секој. :)

    Не ми забележувајте за ова, прв пак вака пишувам коментар за некоја книга/ Во иднина ќе се подобрам.
     
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Лелее, сите наеднаш се се изнапишале... :lol:
    Јас си имав запишано рецензија на страна на Ворд, ама на лаптопот ми е, а не знам како да зачувам мислење. :D
    Па бидејќи уште ме држат импресиите од книгата, ќе пробам сега.

    Книгава дефинитивно ми е една од најдобрите книги што некогаш сум ги читала. Уште од самиот почеток толку многу се приврзав за ликовите, за таа приказната, за љубовта помеѓу нив и за прекрасната Алјаска.
    Најпрво сакав да кажам дека толку совршено е опишана таа дивина, што мислам дека подобро и не би можела.

    Љубовта помеѓу Џек и Мејбел насекаде се чувствуваше, особено откога го направија снежното дете. Се гледаше дека се многу поврзани и дека би биле совршено семејство доколку би имале деца, но ете.

    Естер ми беше најпозитивниот лик во книгата, која постојано даваше некоја веселост над надвиснатата меланхонија. И јас си го зачував нејзиниот цитат, Ана го напиша погоре, баш ми падна во очи. Многу ми се допаѓаше делот кога таа виде дека всушност девојчето е таму и го гледа, па било илузија или реалност.

    Јас отсекогаш сакав да верувам дека Фаина е снежното девојче кое го направја Џек и Мејбел, а најмалку сакав да биде илузија, бидејќи сите тие мигови со Фаина, беа некако толку вистински и волшебни, што уживав секогаш кога таа ќе се појавеше. Како сета дивина, суровост и острина на Алјаска да беше соберена во неа, како да владееше со тој простор, оставајќи облак со мистерии зад неа.

    Мене многу не ми се допадна што вака не’ држеа во неизвесност докрај, навистина сакав да дознаам и да се уверам дека таа е снежното дете. Некаде кон крајот Мејбел кога ги виде ракавиците и шалот кај Фаина, сакаше да ја праша дали таа ги земала, ама некако се прекина, не се сеќавам како.

    Јас во претходниот пост кој го зачував ве прашував што се случило со Фаина, мислејќи дека има некоја метафора која на моја возраст не можам да ја сфатам, исто како со Малиот принц. :wasntme:
    Навистина ми беше некако недовршена приказната, морам да признаам, не бев во целост задоволна, ама кога ќе размислам подобро, вака е најдобро, секој да си има своја замисла за тоа што е всушност Фаина.

    Исто како на @sia.bella и мене ептен ми беше жал за убивањето на животните, особено на лосот, кога велеше дека тажно го погледнал. ;(
    И навистина, многу брзо го поминаа делот кога се запознаа со Герет. Мислев дека повеќе ќе се задржат на нив, како што детелно се задржуваа на другите настани. Или можеби само нам така ни стои. :D
    Некако не се чувствував комотно кога наеднаш ја пораснаа Фаина, се бев заљубила во малото девојче од дивината, што некако не би беше соодветно кога ја опишуваа како возрасна и елегантна жена.

    Се’ на се’, додека ја читав книгава, буквално бев влезена како во бајка, толку многу се заљубив во целата приказна, сите ликови и повторно во Алјаска и нејзиниот студ во секоја смисла, што многу посакував да бидам таму и да ги впијам сите тие описи.
    Книгава е многу поразлична од другите, и дефинитивно си има посебно место кај мене.
    Премногу ми е жал што не можам да си ја сместам во домашната библиотека, а замислете кога ја побарав во библиотеката ми рекоа дека ја нема, кратко и јасно. :x Па кога им објаснив дека ми ја покажале и порано, дури тогаш се разбараа и ја најдоа. Кога само ќе помислам каква прекрасна книга би можела да пропуштам.

    И така, повторно ќе се вратам кога пак ќе читате некоја ваква книга преведена што може и на оваа возраст да се чита. :nod:
     
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да дадам свое мислење за книгата .

    Книгата е прескрасна . Начинот на која што е доловена целата приказна е многу реален . Чувствата кои се опишани , можат да допрат до читателот . А за мене тоа е најбитното . Бидејќи ако можеш да се соживееш со приказната , можеш да извлечеш и заклучоци . А тоа значи дека разбираш .

    Ме трогна книгата . Болката на Џек и Мејбел , нивната преселба , загубата на нивното синче , пронаоѓањето на Фаина ... Сите овие работи кои се опишуваат во книгата , се дел од суровата реалност . И на секој можат да им се случат . А токму во оваа книга е прикажана борбата за опстанок , неостварливите желби ...

    Начинот на кој се опишани љубовта на Џек и Мејбел , појавата на Фаина , потоа нејзиното одење и доаѓање , препреките низ коишто поминуваат тие двајца , раѓањето на љубовта помеѓу Герет и Фаина и нејзиниот плод , нивниот син , и заминувањето на Фаина засекогаш ни покажува колку само некои луѓе се силни . И колку е јака вербата и надежта .

    Најубав дел од книгата ми беше венчавката на Фаина и Герет . Колку само беше убаво опишано . Потоа градењето на нивната заедничка куќа и раѓањето на нивниот син . Но во моментот кога ќе помислиш дека конечно ликовите се среќни , се случува пресврт во книгата . Тогаш исчезнува Фаина . А со самото нејзино заминување , книгата ми беше непотполна .

    Исто како и на Лела , најпозитивен лик во книгата ми беше Естер . Кога и да се случеше нешто лошо , таа беше првта која ќе стореше нешто да се смени на подобро . И никогаш не ја губеше надежта . Секогаш беше ведра и позитивна .

    Само книгата мислам дека беше недовршена . Немаше крај , или барем епилог . А јас баш сакам да знам каков крај би и дал авторот . Што би требало да се случи после тоа ...

    За на крај , иако во книгата има малку фантазија и работи кои не можат да се остварат во реалноста , сепак заслужува пофалба . Добра книга . навистина . И да не се повторувам , јас би и дала 10/10 . Ја препорачувам книгата , дефинитивно .

    Се извинувам доклку не сум дала соодветна критика . Прв пат ми е , и знам дека сум ја утнала работата . Па ако нешто не е на место , ве молам да го изоставите .
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас каснам малку,ама ја завршив и уште сум под импресии.
    Книгава може да се опише само со еден збор-бајка.Кажано бајка,ама не се мисли на натприродноста со појавата на Фаина,туку бајка бидејќи за мене Мејбел и Џек се хероите,а антагонистот е суровоста на животот и реалноста.
    Ќе речев дека Алјаска е нивно бегство во фантазијата,во свет каде што нема болка,барем така сакаа да биде.Но,всушност,со нивното селење таму,тие само се оддалечија повеќе од себе си,а влегоа во дивината и снежните зими.
    Не мислам дека поентата беше појавата на Фаина и зракот надеж во срцата на Мејбел и Џек,јас поентата ја гледам во силата на една мајка,како таа се бореше да го преболи единственото нешто што го сакаше најмногу од се,описот на нејзината тага и тишина,кога сакаше да вика,кога го љубеше сопругот,а не знаеше како да ги искаже чувствата.Џек пак,и тој со својата болка,не знаеше како да и пријде,како да ја спаси од темнината на осаменоста,па утеха бараше во самата Алјаска и во малкуте пријатели кои ги стекнаа таму.
    Стилот на пишувањето е беспрекорен,Ајовин(мислам дека така се изговара) напишала извонредно дело.Посебно како е даден акцентот на суровата зима и радоста при падот на снегот,човек да посака да отиде таму и да се изгуби во снегулките.
    Секоја реченица содржи подлабоко значење,си издвоив цел фолдер со цитати,толку ми беа совршено вклопени што морав да ги имам некаде.
    "Where else in life, Mabel wondered, could a woman love so openly and with such abandon?"

    “In my old age, I see that life itself is often more fantastic and terrible than the stories we believed as children, and that perhaps there is no harm in finding magic among the trees.”

    "You did not have to understand miracles to believe in them, and in fact Mabel had come to suspect the opposite. To believe, perhaps you had to cease looking for explanations and instead hold the little thing in your hands as long as you were able before it slipped like water between your fingers.”

    Фаина ми беше чуден лик,уште не можам да се одлучам дали беше вистинска или плод на нивната илузија,од преголемата желба да имаат дете.
    На почетокот беше прекрасно лудо девојче,но потоа како брзо да ја пораснаа,како да и се изгуби почетната цел,да биде тврдоглаво дете на дивината.Без разлика на тоа,сепак беше пријатно да се чита како се развиваше љубовта помеѓу неа и Герет,како градеа соништа и иднина,се до нејзиното заминување.Очекувано беше да исчезне,барем од моја страна,сепак таа не припаѓаше таму.
    За најпозитивен лик ја сметам секако,Естер.Жената зрачеше со клопче енергија што ги разведруваше сите и совршено го исполнуваше темниот свет на Мејбел,како светло на крајот на тунелот.
    Единствено што не ми легна во книгата е крајот,иако не очекував среќен крај,не ни очекував да прочитам што всушност беше Фаина,но ете,остана празнина во мене,како недовршеност.
    И покрај се,книгата е доста реална и тажна,пуштив солзи на суровоста на дивината,посебно на убиството на лебедот.
    Дефинитивно ќе ја паметам уште долго време.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ама имаше епилог, крајното поглавје беше тоа. После неколку години, кога Џеј е веќе пораснат. Фаина не се враќа, единствено останува мистерија која е таа.

    Мене и овој дел ми беше многу тажен:

    „Фаина чекореше преку полјаната накај дрвјата, ама бавно се пробиваше низ снегот и застануваше за да одмори. Мина извесно време додека не стигна до работ на шумата, а Мејбел ја набљудуваше и сé повеќе се вознемируваше. Ова беше премногу брзо, не требаше да ѝ дозволи да излезе. Породувањето и напорот навистина ѝ го истоштија телото и ѝ беше потребен подолг одмор. Размислуваше дали да ја отвори вратата и да ја повика дома, да влезе внатре и да легне да се одмори, ама во тој миг Фаина веќе не чекореше. Не потрча меѓу смреките како што правеше многупати порано. Едноставно стоеше со рацете спуштени покрај телото и со развеаната бело-руса коса што ѝ блескаше под зимското сонце - осамена и напуштена фигура во снегот - додека дивината се протегаше пред неа. И потоа, се сврте накај колибата, кон нејзиниот дом и детето и, следејќи ги сопствените траги во длабокиот снег, тргна назад.“

    Некако, новиот начин на живот почна да ја притиска, и ми се чини колку и да се обидуваше да се вклопи во семејството, сепак знаеше дека не припаѓа таму. И додека Џек, Мејбел и Герет се обидуваа да ја очовечат, како да ја губеше магијата. Како лик, мислам дека имаше улога да ги потполни празнините во животот на останатите ликови. Ама на крајот сепак не му припадна никому.

    А не ја спомнавме мајка ѝ на Фаина - откако Фаина ѝ се врати на дивината, прво што си помислив беше тоа дека можеби мајка ѝ не починала откако ја родила, туку исчезнала во планините. И ја имала истата судбина како неа.

    Туку, давајте предлози за следнава недела во меѓувреме :)
    Јас моментално ја читам The Husband's Secret.
     
    На Lella и Snow-Star им се допаѓа ова.
  13. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    ^ Во книгата што ја зедов јас од библиотека , ова беше само уште една глава . Не пишуваше епилог . А јас сфатив дека се раскажува за неколку години по исчезнувањето на Фаина .И за животот на ликовите после извесен период . Па затоа помислив дека нема епилог . Се извинувам , сум сфатила погрешно .
     
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Девојки,јас имам колоквиумска,ама предложете нешто,па ќе прочитам кога ќе ми заврши.

    Еве една криминалистичка-Sworn to Silencе,ми изгледа интересна.
    Може нешто и од Зафон и Харуки,како што се договоривме,на пример After Dark.
    Исто така,ми се чита нешто од Гијом Мисо,одамна немам читнато.
    Изберете што сакате,јас секако се согласувам.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Јас уште не сум ја дочитала, се зафатив со нешто друго. Ќе се надоврзам кога ќе ја дочитам.
    Јас сум за Sworn to silence, примамливо делува.
     
  16. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    И јас сум за Sworn to silence, би ја почнала уште вечерва ама не можев да најдам торент, па споделете ако најдете. :)
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Најде некој торент за книгава? Јас не успеав :?:
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ја нема никаде,не е фер,баш сакав да ја читам :(
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Што ќе частите?:P
    http://hugefiles.net/guyobsi753r3
    Не кликајте на портокаловото download,туку подоле кај што треба да се внесе текстот. Download using download accelerator: Ова отштиклирајте го. Две книги има, првата и втората.
     
    На Marossa, AnaKarenina, SwanMay и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јеј :)
    Ќе ви се придружам и јас, ја ставам на киндлот одма.