1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Стави ако не од секој жанр по нешто, па да се изјасниме до утре. Анкета е секогаш решението кога сме вака неодлучни. :nod:
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.708
    Пол:
    Женски
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Отприлика се што имав да кажам веќе сте кажале вие, ви ги прочитав рецензиите.
    Исто така сум на страната на Мет, уште од почетокот бев. Не ми беше јасно како можеа сите да бидат против него. Толку размислував за ситуацијата што ја раскажував книгата по луѓе и барав мислења :D

    Јас сум личност која поретко плаче на книги, за разлика од филмови, не знам зошто. Ама книгава успеа да ме расплаче. И дадов 4/5 :)

    Инаку, гласав за The Lost Girl, ми звучи интересно.
     
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И мене ме заинтересира The Lost Girl,одамна немам читано oд таков жанр,така да јас сум ЗА! :D
     
  5. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Иако не преферирам дистописки и sci-fi книги, а ниту филмови гласав за The Lost Girl. Искрено, не се сеќавам да имам нешто од овој жанр читано - па да му дадам шанса. Мислам можеш да ја ставиш уште сега и да споделиш линк, па да се фрлиме на читање. :nod:
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.708
    Пол:
    Женски
    Ајде тогаш, штом толку сте одлучни. Јас ќе гласав за Orphan train, а и мислам дека секако ќе ја прочитам исто како и оваа.
    Овие дистопискиве или се крајно глупави или се супер. Баш ме интересира оваа како ќе испадне.
    Еве линк: https://kickass.so/sangu-mandanna-the-lost-girl-ya-kindle-epub-eilidh-4-t8635219.html
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас каснам со критиката за претходната, ама при крај сум, па ќе ја напишам во темава во меѓувреме, додека ја читате новата :) Не ја отворав темава за да не налетам на спојлери, ама кога видов дека е сменет насловот морав да видам што сте одбрале, гледам и анкета сте ставиле. Малку не сум во тек, ама се надевам ќе ве стигнам со читање :)
     
    На Marossa и RainBow им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Конечно стигнав да ги средам импресиите од The Promise of Stardust :)

    Јас на почетокот малку се двоумев околу тоа на чија страна ќе бидам, зашто Ел сé уште беше само жена во болнички кревет за чиј живот се води судски спор. Мет дури и ми остави впечаток на себичен човек кој сака по секоја цена да има дете, макар и да е на сметка на страдањето на Ел од кое најмногу се плашела. Ама како што течеше приказната, како што се градеа ликовите, така станував сé поцврсто убедена дека Ел би го дала својот живот за детето. Тоа беше повеќе од јасно. Се докажа нејзината пожртвуваност и длабока желба да донесе нов живот на овој свет. Ми се допадна како беше обработен нејзиниот карактер, како преку раскажувањата на Мет и нејзините писма, полека се оформи во целосен лик кој доби свој глас во заплетканата приказна. Се восхитував на нејзината професија и страста која ја имаше кон истата. Што се однесува до Мет, низ текот на настаните сé повеќе ми освојуваше симпатии. Имаше некоја топлина во неговиот лик, толку љубов носеше во себе.

    Ми се допадна дури и нивната љубовна приказна. Навидум обична, ама баш тоа ја правеше посебна. Немаше ништо бајковито во неа, беше реална и токму тоа ми допадна. На моменти патиштата им се разминуваа, ама некогаш потребна е разделбата за двајца да сфатат колку си значат.

    Лини толку нереално гледаше на целата ситуација, што ми стана крајно антипатична. Особено со овој цитат:
    “I didn’t do anything when Alice was dying. I didn’t stand up to Hank. I didn’t push the oncologists. I didn’t go over anyone’s head from the hospice agency. I held my tongue like a good little subservient nurse. Back when nurses were silent. Back when we didn’t assert ourselves. Back before we had a voice in the health care team. I grew up old school, as the young ones say these days. And I have regretted my silence, my passivity, ever since. I let my best friend down. I let her suffer.”

    Како да сакаше да се искупи за тоа што не ѝ помогнала на Алис додека страдала, па сега сакаше да направи нешто со кое ќе ѝ биде помирна совеста. Ама во овој случај не беше сé така црно и бело, имаше милион сиви нијанси пред кои Лини како да беше слепа. Успеа да ги види на крајот.

    Адам ми беше одвратен, не знам со кое право си зема да се меша во туѓ живот од кој веќе не е дел. Ама мислам дека како лик беше неопходен, зашто веројатно ќе дојдеше до големо заострување на односите меѓу Мет и Лини ако продолжеа на војуваат на различна страна. Вака беше подобро. На крајот ги здружија силите во заедничка борба за животот на детето.

    Јас да не прочитав во темава дека на повеќето ви делувала развлечена приказната, немаше ни да размислувам за должината на книгава. Ако беше пократка, мислам дека настаните ќе беа избрзани, вака држеше некое добро темпо и во ниеден момент не почувствував досада. Можеби се повторуваа некои работи, ама мислам дека во вакви книги со дискутабилни теми, потребно е време за да се поврзеш со целата приказна и ликовите во неа. Инаку ќе оставаше чувство дека писателката само протрчала низ настаните, без да им даде длабочина.

    Не би се согласила дека во случајов само темата беше интересна, а не и книгата. Затоа што приказната можела многу лесно да излезе од колосек, ама беше добро спакувана. Дури и насловот е одличен. Имаше повеќе моменти кои ме допреа, ама на плачот на Хоуп и јас пуштив солза.

    Мене многу ми се допадна, а во план ми е да ја прочитам и Dancing on Broken Glass, чисто за да направам споредба.

    Туку, мене изгледа секоја година ми почнува со дистописки роман :lol: 2014та ја почнав со Фаренхајт 451, а и сега гледам дека таков роман сте одбрале. Имам едно кратко книжуле што сакам да го прочитам прво, ама во една ноќ ќе го средам, па продолжувам со The Lost Girl.
     
    На Marossa и RainBow им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.708
    Пол:
    Женски
    Како иде девојки? Јас вчера ја почнав, до 70 посто сум, планирам вечерва да ја дочитам, едвај чекам да видам како ќе се разреши работата.
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас сум до 51%, се надевам да ја дочитам пред да одам на викенд. Не можев да читам деновиве од главоболки, денес дури ми беше страв да не ми рече неврологот да намалам со читање :wasntme:
    Засега размислувањата ми се расплинети на сите страни, ама тек сум до половина. И пријатно ме изненади книгава, не мислев дека толку ќе ми се допадне :)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Јас ја завршив, ама да не коментирам пред време:D
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.708
    Пол:
    Женски
    Јас ќе пишам коментар додека ми е свежо, и така помина повеќе од една недела. Ако некој ја чита уште нека не чита надолу.

    Хммм.... Книгава ме остави збунета.
    Ми се допадна емотивната страна на книгава, ликовите беа добро обработени, ама практичната страна не баш. Многу дупки, необјаснети работи преку кои и баш не можев да поминам. Кога не е добро објаснето зошто нешто се случува, која е причината, овие книги многу лесни преминуваат во нелогични и недопадливи.

    Прво, не можев никако да ја сфатам работава со ехава. Кој родител би направил нешто такво? Да ти умре детето, ти да не го жалиш, да не им дадеш шанса на блиските да го жалат, да знаат дека нејзиниот живот завршил... Секој го заслужува тоа. Зошто бре би им го ускратиле тоа на сопствените деца? Да гледаме туѓинец во нашата куќа? Да, на почетокот мајката мислеше, или толку многу сакаше да верува дека постои делче од Амара во Ева, ама јас ни за момент не можев тоа да го смислам. Како што кажа татко и на Амара, различно се движи, однесува, реагира, можам само да замислам колку биле различни.

    Второ, ги чуваат изолирани, а потоа ги праќаат во голем град со толку многу луѓе и очекуваат да се вклопат? Сериозно? Па дури и дијалектот им беше различен, толку многу беа различни што не можев да поверувам дека и другарките веднаш не ја увидоа разликата.

    Беше тешка одлуката за тоа дали да ја пријават Ева, ама па и не можев да се согласам со одлуката на Алиша и Нил. Едното дете им умре. Како можеа и ова да го пратат во смрт? Тоа е убиство, ја запознаа, живееја со неа, па они наредиле да се направи забога. Како што рече братчето, да ја познавала Амара никогаш не би ја потпишала наредбата за успивањето на Ева. Зошто тоа не го земаа во предвид? Зошто не помислија, еј она не би го сакала тоа?

    Трето, Ева цело време демек бегаше и се бореше, ама не направи ништо значајно. Беа цело време пред неа, мене дури и ми се чинеше во еден момент дека се е исценирано само за да видат како ќе реагира. Ми беше чудно што Шон го ставија со неа, па Мина Ма ја пуштија да ја види туку така, па и даде нож, не знам, сето тоа премногу ми беше неверојатно. Крајот беше премногу убрзан и нејасен. Како да е за втор дел. А втор дел нема. Разочарувачки. Што ќе се случи со Loom? Со ткајачите? Нели почнаа да пукаат по шавовите?

    Воопшто не ми се допадна крајот и ми го намали целиот впечаток за книгата, а имав прилично големи очекувања. Очекував Ева да се бори, да победи, ама не како што победи бедно, туку да ги победи ткајачите. Или да не победи, или Шон да ја предаде, или да умре, или нешто... Имаше милион можности како можеше да се одвива книгава,

    И давам 2.5, само поради ликовите и емоциите, не можам ни тројче дури да и дадам од што ме разочара.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас кога почнав да ја читам книгава и кога сфатив која е всушност улогата на Ева, прво што си помислив беше – Еј, а што ако се заљуби во некој дечко и избега со него?
    И ете, не бев далеку од она што се случи :)

    Ликовите беа добро изградени, идејата за приказната беше интересна. Барем јас немам читано нешто слично, ама во коментарите на гр прочитав дека наликувала на неколку други книги.

    Ми се допадна како беше прикажана внатрешната борба на Ева, напорот да ја скроти нејзината личност и да ја поттисне со онаа на Амара. Ми беше жал и за двете – за Амара затоа што животот го делеше со некој друг, а за Ева затоа што немаше свој. И тука размислувањата ми тргнаа кон она дека не сме сите исти. Сите сме различна комбинација од одредени карактеристики кои нé дефинираат како личност. Ева беше само физичка копија на Амара, но мене ми остави впечаток дека карактерно е поинаква. Додуша, ликот на Амара мене ми беше некако блед, не успеав целосно да си ја доловам сликата за неа, бидејќи беше прикажана само преку неколку прочитани книги, тетоважата и нејзиното момче. Карактерно не беше доловена.
    Што се однесува до останатите ликови - на моменти не верував во искрените намери на Шон, некои негови постапки ме замислија. А одлуката на Алиша и Нил да ја пријават Ева ми беше крајно себична и иронично беше тоа што играа на карта дека тоа било последната желба на Амара. А целиот нејзин живот присилно ја терале да го споделува секој момент со некој друг.

    Додека си ја разработував приказната за ехата, размислував за тоа кој колку е (не)заменлив во нашиот живот. Улогите на мајка, татко, сестра или брат, не можат да ги играат други актери. Мене целата идеја ми оставаше чувство дека на таков начин се валка споменот на изгубената личност. Целиот тој обид за емоционално да се потполни таа празнина, ми беше малку морбиден.

    Можам да кажам дека во првите две третини имав малку поинаков впечаток за книгава, ама последните поглавја наместо да ми разјаснат некои прашања, уште толку ме збунија. Особено расплетот ми беше толку збунувачки, што кога ја завршив книгава не можев да сумирам што всушност се случи :?: Обично не читам вакви книги, можеби затоа немам што многу да кажам. А можеби и затоа што сé уште сум со прашалници над глава.

    Јас нема да бидам тука наредните неколку дена, веројатно веќе ќе одберете нова книга. Ако успеам да ве стигнам, ќе пишам во темава забелешка. Ако не, ќе ви се придружам за следната со по некој предлог :)
     
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Кога ја почнав книгава и започна да се раскажува за echoes, првичната идеја за да постои на некој начин -резерва- на личноста ми звучеше некако познато.Ликот на Ева ми беше навистина убаво изграден но и доста интересен, како и фактот што е создадена само за да замени некого.

    Но, секако тука беа и нелогичностите.Амара и Ева беа растени во сосема различни средини, опкружени со различни луѓе, и секако како последица беа карактерно различни.Иако Ева ја проучуваше Амара, ги читаше книгите што Амара ги читаше,го учеше нејзиниот акцент и слично, Ева никогаш немаше да може целосно да ја замени Амара.

    Ликот на мајката на Амара ми беше некако реално прикажан, до некаде и ја разбирав желбата и надежта дека дел од нејзината ќерка има во Ева.Но, одлуката на родителите на Амара целосно ми беше несфатлива и ми беше многу нечовечна.
    И оваа мисла ми се допадна многу:

    What is this power the dead have over the ones they leave behind? It's strange and beautiful and frightening, this deathless love that human being continue to feel for the ones they've lost.


    Поврзаноста на Ева и Sean ми изгледаше вистинска, и убаво беше доловена Ева кога пробуваше да ги потисне своите лични чувства, и да се обиде да најде љубов во Реј.Кога сме веќе кај Реј, неговиот лик ми беше толку збунувачки, и тој самиот се бореше со себеси, обидувајќи се да ја заборави Амара, но беше прогонуван од нејзиниот лик гледајќи ја Ева, но Ева никогаш не би ја претставувала неговата Амара.

    Убав впечаток ми остави целата симболика со птиците.Желбата на Амара да биде слободна, да не зависи од the Loom и нејзините создавачи the Weavers беше преголема.Но, тука крајот ме разочара.Нештата се одвиваа премногу брзо, се натрупаа премногу работи во неколку chapters, и на крајот не остави без одговори.

    И мене во првите две третини ми имаше оставено убав впечаток, и очекував поинаков пресврт на книгава, но за жал ме разочара.Но, со оглед на тоа дека ова и било прва книга на авторката, не беше лоша.Некаде прочитав дека се зборувало за втор дел, но колку што гледам сеуште нема.
     
  15. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Moже некој,ако случајно ја има листава на книги, кои требале да се прочитаат, некој да ми ја даде ? Ве молам ЛП. Бидејќи некако ми е измешано низ темава. фала
     
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас само што ја дочитав книгава и морам да кажам дека и мене ме разочара.

    Цело време имав впечаток дека читам за неуспешните обиди Ева да направи било што со со својот живот. Ниту еден план не успеа и беше страшно фрустрирачки да се чита како и пропаѓаат сите идеи и нема шанси да избега.

    Потоа, родителите и Реј. Да живееш со некого со месеци и да не можеш да го третираш како вистинска личност е не само погрешно туку и невозможно. Секој се приврзува. Ако ништо друго барем ќе беа загрижени дека нивните деца ќе изгубеа уште една сестра. И како тоа не знаеја дека не може да избега кога и понудија? Сериозно, направивте ехо од сопствената ќерка и другите две деца без да се помачите да се информирате повеќе?

    Уште еден проблем во книгата ми беше знакот на вратот. Зошто воопшто би го ставале, и ако веќе решиле(за да ги обележат дека им припаѓаат нив), зошто на толку видливо место? Јас да правев ехо, ќе му ставев знак под палецот на левото стапало, па ај нека го најде некој.

    Не се сеќавам дали негде пишуваше колку години има Шон, па јас само претпоставив дека се врсници со Ева, што ми ја направи нивната вечна и нераскинлива љубов малку неверојатна.

    Другите работи што ми пречеа веќе ги напиша реин.

    Генерално, не ми се допадна книгава. Ја влечев цела недела за вечерва конечно да се натерам да ја прочитам. Ми личи како книгава да ќе има втор дел, со оглед на тоа дека многу работи останаа необјаснети на крајот. Добива оцена 2 од мене.
     
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Каснам малку,ама само што ја дочитав книгата.
    Искрено,уште кога ја одбравме почнав со читање,но воопшто не ме заинтересира и после десетина страници ја оставив отворена на лаптопот цела недела.Кога продолжив да ја читам,ми се зголеми интересот,доказ дека не треба да се откажувам од книга ако не ми се допадне почетокот :D
    Сакам дистописки книги и за прво дело на авторката,книгата не беше воопшто лоша.
    Целиот концепт за постоењето на твој двојник што чека да умреш и да го заземе своето место ми е малку морничав.Зошто некој би одлучил да направи копија од своето дете,за да ја намали болката од загубата?
    Најинтересни делови ми беа внатрешните конфликти на Ева,дали го живее својот живот со својот карактер или е потполно преземен од Амара.
    И како што рече Реин,како очекуваат Ева да ја замени Амара,кога Ева живееше во изолација,во мало градче во Англија,а Амара беше популарна ученичка во Бангалор,самата околина им беше чиста спротивност.
    Јас ги разбирам родителите,тие се што направија беше од љубов кон Амара и стравот од загубата,ама кога ја пријавија Ева,постапија премногу себично.
    Љубовната приказна ми беше неуверлива и непривлечна.Не очекував некои постапки од Реј,а ме изненади Шон,ама интересното во пишувањето на Мандана е што им се приближува на сите ликови и на сите им дава особини со кои не е можно да ги мразиш и да ги осудуваш,туку пробуваш да ги разбереш.
    Последните поглавја ми беа збунувачки и ми го срушија цел впечаток за книгата,недовршено и со толку прашања неодговорени.Плаче книгава за втор дел :D
    Сакам отворени краеви,оставени на фантазијата,ама не на секоја книга,пример оваа заслужува повеќе утврден крај.
    Оцена 3/5
    И имаше многу убави цитати за животот и смртта,посебно оној што го издвоила @sweet-cherry
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.708
    Пол:
    Женски
    Предлог некој за следна книга?
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас гледам дека не сте одбрале нова книга во меѓувреме, па влетувам во темава со неколку предлози :) Ми се чини дека повеќе од 30 книги отворив денеска, ама за мал број од нив најдов торент. Не знам ни мене што ми се чита периодов, затоа отворив tumblr блогови за препораки и рецензии и почнав да отворам тоа што ми дојде. Од оние книги за кои најдов торент, еве листа:
    The Impossible Knife of Memory - оценките на гр се мешани, на некои многу им се допаднала, на некои не толку. Ама во глобала позитивни критики има.
    Perfect People - и за оваа книга оценките се мешани, ама ми изгледа интересна, беше препорачана на tumblr, па затоа ја ставам во предлозиве.
    The Summer of Letting Go - ова е нешто полесно, барем според кратката содржина. Ама има убава оценка и претежно добри коментари, па што да не :D
    It's Kind of a Funny Story - за книгава не знам што да кажам, или има 5 ѕвездички, или има една. И обично секогаш е така со ваквите книги. На пример, The Shock of the Fall мене многу ми се допадна, ама имаше и многу негативни критики на гр. Заради тоа се двоумев дали да ја прочитам. И затоа решив и оваа книга да ја ставам на листава.
    Stolen - искрено, да ја прочитав само кратката содржина реакцијата ќе ми беше онака... мех... веќе видено. Ама ги читав коментарите низ гр и што знам, може да ѝ дадеме шанса.
    White Oleander - не знам како налетав на книгава, по нечија препорака беше со коментар: Excellent writing style. И критиките на гр не се лоши.

    Јас од мојава Тоскана само Under The Tuscan Sun ја најдов, и денес ја ставив на киндлот. Ете и таа да ја спомнам, ако случајно сте за нешто такво. Го имам гледано филмот, ама ме интересираше и книгата.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.708
    Пол:
    Женски
    Јас сум за It's kind of a funny story или Perfect people, иако мислам дека првата ќе биде подобра, баш поради тоа што има разни критики.