1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    8.435
    Пол:
    Женски
    Девојки сега имам послободен период па ви се приклучувам.
    Ја започнав онаа книга што ја имавте поставено на српски To kill a mockingbird, иако почетокот не ми е воопшто привлечен, бидејќи имам слободно време планирам да си ја довршам.

    Туку сакав да кажам друго. Ај ако најдете некаде да ја има Now you see me на српски ( македонски не верувам) споделете линк. Следна ми е таа во план.
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Јас ја барав, ама не можам ништо да најдам, мислам дека не е преведена.
    Ја почнав вчера инаку, до 10 посто сум негде, ама се надевам ќе ја завршам деновиве, а и доста интересна ми стои.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Јас ја завршив. И не сум нешто посебно воодушевена.
    До 70 посто беше доста развлечена приказната, ништо посебно не се случуваше, се вртеше во круг некако. Потоа малку се размрдаа работите. Непотребно долга книгава, да беше пократка, со повеќе случувања, ќе беше далеку подобра.
    Ликовите исто не ми беа нешто посебно, Марк не можев да го разберам баш, мислам дека беше доста лошо прикажан, без некоја позадина. Ладен, па мислеше дека е сумњива, па не е, па демек ја симпатишаше, ама не баш... Мутава ми беше некако целата работа и прилично лошо напишана.

    Пресвртот не ме изненади баш нешто, немаше веќе што друго да биде, поради претходната книга од авторкава очекував пресврт кон крајот, па можеби и затоа не бев изненадена.
    Друго што не ми беше логично со силувањето на сестрите, 12 пати ги силувале, а да немаат модринки, рани... Тоа ептен некако не ми влегува во глава.

    Не ми се допадна и што на крајот не се спомна ништо за Дејна, ниту пак испадна нешто со силуваните девојчиња, цел случај така е оставен. Знам дека не беше нејзин, ама можеше да се даде некаков заклучок. Ставена приказната само поради минатото на Лејси, ништо повеќе.

    Разочарана сум малку, Little black lies ми се допадна многу повеќе.
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене на моменти толку ме нервираа настаните, што си реков: Леле кога ќе ѝ лупнам еден кец на книгава на good reads! Ама на крај не бев толку строга :wasntme:
    На почетокот бев малку изгубена, не бев сигурна кои жртви што се спомнуваа беа на Jack the Ripper, а кои беа на неговиот copycat. Не знам за другите, ама мене тие делови ми беа малку конфузни, некако сè ми беше измешано. Или можеби јас не обрнав толку внимание :?:
    Ни мене не ми беше јасно тоа со силувањето, испадна девојчињава здрави и прави после такво нешто :| Исто не ми беше јасна сцената кај реката, делот со имигрантите. Мислам дека беше непотребна. Цело време како да чекав некој исход од тоа што се случи таму, па можеби затоа на крај си се запрашав што беше финтата со таа случка.
    Во однос на настаните, пола книга бев убедена дека Лејси е всушност Кети, така што тој пресврт ме изненади. Лејси и Марк на моменти ми беа симпатични, ама некои постапки не можев да им ги разберам. Кога Марк упадна во подземните тунели и ја уапси Лејси, си помислив дека е некоја негова игра, некоја финта за да излезе Викторија. Многу смотан испадна таму.

    Сума сумарум, ќе ѝ дадам една тројка, зашто на goodreads не можам да ги цепкам оценките на пола :) А како љубител на трилери, не сум нешто посебно импресионирана.
     
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Девојкии,long time no see :D
    Ме немаше долго,читав одвреме навреме,ама сега мислам време е да предложам нешто,а гледам и вие немате одберено нова книга.

    Ова се неколку книги што ми изгледаат интересни,па чекам и од вас предлози:
    Hope for the Wicked-Книгава е нешто акција,детективски роман,како што гледам има и втор дел,Pennies for the Damned,па можеме да ги читнеме како за промена,а мислам дека и не се многу поврзани.

    My heart and other black holes-Книгава ми стои ептен мрачна и со трагичен крај,ама би и дала шанса.

    I let you go-ова е психолошки трилер,ама има прилично добри рецензии и оцена.

    Ај доста се,кога ќе прочешлам уште,можеби ќе додадам.

    Инаку луѓе,како да си го апдејтирам Reading Challenge на Goodreads?
    Кога почнав имам додадено 3 книги,а од тогаш имам уште бајаги прочитано,а тој се исто стои.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Супер избор на книги Мароса, јас гласам за Hope for the Wicked и I let you go.
    При крај сум со книгата што моментално ја читам, така што можам да се приклучам :)

    А за ова
    Ги имаш ставено во 2015та година? Нели кога ќе кликнеш на read опцијата, дека си ја прочитала книгата, се отвара ново прозорче во кое внесуваш оценка и има опција да одбереш година кога си ја прочитала. Кога ќе ставиш 2015, автоматски ти ја става во предизвикот.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Hope for the Wicked е многу кратка.:wasntme: Јас ја прочитав I let you go пред некое време. Не е лоша, има добри пресврти, само првата половина е ептен развлечена и досадна. My heart and other black holes исто ја прочитав.
    Ја завршувам Archer's Voice, па се мислев да преминам на https://www.goodreads.com/book/show/46465.The_Chemistry_of_Death?ac=1

    Едит, оваа ја чекав да излезе, би требало да е добар трилер.
    https://www.goodreads.com/book/show/23746004-black-eyed-susans
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Девојки, а има торент за Hope for the Wicked?
    Ми делува интересна, сакав да ја прочитам зашто и онака не е многу голема. Ама не успеав да го најдам ниту првиот, ниту вториот дел :?:
    Јас не додржав без книга, па ја почнав The Woman Before Me. Ми се чини дека беше предложена во клубов, знам дека ми дојде позната кога ја видов во предлозите на гр. Ми личи дека брзо ќе ја прочитам :) Изборот на следната книга го оставам на вас, ќе ви се приклучам како и да е.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Не можам ни јас ништо да најдам @AnaKarenina за книгата, ни торент ни некој сајт, нигде ја нема.
    Јас ја почнав The chemistry of death, ама и за неа се изнамачив, едвај ја најдов на некој забутан сајт. И јас брзо ќе ја прочитам, не е нешто голема, а доста интересно делува на почетокот.
    @Marossa избери некоја друга книга што ќе може да се симне.:wasntme:
     
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас па никогаш не побарувам торент,туку директно ги предложувам книгите што ќе ме заинтересираат,и после се нервирам кога нема каде да ги прочитам :D

    Еве 2,јас во меѓувреме Мураками го читам,ама кога ќе избереме директно преминувам на таа книга.

    https://www.goodreads.com/book/show/23281918-dry-bones?from_search=true&search_version=service
    http://kat.cr/new-york-times-bestsellers-may-31-2015-fiction-non-fiction-t10692844.html

    https://www.goodreads.com/book/show/23398895-naked-greed?from_search=true&search_version=service
    http://kat.cr/new-york-times-bestsellers-august-02-2015-fiction-t10994912.html

    @RainBow Според кратката содржина,Black Eyed Susans ветува многу,кога ќе испадне торент,одма ја ставаме.

    @AnaKarenina Сум заборавила дата да ставам,мислев автоматски ќе ми бележи :D
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    @Marossa излезена е веќе за симнување, јас ја симнав уште вчера. Сакав да ја почнам после оваа сега што ја читам, ептен и се намерачив.
     
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Леле да,видов кога е објавена и мислев ќе ја нема за читање,ама супер јас веднаш фаќам со читање :D
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Тоа значи да ја ставам следна, или ќе одиме со некоја од претходните?
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас сум за предложената :)
    Баш прееска ја побарав, ама не ја најдов, така што би ви била благодарна да оставите линк од торент :wasntme:
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    http://www54.zippyshare.com/v/VNIOpULe/file.html
    Еве, на download now само. :)
     
    На Marossa и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  16. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Девојки,ја прочитавте ли книгата?
    Јас ја завршив уште претходната недела,па кога ќе сте спремни,кажете да пишуваме критики.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Да, и јас ја завршив уште тогаш, напишав мислење, ама ми се избриша.

    Мене ме разочара прилично книгата. Ми се чинеше како да е фокусирана на погрешните работи. Некои нешта не се ни објаснија. Зошто тој ги киднапирал девојките? Која беше неговата позадина? Зошто немаше поглавје за тоа што го преживеала, туку постојано беше спомнувано само во поминување? Тоа ептен ме нервираше. Теса како лик не ми се допадна. Мислам, оставила невин човек во затвор толку време. Нели се плашеше дека убиецот ќе ја доврши? Како уште по првите цвеќиња не пријавила веднаш во полиција, поготово со таква поема? Не ми се верува дека не би ја сфатиле сериозно, особено по се што поминала.

    Ми се допадна само атмосферата што беше морничава и мрачна, ама и таа некако не ме држеше до крај. Не ми беше верно ни за Лидија, на почетокот толку добро опишана, без никакви знаци дека е таква, што не ми се верува дека ги немало.

    Не знам, некако беше промашај книгава за мене. Како да сакала авторкава да се издвои од морето трилери, ама го направила тоа на погрешен начин. Иако гледам дека сите паѓаат во несвест од книгава за мене имаше премногу нелогичности и неодговорени прашања.
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Реин,исто како јас да сум го напишала мислењето,таму некаде имаме ист впечаток.

    Во трилери,прва работа што секогаш сакам да е присутна е позадината на убиецот,да навлезам во неговата психа,да дознаам како му функционира мозочето и со која цел дејствува.
    Ај тоа што го немаше во книгава,друго што ме изнервира е што ми требаше едно 40 страници да си поврзам како се случило киднапирањето,каде била фрлена Теса и со кого,иако и до крај не беше убаво опишено.
    И вообичаено сакам кога има временска разлика,ама во книгава само ја отежна содржината.1 глава напред,1 назад и ништо да не можеш да разбереш,да се разбркаш за кога се зборува.Кога веќе e пишувана во тој стил,барем да беше по 20тина страни,да има некој ред.

    Ни пишувањето не беше пресјајно.
    Да не бидам ептен незадоволна,навистина имаше ветувачки почеток и ми летнаа страниците,само што крајот наместо да ме шокира во позитивна смисла,ме разочара.А за Лидија,уште во првите страници пречувствував дека има вмешано прсти,додуша јас си помислив дека она е убиецот бидејќи по она што го кажуваше Теса, навистина имаше црни и мрачни мисли.

    А Теса пак воопшто не ми изгледаше вознемирена и пореметена,дури после и херој изводуваше.Со Вили немаше никаква хемија,мада одма се знаеше дека ќе има нешто,пошто нели,не оди без некоја романса и демек комплицирање на работите.

    Сума сумарум,прилично сум разочарана,можеби па премногу трилери сум се изначитала и барам чудо :D
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас малку каснам, уште сум во прва половина, па мижејќи скролав низ вашите коментари :wasntme: Се надевам за брзо време ќе ја дочитам, па ќе пишам импресии во темава. Во меѓувреме слободно одберете нова книга, да не ме чекате :)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Јас за психолошки трилер очекував да биде разработена психата на убиецот. А ништо од тоа немаше, тоа ми беше најразочарувачкиот дел. И да, убаво што спомна Мароса, заборавив колку ме нервираше тоа одење напред назад на секоја страница ипол.|( Не можеш да се поврзеш ни со едниот, ни со другиот дел убаво. За Лидија подоцна почнаа да се откриваат мрачните работи и затоа ми дојде така како нафрлано некако, тој дел можеше да биде многу поубаво разработен. Патем, како исчезна Лидија со семејството ми беше исто некако чудно, да не знае дали е жива или мртва, мислам... Не ми беше воопшто веројатно.

    Баш очекував добар трилер, едвај чекав да излезе книгава, насловот беше доста интригантен заедно со корицата, ама ете...