1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Па погоре @RockNroLLGirL напиша дека и била лектира во средно. :?:
    Книгата е инаку интересна. Јас секако ќе ја прочитам, само кога .тоа, незнам ! :whew:
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Веројатно не живее тука :)

    Инаку @LivingGlam нашиов клуб е од отворен тип, членски книшки немаме, така што слободно коментирај. Особено ти мислам дека ќе имаш што да кажеш во темава ;)
     
    На RainBow, RockNroLLGirL, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Позната е книгата има добиено Пулицерова награда,а РокнРол мислам дека живее во Америка,па затоа ја читаат како лектира.
    Јас сум некаде на половината од книгата,не е лоша содржината,ама како да очекував повеќе.
    И стварно е тежок јужњачкиот акцент,многу бавно ми оди читањето и дека имам за учење,не можам да и го дадам вниманието што го заслужува.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Девојки ја прочита ли некоја од вас за да ја коментираме? :?:
    Ако не да пишам кратка критика во другата тема, а овде да поставиме нова. Многу се завлечкавме со оваа.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ана и јас ја дочитав денеска,ама утре секако ќе пишам критика.
    Подобро пиши тука импресии,да не помине така темата.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Пишете си тука критики, јас вчера почнав поинтензивно да ја читам, до пола сум негде, утре сакам да ја завршам.
    И предложете нешто во меѓувреме. :)
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    А мене не ми е фатена и нешто не ми се чита деновиве :worried:
     
  8. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Ја имам прочитано и мислам дека не е кој знае што :) Да, важна е за американската литература бидејќи на книгата гледам со исто значење што за нас ја има да речеме парите се отепувачка, односно дека го прикажува животот во одредено време во одредено место. Добра е, ама не ми е сигурно за топ 10 најдобри книги (често ја среќавам меѓу првите низ препораки на интернет) во светот.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Па добро, интересна е, ама и јас не сум нешто воодушевена @Freya123 како што велиш, за да биде меѓу најпрепорачаните. Ама, секој има различен вкус за книги, а литературните критичари ја оцениле како врвна.
     
    На Freya123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас за книгава имам поделени мислења.
    Мислам дека нема љубител на книги на кој барем еднаш не му била препорачана и минимум неколку пати не ја сретнал на листи со препораки. И баш поради тоа има многу високи очекувања.
    Почетокот некако не ме држеше тука со вниманието, препрочитував страници за да разберам што се случува, а акцентот само дополнително ми го отежнуваше читањето. Смешни ми беа некои изрази, во глава веќе имав претстава како зборуваат, а за многу зборови барав значење во речник затоа што прв пат ги сретнував. Можеби па и затоа што разработува таков период, самиот начин на раскажување ми беше по малку депресивен.
    После кога дојде делот на судењето малку се размрдав, тогаш страниците почнаа да летаат, зашто ете, нешто се случуваше, па ми беше поинтересно. Знам дека Атикус на многумина им е омилениот лик од книгава, покажувајќи храброст и застанувајќи во одбрана на човек осомничен за силување. Нешто кое заради временската локација на приказната значело херојство, а денес е уставно загарантирано право. Тој дел од книгата можеби ми беше најинтересен, зашто постојано се ставав во улогата на Атикус. Не е лесно да поставите јасна линија меѓу професионалниот и приватниот живот во ваков случај, особено за жена адвокат. Се сеќавам имаше еден случај што ни го раскажуваше еден асистент, за негова колешка која требало да брани човек осомничен за силување, кој притоа ѝ го признал делото. Во TKAM беше невин човекот, ама не можев да не размислувам за тоа дали јас еден ден би можела да застанам во одбрана на човек за кој знам дека извршил силување. Можеби ова нема толку врска со темата, ама само сакав да го спомнам и тој аспект. Овде Атикус беше повеќе поттиснат од општото мнение, од тоа како ќе го гледаат сограѓаните, од тоа дали неговото семејство ќе биде безбедно, зашто знаеше дека во очите на останатите е непријател. Можам да пишувам цел ден на оваа тема, да кажам и други реални примери за тоа кога семејствата на адвокатите страдаат после вакви судски процеси, ама тоа ќе го оставам за друг пат, можеби во некоја друга тема.

    Знам дека можеби повеќето нема да се согласите со следново, ама мене ликовите не ми се допаднаа. Некако ми беа сиромашни, неразработени, како да имаа по една етикета залепено и цело време ги гледавме во таква улога. Не знам, можеби само јас таков впечаток добив, ама како да ми фалеше нешто повеќе од нив.

    Сепак, ми беше интересно да ги следам сите случувања низ очите на едно дете кое расте во таква средина. Сите настани беа типични за тој период, така што за тоа нема многу да пишувам. Мислам дека сите сме гледале многу филмови, сме читале и книги за тогашните случувања во Америка, па ништо не ни беше чудно од она што се случуваше. Е сега, бидејќи книгава е напишана во шеесетите, верувам дека поттикнала дискусија за многу табу теми. А и можам да разберам зошто е значаен дел од американската литература. Само што, мене не ми ги исполни високите очекувања.

    Сакам да ја прочитам уште еднаш, ама на македонски. Мислам дека ќе ми биде полесно, а и сакам да видам каков превод направиле :)

    Засега толку од мојата забелешка, во моментов не ми текнува што друго би спомнала, ама ќе ви се приклучам на дискусијата.

    Предлог од мене: A Fall of Marigolds. Јас веќе ја симнав, ми се читаше нешто такво. А и Rosamunde Pilcher ми е на листа, сакам некоја нејзина книга да прочитам, само не знам за која да се одлучам :)
     
    На Abrakadabra, do-re-mi и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Книгата и нема нешто шокирачко за во спојлер,па директно ќе пишам :D

    Сфаќам зошто Американците ја ценат,бидејќи е опишано нивното општество во тој период,а верувам дека е доста веродостојно.

    Може да се извлечат доста убави,филозофско длабоки цитати за животот,луѓето,расизмот...

    Да не ги ставам сите,бидејќи се бајаги.
    На почетокот ми беше малку досадна и бавна,потоа со судењето приказната доби некој замав,ја прочитав за неколку часа.
    Ликовите ми беа навистина добро прикажани,посебно ми се допадна што нарацијата е од поглед на едно дете,со перспективата на Скаут.
    Атикус си остана морален и праведен до крајот,но константно беше во внатрешен конфликт,бидејќи сите го гледаат како непријател,а тој само сакаше да биде праведен и да спаси човек,за кој беше сигурен дека е невин и истовремено да им ги пренесе вистинските вредности на своите деца
    Ми се допадна и борбеноста на Скаут,што веднаш застануваше на страната на татко и,исто како и Џем.Тоа е почит.

    Како да очекував повеќе од книгата,не бев многу воодушевена.
    Она што најмногу е впечатливо е начинот на нарацијата,во тоа авторката е навистина талентирана.Имам бајаги копано по интернет за книгата и ме се допадна како е опишан стилот
    Летово планирам да го изгледам и филмот,ем е со Грегори Пек кој е бисер на филмската индустрија од тој период,башка сакам да видам дали премногу површно сум пријдела кон пораката која ја носи книгата.

    Моја оцена би била 3.5/5 ,можеби е прениска,ама не ме допре толку колку што мислев.

    Предлози после колоквиумска,за следната книга ќе ме нема :D
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Да си кажам уште на почеток дека ми се допадна книгава.

    Да почнам од јазикот, уживав целосно во автентичноста и никогаш не би ја прочитала книгава на македонски, не верувам дека би се доловил тој шмек, би била на некој начин искасапена приказната.
    Харпер Ли одлично си ја завршила работата со раскажувањето и пренесувањето на приказната низ очите на Скаут. Ми беше доста интересно како Скаут како малечко девојче ги слуша дијалозите на возрасните и не може сосема да ги разбере, начинот на кој таа ги гледа, низ детската, се уште невина призма.

    Ми се допадна и врската помеѓу Атикус и децата, начинот на кој ги воспитуваше, неговиот зрел пристап, етиката која им ја пренесуваше. И јас сум меѓу оние на кои Атикус им е омилен лик од книгата. Свесна сум за еднодимензионалноста на неговиот лик, да, он е доброто во книгата, он е разумот, ама сепак, I can't help it, уживав додека читав како се однесува, како размислува и како ги воспитува децата. И да не постоеле такви луѓе во такви (не)времиња, сигурно немаше да бидеме каде што сме денес.

    Насловот на книгата добро се отсликува во приказната, птиците подбивници не се убиваат поради тоа што не прават зло никому, само пеат. Том не направи никакво зло, но сепак беше убиен.
    Mr. Underwood didn't talk about miscarriages of justice, he was writing so children could understand. Mr. Underwood simply figured it was a sin to kill cripples, be they standing, sitting, or escaping. He likened Tom's death to the senseless slaughter of songbirds by hunters and children, and Maycomb thought he was trying to write an editorial poetical enough to be reprinted in The Montgomery Advertiser.
    И кога Скаут му вика на Атикус, "Well, it'd be sort of like shootin' a mockingbird, wouldn't it?" за да не го инволвираат Бу во смртта на Боб.

    Не е воопшто некаква комплексна книга, поготово што сите пораки се пренесени така што треба дете да ги разбере, Имаше и добри цитати.

    "...before I can live with other folks, I've got to live with myself. The one thing that doesn't abide by majority rule is a person's conscience."

    "In that far-off sweet forever, just beyond the shining river." Ова кога беа во црквата, стиховите ептен ми се допаднаа.

    "-How could they do it, how could they?
    -I don't know, but they did it. They done it before and they did it tonight and they'll do it again and when they do it - seems that only children weep."
    Овој цитат посебно ми се допадна. Децата со нивната невиност, децата кои многу почисто ги чувствуваат работите...

    "...whenever a white man does that to a black man, no matter who he is, how rich he is, or how fine a family he comes from, that white man is trash."

    “You just hold your head high and keep those fists down. No matter what anybody says to you, don't you let 'em get your goat. Try fightin' with your head for a change.

    Има 5ка од мене книгава.
     
    На Abrakadabra и Marossa им се допаѓа ова.
  13. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    @AnaKarenina И јас мислам дека ликовите се сиромашно изработени. Мене најмногу ми се допадна Скаут зашто оди контра на тоа како една жена од тој период треба да се однесува. Едноставно, целата книга не ме фасцинираше. Многу е едноставна и приказната и стилот на писателката. Ништо посебно :) А извинете првпат пишувам во темава, на колку дена се менува која книга се коментира?
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Мене токму тоа ми се допадна, очекував, па не знам баш што очекував, ама пријатно се изненадив што добри пораки се толку едноставно пренесени.
    Требаше да ставиме нова до сега, ама нешто слабо ни оди.
    Јас од серијалот што го почнав имам уште три книги, не ми се верува нешто друго да почнам додека не го завршам. Иако за неколку дена би требало да ги дочитам другите три книги со ова темпо.
    Дај предлог слободно од нешто што ти се наоѓа на листата. :)
     
  15. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Јас ја ставив на stand by и се извинувам, зошто јас бев таа која предложи да се чита, а на крај испадна дека не ја прочитав.
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ја читав поодамна, на детали многу не се сеќавам, но прекрасна е и со многу силна порака, паметам дека ми се допадна многу и стилот на пишување, слично како на Реин. Доцна ја видов темата, преблагодарна сум што ме потсетивте.

    Атикус е исклучителен лик, се пронаоѓам премногу во дел од неговите ставови и самата негова природа се тоа ми е блиску до она коешто се трудам да биде моја филозофија на живеење.

    E тоа е моќна книга, 50 и кусур години и уште е добра тема за муабет.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас ја почнав Finding Emma, ама периодов ми е шашав, па немам толку време за читање. Се надевам за брзо време ќе ја завршам, не е ни многу голема.
    Предлог од мене - нешто од Rosamunde Pilcher, јас ептен им се намерачив на нејзините книги. Особено на Coming Home. Има и серијал според книгата, на goodreads нема нешто конкретно од содржината, ама можете да прогуглате и да видите за што се работи. Е сега, малку е поголемка, тоа би било проблем за клубов, три недели ќе треба да ја читаме :D
    И Winter Solstice не ми делува лоша, таа малку помала е, 698 страни :wasntme: Макар што гледам дека има и помали книги Розамунд, сите имаат добри оценки.
    Нека пишат и другите предлози, па да одбереме, малку го запоставивме клубов :) И предлогот на Реин не ми делува лош, гледам добри коментари има.
     
  19. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Еве анкета, собрав нешто од постари предлози, да не биде ептен празна.