1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас ја немам прочитано Sworn to Silence,ја начнав само,ама имам уште бајаги.
    За вторава се согласувам,ќе гледам да ја прочитам побрзо.Инаку мене лаптопот моби фајлови не ми отвара,има некоја апликација за тоа чудо? :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас во моментов немам ништо за читање, па ќе ја почнам и јас. Само не знам дали ќе стигнам да ја дочитам до пред нова година, ако не ќе ја коментирам откако ќе дојдам дома, пред празниците :)
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.716
    Пол:
    Женски
    Речено-сторено, насловот е сменет, јессссс. :dance:Победничкиот танц :D
    [​IMG]

    Патем, заљубена сум во корицава, а и во насловот.:inlove:

    А нема да биде лошо мислам да ја прокоментираме Sworn to silence.
     
    На sia.bella и crimson им се допаѓа ова.
  4. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    И јас не стигнав да ја прочитам Sworn to silence, всушност не ја ни почнав. Ќе ја почнам сега новата, па ако ве воодушевила претходната ќе се читаат, ама по обратен редослед :)
     
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Девојки , и јас не сум ја дочитала Sworn to silence. :tmi: Само ја начнав , и до таму беше . Имам уште многу за читање . Но ќе ја прочитам најскоро што можам , па ќе земам да ја читам и The promise of stardust . Па ќе ги коментирам заедно .
    Немав време , оваа недела беше полна со тестови и испрашувања . Но сега за време на распустот ќе ги прочитам . Празниците нема да ми попречат во тоа . :)
     
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Ја почнав синоќа и едвај чекам да ја дискутираме, гледам што мислеше. Толку ми се зборуваше на темата што ја замарав мајка ми цело сабајле. И како за некој што отсекогаш бил pro-choice, ме замисли.
     
    На AnaKarenina и RainBow им се допаѓа ова.
  7. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    И јас ја немам прочитано Sworn to silence. :tmi: Новата ја симнав па до среда/четврток би требало да да прочитам.
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Уф, книгава... тек сум на почеток, ама ветува! Мислам дека ќе може да развиеме убава дискусија. Цело време додека ја читам ми врти мозокот, размислувам за дилемата, не можам да се одлучам на чија страна сум и не можам на раат да ја читам од што размислувам :D Ќе морам да ја дочитам до нова година, не сакам да ја оставам.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.716
    Пол:
    Женски
    Јас ја дочитав The Promise of Stardust, се изнаплакав неброени солзи и ќе си ги запишам сите имресии во ворд додека уште ми се свежи солзите на образите.
     
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @RainBow осеќам дека книгава ќе ме распарчи :D
    Едвај 100 страни имам прочитано,ама синоќа ја почнав,ќе ја дочитам до НГ секако.
    И јас како Ана,не знам на чија страна сум,како би постапила и едвај чекам да видам што ќе се случи,одамна не сум била така возбудена за книга!
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас си одбрав страна уште на почетокот, ама никој од луѓето што ги замарав на темава не се согласува со мене. Едвај чекам ваше мислење.
    А со рецензиите за амишите што правиме? :D
     
  12. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, пред некој ден го открив вашиов клуб и не сум сигурна дали баш секогаш ќе успевам навреме да ги читам договорените книги, но би сакала да ви се придружам, бидејќи забележав дека често читаме исти книги дури и без договарање (имам прочитано огромен дел од книгиве што сте ги „работеле“). Инаку, како најнова, да си се претставам прво: Јас сум Ивана, од издавачката куќа Сакам Книги. Вашиов клуб на читатели ми се допаѓа од повеќе причини:
    • како прво, и јас секогаш умирам од желба да дискутирам за одредени книги, а најчесто немам со кого.
    • како второ, понекогаш ми е тешко да одберам што следно да читам од океанот на книги, па можеби е подобро кога се одлучува вака групно.
    • трето, како задолжена за изборот на нови наслови во нашата издавачка куќа, често ми е тешко да одберам книга за издавање (веројатно затоа што сум многу пребирлива) и понекогаш се случува да отфрлам книга што не ме воодушевила мене, а реално можеби би им се допаднала на многу други луѓе. Па мислам дека нема да биде лошо да ги читам вашите мислења - можеби со нив ќе можете да ми помогнете во изборот на нови книги за превод, доколку станува збор за книги кои уште немаат македонски превод.
    Се надевам дека ќе ме примите во друштво :D И секако, секој предлог за добра книга (што не е преведена на македонски) е добредојден!

    Инаку, на темата, моментално ја читам The promise of stardust, а претходно ги имам читано: Sworn to silence, Envy, We were liars, Снежно дете, Looking for Alaska и уште некои кои видов дека сте ги читале тука, па можам да си кажам нешто накратко за нив.
     
    На Lella и Snow-Star им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.716
    Пол:
    Женски
    @I <3 Books добредојде. :)
    На дневниот ред за коментирање ни е Sworn to Silence, помина доста време веќе.

    Прво да кажам дека ми се допадна стилот на пишување. Целата приказна течеше некако лесно и брзо се чита книгата. Ми се допадна и што од една страна читаме како Кејт раскажува во прво лице, а приказната за Џон е раскажана од трето лице, така немаше воопшто забуни. Темпото беше доста брзо, немаше некои досадни делови.

    Второ, ликот на Кејт е одлично прикажан, ептен се поврзав со неа, од сите ликови ми остави најголем впечаток. Силна жена, одлучна, непоколеблива. Толку многу работи поминала, а сепак не потклекнала пред животот.
    Џон ми беше океј, иако не ме фасцинираше нешто посебно, не дека и толку нешто помагаше, повеќе како морална поддршка и беше на Кејт.

    Трето, приказната беше солидна, со добар пресврт. Не знам дали вие погодивте кој е убиецот, ама мене ни на крај памет не ми падна до крајот, кога веќе почна да се одмоткува клопчето и сите работи си дојдоа на место. Не мислев дека Даниел е жив и ги извршува убиствата, ама не ни помислив дека еден од нивните ќе испадне. Ако беше Даниел жив сигурно ќе и се осветеше на Кејт, а кога немаше ништо такво знаев дека е мртов.

    За Амишите немам читано ништо посебно и баш добро ми дојде запознавањето на нивниот начин на живеење. Одлична е замислата на авторката главниот лик да припаѓа и на двете култури, да биде запознаена и со двете страни и затоа е и одличен медијатор.

    Само насловот на книгава не ми се допадна, ми нема некоја поврзаност, добро ајде, молчеше за тоа што и се случило и за Даниел, ама пак, поголем дел од книгата беа сериските убиства.
    И втората книга ја прочитав веднаш по првата, исто беше со насловот, таму па ептен немаше врска.

    Има 4 од мене книгава, ми го задржа целосно вниманието, успеа да ме изненади, ама сепак, немаше некој wow фактор.

    Да кажам некој збор за втората книга, Pray for silence, оваа за разлика од првата ми беше крајно разочарувачка, негде на почетокот сфатив што се случува и немаше никаква изненадувања до крајот. А да не спомнувам колку само имаше повторувања, истите објаснувања од првата книга, како била Амиш, па што се случило, па на Џон приказната и ми се здосади да бидам искрена,

    @crimson ти до која книга стигна, имаше некаков напредок понатаму?
     
  14. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Мене Sworn to silence ми е читана пред година и пол, така што не се сеќавам баш најдобро што се случуваше, но знам дека ја прочитав за една вечер и памтам дека ми беше многу интересно да читам за Амишите затоа што претходно не знаев скоро ништо за нив. Книгата генерално ми се допадна, ја оценив со 4ка и некое време дури и размислував за преведување ама ми фалеше оној wow фактор, немав со кого да се консултирам додека се нишав на оваа граница меѓу да и не и така кренав раце. Факт е дека приказната не е страшно уникатна, една од оние кои се помнат со години, но книгата е интересна.

    Што се однесува до другите книги, ајде само по реченица-две за нив ако може.

    Снежното дете
    , исто како и на RainBow, мене ми беше ужасно досадна книга што ми ја извади душата. Ете колку се разликуваат вкусовите... овде прочитав дека на голем дел од вас им се допаднала. Не можев да се поврзам со ликовите, не ми беше важно што ќе се случи и не ми се допаѓаше надреалната нишка низ книгата.

    We were liars
    , средината на книгата ме измачи, читав само за да стигнам до крајот и да видам што ќе се случи ама, според мене, крајот беше доста интересен и memorable, така што ја извади целата книга. Меѓу другото, книгата е мала и лесно се чита, па брзо стигнав до расплетот кој ми се допадна. Да беше некоја огромна, развлечена книга - немаше да можам да простам. Оцена 4/5. Патем, ми се свиѓаше и тоа што приказната за сестрите - тетките - држеше вода затоа што имам видено како луѓе си вадат очи за наследства, па тој дел ми беше некако добро доловен во книгата.

    Envy
    , интересна приказна, иако малку развлечена за мој вкус. И за оваа се мислев дали вреди да се преведува... Ми се допадна љубовната приказна, која е малку поразлична од останатите поради тоа што Паркер е во количка - не знаев како ќе реагирам на ова додека ја читав; се плашев дека сожалувањето ќе ја уништи привлечноста, но не - ликот е супер, воопшто не губи од мажественоста и привлечноста. Некои страшно големи пресврти немаше, горе-долу се беше предвидливо, но сепак уживав додека ја читав и би ја оценила со 4/5.
     
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Девојки , успеавте да ги симнете книгите? Кај мене ми излегува прозорче и пишува дека документот не може да се отвори. Не знам зошто е така. :( Изгледа нешто сум погрешила негде. Прв пат ми се случува ова.

    Гледам дека книги планирате да ги коментирате оваа недела, пред новата година. А јас сум на почетокот од Sworn to silence. (facepalm)
    Најдобро ќе биде да се откажам јас . И онака само ви сметам овде . Ниедна книга не прочитав на време. Само ја отежнува работата . :|

    П.С. Ќе може некој да ми ги прати книгите преку е-маил? Во Лп. Кога веќе не можам да го отворам фајлот, барем да ги дочитам .
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.716
    Пол:
    Женски
    @Snow-Star кои книги не можеш да ги симнеш? Гледам си ја почнала Sworn to silence. И не ни сметаш, нема зошто да сметаш, кога ќе прочиташ нешто надоврзи се слободно, нема потреба да се напнуваш.;)
     
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    ^Овие две. Sworn to silence и The promise of stardust. Мислам ги симанав . И Sworn to silence ја почнав. Ама денес кога решив да ја дочитам, ми се отвори прозорче и пишуваше дека документот не може да се отвори. Пробав да ја отворам и The promise of stardust, пак исто такво прозорче се отвори. Не знам зошто. Изгледа не сум направила се што треба. Или пак лошо сум ги симнала . Не знам ... :(
     
  18. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Читај си како што си читаш, не се оптоварувај толку, ова сепак е хоби и забава :)

    Инаку дечки, јас сум до кај 65% од The promise of stardust и книгава малку ме потсетува на Dancing on broken glass, иако темата не е баш иста. Таму се работи за жена со историја на рак на дојка во семејството и маж со биполарно нарушување. Ако некој веќе ја завршил оваа и му направила мерак, еве една препорака од мене да ја прочита и таа ;) Патем, јас уште не сум се расплакала на оваа, а обично сум плачка на тажни книги.
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене Sworn to Silence во глобала ми се допадна, иако некои од претпоставките кои ги имав, испаднаа точни.
    Прво, уште на почетокот кога Кејт разговара со брат ѝ за она што ѝ се случило, кога се сомневаат дека Даниел е всушност жив, си помислив: Па можеби Даниел не ни бил серискиот убиец. Се случува Кејт да е силувана додека во гратчето демнее сериски убиец, ама не значи дека Даниел е тој. Така што можноста тој да е жив, ја исклучив од самиот старт.
    Уште кога доаѓа Џон во игра, знаев дека ќе има афера со Кејт, некако тоа многу често се случува во вакви книги, не знам зошто.
    А за убиецот, претпоставував дека ќе биде некој од полициската екипа. Изгледа премногу такви книги сум прочитала :lol:

    Стилот ми се допадна, ми го задржуваше вниманието и не ми беше досадна во ниту еден момент. За Амишите имам читано порано, имав гледано и една документарна емисија каде кажуваа за нивниот живот. Не знам дали воопшто немаат весници и слично, ама нешто што ми остана во сеќавање е дека една од жените во таа заедница, знаеше за 50 Cent раперот :D Ми се допадна како се провлекуваа делови од нивниот традиционален живот низ приказната.

    Што се донесува до ликовите, Кејт ми се допадна најмногу, како силна и храбра жена. Не само во однос на тоа што ѝ се случило, туку и нејзиното отргнување од семејството. Имам читано за Амишите кои се отргнуваат од заедницата и можам да претпоставам колку е тешко тоа. Бидејќи од тој момент не само што си препуштен сам на себе, туку влегуваш во еден поинаков свет кој функционира сосема поразлично од оној во кој си израснал.
    Сочувствував со Џон за она што му се случило, ама и јас некако не ја почувствував неговата улога во решавање на случајот. Само како да се провлече низ приказната.

    Многу ми беа грозоморни сцените со убиствата и насилствата, ми се превртуваше стомак кога ги читав тие делови и си ги замислував во глава. Единствено заради тоа не ги сакам ваквите книги.


    Јас уште сум во првата половина со новата книга, имам високи очекувања според тоа што го прочитав досега, па ќе видиме дали во целост ќе ме импресионира :)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.716
    Пол:
    Женски
    Мене The promise of stardust негде на крајот ме расплака, кога се случи една работа и не можев да се додржам повеќе. Мислам дека до крајот така залипана си ја читав. Едвај чекам да ја дочитате сите. :nod:
    Тоа е составен дел некако, мора да се најде нешто и за љубителите на романса. Ама во книгава среќа, не беше толку голем дел посветен на нивната врска.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.