1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Дојдов во темава да ја предложам Landline, беше на листата на најдобрите за 2014та на goodreads, плус од Rainbow Rowell e :l:
    Баш ја симнав пред некој ден, ја има во epub на piratebay.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @AnaKarenina Мене ми се допаѓаат и Landline и Paradise,па сега ги барам и двете,планирам да ги читам без разлика која ќе ја одбереме.Ептен примамливо изгледаат.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    На MissSpark и Marossa им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.697
    Пол:
    Женски
    Епа ајде да не се поздравуваме само, да ставиме нешто и за читање. :D
    Landline може да ја ставиме, гледам сте за таа повеќето, иако авторката ми е некој просек, може ќе ме изненади со книгата.
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас ја почнав, некаде до половина сум.
    Влетав во книгава без да прочитам кратка содржина, појма немам ни како сум ја нашла. Засега ми се допаѓа, убава идеја имала авторкава, имам некои претпоставки, се надевам нема да ме разочара до крајот :)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.697
    Пол:
    Женски
    Епа ајде да не одложувамe, ќе ја ставам таа за неделава. :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Одма после поздравите се вративме тука :D
    Јас ја симнав уште некна,почнувам со читање одма!
     
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас се разбудив во 2 сабајле и ја прочитав книгата до кај 7 :D
    Не беше толку добра како што очекував, особено не ми се допадна крајот. Ајде довршувајте, па да напишеме критики :)
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И јас ја дочитав, да се пријавам во темава :)
    Денес ќе напишам критика додека ми се свежи импресиите, да не заборавам нешто. Кога ќе ја завршите, пишете во темава за да ја коментираме. Мислам дека нема да ни треба цела недела :)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ќе пишуваме ли критики? И јас уште некна ја завршив,чекам да се спогодиме.:D
     
  11. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    И јас веќе ја имам читано :emo:
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.697
    Пол:
    Женски
    Луѓе, пишете си вие коментар, дајте предлози за следна книга. Мојот киндл не ме слуша нешто.;(
    Ќе видам ако можам на лап-топ да ја дочитам, па ќе пишам мислење.
     
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ми ај да пишам :D
    Не беше лоша книга ,ама некако пролазна и нема да ја памтам долго време,чисто за тепање време.

    Ми имаше некои непотребни дијалози на Џорџи со самата себе и ужасно ме нервираше како лик.
    Едноставно не сакам луѓе,во случајов ликови што не знаат што сакаат во животот и веќе им поминал половината,а тие уште се во двоумица.
    А Џорџи е успешна жена,со две деца.Друга работа што не ми се допадна е Нил..За мене тој е човек без амбиции,посебно кога се навраќаше Џорџи во минатото и го презентираше неговиот карактер.Млитав и пасивен,како да чека се од Џорџи,и повремено ќе направи некој гест,како запросувањето на Божиќ.
    Книгата премногу се концентрира на телефонските разговори на Џорџи и младиот Нил,а убаво би било да има перспектива од Нил,како тој се чувствува и како тој размислува и малку повеќе опис на споредните ликови,иако раѓањето на кученцата баш ми беше кјут.
    Исто така муабети на Џорџи и Нил се толку бледи и неемотивни што воопшто не ми ја демонстрираат нивната голема љубов,поточно нејзината.
    Како може жена што тврди дека е толку заљубена,да го убедува секоја вечер сопругот да не ја запросува,да ја остави,да се мисли за животот,да мисли дека можеби требала да заврши со Сет.
    Сфаќам јас страв од неуспех и скршено срце,ама Џорџи нималку не се трудеше,и во ретроспективата беше таква,а и сега кога место да си го спасува бракот остана да работи со разбркани мисли,се до самиот крај.
    А крајот ми беше толку предвидлив,сметам дека имам премногу искуство со клише романтични комедии да знам дека ќе заврши така.Трчање по аеродром,одење по снег и голем бакнеж за крај.
    Може Халмарк да им ја откупи приказната,со солидни глумци би испаднал добар филм од нивниот репертоар за Божиќните празници :D
    Од мене 2.5/5
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас се вљубив во Џорџи и Нил :) Мене многу ми беа симпатични. Тотална спротивност еден на друг, а сепак беа во некоја рамнотежа. Еден од моите омилени цитати од книгава ќе го сместам баш тука:

    “Nobody’s lives just fit together,” Neal said. “Fitting together is something you work at. It’s something you make happen—because you love each other.”

    Раскажувањето течеше глатко, па страниците летаа една по друга.
    Ми се допадна самата идеја со телефонот и си се замислив каде би се јавила јас ако имам еден таков. Сите ние имаме некои неискажани работи, сите имаме некој со кого веќе не сме во толку блиски односи, сите посакуваме да се вратиме назад и да исправиме некои работи.
    Мене приказната за Џорџи и Нил ме потсети на филмот Friends With Kids, имаше еден убав цитат таму кој отприлика одеше вака: When things were good - we were good. When things got bad - we got bad.
    Бракот е една низа од успеси и падови, сплет од среќни мигови и напнати кавги. А успехот на секоја врска се гледа во тоа колку можат двајца да се справат во кризните моменти.
    Многу парови поминуваат низ такви критични периоди како Џорџи и Нил. А читајќи ги коментарите на гр, можев да заклучам дека книгава има различна димензија за секого - во зависност од тоа дали сте во брак или долга врска. Некои работи се менуваат со текот на годините, особено ако сте во брак. Џорџи упорно се бореше за своите цели, мислејќи дека човекот кој го сака секогаш ќе биде покрај неа. Затоа се раздалечија, некако се отргнаа еден од друг, а Џорџи заслепена од кариерата си го запостави бракот и семејството. И некако ми делуваше себична со тоа што не сакаше да си ги жртвува своите соништа, ниту за оние кои ги сака.

    Ми се допаднаа и останатите ликови, секој од нив соодветно вклопен во животот на Џорџи.
    Единствено не ми се допадна тоа што некако крајот беше избрзан, Џорџи се смени за една недела, веднаш почна работите да ги гледа низ поинаква призма. Очекував дека ќе се врати во времето откако отиде кај Нил, дека ќе почнат од почеток, дека така Џорџи ќе добие шанса да измени некои работи.

    Ама во глобала ми се допадна. Ме насмеа, ме растажи, ме загрижи, ми ја стопли душата и ме натера да размислам за некои работи.

    Rainbow Rowell никогаш ја немам читано, макар што често налетувам на нејзини книги, само што сите се YA. Скоро во секој коментар на гр прочитав дека има далеку подобри книги, така што дефинитивно ќе прочитам нешто друго од неа.


    Јас во моментов ја читам Rush Home Road, малку потресителна драма, така што расположена сум за некој добар трилер :wasntme: Ќе ги читам паралелно.
    Because She Loves Me ми стои во препораки, успеав да ја најдам, морав да ја деактивирам антивирусната за да ја симнам од kickass. Ама битно ја има, без вирус :!:
    Имам уште неколку во to-read листа, ама нив не можам да ги најдам.
    Пишете и вие по некој предлог :)
     
  15. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Обично не читам книги за тинејџери, но искрено не ни проверив, ниту осетив читајќи ги првите страници.
    Ми се допадна приказната, љубовната приказна помеѓу Џорџи и Нил, брачниот пар чија љубов меѓу нив можеби неприметно згаснува со текот на времето, со меѓусебното жртвување. Или овојпат беше еднострано. Се‘ додека....

    Дејствието се случува една недела пред Божиќ, кога Џорџи (која работи како пишувач на сценарија за комедии) добива мможност да достигне бум во својата кариера, заедно со нејзиниот најдобар пријател Сет, и се одлучува дека нема да оди со Нил и своите ќерки во Омаха, во посета на мајка му на Нил за Божиќните празници. Нил заминува во Омаха, и од тогаш Џорџи не успева да го добие на телефон, иако се обидува многу пати. Но сепак, успева да го добие на фиксниот телефон. Но не тој Нил, туку Нил пред 15 години.

    Сметам дека сите се запрашавме што би промениле назад, доколку и ние си го пронајдеме магичниот телефон. Дали би поправиле некои работи, дали повторно би ги донеле истите одлуки. Јас бидејќи сум упште под импресии дури и се запрашав, доколку би била на местото на Алис и Номи, дали би постоела сега? :)

    Ми се допадна ретроспективното враќање на настаните како се‘ започнало меѓу Џорџи и Нил и нестрпливо чекав да се поднаврати на тие моменти, бидејќи се заљубив во ликот на Нил, 15 години претходно. Напоредната споредба помеѓу ликовите тогаш и сега, внимавајќи да се запазат нивните карактеристики и да не се изгубат истите истотака го мислам како доблест од авторката, и би прочитала уште нешто од неа.

    Го немаше она класично клише, Џорџи добива можност да се врати низ своите чувства во минатото и да сфати дека всушност за сето поминато време таа била вљубена во својот најдобар пријател и колега, Сет. Признавам, дека малце се плашев дека тоа ќе се случеше и ќе посакав книгава да ми беше во книжен формат за да можев да ја фрлам од прозор ко Бредли Купер во Силвер Лајнинг. :)

    Сигурноста во своите чувства кон Нил, и можеби за прв пат во животот ја поднесе својата жртва за да го спаси бракот, кога се откажа од работата и можноста да и‘ се исполни врв во кариерата. Затоа што за прв пат почувствува вина и осознание Нил не е среќен. Затоа што навистина го сака.

    А пак Нил, од срамежливо момче кое не го крева погледот од своите цртежи, до преземач на работите во свои раце, откажувајќи се од можноста да се пронајде себе на поле на кариерата, станува stay-home татко и не кажувајќи и‘ ништо на Џорџи емотивно тоне.

    Но што ако тоа веќе се случило, и што и да направеше Џорџи, да немаше никаква последица на настаните? Адреналинот кој книгата го дава на последните страници, кога се соочува со Сет, добива можност „магично да сфати“ дека тој е нејзиниот соулмејт, кога тој и‘ признава дека за цело време е вљубен во неа, категорично го одбива тргнувајќи кон Нил. Магичниот телефон тука игра улога на сијаличка, Џорџи никогаш немаше да сфати дека не сака да го изгуби Нил и дека семејството и е сепак поважно од било кој напредок. Иако се‘ е судбина и се‘ е веќе случено.


    Јас се приклучувам кон клубот и ова ми е прво мислење тука :) Од мене предлози, некој трилер. Јас го препорачувам Донато Каризи, еве нека биде Ловец на души. На англиски е The Lost Girls of Rome.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Одвај успеав да ја дочитам книгата, дефинитивно овој жанр воопшто не ми лежи и не пробувам веќе да читам YA/fiction.

    На почеток ме заинтересира ептен, мислев за брзо ќе ја прочитам, но на крај се натерав да ја завршам само за да пишам критика овде. Жолтиот магичен телефон и тие флешбекови во минатото не можев никако да ги сварам, но она што ми се допадна беа главните ликови во минатото, симпатично ми беше тоа развивање на нивната врска. Сакав повеќе да читам за нив, но за нив во минатото - наместо многу непотребни детали на пример за мајката и сестрата на Џорџи, апсолутно небитни во целата приказна.

    ''Големата'' љубов на Џорџи никако не можев да ја разберам, толку себична и воркохолик, како да си ги имаа заменето местата со Нил, како таа да беше мажот во бракот. Алармот очигледно ѝ се активира кога помисли - што ако е напуштена?! Она добро познатото - сфаќаме колку ни значело нешто, тогаш кога сме го изгубиле... За среќа во случајот, не беше предоцна.

    Нил како лик не ми беше допадлив, маж кој не знае што сака, не зборува многу, но ми се допадна неговата посветеност како родител. Како сопруг сметам дека требаше да ѝ дава повеќе поддршка на Џорџи во остварувањето на нејзиниот сон.

    Ликот на Сет беше се она што скоро секоја жена би посакала, но не и Џорџи. Според мене авторката го вметнала во целата приказна за да креира еден љубовен триаголник, но ништо не беше неизвесно, напротив очигледно беше дека Џорџи вистински сакала само еден маж во својот живот.

    Крајот не ми се допадна, предвидлив и избрзан, ама тоа и очекував дека ќе се случи. Од мене има 2/5.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.697
    Пол:
    Женски
    Каде видовте дека книгава е YA? Баш не е, затоа и најверојатно има толку слаба оцена. Другите книги и се претежно YA и сите имаат многу повисок рејтинг, очигледно повеќе ја бива за пишување на такви книги.
    Иако мене ни тие не ми оставија впечаток, како што кажав, просек ми е, не ги доловува некако ликовите целосно.
    Негде до 40 посто сум и можам само да кажам дека името Џорџи страшно ме нервира, цело време како Џорџ го читам и ме потсетува на машки лик, што дополнително ме одвлекува од нејзиниот карактер и апослутно не можам да се поврзам.
    Не знам, ќе видам до крајот како ќе оди, па ќе се дополнам со целосна критика. :)
     
  18. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    @RainBow Adult/Fiction во случајот, иако главните ликови се бетер од тинејџери, така да и YA не е некоја грешка. :)

    За следна што правиме? Јас планирам да ја почнам Big little lies, гледам ве воодушевила, ама ќе читам напоредно што и да одбереме.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.697
    Пол:
    Женски
    Да ја почнeш обавезно, верувам дека ќе ти се допадне. Не знам како таква книга не победи на гр, туку победи landline. Не ми е јасно навистина.
    https://www.goodreads.com/book/show/6882.Papillon
    Еве предлог од мене, иако е нешто подолго, ама ептен ме заинтересира, а и сигурна сум дека ќе биде добар извор за дискусија. :)
     
    На AnaKarenina, Marossa и sia.bella им се допаѓа ова.
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И јас почнав со Big Little Lies,некаде на половина сум,интересна е.
    Друг предлог навистина не ми текнува,може некоја што веќе сме ја пишале,има многу што сме предложиле.
    Одлучете вие,јас ќе ви се придружам кога ќе ја завршам оваа,а ќе биде во брзо време.