1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас уживав многу во Sworn to silence, иако имав неколку проблеми со заплетот и со ликовите што ми пречеа низ цело читање. Ја оценив со 3, ама јас сум ептен строга со оцените :D

    Стилот на пишување ми се допадна и мене, брза беше, едвај чекав да најдам слободно време за да видам што ќе се случи. Мене малку ми пречеше што дел беше во прво, дел во трето лице, збунувачки ми беше, особено кога се менуваше во една глава.

    Двата ликови ми се допаднаа. Малку ми беше чудно што Џон толку лесно ги остави апчињата и алкохолот, и буквално во една глава му се смени целиот живот што ми беше малку нереално. Исто така, на почетокот го замислував Џон како многу постар, па ме изненади како се одвиваше приказната. Супер ми беше што двата ликови беа несовршени, двајцата имаа направено грешки во животот ама испаднаа совршени еден за друг. “I feel as if we're the centre of the universe and a kind God has blessed two imperfect people with a perfect moment.” Исто ми се допадна тоа што колку и да беше клише двајцата да завршат заедно, споро се зближуваат, еве при крај сум со третата книга и уште не им е дефинирана врската.

    Уште на почетокот претпоставував дека Даниел не ни бил воопшто убиецот, затоа што ми беше тотално нелогично 19 годишно дете да го направило тоа, ниту се поклопуваше со профилот на убиецот и страшно многу се нервирав што на Кејт и требаше толку време да го сфати тоа.
    Мислам дека малку повеќе требаше да се објасни за животот на Кејт, особено во периодот кога ја напуштала заедницата со амишите, ама претпоставувам дека тоа ќе се открива дел по дел во останатите книги. Малку ми беше нереално тоа што Кејт беше толку обожавана од сите останати ликови, особено од нејзините подредени. Има многу ликови во книгата, вклучувајќи го и убиецот, што не беа доволно разработени, па тоа е веројатно и главната причина зошто никој не погоди дека е тој.

    Главната причина заради која уживав во книгава беа амишите, обожавам да читам за нив. Заради тоа продолжив да ги читам и другите делови, и да @RainBow истото се случува и во тројката, се повторуваат работите. Не само објаснувањата, туку има исти дијалози, слични разрешувања на убиствата и се чувствувам како да ја читам истата книга, со мали измени.

    Одлично беше што имаше многу детални описи на обдукцијата и на целата истрага воопшто. Може да е проблем на некој со послаб стомак, ама мене ми беше интересно.
    Моментално сум при крај со третиот дел, има уште четири. Веројатно ќе ги дочитам, забавни се.

    Инаку @I <3 Books ако некогаш отворите книжара, мислам дека барем еднаш неделно ќе ја посетувам, супер ви е изборот на книги. :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.716
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не можеше да сфати дека Даниел не е убиецот бидејќи бидејќи беше девојче кога тој ја нападна и едноставно и беше врежан настанот во психата, не можеше баш да биде објективна. А и тука беше случајноста, убиствата престанаа во исто време кога Даниел беше убиен.
    Па, не беше баш обожавана од сите, имаше раздор во нејзиното семејство, нели ја имаа отпишано. А за нејзините подредени мене баш ми беше веродостојно, ја имаше стекнато нивната почит со нејзината објективност во изминатите години. Имаше спомнато дека на почетокот не ја прифаќале, дека требало време додека се средат работите. А и со оглед на тоа што се гледаше дека Кејт е одлучна и цврста жена ми беше нормално дека ја заслужила нивната почит. :)

    Патем, предложете нешто за следна книга, јас не предложувам овој пат, доста напнав за претходната. :D
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  3. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Фала (fingers) Инаку изборот веројатно е таков затоа што и јас сум строга со оцените како тебе :D Секогаш сакам да го одберам најдоброто и ретко ми се случува книга да е тоооолку добра да пресечам за неа веднаш штом ја прочитам последната страница.

    Патем, дечки, јас ја завршив The promise of stardust, кажувајте кога сакате да коментираме. Сега само ќе кажам дека од мене има солидна 3, ќе беше можеби и 4 ама ептен се развлече, ептен се повторуваа дијалозите.

    Инаку за предлози, еве некои книги што одамна ги меркам:
    • Orphan Train / историска драма
    • Dead Dimple / трилер
    • All the light we cannot see / историска
    • Rooftops of Tehran / историска романса. Оваа инаку ја читав минатата недела, а ИЧ не сакам вакви книги ама ми ја препорачаа и ми се допадна и моментално ми стои на граница: за издавање или не :)
    • Night road / драма. Уште една од тие што ми стојат на граница, убава книга за љубителите на Пико и Чемберлен.
    • The chemistry of death / трилер
     
    На toogood и crimson им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Најмногу сум за последнава, зашто се зачитав трилери во последно време, амам и All the light we cannot see одамна сакам да ја прочитам. Како сакате.
    Ајде да се договориме побрзо, при крај сум со The promise of stardust :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.716
    Пол:
    Женски
    Dead Simple е преведена на македонски, ја земав еднаш да ја читам, ама преводот беше прилично ужасен и се откажав. Ми се чини на Просветно дело беше издание. А од нив нема добро преведена книга.
    Ми фати око Orphan Train, за последниот трилер не знам, пак некако ми е селска идила (пореметена само со убиства, очигледно.)
    All the lights @sia.bella мислам ја прочита, мене уште од тогаш кога се двоумевме ми е на киндлот.
     
  6. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Да, Dead simple ја имаат преведено - и јас пред некој ден случајно ја најдов, корицата ме збуни тотално :) Како и да е, преводот е прилично стар, сигурно има 4-5 години, а имам прочитано добри критики за неа, па планирав да ја читам секако. Orphan train исто ми се чита, мислам дека ветува, иако не обожавам историски.
    А ако повеќе ви се чита нешто друго, јас секогаш сум расположена и за романси, драми, комедии :)

    Еве нешто такво што ми се нашло на список:
     
  7. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Да @RainBow ја прочитав All the light we can not see, ако сте за трогателна историска драма - вистински избор е.

    Ок ми се предлозите на @I <3 Books, јас на подарок добив две книги ( ќефови сум ^_^ ), па тие ќе ги предложам доколку не сте ги читале - бестселери од пред неколку години:

     
  8. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Јас Патерсон не го поднесувам баш ама затоа од Лиса Гарднер ги имам прочитано скоро сите книги :) Ја обожавам. Како и да е, оваа не сум ја читала, така што немам ништо против :emo: Инаку во меѓувреме почнав да ја читам и оваа And one last thing... и не ме влече нешто посебно до кај 35%, така да може да се игнорира :)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.716
    Пол:
    Женски
    The promise of Stardust

    Јас прилично се опседнав со книгава додека ја најдам, има некои такви книги што едноставно морам да ги прочитам, а и најчесто испаѓа дека се токму по мој вкус.

    Уште на почеток да кажам дека и давам 5, мислам дека оваа е втора во клубов која заслужила таква оцена, после Џоџо, Me before you. Можеби и зашто се слични на некоја скала, потресителни, те тераат да размислиш.

    Кога почнав да ја читам книгава не знаев што да очекувам, мислам дека ни кратката содржина не ја прочитав како што треба, најмногу сакам кога скроз на слепо ќе влезам во некоја книга. Како што кажав, насловот и корицата беа и повеќе од доволни да ме привлечат.
    Јас лично мислам дека немам прочитано досега друга книга со ваква приказна, можеби затоа и толку ми се допадна. Ми беше нешто поразлично од стандардните приказни.

    Начинот на раскажување беше солиден, иако би можел да биде уште малку подлабок, со поинспиративни мисли. Како и да е, приказната сосема надоместува, па не го земав ова за некој голем минус.

    Јас уште на почетокот одбрав страна. Дури и не ми беше логично како некој може да помисли нешто друго. Мајка му на Мет наместо да го поддржи тргна против него. Во колкава болка беше, па мораше да се соочува и бори дури и со неа. Убаво беа разјаснети причините Лини што ги имаше, сосема ми беше јасно зашто го прави тоа, ама сепак не можев да ја оправдам. Воопшто не беше иста ситуацијата како на мајка и на Ел, она не носеше нов живот во себе. И толку посакуван живот.

    Дури и по толку ризици, иако последниот пат за малку ќе го изгубеше животот, сепак Ел не се откажа. И на крајот, кога постоеше дури и мала шанса за тоа сакаа да и ја одземат?
    Ми беше ужасно жал за Мет. И во толкава загуба да биде присилен да се бори за животот на нероденото дете. Кога веќе за жал не можеше да се бори за животот на својата жена...

    Јас само се ужаснав кога Лини му истакна дека не може да биде сто посто сигурен дека не трпи болки. Никој за жал не знае со сигурно што се случува кога луѓето се во таква состојба. Но, дури и покрај тоа, иако тоа и беше најголем страв, јас сум сигурна дека Ел би претрпела само заради бебето.

    Моментот што ме скрши беше кога Мет доживеа срцев удар. Можев да почувствувам колку се му се собра кога го виде видеото. Неподносливо беше. Сите тие емоции, целата негова љубов... Кога го удри моментот, неговата жена во кома, а тој се бори во судница за опстанокот на нивното бебе. Од тука натаму мислам дека низ солзи ја читав книгата до крајот.
    Адам ми беше најодвратен да бидам искрена.Дури и кога Лини ја отфрли тужбата тој си продолжи со своето. Со кое право? Зашто мислеше дека поради неколку поминати години со нејзе може да се мери со луже кои ја знаат цел живот? Зошто воопшто помисли дека ја познавал толку длабоко и интимно за да си даде сила да носи такви одлуки? Ми идеше бокс да му удрам. И според тоа што го дознавме за Адам од Ел ми беше уште почудно. Он не ја ни познаваше.
    Има многу да се зборува за приказната, за нивните млади години, за првото изгубено бебе, Селина, за разделбата... За болеста на Алис и трагата што ја остави врз Ел.. Не можам се да опфатам во еден пост.

    На почетокот Ел кога ја однесоа во болница уште не знаев каква личност била, па ми беше некако сеедно. Потоа, кога приказната се навраќаше во минатото и се градеше сликата за Ел ми беше ужасно жал. Таква загуба на еден прекрасен млад живот... Ми се допадна нејзината професија, нејзината љубов и страст за тоа што го работеше, ми се допадна што беше целосно изградена личност, толку интелигентна.. На крајот ја стигна најголемиот страв, почина на начин од кој што се плашеше цел живот.
    Би била прекрасна мајка, навистина ми е жал што не успеа да го искуси тоа.

    Мет успеа да се избори на крај, иако и него го мачеа сомнежи, знаеше длабоко во себе што Ел би сакала, на другите им требаше време да го увидат тоа. Беше цврст и истраен, токму кога требаше. Иако не остана без последици од сето тоа. Ќе мора да го живее живото без неговата најголема љубов, но барем ќе има нешто од неа, една мала личност кон која ќе може да ја насочи својата преостаната љубов...

    Преубава беше книгава, јас нема да ја заборавам во брзо време, многу ми е мило што прочитав една ваква трогателна приказна која ќе ми остане во срцето,
     
  10. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    The promise of Stardust

    Од каде да почнам? Ајде прво од генералниот став по прашањето обработено во книгата. И јас како и @RainBow бев на страната на Мет, уште од самиот почеток и до самиот крај. Револтирана од тоа што згора на целата трагедија, мораше да се бори против сопствената мајка која си зеде за право да одлучува во име на жена му и по цена на животот на неговото дете. Ја разбирав и нејзе, и нејзиниот став делумно беше оправдан, особено кога се ставаше под знак прашалник што чувствува, а што не чувствува Ел, но секој кој ја знаеше Ел требаше без двоумење да знае дека таа би сторила буквално се’ за дете.

    Оваа тема за жените кои не можат да имаат деца ми го пара срцето; веројатно затоа што сум млада жена се’ уште без деца и се ставам во ситуација што ако не дај Боже некогаш се најдам на нивно место, колку ли мора да е болно и страшно. Не ми е прва книга на темата, напротив, имам прочитано минимум 5-6 и сите ми ги насолзиле очите или добро ме расплакале. Меѓутоа, има книги на темава кои ми се допаднале и повеќе, иако морам да признаам дека конкретнава дилема ја сретнувам за првпат.

    Она што не ми се допадна, всушност, тоа беа повеќе работи:
    • Честото повторување на истите податоци и муабети, иако читателот веќе многу добро разбира кој каков стив има и зошто. Ова е нешто што секогаш ми ја уништува и успорува приказната.
    • Љубовната приказна на Мет и Ел. Искрено, овој срцепарателен крај што ги снајде оставаше простор за мнооогу поубава и поуникатна приказна. Нивната приказна ми беше мошне секојдневна и обична, дури и малку плитка. Се вљубиле како деца, почнале со сексуални односи уште кога Ел била осмо одделение?!, преживуваат нешто толку големо како смрт на дете и после раскинуваат поради глупост како изневерување, Ел не му збори со месеци или колку и да беше, Мет доаѓа на раб на женачка со друга, Ел живее осум години со Адам и на крај доаѓа до сето ова малтене веднаш после нивната свадба. Јас просто ни за момент не ја почувствував нивната љубов кога се раскажуваше за минатото, не ја засакав Ел како лик, не го засакав дури ни Мет нешто посебно, со исклучок на тоа дека многу ми падна жал за него кога го доживеа инфарктот.
    • Ова може да се поврзе со втората точка, но генерално, ниту еден лик во книгата не ми беше допадлив.
    • Стилот на раскажување не ми беше ништо посебно.
    Се’ на се’, книгата беше интересна и поинаква, а јас веќе си кажав дека сум тешка на оценување, па мојата солидна 3 воопшто не е лоша оцена.
     
  11. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Кога ја почнав книгата, мислев ќе биде нешто посебно и незаборвно, но генералниот впечаток ми беше просечна книга - со добра замисла, но не толку добра реализација. Ова ми е прва прочитана книга со ваква тематика, контроверзна тема, исполнета со морални и етички прашања и дилемата и борбата на главните ликови - правото на пациентот да умре достоинствено и правото на живот на нероденото бебе.

    И јас како и вас две, бев на страната на Мет уште од самиот почеток. Ми беше жал поради тоа што го доживува, ја губи својата сродна душа пред свои очи, немоќен да ѝ помогне, па згора на тоа и да се бори за животот на своето неродено дете и тоа против својата мајка. Ми се допадна крајот, иако уште од почеток можев да претпоставам што ќе се случи.

    Тоа што не ми се допадна од сам почеток беше стилот на пишување и раскажување, слабите дијалози. Целата приказна ми беше некако многу развлечена, комотно можеше да е 100тина страници пократка и целокупниот впечаток ќе беше поинаков, вака непотребно одолговлекување пропратено со многу повторувања. Потоа не ми се допадна како беа изградени ликовите, со ниту еден не успеав да се поврзам, затоа и не ја доживеав многу лично целата приказна. Ел ми делуваше како нереална личност: совршена, брилијантна, успешна и позната, со еден збор светица. Не ми се допадна ни нивната љубовна приказна полна со драматика и пресврти, и таа како и Ел ми беше несварлива.

    Сума сумарум и од мене има една тројка! Поради добрата тема, брзото читање и тоа што ме натера на размислување!
     
    На I <3 Books му/ѝ се допаѓа ова.
  12. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    @sia.bella се чини дека имаме сличен вкус :) Многу убаво опиша:
    И мене најмногу ми пречеше тоа што се одолговлекуваше и повторуваше, а можеби и уште повеќе тоа што не можев да се поврзам со ниту еден лик.
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.716
    Пол:
    Женски
    Ееее тапа сте. :D

    Јас обично ја чувствувам должината на книгата, ама овој пат ептен се внесов во приказната и воопшто не ми делуваше како предолга.
    Да, Ел немаше некои мани, дури и еднаш Мет имаше спомнато дека имала некои мани, тврдоглава била или нешто такво, ама беше колку да се спомне дека ете, не е толку безгрешна.
    Ама сепак ми се допадна. Ми се допадна нејзината пожртвуваност за бебињата, што беше спремна низ се да помине. И нормално ми беше некако да нема лоши работи за неа, сигурно немаше да мислат дека била ваква или таква додека лежи во кома со бебе во неа.

    За следна што правиме, не се одлучивме никако.:wasntme:
     
  14. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Реин јас немам проблем со совршени ликови во книгите, но во оваа некако се ми беше недоволно убедливо. И да, самата тема тера на размислување - не дека книгата беше толку добра.

    За следна не знам, само по можност да не е чик-лит. :)
     
  15. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Ви ја препорачав веќе Dancing on broken glass, како делумно слична книга каде што се гледа пожртвуваноста на мајка и сопруга. И таму се чувствува должината на книгата ама исто така станува збор за необична тема. Мажот има биполарно растројство, нешто што јас го имам видено кај близок познаник и ми беше прилично (поради недостаток на подобар и посоодветен збор ќе се изразам вака) интересно за читање, а жената има страшна историја на рак на дојка во семејството и не смее да помисли да остане трудна, колку што се сеќавам од пред 2-3 години кога ја читав. Оваа ви ја препорачувам онака за читање како предлог, не за клубов :)
     
  16. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас сум со размислувањето како @RainBow ,дали дека немам читано таква приказна,доста ме трогна и испуштив многу повеќе солзи отколку што очекував.
    Баш љубовната приказна на Мет и Ел ми беше интересна,спонтаноста и секојдневните работи повеќе ми измамуваат насмевка,отколку некоја нереална бајка.Си значеа еден на друг дури и премногу,а нивната љубов постепено со годините само се зацврстуваше.Начинот на кој се опишани навидум небитни детали,тоа ја прави нивната приказна посебна.
    Инаку,за разлика од вас,јас на почетокот се двоумев на која страна сум.
    Го разбирав Мет комплетно,загуби парче од неговата душа во еден миг,а доби тронка надеж со бебето.Првите страници ми звучеше доста себично,сакајќи да остави дел од Ел со него,би ги игнорирал нејзините желби,но подоцна,со искажувањето на неговите внатрешни конфликти и размислувањата на Ел,сфатив дека е во право.
    Адам ми беше нерелевантен,човек од минатото што не му беше местото по судови,ниту пак во нивниот живот.
    И исто како Реин,најболен момент ми беше кога Мет доби срцев удар,кога ја бараше Ел,неговата сакана,секогаш прва во мислите.
    Се восхитував на неговата сила и храброст,како остана на нозе после сета болка што му ја приреди животот,што немаше доволно време да го живее тој среќен живот со Ел што секогаш си го замислуваше,и оној момент кога прво рече дека бебето умрело,срцето ме заболе и престанав да читам,не можев да ги совладам солзите.
    Сума сумарум,прекрасна книга,со убав стил на пишување и брза за читање.Моја оцена 4/5.

    И од сопствено искуство,знам колку е тешко да се грижиш за човек во кома,без никакви знаци на живот,а да не ја губиш надежта,колку и да е мала.Искрено,не знам како одат законите во државава,ама и одамна размислувам и би потпишала иста документација како Ел,и орган донор и исклучување на апарати.
    Не заради трпење на болка,туку заради онаа на блиските.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.143
    Пол:
    Женски
    Јас само вака да ви улетам како падобранец, за да и` кажам на @RainBow дека ќе го памтам овој Божиќ, зашто рикнав од плачење и уште не можам да се соземам од синоќа. :D
    И јас за жива глава не можев да ја најдам книгава низ Интернетов, а толку сакав да ја прочитам, што би ги превртела небото и земјата за да ја најдам, па со право ќе кажам дека Реин ми го продолжи животот кога видов линк. Ете, да кажеме дека се чувствувам исто како Дедо Мраз да ми исполнил некоја долгопосакувана желба. :wasntme:

    Приказната ме трогна, не знам кој би останал рамнодушен на ова и уште пред да навлезам во сторијата за Ел, без сомнеж застанав на страната на Мет. Без пардон би постапила исто, а тоа што Лини се перчеше цело време со приказната дека Ел така сакала, Ел така кажала, ми беше буквално дробење празна слама и цело време во глава ми се моташе - не е исто, зошо побогу ја споредуваш состојбата на Ел со онаа на мајка и` ?! Па и појавата на Адам во целата таа збрка, ми доаѓаше да го убијам. Колку себичен човек, немам коментар, ваквите не можам да ги поднесам.

    Срцето ми се искрши додека го поминав делот кога ги префрлаше остатоците во урната на Ел, а писмото кое патем го најде - ме докрајчи.
    Многу убава приказна, се чита многу брзо, ама ете уште не можам да најдам сила да ја довршам веќе започнатата книга од Мураками, си сумирам впечатоци. Приказната е една од оние кои остануваат во глава долго време, барем јас сигурна сум дека ќе ја памтам. :)

    По коментарите гледам дека не сум единствена, ама и мене на нерви ми одеа дијалозите кои се повторуваа, едно те исто, едно те исто, додека не стигнаа до крајот на судењето.
    Тоа ми е малку исцрпувачко, да читам едни исти информации за кои повеќе од јасно е дека нема потреба да се повторуваат на секои десет страни, кога веќе еднаш си прочитал и ти станало јасно.
    Ужасно сакав среќен крај, но не го добив во онаа форма во која очекував - знам дека не беше возможно, но во секој друг случај приказната би била нереална и клише.
    Висококотирачка 4 од мене, а за Реин чиста 5. Или 10, ако е за во индекс. :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.716
    Пол:
    Женски
    ^ Многу ми е мило што и јас бев Дедо мраз еднаш на некој, или баба Мразица :D
    И јас исто се опседнав со книгава и морав да ја најдам, па секој ден барав по линковите. Еднаш за една книга најдов линк на руски сајт, ама ништо не разбирав, бараше да се зачлениш и имаше некои поени, мада не знаев дали беа поени или пари, како и да е, направив акаунт, кликав на она што мислев дека треба да биде линкот за симнување и успеав да ја симнам книгата. е тоа ми беше врвот. :D Не за џабе ми цркна компјутерот од вируси, некој го полни од порничи, јас само од книги. :lol:
    Туку дајте стварно да одбереме книга, редно е веќе.
     
    На AnaKarenina и Mishela им се допаѓа ова.
  19. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    ^ Некој предлог? Или нешто од горенаведените да бираме? :)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.716
    Пол:
    Женски
    Јас ја довршувам The language of flowers, па мислев со нешто дистописко да почнам. Ама таквите обично се трилогии.:wasntme:
    Не знам, ако сакате анкета некоја да направам од досегашните предлози.