1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Заборавив да додадам предлози,патем ако најдете торент за Hope for the Wicked обавезно да споделите:D

    Еве нешто од мене,овој пат прво пребарувам дали ги има да се симнат :lol:
    Shadow Man -http://93.114.44.238/viewtopic.php?f=1294&t=431025&hilit=shadow+man
    Little Pretty things-http://thepiratebay.mn/torrent/12107710/Little_Pretty_Things_-_Lori_Rader-Day

    Една вампирска
    The Fifth House of the heart- http://93.114.44.238/viewtopic.php?f=1293&t=913926

    И една онака
    The Paper Swan-
    http://kat.cr/new-york-times-bestsellers-august-23-2015-fiction-non-fiction-t11107227.html
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Прво да се извинам што толку многу доцнам со критика :tmi: Малку ја развлеков книгава, ја дочитав пред неколку дена, ама тек сега стигнав да пишам во темава.

    Имав поинакви очекувања, зашто на прв поглед делуваше многу мистериозна. Кратката содржина звучеше интересно, се надевав на добар трилер, дури и корицата ми се допадна. Во текот на целата приказна се надевав дека крајот ќе ја извлече целата книга, ама јас уште толку се разочарав. Ми се чини дека ни „отворен крај“ кај книгите не ме нервира толку како дупки во приказната. Цело време го чекав делот каде ќе дознаеме што точно и се случило на Теси, тоа многу ме копкаше. Постојано имав претпоставки во глава, замислував што би можело да им се случи на другите девојчиња, како воопшто се нашла Теси меѓу нив, ама ништо од тоа не дознав. За ликот на убиецот да не почнувам... Како да беше спореден лик во целата приказна. Имав чувство дека обидувајќи се да го сокрие за да биде изненадувачки, авторката како да го изгубила неговиот лик низ книгата. Нормално, никогаш немаше да се посомневам во психијатарот, ама thumbs down за начинот на кој го долови. Всушност, ништо не дознавме за него, освен кратката приказна за мајка му. Која е неговата позадина, која е причината поради која станал таков, како ги бирал жртвите, како ги убивал, како Теси останала жива... еден куп прашања имам.
    Не знам што повеќе да пишам за книгава, некако бесцелно ми е друго да коментирам. Вака дури жал ми паѓа што идеја која има потенцијал, така лошо е реализирана. Ретко да ми се допадне корица на книга, за тоа ми е најмногу жал :lol:
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Девојки, офф топик ама морав тука да ве прашам.
    Дали ја имате After You - Jojo Moyes? :?:
    Издадена е веќе, ама не можам да најдам никаде вистински линк за симнување.
    Првиот дел баш ми остави впечаток и ја мислев многу пати откако ја дискутиравме на темава, па баш се израдував на продолжениево. Инаку, во 2016 ќе излезе и филм адаптиран по првата книга. :~:
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    https://userscloud.com/no50d9lttpo6
    На 29ти излезе, јас денес ја симнав и почнувам со читање. Ако се другите заинтересирани може да ја ставиме во клубов на листа,со оглед на тоа што ја читавме првата. :) Иако според критиките има доста разочарани фанови се надевам дека нема да биде ептен лоша.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    @RainBow можеш линк да ми пратиш за да jа симнам?
     
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Може да ја ставиме,да ја читнам набрзина пред колоквиуми да почнат.
    Искрено јас сум премногу скептик,и некако знам дека ќе ме разочара,а премногу ми се допадна првата.
    Ама сепак се нафаќам за читање..
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Има линκ во мислењето, пρв е, над цитатот, јас од таму ја симнав. Мене сега за сега ми се допаѓа, не е лоша κолκу што мислев. :)
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Слепа сум станала. :D Фала Реjн за линкот. Денес да jа дочитам од Нора Робертс па ќе jа почнам оваа. Ма да вчера откако го прочитав твоето мислење отворив good reads и коментарите некако не беа охрабрувачки...
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    До кај сте луѓе? Јас ја завршив пред некој ден и да, спаѓам во разочараните.
     
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас сум на 105 страна,значи имам уште многу.Ама некако досадна ми е и ме нервира Луиза многу.
    Ќе пробам да ја прочитам во текот на денов и утре,чисто да не ја оставам.
     
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    А јас пак не можам да ја симнам ... :wasntme:

    Сакате после оваа да ја читаме? Ептен ја фалат, мене ми е на список за читање.
    [​IMG]
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Eве ја во пдф.
    Ајде ќе си напишам мислење јас во спојлер штом не сте ја дочитале, зашто ќе ја заборавам, оваа не е од тие што се памтат, како Me before you.

    Беше досадна книгава. Монотона и бавна. Ништо посебно не се случуваше, имаше пак некоја доза на хумор, ама длабочината и емоциите од првата книга воопшто не беа присутни. Вил фалеше премногу, тој новиот само пополнуваше место и ништо повеќе. Типичен машки лик во книга, немаше некоја карактеристика по која ќе се издвои. Хемијата исто не беше опиплива меѓу нив двајца. Другите ликови од групата за поддршка ми беа крајно неинтересни и еднодимензионални, воопшто не ме интересираше што ќе им се случи. Плус, на крајот се почувствував измамено, само што требаше да почне интересното и тука се сецна приказната. Целото досадно патување раскажано, а баш она возбудливото, Њујорк, нов живот, нови почетоци не беше прикажано.
    Лили беше ставена само колку да не потсетува нешто на Вил, премногу време потрошено на нејзината приказна, од која и немаше некоја потреба.
    Стилот на пишување беше океј, не беше на нивото на првата книга, ама не беше ептен лошо.

    Еве некои делови на кои се поднасмевнав:
    "There you go. universal response of all teenagers to everything. War, famine, lottery wins, global fame. It's all fine. "

    "That was way too easy for a single girl living in this area. -You look nothing like a single girl living in this area. "
    И ова ми се допадна како е напишано:
    "He moved across me, inch by inch, like a tide, an I lay back so that I was flat on bed."

    И тоа е тоа, сосема просечна книга, ни половина од тоа што беше првата.

    @SV1911 книгата е дел од серијал или може само таа да се прочита?
    Иако не сум баш фан на вакви фантазии, па уште и кога е YA...
     

    Прикачени фајлови:

  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав и јас Реин,искрено нема што да се стави во спојлер. :D
    И не знам што рецензија да и напишам,предосадна.
    Начинот на пишување и е одличен на Јојо,описот на нештата секогаш детален,ама тоа беше премалку за да ми се допадне приказната.
    Лили ми беше антипатична до бескрај,знам дека беше типичен тинејџер,ама неподнослива ми беше за читање,не знаеше што сака и немаше никаква цел.
    Сем исто така.Авторката сакала да и даде шанса на Луиза за нов почеток,да го заборави Сем,ама и мене воопшто не ми е убедливи,ја немаше таа страст и емоции како со Вил.
    Едноставно немаше нешто посебно,дури и обична чик литература би ја ставила над оваа,тие се барем хумористични.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Девојки одберете следна и ви се придружувам и јас :) некако воопшто немам концентрација периодов за читање, затоа ова да ми биде како за домашна задача :lol:

    Јас ја почнав I am Pilgrim, прилично голема е, (800тина страници), како за почеток ветува и имам големи очекувања. На гр има солидна оцена иако мислењата некако се поделени. Ако сте за трилер, бујрум, мислам ќе се развие добра дискусија :talk: :)
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас After You не ја прочитав, ем не бев тука, ем некако не сакав да ја читам. Не знам, имав некоја интуиција дека нема да биде добра, па сакав да си го задржам впечатокот за Me Before You. Чекав да ги прочитам критиките тука, ама штом не се позитивни, ќе ја прескокнам.
    Мене периодов ми е малку мутав, не знам дали и колку ќе имам време за читање, а ја почнав Master of Game. Шелдон одамна го оставив зашто почнав да го предвидувам, ама сакав да му ја прочитам оваа книга :wasntme: Најдобра оценка има, башка ми фалеше бе нешто што ќе ме остави без спиење. Неговите книги брзо се читаат, секое поглавје те остава со прашалници врз глава, па сакав нешто интересно и непредвидливо.
    Ако одберете нешто може и ќе ви се приклучам :)
     
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    @RainBow станува збор за YA, хорор трилогија.

    Јас ја прочитав After You, но никако да најдам време да напишам.

    Очекував дека ќе биде за никаде, посебно по коментарите тука и на инстаграм , ама баш пријатно се изненадив. Лу пак ја има улогата на ангел чувар - се труди до бескрај да и` помогне на Лили, иако нејзиниот живот е во парчиња. Иако Лили е хаотичен лик, сепак имаше нешто позитивно како резултат на нејзиното појавување, мајка му на Вил пронајде причина за да се бори со депресијата, а Лу се потруди да ги остави спомените во минатото и да живее во сегашноста. Мене ептен антипатична ми беше мајка и на Лили, Тања. Толку неодговорна и себична, виновникот за незрелото однесување на ќерка и`.
    Книгава баш беше убава завршница на тажна приказна, но со горе-доле позитивен исход.
    Мислам дека многу внимание не беше обрнато на врската на Лу со Сем, бидејќи тоа не беше главната поента.

    Уживав додека ја читав, од мене 4.5/5.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    На temily му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И јас ја ставив Pretty Girls на листа, од предлозите за Good Reads Choice еден куп книги намерачив :D

    Еве неколку предлози од мене:
    Follow You Home - Mark Edwards
    The Color of Water in July - Nora Carroll
    The Art Forger - Barbara A. Shapiro, B.A. Shapiro

    И три книги од Carol Cassella
    Oxygen
    Healer
    Gemini

    Прво Oxygen ја најдов, ме заинтригира, ама после и другиве две ги отворив, па ајде и тие на листа :D
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Еве анкета. Ја ставив првата од последните три да нема ептен предлози и ништо на крај да не испадне.:wasntme:
    Се мислам сега и за Follow you home, интересно ми делува.
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    АЈде и јас ќе се придружам за оваа книга,гласав за Pretty Girls,ама која и да ја одбереме,ќе ја прочитам.