1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Може ли јас да го сменам гласот и да го дадам за Sugar за да не се одолговлекува повеќе и да се стави таа за читање?
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Sugar it is :) Јас баш чекав да се јави уште една феминка, да гласа за некоја од овие две па да се реши гласањето :D
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило што ја одбравте Шугар,бидејќи секако почнав да ја читам :D
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам како да сум 50 кила подебела.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Дечки што бидна со Sugar? :?: Шеќер се сторивме :D
    Ја прочитавте сите? Јас не знам ни кои феминки ја читаа, чекам некој да пише во темава.
    Во меѓувреме ја почнав The Empty House.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ја дочитав јас пред некој ден.

    Не беше лоша книгава, ама не беше ни нешто особено.
    На почетокот ми се гадеше малку од Шугар. Тоа бутањето во уста се и свашта, некако како беше опишано и мене тешко ми паѓаше. Ми се гадеше и од тоа што беше толку слаба (карактерно де). Таа мајка и сакав да влезам во книгата и да ја задавам. Одвратна до крајни граници. Ми беше мило кога се запозна со Ивен, само малку пресовршено ми беше претставен, некако неверојатен.
    И не ми се веруваше дека умре, помислив дека тоа е тоа, отиде Шугар со него во неповрат, ама среќа си го најде патот.

    Немам нешто многу да напишам, нема многу за мозгање, лесно книгиче, ама не ми остави некој впечаток.
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас очекував малку повеќе од книгава, со оглед на високата оценка. Ама од друга страна можам да разберам зошто има толку позитивни коментари. Верувам дека секој за момент се препозна во некои карактеристики на Шугар. Нема ништо полошо од тоа да се чувствуваш неудобно во сопствената кожа, без разлика дали си дебел или слаб. Мислам дека скоро сите сме го искусиле тоа. Ми беше жал за Шугар, за целиот притисок што го чувствуваше од околината, буквално немаше ниедна светла точка во која ќе бара утеха. Сè додека не дојде Ивен (кој искрено ми делуваше too good to be true). Така што, можев да разберам зошто карактерно е слаба, цел живот е поттисната од некого, па дури ни од сопственото семејство не можеше да најде поддршка. Таа мајка ѝ беше чудовиште невидено, заедно со брат ѝ на Шугар ми се дефинитивни најодвратни ликови од книги. Што душа ќе имаа, кај им ја собра целата злоба... Јас ова bullying никогаш нема да го разберам, и никогаш нема да сфатам како може некои луѓе да чувствуваат задоволство во тоа да малтретираат некого физички и психички.

    Не дека не можев да ја пуштам од раце, ама во секој случај убаво книгиче, можат да се извлечат добри пораки.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Па, не дека немаше место. :lol: (знам како делува коментаров во однос на bullying и fat jokes. Ама ете, така едноставно е да се каже нешто без да се размисли.) Мене брат и ми беше неразбирлив, и тој дебел, и тој низ истото поминува, зошто беше толку одвратен спрема Шугар? Секој различно ги доживува работите, ама не мораше и тој да биде таков.
    И јас можев да разберам зошто е таква каква што е, ми беше жал, ама пак, не знам, не можев да се поврзам со неа некако.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас пред 3,4 дена ја прочитав и мислев дека сум пишала во темава,ама очигледно не :D
    Искрено,и јас очекував многу повеќе.
    Ме убиваше однесувањето на нејзиното семејство,премногу суровост,премногу злоба.Така и од надворешниот свет,па Шугар беше оставена сама на себе.
    Мило ми беше кога се појави Ивен и полека и ја отвараше таа нејзина страна,полна со самодоверба,така почна да и се рефлектира внатрешната убавина однадвор.
    Се разбира,колку и да се промени,нејзините и околината повторно ја исмеваа,бидејќи тоа е до нивните ништожни карактери,а не до неа.И многу ми беше жал за целата неправда која ја доживува,ама и јас не се поврзав,не ме допре...
    Мислам дека тоа се должи на начинот на пишувањето на авторката,некои автори знаат да напишат една реченица и да ти ја распарат душата,некои едноставно не се толку умешни.
    Вака целокупно гледано,книгата е доста предвидлива,само што не очекував Ивен да умре,тоа ме заболе,а најмногу писмата што и ги напиша.

    Инаку,ненормално ме потсеќаше на My mad fat diary,дел во ликовите,дел во одредени ситуации,мислам дека имаше и една случка што сум ја сретнала во некоја епизода.

    Оцена 3.5/5
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Дајте луѓе некој предлог што да ставиме следно, јас само вртам по гр, ама ништо не ми зборува некако, ништо не ме привлекува.
    Едит, мислам дека ќе почнам со оваа. https://www.goodreads.com/book/show/23014593-little-black-lies
    Или оваа. https://www.goodreads.com/book/show/17235026-the-girl-with-all-the-gifts
    Иако не сум баш по зомбињата, книгава ми делува интересно.
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Таман мислев да ви се придружам, кога гледам не е баш активна темава... :?:
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Да, штета што замре клубов. Јас утре ќе завршам со оваа што ја читам, па таман можам да почнам нова. ве некои предлози од мене.

    Now you see me - S.J Bolton
    Ми се допадна Black little lies од истава авторка, па ставив на листата уште нешто од неа за читање. Според рејтингот не би требало да биде лош трилер.
    Paperwight - Meg Haston
    Young Adult, нешто со ментална болест, најверојатно во стилот на Made you up, Challenger deep...
    The Accident Season - Moïra Fowley-Doyle
    Оваа ме заинтересира со содржината, мислам дека ќе биде интересна.
    Full Tilit - Neal Shusterman
    Не можам да се откачам од човеков, па и оваа оди на листата, се надевам дека е уште едно одлично дело од него.
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Летно време, по одмори се феминките, помалку нè има :)
    Јас бев ептен со работа последниов период, една книга две недели ја читам :doh: Од предлозите гледам дека Now You See Me сум ја ставила на to-read листа. Ако одберете нешто вие две, ќе гледам да ви се придружам.
     
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Jас сум по трилерите во последно време, така да штом и вас ви е на список Now you see me може таа да jа читаме.

    Од кога почнуваме? :D
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ќе почнеме, јас не можам да најдам торент, иако е постара книга. :^)
    Ај пробајте да не имате вие среќа.:?:
     
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Јас ја најдов преку овој сајт http://truly-free.org/ebook.php?book=Bolton, S.J. - Now You See Me&list=b&nr=369&cat=f.
    Прочитајте го „договорот“ на десната страна и внесете свое име, презиме и е-маил адреса и веднаш ќе ви стигне порака со bond во спам фолдерот. После кликањето на bond ќе се симне фолдер во кој е книгата во .епуб и .моби.
     
    На AnaKarenina и RainBow им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Супер:smirk: Ајде ја ставам тогаш, па до следната недела би требало да ја прочитаме. :)
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас од денес ќе ви се приклучам, се надевам ќе стигнам да ја дочитам :)

    Леле, леле, леле, морав да едитирам, да ја споделам возбудата овде и воедно да предложам следна книга за читање :D
    Alive ми е на листа за читање уште пред да биде официјално објавена, го гледав и трејлерот само што излезе.


    И сега гледам на kickass дека веќе ја има! Подрипнав од столче! :lol:
    Мислам дека Реин е повеќе по ваков стил, ама јас ептен бев заинтригирана уште кога прочитав кратка содржина :)

    Ај уште еднаш едит - Не знам дали видовте дека ќе се снима серијал за Big Little Lies. Никол Кидман некако можам да ја сместам во приказната, ама оваа Рис Витерспун ич не ми е симпатична.
     
    Последна измена: 19 јули 2015
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.