1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    https://www.goodreads.com/book/show/20589506-the-midnight-rose Ние најверојатно го читаме ова издание од 496 страници. Ама на киндлот има 8698 кај location, што мислам дека е повеќе од 500, ама не сум сигурна.
    Како и да е, ништо не фали на оваа верзија. :) Само ме нервира што не може да се види на која страница си, треба да го оправат тоа од Амазон, редно е веќе.
    И може некој ако ја има од Матица книгата да пренесе колку страници има.
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Матица има повеќе од 500, налетав на статија кај што пишуваше дека „приказната е распослана на повеќе од 500 страници.“ :)
    Ама и електронскава верзија ми делува повеќе од 500, барем како што се движат процентите. Споро некако ми одат :D
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    И цената и е соленка 550 ден.:wasntme:
    Ич не ги гледај процентите, уживај си само во читањето и тие летаат.:smirk:
     
    На Marossa и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    Кога сме веќе кај тинејџерска депресија, што мислите, каква е кај нас состојбата? Мислам дека овие теми уште се табу, дури и некое дете да има навистина проблем нема да биде сфатено сериозно. Се' се толкува како пуберт. Или се преправаат и си замислуваат само. Ете, добрата страна на интернетот е што можат да се поврзат со други луѓе со нивниот проблем, да се информираат.. Иако за вакво нешто тешко без професионална помош. Само кај нас којзнае дали ја има.
     
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека е доста табу тема.
    Не ги оправдувам самоубиствата воопшто,сметам дека е кукавички чин,ама сигурно состојбата била ептен лоша штом некој се одлучил на таков чекор,а во најголем број случаи тоа се тинејџерите.
    Има голем број депримирани тинејџери,се гледа тоа и од некои што пишувале овде на форумот,без разлика дали ги сметаме за тролови или не.Ете може и тоа е грешка од наша страна,што кога некој ќе се пожали дека е несреќен и повреден,дека не му се живее,ние си го земаме здраво за готово,а може да биде посериозен проблем.
    А немаме ни асални институции,ниту пак психијатри и психолози да се справуваат со такви проблеми,така да тешко некој да се среди медицински,туку или сам од себе со времето или потрагичното,заминува од овој свет на најлош начин.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас се обидував да најдам некои статистички податоци за Македонија на оваа тема, ама ништо не успеав да најдам. Единствено најдов податок дека во Србија годишно 90 тинејџери извршуваат самоубиство, а меѓу 9.000 и 13.500 млади се потенцијални самоубијци.
    Последна несреќна приказна што ја читав на интернет беше за Leelah Alcorn, може да прогуглате, го има дури и прошталното писмо што го објавила на tumblr, да не го ставам овде.

    А статистиката еве што вика

    [​IMG]

    И ова стварно е жално - да немате близок на кого ќе се обратите ако ве мачи некој проблем, туку да се отворите пред некој што не го ни познавате. А интернетов колку е добра опција за пронаоѓање некој што ја дели истата судбина со вас, толку може да биде и опасен, зашто ќе прочитате се' и сешто. Конкретно јас имам налетано на блогови каде се оправдува самоубиството, во смисла - мое право е да одлучам како и кога ќе ми заврши животот. Подзината останувам на таквите статии и можам само да замислам како би влијаеле на некој што е на работ на тој чекор.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    Да, за тоа си во право. Најверојатно зависи од личноста што пребарува, дали сака да најде помош или сака да најде поттик за својата намера.

    И јас не оправдувам самоубиство, ама пак и не сум била во некоја тешка состојба на умот. Вака кога ќе прочита човек нешто и ќе се доближи, ќе добие друга перспектива полесно е некако да се разбере. Сепак, едно е да се разбере друго е да се оправда.

    Не знаев дека така им функционира системот, ако сакаш да се самоубиеш да отидеш на ургентен и ќе те хоспитализираат. Тоа е одлична работа. Не сум информирана како кај нас се справуваат со вакви работи.
    Баш со едни луѓе пред некое време западнавме во муабет за Бардовци, не знам дали излегол некој од таму, или работел, ама наводно цело време под седативи ги држеле и тоа било тоа, немало некои терапии за подобрување на менталната состојба.

    И уште да спомнам и за Ondine's curse, не ми се верува дека и такво нешто постои. Прогуглав и луѓето обично кога се свесни немаат проблеми, ама кога заспиваат не можат да дишат.
     
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Како личност која уште од 16 години се бори со депресија доста се пронајдов во книгава.За жал реалноста е таква, денес премногу тинејџери се засегнати со депресија, а уште по трагично е тоа што многу малку од нив се отворени да признаат за тоа и да побараат помош.
    И посебно би ја ставила оваа мисла од книгата тука.
    “You have a chemical imbalance, that is all. If you were a diabetic, would you be ashamed of where you were?”

    Јас го разбирав Craig, иако имаше подршка од родителите, самиот на некој начин си создаваше притисок и знаеше што очекува општеството од него.Постојано чувстуваше стрес поради тоа што имаше премногу домашни и обврски, но на крајот ништо не правеше затоа што му изгледаше многу полесно.Но затоа постојано имаше грижа на совеста поради тоа, и секако излезот на крајот го гледаше во самоубиството.
    Во другите поголеми држави многу добро функционираат овие Suicide lines, но не секогаш успеваат да им ги спасат животите на многу млади луѓе.

    Noelle, како и во филмот така и тука, ми остави впечаток на навистина интересен лик, додека секако се согласувам за Nia, ми беше одвратна уште од самиот почеток на книгата.

    Mи се допадна тоа што крајот е надежен, надежен за Craig, но и за сите останати кои ја читаат книгата, а се соочуваат со истото.Craig сфаќа дека иако тој се чувствуваше многу лошо, сепак има луѓе кои се чувстуваат многу полошо, и секако тоа му беше поттик да се труди да биде подобро.

    Многу убави мисли имаше, на одличен начин е напишана книгата, и навистина жално е за авторот.
    I just want to not be me.Whether it’s sleeping or playing video games or riding my bike or studying. Giving my brain up. That’s what’s important.

    They’re sort of ancillary anyway, friends. I mean, they’re important— everybody knows that; the TV tells you so—but they come and go. You lose one friend, you pick up another. All you have to do is talk to people...

    Some days I woke up and got out of bed and brushed my teeth like any normal human being; some days I woke up and lay in bed and looked at the ceiling and wondered what the hell the point was of getting out of bed and brushing my teeth like any normal human being.

    I wanted to tell people, “My depression is acting up today” as an excuse for not seeing them, but I never managed to pull it off.

    I don’t know how much of it is really chemical. Sometimes I just think depression’s one way of coping with the world. Like, some people get drunk, some people do drugs, some people get depressed. Because there’s so much stuff out there that you have to do something to deal with it.

    People are screwed up in this world. I’d rather be with someone screwed up and open about it than somebody perfect and . . . you know . . . ready to explode.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Дечки, јас периодов се зачитав нешто строго за работа и немав време да се вклучам тука ама гледам не сум пропуштила многу, една книга само, и тоа не премногу добра според вашиве критики :wasntme: Ни сега не знам дали ќе стасам да се вклучам, имам неколку книги што морам да ги прочитам... Инаку Stolen ја имам читано, ја доживеав како страшно плитка, иако почетокот ветуваше. Веројатно не била премногу лоша штом на ГР сум ја оценила со 3 ама не ја ни памтам многу, значи не била ни фантастична.

    Инаку, јас пред 10тина дена ја читав Before I go и ми го скрши срцето на 1000 парчиња ;( Читање 320 страници со кнедла во грло...
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    @I <3 Books предложи нешто за следна недела ако имаш интересно на листата за читање од трилерите, мислам дека одамна немаме трилер ставено, од Амишите најверојатно. :wasntme:
    Некој добар психолошки трилер со многу теми за дискусија.^_^ Иако ова трилериве ретко се такви, нажалост.
     
    На mackica1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    :wasntme: Еве од мене нешто што ми фаќа око од трилери:
    • I let you go, иако рејтингов од само 65 души не е меродавен.
    • The girl on the train моментално е хит и ми ја нудат да ја земеме за Македонија, па ако сакате да се вклучите во decision making process :D
    • И оваа Elizabeth Is Missing нешто многу често ми се појавува во препораки деновиве.
    Сите ги има за даунлоуд. А инаку оваа предложенава погоре Perfect people исто не звучи лошо.

    * Инаку, сега видов дека сум читала цела страница поназад и дека не сте прочитале една книга туку скоро три. Фаца сум, нема што :D :D
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    Ми направи проблем сега сите ми се допаѓаат и сите сакам да ги читам. :D
    Сепак, најмногу сум за The girl on the train поради ова - A debut psychological thriller that will forever change the way you look at other people's lives. Ме заинтригира прилично.:nod:
     
    На Marossa и I <3 Books им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Од трите предлози јас за првите два давам тамбс ап :)

    Јас сакав No Time For Goodbye да ја читам („Без збогување“) ама мислам дека повеќето од вас овде ја имаат читано. Гледам Матица го промовираше вториот дел (No Safe House), само што за вторава уште нема торент, или јас не можам да најдам. Антивируснава ми се шекна :tmi:
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    http://limetorrents.socialtorrent.net/No-Safe-House-by-Linwood-Barclay-(Retail--New-Release)- Rose88 -torrent-4907035.html
    Јас ја симнав од тука, антивирусот не се активираше, па најверојатно е во ред. Без збогување ја имам читано поодамна, ама ја имам заборавено, ќе треба да ја симнам да се потсетам прво, па да породолжам со оваа. Иако прво ќе ги читам другите трилери.
     
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е читана Без збогување,во план ми беше,па може таа.
    А од овие на I <3 books, најпривлечна ми е The Girl on the Train.
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене ми реагира антивируснава на линкот и ми отвара таб No data received :?:
    Пробав и од другиот компјутер - исто.
    Ај може ќе излезе во скоро време, и онака другата ја немам прочитано.
     
  17. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Мене без проблем ми се спушти No save house, Без збогување ми е читана одамна ама добро ја паметам.
    Можеме некоја наредна недела да ја ставиме, таман и другите да ја прочитаат првата.

    До кога ни е Полноќната роза? Да знам дали да ја почнувам. :)
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Леле, успеав! :whew:
    Мене изгледа антивируснава ме кара на секој сомнителен линк и одма ding ding ding - threat has been detected! :D Ама ми се симна.
    Инаку @sia.bella обавезно да ја прочиташ розава, јас тек сум на почеток, ама ветува :) Кога ќе стигнеме - тогаш. Една недела може нема да ни биде доволна, малку е поголема.
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    Па, пред два дена ја ставивме, има уште пет дена, мислам дека ќе имаш време. :)
    Да, може понатаму да ја ставиме оваа од Линвуд, таман да ја прочитате првата.
    Едит, Ана мило ми е што успеа. :D Да, за Розава не е важно времето, вреди приказната дефинитивно.
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Пишете ми минус, што не ве дружев за минатите неколку книги. Сум се навлекла на трилерите со дејство во Русија, како некоја магија да има во нив, не можам да престанам да ги читам... :)

    Ќе ја почнам уште вечерва Розава, добро ќе ми дојде за промена. :)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.