1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ајде тогаш ќе ја ставам The Nightingale за неделава, па давајте други предлози за следната. Мислам дека оваа би требало да се погоди конечно, се надевам нема да разочара.
    Ја има на овој торент.
    https://kickass.to/new-york-times-b...iction-non-fiction-team-nanban-t10459292.html
     
    На Marossa и Hipster им се допаѓа ова.
  2. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Јас ги симнав синоќа Fangirl и Landline ама низ темва читам дека првава била подобра па ја почнав таа утрово. Да ја завршам ја симнувам оваа на Реин, јас не сакам баш историски книги, посебно од втора светска војна ама ме доби со реченицата на корицата. Љубовна ми изгледа,сигурно ќе биде интересна.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    И мене ептен ми се допадна мислата.
    Јас денес планирам да ја дочитам Orphan Train, па ќе почнам со оваа.
    @Hipster мене Еленор и Парк ми е подобра од Fangirl. Ако ти се допадне Fangirl ѕирни ја и таа.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Девојки до каде сте со книгава? Ја бива или да не ја почнувам за џабе?

    @AnaKarenina напиши збор два за Девојката од хартија кога ќе ја дочиташ, некако позитивно се изненадив од Мисо. :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Обавезно планирам :)
    И јас со истото прашање - вреди книгава да ја почнувам? Не знам ни дали ќе стигнам да ја дочитам :?: До каде сте вие?
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Добра е книгата, мене ми се допаѓа и стилот, негде до дваесет посто сум, планирам да ја завршам за ден-два.
    Девојката од хартија мене ми е на второ место од Мисо, после Затоа што те љубам, другите некако ми беа разочарувачки.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    @RainBow не ме воодушеви имењачкава твоја, слабо. Ја влечев со денови и во меѓувреме почнав друга книга и ја забаталив. Не е за мене.
    Гришам го почнав пак, не знам јас сум многу субјективна кога се работи за него, ама го обожавам.
    Како мува без глава летам низ книгиве. Што ти прави неограничен избор за читање, убаво вика мајка ми премногу демократија не чини:rofl:
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Па не е нешто посебно, што је је. Мене Еленор и Парк ми се допадна, ама во споредба со нејзините други книги. Инаку исто е онака, мех. Јас кога го земав киндлот немав контрола, 16 книги почнував во исто време.:D Додека да сфатам дека нема ништо да ми избега и да се доведам во ред.
    Инаку со книгава сум до 70 посто, вие до кај сте, ја почна некој воопшто?
    Која ја читаш од Гришам Хипстер?
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш, нормална си:whew::rofl:
    Ја почнав Theodore Boone kid lawyer. Малце се заебав зашто книгава има уште 4 продолжение, додуша 5тото не е уште излезено ќе излезе сега у мај, ама сепак после оваа сигурно ќе сакам сите да ги прочитам. А и имама уште 3-4 на холд исто ставени други.
    Имаше доста слаби ревјус, ама мене ме привлече насловот(facepalm)ај ноу.
    Мене ми е супер сега за сега има интересна приказна. Одвај чекам да видам за што се работи во следните 3 книги.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Може и јас да се приклучам во ова убаво друштво на читателки ? Која наредна книга ќе ја читате ?
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас Nightingale решив да ја прескокнам, зашто веројатно немаше да стигнам, ама без книга не ми се седеше, па ја почнав Before I Go. И како што гледам за брзо време ќе ја прочитам, така што ќе ви се приклучам за следната. Може ќе пишам и некој предлог, само ја полнам to-read листата :D Aма сепак прво ќе оставам на новите членки нешто да предложат :)
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ја завршив јас денес книгата, па да си напишам импресии.

    Првата половина од книгата е прилично бавна. Не беше лоша, ама не беше ни нешто посебно како што очекував. Додека втората половина ја завршив со солзи, дојдов речиси до степен на липање. Откако ја завршив морав да одам да средам нешто и како што седев во автобус се потсетив на последните случувања од книгата и очите ми се наполнија со солзи. Луѓето сигурно си мислеа дека нешто ми се случило, а не дека се солзите за измислен лик од книга. Ама тоа е работата, ликовите од книгите за Втората светска војна ретко се само измислени, такви работи се случувале, колку семејства биле распарчени, животи изгубени, колку злодела направени...

    Навистина ми е криво што првата половина беше така напишана, ми го расипа генералниот впечаток, иако при крајот ми се подобри мислењето.
    Книгата е за случувањата во Франција за време на ВСВ, уште поспецифично е што е за жените во Франција и како тие се справуваат со војната и загубата.

    Приказната почнува со стара жена која се спрема да ја напушти својата куќа во Америка и да се пресели во дом за стари лица. И потоа се враќа назад во минатото.

    Виен и Изабел се две сестри кои се чиста спротивност. Изабел е помлада со оган место крв во вените, а Виен е сталожена, мирна, Нивната мајка умира и тие остануваат со татко им кој уште не може да се оправи од Првата светска војна. Не можејќи да се справи сам со две деца ги остава на друг да ги чува. Изабел само менува учлишта благодарение на нејзината бунтовност, а Виен на 16 години останува трудна и се мажи за љубовта на нејзиниот живот.

    Но кога доаѓа војната се се менува. Мажите заминуваат да се борат, жените се сами. Франција паѓа и тие живеат под окупација.
    Ликот на Виен ми беше фасцинантен како се менуваше. Прво, кога Франција се предаде, она глупаво мислеше дека е готово, војната заврши и мажите ќе се вратат дома. Имаше некоја чудна детска наивност во неа. Или можеби само пуста надеж. Но беше целосно заслепена и одбиваше да ја види вистината.
    Но како поминуваа годините Виен стана само похрабра и помогна 19 деца евреи да се спасат од смрт. Претрпе силување од германец кој живееше во нејзината куќа и остана трудна од него. Направи многу избори кои можеби и беа погрешни, но во време на војна секој прави што мисли дека е исправно и се обидува да преживее.

    Додека Изабел знаеше што се случува од самиот старт и сакаше да се бори за својата земја. Но што може една 18 годишна девојка да придонесе? Би се зачудиле. Изабел ја почна рутата преку Пиринеите до Шпанија, пренесуваше соборени пилоти од Америка и Англија во Шпанија и ги носеше во Британската амбасада. Шифрираното име и беше The Nightingale. Пренесе многу пилоти и им ги спаси животите. Но пред самиот крај ја фатија и ја однесоа во логор. Таму се разболе и откако заврши војната се врати дома, но сета сила и беше веќе потрошена. Кога љубовта на нејзиниот живот дојде (се сретнаа на почетокот на војната) таа умре во неговите раце.

    Години подоцна, во 1995, Виен се врати во Париз на собир, каде што се оддаде признание на нејзината сестра, The Nightingale.

    Имаше уште многу моменти, многу ликови кои умреа, кои храбро се бореа, жени кои правеа се за да ги спасат своите деца. Ми се допадна фокусот на жените во Францускиот отпор и нивната огромна улога во војната и нивната храброст.

    Кога станува збор за книга со ваква тематика не може во никој случај да се каже дека е лоша, темата сама по себе е доволна за да го задржи вниманието. Стилот на пишување беше добар, не беше нешто воодушевувачки, ама сосема солиден..

    И давам 4рка само поради првата успорена половина која можела да помине низ добра корекција.

    “If I have learned anything in this long life of mine, it is this: in love we find out who we want to be; in war we find out who we are.”

    “Men tell stories. Women get on with it. For us it was a shadow war. There were no parades for us when it was over, no medals or mentions in history books. We did what we had to during the war, and when it was over, we picked up the pieces and started our lives over.”

    “But love has to be stronger than hate, or there is no future for us.”

    "...He made love to her in a way he never had before, with frantic, searching kisses and hands that seemed to want to tear her apart even as they held her together."

    "The worst can always be true."

    "If you jump off a cliff, at least you'll fly before you fall."

    "A broken heart hurts as badly in wartime as in peace."
     
    На I <3 Books му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Предложете нешто луѓе за читање, @Abrakadabra можеш слободно да предложиш нешто од листата за читање.
    Јас од прееска лутам низ книгите на гр, не знам што да почнам следно, се мислам нешто повесло да земам, последниве две книги жалопојки, ме утепаа.

    Едит: Лелелеле излегла од Дороти Кумсон новата, https://www.goodreads.com/book/show/23346716-that-girl-from-nowhere , ја има и за симнување https://userscloud.com/k5im8iljic16 , иако во моби верзијата два пати ја има книгата.
    Јас се фрлам на читање.^_^8-|
     
  15. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    A каде е таа листа од која треба да изберам ? 8-|
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Нешто од твојата листа на читање 8-| Нешто што имаш желба да го читаш, предложи го тука, па може заеднички ќе одбереме некоја книга за да ја читаме :)

    Реин, а има ли можност да ставиме листа од сите книги што сме ги читале во клубов? Да стои во првото мислење на речеме, или некаде горе, не знам... Да се смисли некако. За да нема повторување кога ќе ставаме предлози, а и се заборава. После повеќе од една година, долга листа имаме :)
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    @ana karenina, благодарам за одговорот Јас мислев вие имате некоја листа веќе селектирана, па се водите по неа за избор на книга.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Да, @Abrakadabra , на твојата листа мислев, се извинувам што не се изјаснив убаво. Немаме листа, туку предложуваме од нашите листи или нешто што ни фатило око и мислиме дека ќе биде интересно да се дискутира, па потоа или ставаме анкета, или се согласуваме за една книга.
    Може, да, ќе ја составам јас после листата од прочитани книги и ќе ја ставам во првиот пост, па само ќе се апдејтува.

    Едит, листата во првиот пост е средена. Ајде да ставиме нешто ново за читање. :)
     
    На Abrakadabra и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  19. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Еве, јас планирам да ги читам овие две книги, па воедно нека се и мој предлог.
    To Kill a Mockingbird by Harper Lee
    Yes Please by Amy Poehler
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Оваа мислам и порано ни беше во предлози, ама никако да дојде на ред. Јас сум за, одамна и се мерачам.
    [​IMG]
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.