1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Хахахахааа...ме насмеа слатко со мачево !! Баш и така некои луѓе читаат :rofl:
     
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Сакате да кажете дека конечно дојде To Kill a Mockingbird на ред??
    I am so IN! :D
    Инаку претходната пак до пола ја прочитав,не знам некако млитав период ми беше :D
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    И јас одамна сакам да ја прочитам, ви се приклучувам пак после пауза од некој месец :)
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    На Marossa, Abrakadabra и crimson им се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Реин мотивација ни дава :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Да се размрдаме малку.[​IMG]
    Патем, еве ја книгата на српски, само онлајн е, не можев да ја најдам за симнување.
    http://personal.crocodoc.com/YXmfuox?embedded=true
     
    На Abrakadabra и Marossa им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Леле девојки, многу сакам да ви се придружам и овој пат, ама немам време за жал, заглавена сум со овие мои обврски. :(
    Многу се разочарав, сакам и јас да си коментирам, одамна ја имам симнато книгава, ама време за читање никако да се најде.

    Еве ви линк, на англиски е, ама не сум погледнала каква е и што е.
    Известете ако е некоја нецелосна верзија или ако има било каков проблем, јас од тука ја симнував, па да знам кога ќе почнам да ја читам. :)
    https://thepiratebay.se/torrent/7866407/To_Kill_a_Mockingbird_by_Harper_Lee_(epub__mobi)
     
  8. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Дали има некој временски рок за да се прочита книгава или кој како успее ? Сепак сум тазе член и не сум баш информирана за правилата, доколку ги има. ;(
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    ^Една недела од прилика, ама ако не сме стигнале тераме и повеќе. :)
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас малку не бев во тек со изборот, гледам дека веќе сте поставиле нова книга, па од утре ви се приклучувам. Викендов не ми беше посветен на читање, уште си ја влечкам Before I Go, ама се надевам за брзо време ќе ја довршам. To Kill a Mockingbird одамна ја меркам, ама не знам што ме одвраќаше секогаш од неа, па си бирав други книги. Овојпат нема бегање :)
     
  11. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Јас по онаа книга од 1000 страници што ја читав, некако спласнав со ентузијазмот за наредна книга, ама ќе пробам да ја прочитам во текот на неделава.
     
  12. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    До каде сте со читањето, женски ? Јас искрено, неделава повеќе бев надвор, одошто дома. Бурна политичка недела и книгата ми остана на 40-та стр. Инаку, интересна ми е. Како ви се чини, ако сте почнале со неа ?
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас дури синоќа почнав да ја читам. Не знам дали ми е такво расположението, ми бега вниманието на други работи. Ама сигурно ќе ја дочитам, одамна се спремам, би требало за некој ден да ја довршам.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    И јас не сум до нигде. Ја почнав, интересно делува, ама знаеме периодот како е. Ќе гледам да ја завршам и јас за некој ден. :)
     
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И јас како вас луѓе :D
    Ептен бев загреана за книгата,ама бидејќи ми е зафатен периодов,си украднувам по 10тина страни на ден.Искрено,малку стилот на пишување ми е тежок за разбирање,дали дека одамна немам читано книга од тоа време пишувана и ми го успорува самиот процес на читање бидејќи се навраќам на некои реченици повеќе пати.
    Почетокот не ми е нешто посебно(да не речам досадно),ама очекувам многу поинтересни содржини накај средината.А не е многу страни книгата, 320.
     
  16. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    5.748
    Пол:
    Женски
    To Kill A Mocking Bird ни беше лектира за нашколо во 1ва година гимназија
    одлична книга 5/5
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Феминки изгледа на сите некако споро ни оди книгава, а? Јас едвај до втора половина стигнав, до душа немам време толку за читање периодов, ама и тогаш кога ќе седнам некако ми бега вниманието. Па препрочитувам страници. Вие до кај сте?
     
  18. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Јас останав на стр. 40. Недостаток на време (waiting) Не сум знаела дека е лектира во средно ? Значиј а има со македонски превод....оној јужњачки дијалект во книгата ми го успорува читањето, морам да признам.
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кај нас не е лектира :)
    Инаку гледам дека насловот во весници го преведуваат како „Да се убие подбивната птица" ама мислам дека немаме наше издание :?: Нека ме поправи некој ако знае.
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.716
    Пол:
    Женски
    Има издание од Магор, како дел од едицијата Ѕвезди на светската книжевност.

    Само не знам како е со преводот, тешко дека ја доловува суштината. Ако некој го прегледал изданиево, нека сподели мислење.

    Извинете што ви се замешав, не сум дел од клубов, ама ве пратам за оваа книга. :)
     
    На Abrakadabra и AnaKarenina им се допаѓа ова.