1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Некој друг ако има предлог, или ако некој од моиве предлози му се допаѓа - нека пише.
    Ќе оставам линкови за торент од тие две книги, ако сака некој да ги прочита надвор од клубот :)
    It's kind of a funny story
    Perfect People
     
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Има филм со вакво име, Its kind of a Funny story,всушност базиран е од книгата.Може да ја читнеме и да го изгледаме.
    Perfect People не ми се допаѓа,додуша не ме привлекува.
    И The Summer of Letting go ми се допаѓа,така да,како ќе се договориме :D
     
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    29.263
    Пол:
    Женски
    Јас го имам гледано филмот Its kind of a funny story, ама би ја читала и книгата.И Тhe Impossible Knife of Memory и The Summer of Letting go ми изгледаат интересно :)
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Еeeј, не знаев дека има и филм. Уствари, сега кога го видов постерот за филмот ми текна дека сум налетала на него, ама не знаев дека ќе налетам и на книгата по препорака :D
    Јас бев решена Тоскана да ја почнам вечерва без разлика на тоа што ќе одбереме, ама сега некако ми се чита Its kind of a Funny story :wasntme:
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Е па ајде ако сме согласни да ја читаме таа неделава. :)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    И јас сум за It's kind of a funny story. :)
     
  7. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.381
    Филмот (It's a kind of a funny story) го гледав пред неколку години, некое време откако излезе, ми се допадна сега открив дека има и книга, можеби ќе ја прочитам.
     
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас го имам гледано филмот и ја почнав книгата сега. Таа е идејата ама прилично се различни. :)
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.381
    Како ти се допаѓа книгата? Претпоставувам дека е подобра од филмот.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Јас го немам гледано филмов, ама книгава ко што ја читам не ми се верува да излегло добар филм. А и сигурно се доста различни.
    Книгава е интересна на почетокот, до 10 посто негде сум. Може после да го изгледам филмот, чисто за споредба.
     
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    И јас сум уште на почеток, 10 посто и сега за сега ми е интересна. ми изгледа потемна од филмот, кој беше позитивен и ништо од тоа што се случи до сега го немаше во филмот.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас само поминувам во темава за да ви кажам дека најдов торент за The Midnight Rose ^_^
    Реин ја предложи во темава, ама не можевме да ја најдеме уште од септември. Еве линк, па ако сакате можеме да ја планираме за следна. Башка што има и македонско издание на Матица, па ќе можат и други да ни се приклучат :)
     
    На Marossa и RainBow им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Лелееее :inlove::dance::D
    Супер. Јас ја завршив It's kind of a funny story, немам трпение, ќе почнам со розава.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И јас ја завршив It's Kind of a funny story и одма ја почнав The Midnight Rose.Мене ми се допаѓа,можеме да ја додадеме за следната недела,a не е баш и малечка.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Јас ја завршив и Розата. Да бидам искрена не можев да ја оставам ни секунда. Преубава приказна, ми влезе во топ десет дефинитивно. Ќе прочитам и уште нешто од авторката, ако не и се'. Пишувањето ми остави огромен впечаток, уживав во јазикот. Ама да оставам и нешто за коментирање ако ја ставиме за читање. :D
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Феминки, до каде сте со книгава?
    Помина една недела, мислам дека сите ја прочитавме, јас и Розата ја почнав синоќа. Па додека ми се свежи импресиите од It's Kind of a funny story, да си напишам критика :)

    Книгава начнува една многу актуелна тема, особено во последниве неколку години - никој не може да остане рамнодушен на бројките на годишно ниво на тинејџери кои си го одземаат животот.
    Една од најчестите причини за самоубиство кај тинејџерите е психичкото или физичкото малтретирање со кое се соочуваат секој ден. А од тоа сама по себе доаѓа и самокритичноста, мислата дека не се доволно добри, не се доволно убави, слаби, успешни, популарни... Општеството постојано ни наметнува некои погрешни вредности, а младите се обидуваат да се вклопат во тој профил на личност за да се почувствуваат доволно вредни.

    Ако имате tumblr профил, многу често ќе наидете на блогови каде тинејџерите анонимно се исповедуваат и кажуваат зошто решението за проблемите го наоѓаат во самоубиството. Мене просто ме фрапира фактот колку негативни мисли може да собере во глава на 16 годишен тинејџер. Секогаш кога ќе разгледувам некој таков блог се полнам со негативна енергија. Многумина од нив преминуваат на самоповредување, бидејќи како што велат самите – физичката болка му помага на умот да се фокусира на нешто друго.

    Ама има и такви блогови кои нудат помош, даваат совети за тоа како да се справите со одредени ситуации и се преполни со убави пораки за животот. Има цели статии за тоа како да ги преживеете средношколските години. И навистина е жално што многу млади во светов се обидуваат најбезболно да го поминат периодот кој всушност треба да им биде најубав во животот, барем кога станува збор за дружбите, обврските и пронаоѓање на себеси низ најразлични активности.

    Мене ме следеше некое меланхолично чувство додека ја читав книгава, можеби затоа што постојано се ставав во улогата на Грег и останатите ликови. Ама во суштина книгава не е депресивна, дури и успеа на неколку моменти да ме насмее. Обично ваквите книги знаат да остават некоја тежина откако ќе ги дочитате. Не беше таков случајот со оваа.

    Меѓу негативните коментари за книгава, стоеше дека е неуверливо како може еден тинејџер кој има целосна поддршка од родителите, живее во здрава средина и хармонично семејство, да страда од депресија. Ама мислам дека баш тоа ѝ беше потребно на една ваква книга, зашто многу луѓе во нашето опкружување страдаат од депресија, а навидум имаат совршен живот. Некогаш притисокот со кој се соочуваат е преголем, а стравот од неуспех постојано ги следи и ги доведува до тотален крах. Секој може да страда од депресија, не само оние на кои им се случил некаков несреќен настан. Само прашањето е кој колку може да се справи со она што му го сервира животот.

    И токму тоа беше случајот со Грег – беше совладан од стресот и притисокот кој му го создаваше училиштето. Дури кога му се јави директорот, а тој му спушти бидејќи се исплаши дека ќе го избркаат затоа што е во психијатриска болница, си помислив: Леле, детево е премногу напнато. Постојано се трудеше да ги следи очекувањата на родителите, на професорите, за на крај да дојде до таа ситуација.

    Генерално ми се допадна како беа претставени и останатите ликови. Никој не беше етикетиран според дијагнозата. Сите беа доловени преку заедничките дружби кои ги имаа. Ноел најмногу ми се допадна, а Ниа искрено ми одеше на нерви! Особено кога при крајот дојде во болницата велејќи дека сака и таа да се пријави и да седи таму. Небаре тоа е хотел. Во нејзиниот лик ги видов сите оние кои мислат дека се во тренд ако страдаат од самоубиствени нагони, бидејќи факт е дека постојат и такви. Многу често среќавам коментари од тој тип - заради желба за внимание или со некаква друга цел, многу млади кои реално немаат никакви проблеми, самите се ставаат во тој кош.

    Во глобала книгава ми се допадна. Имаше и убави цитати, ама за жал не ги обележав и сега не можам да ги најдам.

    На крајот од книгата прочитав дека самиот автор всушност престојувал во таква институција, па тоа некако беше убаво заокружување на приказната, со заклучок дека иако тој подоцна станал успешен, имал тежок период од животот кога му била потребна помош. Уште пред да ја почнам книгата видов дека авторот е починат, ама откако ја завршив и почнав да гуглам, видов дека всушност се самоубил. И ми падна жал што не успеал да се избори со сопствените демони.
     
    На sia.bella, RainBow и BoneMachine им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Ана, сосема се сложувам со твојот пост. Јас на почетокот си мислев, бре дете е, разгалено, ама понатаму сфатив дека не е така. И на крајот кога видов дека и авторот престојувал пет дена во болница, си реков дека ете, успеал да се избори со себеси. За жал не било така. :(

    Гледав трејлер за филмот на youtube, па во коментарите надолу прочитав дека се самоубил, откако имаше коментари дека станува збор за некое разгалено детиште.
    Филмот нема да го гледам, не ми се допаѓа кастингот, гледам има и многу измени и не сакам да си го расипувам мислењето за книгата.

    Да бидам искрена пуштив некоја солза кога и се јави на мајка му од болницата. Многу ме трогна моментот, можам да замислам само какво олеснување осетила кога и се јавил синот жив, а не и се јавил некој да и каже дека му го нашле телото.

    "My mom seems happier about me getting into the hospital than she was about me getting into high school."
    Мислам дека не го разбра значењето на ова, неговото одење во болница значеше дека е жив, нормално дека мајка му ќе биде најсреќна за тоа.

    Исто за Ниа се сложувам, воопшто не ми се допадна, за разлика од Ноел.

    “I didn't want to wake up. I was having a much better time asleep. And that's really sad. It was almost like a reverse nightmare, like when you wake up from a nightmare you're so relieved. I woke up into a nightmare.”

    “I don't know how I can be so ambitious and so lazy at the same time.”

    “So why am I depressed? That's the million-dollar question, baby, the Tootsie Roll question; not even the owl knows the answer to that one. I don't know either. All I know is the chronology.”

    “Some of the most profound truths about us are things that we stop saying in the middle.”

    Имаше доста убави мисли.
    И уште да кажам дека семејството на Грег ми остави силен впечаток. Секогаш со поддршка и разбирање, нормално, колку што е во нивните граници. Жалосно е што не можеа никако да му помогнат.

    Ми се допадна и мене книгава, немам некои замерки.
     
    На sia.bella, BoneMachine, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас па ќе речев ја заборавивме книгава :D
    Интересна книга,го изгледав и филмот и потврдувам дека е многу пореална и мрачна,баш како што треба.
    Целата тематика не е непозната,сите знаеме што се му се врти во главата на еден тинејџер и колку најмала ситница изгледа како најголемиот проблем.
    И јас како Реин,на почетокот се замислував што би можело да му фали на Крег,па да биде депресивен,го сметав за разгален и лигав.

    Но,сфатив дека тоа зборува повозрасната јас и веднаш се потсетив каква бев на 16 години и морам да кажам дека неретко сум имала такви црни мисли.
    Тоа се периоди кога не знаеме што сакаме,ама не го разбирамеи тоа што го имаме и бараме нешто,ама и ние не знаеме што :D Несфатени до срж.
    Целиот процес на лечење е одлично опишан,едно огромно браво за авторот и за прекрасните мисли кои ми останаа издвоени.
    И јас прочитав многу негативни коментари и тоа сигурно се од луѓе кои очигледно не поминале низ такви моменти, не се познаваат доволно себеси или едноставно не го разбрале суштинското во книгата.

    Од мене 4/5.

    Луѓе дај да ја ставиме The MIdnight Rose за следна,јас не можам да ја оставам,преубава ми е...
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кога сме веќе кај Полноќна роза - колку страници има уствари книгава?
    Зашто кога ја отворив на гр, на овој линк, пишува 496. И баш си помислив - абе нели книгава имаше 650 страници? Па го најдов линкот што Реин го остави уште тогаш, овде пишува дека има 652 страни. Не можам да видам оваа што ја симнавме колку страници е :?: Да не читаме некоја скратена верзија?
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @AnaKarenina Оваа од линкот е 617 страници,ама тоа зависи од фонтот,јас ја читам на Reader за PC и толку е.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.