1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Ја читаше ли Дете 44? Јас не можам ни да седам мирно откако го изгледав првиот трејлер за филмот вчера! Го обожавам Том Харди и мислам дека ќе биде идеален во улогата на Лео Демидов. Оваа книга деф ми е фаворит меѓу трилерите со дејство во Русија.
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    Ја читаше, јас и ја препорачав. :D
    Јас ја почнав I let you go прво, ја оставив за подоцна The girl on the train ако ја ставиме тука за читање.
     
    На sia.bella и I <3 Books им се допаѓа ова.
  3. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    :D:D:D Дете 44 е закон!

    Еееј супер, ај баш кажи дали да ја читам I let you go (y)
     
    На toogood, sia.bella и RainBow им се допаѓа ова.
  4. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Дете 44 е една од оние книги кои долго се паметат. Реин препорачувај уште ако имаш, на готовс сум за вакви книги. :lol: А колку бев импресионирана од книгата, може да се види од ''кратката'' критика во последна прочитана книга. :wasntme:

    Го спуштив и вториот дел - Тајниот говор, планирам да го прочитам за брзо. Секогаш сум сомничава кога станува збор за продолженија, ретко кога ми оставиле впечаток како првиот дел. Ама да не зборувам пред време. :)

    @I <3 Books го гледав и јас трејлерот вчера, сигурна сум дека филмот ќе е полн погодок. Ми се допаѓа кастингот, нормално кога е во прашање Том. Колку што му стои и звучи добро неговиот бритиш инглиш и руското ,,р'' исто толку добро му лежи. :nod: Наоми некако не ми е вистинскиот избор за Раиса, во глава си ја замислував нешто како Шарлиз Терон, ама премногу убавина ќе му дојдеше на филмот. :lol:
     
    На toogood и RainBow им се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    А да ми дадете линк за книгава што ја зборите не ќе е лошо :D
     
  6. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Јас малку пристрасна ама книгата има македонски превод :D Линк за симнување на англиски не сум ни барала. Ако прашуваш за Дете 44 ^_^
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Падна ли одлука за следна книга? :)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    До кај сте луѓе со читањето?
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас сум во втора половина, ама ќе ми треба уште некој ден :?:
    Ако сите сте ја завршиле, коментирајте ја, па ќе ви се приклучам во меѓувреме.
    А за следна книга јас сакав надвор од клубов да ја прочитам Без збогување, за да можам да продолжам со Небезбедни куќи, ако ја одбереме за понатаму.
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Феминки до каде сте со читање? Јас деновиве бев фул со обврски, па малку ми се развлече. Вечерва ја дочитав, уште сум под силни импресии, ама ќе оставам да ми преноќи, па утре ќе седнам и ќе се распишувам во word 8-|
    Јас не знам ни колку феминки ја читавме оваа книга, освен @sia.bella има некој друг?
     
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас ја прочитав уште пред недела дена,ама темава тотално ја заборавив,so here I go....

    Начинот на кој е пишувана книгата е преубав,со самите описи и пејсажи,едноставно да се вљубиш во Индија и животот на махараџите.Од друга страна е опишана темнината на војната во Англија,мрачниот живот на аристократите и жените кои ги закопуваат своите сопрузи војници.

    Целото преминување во временски размак од 1920 до 2011 многу ми се допадна,но морам да признаам дека главен лик ми беше Анахита,а не Ребека,нејзината приказна многу повеќе ме допре и ми беше поинтересна за читање.
    Се поврзав со нејзиниот живот,пола живот во сенката на Индира,а другата половина исполнета со болката
    за загубата на дете,со сигурност дека не го изгубила,па и на крајот беше во право.
    Многу ме нервираше Доналд што не се осмели да биде храбар пред мајка му,да се бори за својата љубов и семејство,можеше да ја побара Анахита пред да стапи во брак со друга.Се восхитував на нивната љубов,но очигледно онаа од страната на АНахита беше поголема.

    Е сега доаѓа редот на Ребека.За мене,исклучително блед лик,немаше некоја посебна карактеристика што ме натера да ја засакам,ниту пак да ја мразам.Едноставно неутрално ми беше и цело време очекував да испадне некоја далечна роднина на Вајолет.
    За Антони бев сигурна дека тој шета по Астбери,знаев дека крие нешто,ама ме изненади неговата болест,тоа нималку не го очекував.

    Ари исто така ми беше неутрален лик,иако внук на Анахита,чекаше 10 години пред да го најде нејзиниот син.иако таа го замоли.Работохолик,со никакви емоции,па колку и да се промени со текот на книгата,мене тој впечаток ми се задржа.

    Крајот ми беше шокирачки и ме доведе до солзи,толку блиску,а толку далеку.

    Цел впечаток ми е позитивен,навистина убаво четиво,и примамливо за читање,страниците прелетаа за 2 дена.Лусинда дефинитивно го има талентот.

    Оцена: 4.5/5
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене книгава ми остави многу позитивен впечаток, скоро и да немам некаква замерка.

    Прво, многу ми се допадна стилот на пишување. На моменти ми се чинеше како поезија да читам, толку внимателно беа одбрани зборовите. Второ, ми се допадна како беа споени сите парчиња од приказната, како се надоврзуваа едно за друго, за на крајот целосно да ја комплетираат.

    Очигледно животот во Индија и Англија во почетокот на 20тиот век ѝ била добро истражена тема на Рајли, а освен тоа умешно успеала да создаде слика од она што тогаш се случувало таму.

    За мене Анахита беше центарот на целата книга, во двете временски рамки. Во првата ја читавме нејзината приказна, а во втората го гледавме влијанието што го направи врз останатите ликови, четири генерации подоцна. Ребека и Ари ми беа само два лика кои беа засегнати од нејзината судбина и чиј живот се промени откако ги споија коцките и дознаа што всушност се случило.

    Искрено, не сакав Ребека да испадне некој потомок на семејството, мислам дека тоа ќе беше премногу. Иако цело време приказната водеше натаму, мило ми е што на крајот се испостави дека со новата фризура само наликува на Виолет. Ари на почетокот ми беше антипатичен, ама откако животот му удри шамар и почна да истражува за да ја дознае вистината за прабаба му, како да се смени, како да омекна. На крајот дури и ми стана мил.

    Ентони ми беше таинствен уште од самиот старт. Имаше нешто во неговиот лик што ми беше многу морничаво. Знаев дека чува некоја тајна, ама мислев дека ќе биде нешто директно поврзано со Анахита. Мислев дека знае повеќе отколку што кажува. Кога ја киднапираше Ребека и се претставуваше како Алиса, претпоставував дека е тој, по самиот опис што беше даден. Особено кога дојде овој дел: And as Alice turned her eyes up towards her for a response, Rebecca realised exactly who she was.
    Си реков, тој е, нема кој друг да биде.

    После ми падна многу жал кога ја читав неговата приказна, уште толку ја замразив Мауд. Стара вештерка, целата злоба на светов беше собрана во неа. Не ми се веруваше дека го остави сопствениот син да умре! Знаев дека тогаш некоја сплетка ќе направи, ама дека до толку без грам совест ќе се ослободи од Доналд за да го спаси угледот на семејството, не очекував. За на крајот Дејзи да ја одгледа во таква самотија и да ѝ создаде толку силна омраза кон мажите, што и сопствениот син нема да го сака.

    А за Доналд ми се чини дека избрза, дека истрча да го спаси имотот на семејството. Помина една година без збор од Анахита, мајка му малку го притисна и толку, овој попушти. Искрено и воопшто не ми беше симпатичен со тоа што го правеше додека Анахита живееше во колибата. Те кај едната, те кај другата жена. Со оваа дете, а другата бремена...

    Критиките за книгава што ги читав на гр, најмногу се однесуваа за поглавјата кои се случуваат во сегашноста – дека имало многу непотребни работи, дека приказната била развлечена. Ама мене книгава во целост ми се допадна, во ниту еден момент не ми беше досадна. Единствено што ми пречеше беше тоа што имаше премногу ликови кои на некаков начин беа поврзани меѓу себе, па во глава морав да цртам стебло за да ги поврзам ликовите. Малку тоа ми беше збунувачки, што на моменти си се прашував: Чекај, чија мајка/баба/прабаба беше оваа? :lol:

    Не очекував дека на крајот ќе пуштам солзи, ама кога дојде делот каде Анахита раскажува за Ноа, како да се скрши нешто во мене и не издржав... Си го превртев целиот филм за сѐ она што ѝ се случувало во текот на животот, за тоа колку болка видела, ама и покрај сите удари, останала истрајна. Многу се приврзав за нејзината приказна, а книгава сигурно нема да биде меѓу оние кои за брзо време ќе ги заборавам.

    Не знам дали нешто пропуштив, многу приказни и ликови имаше, ама може ќе се надоврзам после некој коментар овде. За следна јас веќе ја ставив No Time for Goodbye, за да можам да ја читам No Safe House кога ќе ја ставиме во клубов. Таа уште денес ќе ја почнам, ама ако имам време, ќе ја прочитам и таа што ќе ја одберете овде :)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Која ќе биде следна?

    Јас решив да ја скокнам Полноќна роза, затоа што сакав да дочитам други две што ми беа почнати, за следната ви се придружувам :)
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    Јас не сум во можност сега да напишам мислење за книгата, тоа ќе биде утре. А за следна книга јас си останувам за The girl on the train.
     
  16. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Јас ја почнав, ама во недостиг на време само неколку поглавја успеав да прочитам. Ќе се надоврзам со мислење кога ќе ја завршам.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    Уште сум под импресии од книгата. Има чиста петка од мене и немам никаква замерка. Ми се допадна целосно, ништо не ми беше непотребно, се си беше на свое место, уживав во секој прочитан збор. Стилот на авторката прекрасен, зборовите извезени...

    Анахита... Страшно допадлив лик. Емоционалната страна беше одлично прикажана, се чувствував како да сум дел од нејзината судбина. Толку го сакаше Доналд, уште малку да имаше сили да ја почека. Ама не, се подаде по некој месец. Што не отиде во Индија да ја бара? Го отру онаа мајку му, отвратна, еден од најотровните ликови, подла, само за себе да се гледа, за себе и за своите интереси. Таа не беше човек, уште помалку па мајка. Го остави сопствениот син да умре...

    Солзи почнаа да ми течат кога се врати Анахита и кога сфати дека Доналд се преженил. Слаба, без ништо, остана и без единствената надеж. Сакав да имаше избор, да не мораше да оди со Доналд, да живее така, во срам, тајно... Ми беше жал и за Вајолет, како умре, а и како живееше богами, во лага.

    И за крајот ми беше жал, да не знае кој и е син, а да го запознае... Колку сакав само он да ги прочита страниците, да види колку прекрасна жена имал за мајка, а не да живее со помислата дека е оставено дете.

    И приказната за Ребека ми беше интересна, чиста спротивност од страниците за Индија, баш ко некоја противтежа, ептен ми се допадна и тој дел. Ребека немаше толкава длабочина како Анахита, ама не беше воопшто досаден лик.

    Се нервирам зашто Ари чекаше толку, ама Анахита му рече кога ќе дојде времето, едноставно можеби немаше толку да го допре во друг период од животот, немаше да има толкаво влијание врз него приказната на прабаба му.

    Не знам што уште да кажам, освен дека ќе почнам со уште една книга од авторкава, само да ја довршам I'll give you the sun.

    И кажувајте што правиме со следна книга. Ако сакате анкета да направам. Туку уште некој предлог да дадевте.:wasntme::wasntme:
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас ја читам Child 44, нели подолга е и трилогија ама затоа ќе се вклучам и овде истовремено.
    The Girl on the train ми изгледаше интересно,мислам дека пишав погоре.
    Нешто од мене:
    The Black Echo-Криминалистички роман,мислам дека е полесен,у стил на ЦСИ и сличните,ама може да изненади.
    Heartsick-Уште еден криминалистички,ама овој ми стои помрачен и со подлабока приказна
    The darkest minds-Ова е нешто дистописко и тинејџерски,можеби не е лошо.
    Исто така може да прочитаме пак од Лусинда,ама понатака,да не ни дојде наеднаш.
     
  19. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Мене The girl on the train ептен ме разочара, само heads-up :emo:
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене од предлозиве на Мароса првите два ми фатија око, третата не дека е лоша, ама некако сега не ми се чита дистопија, можеме да ја ставиме малку понатаму.

    А јас па колку сум смотана значи... на гр знам дека ставив еден куп книги во to read листата, ама кога и да ја отворам ми ги дава истите па истите. Оно да сум имала неколку стани со книги и тек сега видов :tmi:
    Сум складирала предлози за цела година да читам, за повеќето не се ни сеќавам кога сум ги ставила за читање и како сум дошла до нив. Еве две од мојата листа за кои најдов торент, другите ги нема (сега па kickass ни го тргнаа, таман thepiratsbay го вратија):
    Landline
    Paradise (оваа е така малку поголема, ама два пати ја сретнав меѓу препораките, а има и многу позитивни коментари)

    Гледам во листава дека ја имам и Dancing on broken glass, ама па таа не можев да ја најдам, може @I <3 Books ќе ни помогне ако се решиме таа да ја читаме :wasntme:
    Или евентуално No Safe House, гледам на Матица има многу позитивни коментари.

    А за The girl on the train - од кого е таа? Зашто многу девојки во возови најдов на гр, не знам за која станува збор во темава :$
    Едит: Ја најдов :) Малку се изгубив во темава, па и на гр отворени милион tabs, не знам каде попрво да гледам. Мене ми делува интересно, може и таа да ја читаме.
    Или ако сте за нешто по така тажно, да ја ставиме Before I Go, гледам и таа е предложена во темава.