1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И јас ептен се намерачив да ја читам, ама многу споро ми оди :| Дури нервоза ме фаќа.
    Ако сакате друга ќе одбереме. А ја почна некој друг во клубов или само ние две? :?:
     
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас само да ви кажам дека ќе отсуствувам од клубот на 2,3 недели,колоквиуми и се тоа :D
    Со среќа читање.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.051
    Допаѓања:
    66.687
    Пол:
    Женски
    @AnaKarenina да не имаш нешто интересно на листата да правиме buddy read ако се зафатени другиве?
    Јас до вечер ќе ја дочитам The sky is everywhere, па може нешто ново да се почне утре.
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас морав да седнам и да ја прочешлам мојата to-read листа, изнаставав книги последниов период, а немав видено за што може да се најде торент.
    Од Mel Sherratt во препораки ми стои Follow The Leader, ама не успеав да ја најдам. Макар што и другиве гледам дека имаат добри оценки, на kickass ги има The Estate Series.
    Because She Loves Me од Mark Edwards - оваа ја има, ја симнав пред некое време
    Take Me with You од Catherine Ryan Hyde - ова ако сте расположени за некоја семејна драма
    Night Chill од Jeff Gunhus - нешто хорор/трилер/мистерија, нешто paranormal/supernatural ако ви се чита тоа :)
    The One That Got Away од Simon Wood - излезена е месецов, ама ја има :rock:

    Имам повеќе на листа што не успеав да ги најдам, а некои што стварно сакам да ги прочитам се The Last Time We Say Goodbye од Cynthia Hand и Florence Gordon од Brian Morton - ако некој успее да ги најде, обавезно нека ми пише лп :)

    Едит: Реин, баш кога ја видов корицата за The Sky Is Everywhere во Моментално читам си реков од кај ми е позната, па после ми текна дека книгава уствари јас почнав да ја читам ама сега не ми текнува зошто ја оставив :?: Како низ магла се сеќавам на дел од содржината, па ако е добра, пиши ми да седнам да ја прочитам ;)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.051
    Допаѓања:
    66.687
    Пол:
    Женски
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јејјј :clap:
    Знаев дека ќе ја најдеш, не е тазе излезена, ама јас од kickass и piratebay подалеку не гледам :tmi: Ретко се осмелувам од други линкови да симнувам, антивируснава одма пишти.
    Таа да ја ставиме?
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.051
    Допаѓања:
    66.687
    Пол:
    Женски
    Барав и за The last time we say goodbye, нема уште, само вируси има, ама ќе излезе кај и да е.
    Ајде ќе ја ставиме таа, па кога ќе се ослободат другите нека предложат нешто.:)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Девојки и јас истата песна со Папилон, одвај до пола прочитав. Прв пат ми се случува ова, книгата да е просечна а истоимениот филм маестрален. Штом и вие не успеавте да ја дочитате, обавезно погледајте го филмот, вреди стварно - на одличен начин е прикажана борбата за конечно да се почувствува слободата, другарството и жртвувањето на се за истото, проследени со многу трогателни моменти, одлични дијалози и епска глума на главните ликови.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.051
    Допаѓања:
    66.687
    Пол:
    Женски
    Јас уште сум на ниет да ја дочитам, читам по некоја страница тук и таму. Само никако не ми е јасно зашто е така напишана, иако е вистинска приказна ако не е добро пренесена нема ефект.
     
  10. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Стилот е таков каков што е, со мали корекции задржана е формата и содржината онака како што Папилон пишувал и доживувал, а со оглед на неговото образование и начин на живот и не може да се очекува повеќе.

    Мене филмот премногу ми се допадна, а ако ја дочитав книгата ќе ми се расипеше целиот впечаток за Папилон. Ми беа нелогични многу нешта, што почнав да се сомневам во веродостојноста на приказната. Но, најбитна е сепак поентатата на книгата и тоа што тера на размислување. Ако ја дочиташ пиши критика, ќе се надоврзам јас со прочитаното и погледнатото. :)
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.051
    Допаѓања:
    66.687
    Пол:
    Женски
    Да, го знам ова, го прочитав, а пак очекував нешто поинакво. (facepalm)
    Во последно време некако повеќе уживам во стилот на пишување, во изборот на зборовите отколку во самата приказна. Најверојатно затоа и ми оди тешко со книгава, зашто е најважна приказната.
    Новава книга не е лоша, интересно е напишана, Флоренс е лик кој ќе биде интересен за целосно запознавање дефинитивно. :)
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.051
    Допаѓања:
    66.687
    Пол:
    Женски
    Јас ја дочитав книгата. Ама не сум баш импресионирана. :wasntme:
     
  13. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Јас сум скоро до половина, летаат страниците дека кратки поглавјата... Со оглед на тоа дека преферирам easy going личности, цело време сум ваква. |(
    Ок е идејата на авторот што сакал да створи еден комплексен лик, ама со толку егоцентричност и саможивост собрано на едно место одамна не сум се сретнала. :nod:

    Ќе ја дочитам и јас до утре, па ќе пишеме импресии. :wasntme:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас денес ја почнав, до кај 20% сум. Се надевам за брзо време ќе ја дочитам :)
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.051
    Допаѓања:
    66.687
    Пол:
    Женски
    Јас ја заборавив сосема книгава. Исто како да не сум ја прочитала да ви кажам право.
    Негде повеќе од пола сум со The thorn birds и книгата ми го сврте паметот, ако не ја читам само ја мислам. Одамна толку книга не ме вовлекла. Не за џабе е класик. И сосема ми ги избриша впечатоците од оваа.
    Нема допадливи ликови, бледо, нафрлано... Не ми се трошат зборови за книгава да бидам искрена. Читав по коментарите на гр доста има воодушевени, ама најдов еден со кој сосема се согласувам.
    Немаше човечност во ликовите.

    http://therevolutionelle.com/2014/10/22/the-underwhelming-world-of-florence-gordon/
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас едвај сум до пола со Флоренс и морам да кажам дека засега сум разочарана од нејзиниот лик. Што знам, можеби е така зашто имав сосема поинакви очекувања. Ја замислував како допадлив лик што ќе те освои уште во првите страници. Мене искрено како што ја читам, така ме нервира :|
    Ќе ѝ се запнам вечерва, до утре сакам веќе да ја завршам, па ќе пишам во темава.
    Во меѓувреме „ловам" други книги, сега се намерачив за една книга од шведски автор, се надевам дека ќе успеам да ја ископам од некаде со англиски превод :D
     
  17. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    И јас на половина застанав, не планирам да ја дочитам - како читав се повеќе се нервирав... Сега Big little lies конечно да ја дочитам, па вие одберете нова во меѓувреме. :)
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас конечно успеав да ја дочитам книгава и да напишам една забелешка, па веќе да ја тргнеме од клубов.

    Прво кога ја прочитав кратката содржина, а потоа и мислењата (од кои 99% беа позитивни, полни со воодушевувачки коментари) си реков морам да ја најдам и да ја прочитам.
    Знаете на што ми личи книгава? На оние добри реклами за лоши производи. Нешто од типот на топ шоп производите за слабеење - рекламите бомбастични, звучат примамливо, а производот нема врска.
    Мислам дека сите ја прочитавте кратката содржина и тоа колку добро беше склопена, па еве ќе ја извадам само почетната реченица:
    A wise and entertaining novel about a woman who has lived life on her own terms for seventy-five defiant and determined years, only to find herself suddenly thrust to the center of her family’s various catastrophes.

    Wise - можеби, entertaining во никој случај (инаку немаше да ја читам толку долго). И кои беа тие family’s various catastrophes да ми објасни авторот - од ова очекував дека ќе има некој тотално неочекуван пресврт во фамилијата на Флоренс, некоја голема трагедија, при која Флоренс ќе биде онаа што ќе го држи семејството кое се распаѓа. Ете таква замисла имав. А добивме семејство во кое никој со никого не ни комуницира, никој никому не се доверува, никој од никого не бара поддршка, дури и во најтешките моменти кога е болест во прашање. Секој живее сам за себе.
    Не знам за вас, ама јас од остатокот од кратката содржина си створив сосема поинаква слика за Флоренс. Мислев дека ќе биде многу допадлив лик, жена херој, а испадна дека е тотално антипатична, дури и дрска.
    И уште ова - Brian Morton introduces a constellation of unforgettable characters.
    Не, значи не. Книгава имаше 4 ликови од кои ниту еден не ми остави толку силен впечаток за да ги паметам уште долго време. Затоа нема ни да ги коментирам, туку ќе се задржам само на главниот лик.

    Флоренс мене ми освои симпатии само во првите две поглавја каде беше доловена како интелектуалец, писателка, феминистка и жена која достоинствено ја прифатила староста. И толку беше. Како што продолжи приказната, така Флоренс мене ми стануваше сѐ понападна и напорна. Разбирам јас каква замисла имал авторот, ама можел да создаде лик која ќе биде феминистка, а истовремено ќе биде љубезна, мила и пријателски настроена. Мислам, чисто за промена. Зошто мора да е безобразна и груба ако во први редови се бори за правата на жените? Не разбирам.
    И еден контрадикторен момент - кога Флоренс му плесна сѐ во лице на бившиот маж, следеше овој дел: She’d been protecting him for so many years, bending over backward to minimize her successes and his failures, to make every sliver of good news that came his way seem better than it was, that he was unprepared to encounter the other side of her.
    Значи, цело време е брутално искрена со сите, а во меѓувреме со години премолчува некои работи пред него. И ме изнервира со тоа што не дозволи никој да допре до неа, дури ни сопствената внука во чии намери постојано се сомневаше.
    Крајот па беше толку избрзан, толку недовршен, како да е испуштено цело поглавје. Испадна дека Флоренс си умрела исто како што живеела - lone wolf.

    На страна ликот, стилот на пишување не ми беше толку лош. Мислам дека ова е книга од која сум научила најмногу нови зборови :) И ако замижам пред одбивноста што ја имав кон Флоренс како лик, би рекла дека стилот ми се допадна.

    Од мене една двојка и ништо повеќе.

    Туку, книгата од шведски автор што ја спомнав овде успеав да ја најдам на англиски, вечерва ќе почнам да ја читам. Се вика A Man Called Ove. Ми тргна со вакви книги, само се надевам дека овојпат нема да останам разочарана :lol: Други предлози немам, сѐ што имав напишав минатиот пат, така што одберете вие, а јас ќе ви се приклучам :)
     
    На RainBow и do-re-mi им се допаѓа ова.
  19. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Blagodaram na tie sto napisaa odlicno review za knigata The Promise of Stardust.
    Nemozev da ostanam ramnodusna, ja najdov i ja procitav.
    Ne sum vo clubot no sekojdevno pratam sto ima novo.
    Pisuvajte, inspiracija ste za mnogu citateli.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.051
    Допаѓања:
    66.687
    Пол:
    Женски
    https://www.goodreads.com/book/show/22822858-a-little-life
    Оваа ми е на листата, иако е прилично обемна мислам дека ќе има доста за дискутирање.
    https://www.goodreads.com/book/show/16286.The_Magus
    И оваа е голема. Ама ми делува доста интригантно.
    https://www.goodreads.com/book/show/21936809-the-kind-worth-killing?
    Трилер од Питер Свансон, авторот на Девојката со часовник место срце. Знам дека таа ми беше ужасна книга, ама оваа ми изгледа поинтересно, може се оправил малку човекот.
    Кажувајте за што сте, давајте предлози ако имате нешто интересно и да ставиме нова книга. :)