1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ајде тогаш, Pretty Girls ја читаме неделава. :) Ја почнав јас, раскажување не ми е баш како што треба, ама не е лоша приказната.
     
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    После сто години ви се приклучувам и јас. Ја имав веќе симнато на киндлот книгава, па еве конечно шанса да фатам да читам нешто :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Одлична е книгава, јас сум до 35 посто и не можам да ја оставам. :smirk:
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас сум некаде до кај 12%, синоќа главата ми паѓаше, па морав да ја оставам :D Малку на почетокот ми беше испомешано, дур сфатам во кое поглавје за кого се раскажува. Уште сум на почеток за претпоставки, макар што едно поглавје ме остави подзината и одма почнав да размислувам како се поврзани работите :lol: Вака од прв впечаток книгава ветува, се надевам дека крајот нема да ја оплеска работата.
     
    На Marossa и RainBow им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    До кај сте луѓе? Јас ја завршив завчера.
    Предлог за следна книга Americanah - Chimamanda Ngozi Adichie, од авторката на Пурпурен Хибискус и Половина жолто сонце. Ептен и се намерачив на книгава. Ја почнав Девојката од возот, да видам што е фамата, а и ми се читаше трилер после Pretty Girls, па се мислам да продолжам со Americanah.
     
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас тек вчера ја почнав и сум отприлика до 30%, ама верувам брзо ќе ја завршам :)
    Ми се допаѓа предлогот на @RainBow, ја обожавав Пурпурен Хубискус кога ја читав во средно, баш би сакала да прочитам нешто друго од истата авторка :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас сум до кај 60% отприлика, синоќа морници ме лазеа додека ја читав, денес останав шокирана... Стварно очекувам добар расплет, инаку ќе го џитнам киндлов низ прозор! Засега е многу добра. Се надевам ќе имам време да ја довршам овие два дена.
     
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас ја завршив пред 4 дена,дури и заборавив на темата.Брзо летнаа страниците.Кога ќе сте спремни пуцајте.
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.307
    Допаѓања:
    41.459
    Пол:
    Женски
    И јас и запнав ако стигнам на време може за прв пат ќе ви се приклучам.
     
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Јас дури денес прочитав за книгава, не ми стигна известување иако ја следам темава... :?:
    Ќе ја прочитам брзо штом викате дека е интересна па ќе ви се приклучам кон дискусијата :)
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ајде јас го кршам мразот. Спојлери има надолу, па не читајте ако уште ја дочитувате.

    Да си почнам со едното нешто што не ми се допадна, а тоа е што е малку подолга од што беше потребно, ама гледам има и изданија кои се пократки, од 397 стр.
    Имаше некои работи кои се повторуваа, а немаше потреба.
    Раскажувањето на почетокот ме нервираше, She said, "You're late", he said, па she said...
    Ама добро, не знам дали понатаму јас се навикнав или се изгуби тоа низ страниците, не ми пречеше веќе.
    Ми се допадна и како беше поделена книгата, што имаше поглавје и од таткото, многу ми беше интимно некако, жално и трагично. Нема ништо полошо на светов од тоа да изгубиш дете. Освен можеби да го изгубиш, а да не знаеш дали е мртво или живо и цел живот да те прогонува незнаењето.

    Од ликовите никој не ми се допадна, не ми се допадна нивниот карактер, ама затоа беа одлично изградени. Сакам вакви ликови, човечни, со мани, со грешки во минатото, несовршени.
    Не сум читала друга книга од оваа авторка и цело време очекував детектив или полицаец кој ќе ги земе работите во свои раце, ќе биде оној згодниот шармантниот, бла, бла, знаете веќе каков лик, ама за среќа не се случи такво нешто. Потоа очекував Клер да се претвори во супер-жена, се да открие и да ги среди работите, добро, тоа се случи донекаде, ама требаше прилично време додека дојде до тоа, а и не беше така како што очекував.
    Книгава излегува од оние однапред одредени шаблони кога станува збор за трилери и мислам дека тоа најмногу ме тераше да ги вртам страниците и да не ја оставам дури и кога јадев.

    Да се вратам на ликовите. Клер ми беше малку патетична. Огромно влијание имаше исчезнувањето на Џулија врз неа, нормално, ама пак, до толку да се препушти на еден маж, таква манипулација да не забележи, да одбере да остане целосно слепа...
    Лидија само мислеше дека е силна, како што и се покажа понатаму, но не навистина. Сепак на крај требаше некој да ја спаси. Единствена храброст што јас успеав кај неа да ја видам беше тоа што престанала да се дрогира и успеала некако да си го среди животот. Ама сепак, полна со горчина што ја јадеше. Иако не можам да кажам дека не беше оправдано, сестра ти да не ти поверува, дури ни да не размисли воопшто дали има вистина во твоите зборови туку веднаш да те отсече.
    За Пол немам зборови, какво чудовиште, колку добро опишан и доловен психопат, манипулатор...
    Од една страна ја имаме приказната и видувањето на Пол низ очите на Клер, совршен маж каков што секоја жена би посакал, од друга го имаме мислењето на Лидија и тоа низ што она поминала, па и самиот читател има избор во што ќе верува за Пол.

    Приказната интригантна, испреплетена, на почетокот треба да помине некоја страница додека се фатат нишките, ама токму и тоа е интересното, очекувањето како ќе се склопат приказните и кој е кој и што направил.
    Кога го убија Пол мене дури очите ми се насолзија, како храбро рипна да ја брани жена му, па она да го изгуби на тој начин...;(
    Понатаму и за тоа толку шокирачки ми дојдоа некои моменти, едноставно се препуштив на приказната, не ги земав работите со доза на цинизам.

    Има одлични мисли низ книгава за убавите жени, а и како беше прикажан односот на луѓето кон нив преку Лидија и Клер. Лидија неугледна, а Клер згодна и стокмена жена. На Клер сите врати и беа отворени, зашто на убава жена секој ќе помогне.

    "Missing teenage girl. White. Middle class. Very Pretty.
    No one ever seemed quite as outraged when an ugly woman went missing".
    "Tragic, she was so beautiful".
    Трагично, навистина.

    "The world stops for you when you’re pretty. That’s why women spend billions on crap for their faces. Their whole life, they’re the center of attention. People want to be around them just because they’re attractive. Their jokes are funnier. Their lives are better."
    И во ова има голема вистина. Да немаше толкаво влијание убавината никој не би се трудел толку, едноставни би шетале такви како што не создал Господ и тоа е тоа.

    Одлично беше прикажано и како се справиле со исчезнувањето на Лидија. Мајката и таткото секој отиден во една различна екстрема, мајката по некое време продолжи понатаму како ништо да не било, а таткото западна до тој степен што ги запостави сите други и самиот себе.
    И сестрите исто. Клер одбираше мирни мажи, досадни и стабилни, а Лидија лоши момчиња, немаше кај никој од нив некоја средина. Веројатно не ни може да постои средина кога ќе ти се случи такво нешто, се обидуваше да преживееш како знаеш и умееш.
    Иако мајка им и татко им требаше да ги држат малку подобро конците, сепак имаа и две други деца кои не беа киднапирани и можеа барем нив што се тука да се обидат да ги постават на прав пат. Ама ете, секој индивидуално се справува со таква болка, тоа е тоа, најверојатно не можеш против себе и својата природа.

    Ми се допадна многу и случката со Клер и затворот, такви размислувања се одвратни, сами си го барала, и убаво и направи, па и ти сама сакаше да играш тенис и си го доби заслуженото. Хех. Тука бев, you go girl. :D

    Џулија беше малку идеализирана, што е сосема нормално со оглед на условите. Интересно беше како јавноста реагира, како голта се она што медиумите го сервираат. Џулија - волонтер, добра и примерна девојка и Џулија - политички активист кој бил затворен за време на протест. И девојка која сама си го барала. Како ќе биде сервирано така ќе биде проголтано.

    Имаше одвратни графички сцени и насилство во книгава. Како ги мачеа девојките...:puke:
    Бетер од животни. Како бре може да постојат такви изместени умови? Да нанесуваат таква болка, ух...
    Јас видеото од Џулија не би го гледала, не би сакала да ми остане таква слика од неа, не верувам дека некогаш би ми се избришала од главата. Само што си ги замислив тие сцени колку ми беше гадно, а не па за сестра ми да се работи. Нема шанси.
    Мило ми беше што на крајот добија некаков заклучок, што ја најдоа Џулија по толку години и што Пол си го доби заслуженото. Копиле. Па уште и да моли.

    Има многу за пишување, сигурно нешто заборавив, ама ќе се надоврзам понатаму на вашите коментари. :)
     
    На AnaKarenina, Marossa и 1209 им се допаѓа ова.
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Епа штом се почна,да продолжам и јас.
    Воглавно,мене многу ми се допадна книгата,дури и должината не ми пречеше,бидејќи многу брзо ги лапнав страниците.
    Раскажувањето беше баш интересно,од аспекти на сите тројца.Посебно ме погодија писмата од таткото,таква болка на никој не му посакувам.
    Инаку мислам дека ликовите беа прилично добро изградени,поточно реално.
    Јасно ми беше како Клер потпаднала под влијанието на Пол,ранливоста си го прави своето.Таа го запознала во период каде што сестра и Лидија тргнала по лоши патишта,татко и очаен да ја најде Џулија,а мајка и изгубена во свој свет.Таа ситуација е идеална за психопат како Пол.
    Искрено не ме ни чуди како била толку слепа со години,бидејќи постојат луѓе што толку добро знаат да глумат емоции,да направат тоа што треба и да кажат баш тоа што сакаш да слушнеш,а колку и да се мислиш паметен,способни се да ти го свртат умот,како што се случи и со Клер.
    Баш убаво беше опишано како полека ги открива работите и што знам,реакцијата и беше баш очекувана,мило ми е што не ја издигаа до степен ептен бедес да стане,а од друга страна и што не развија приказна меѓу неа и ФБИ агентот.Навикната на такви трилери,пријатно ме изненади што немаше такви типични патетични романтични заплети.
    Лидија навистина ми се допадна како лик,навистина е потребна голема храброст и сила да се извлечеш од зависности,колку и да не изгледа тешко.А секој се справува со болката на свој начин,нејзиниот бил полош од на сестра и.Плус болката и недовербата во врска со намерите на Пол,дефинитивно ја докрајчија.Поради тоа и се препушти кога ја киднапираше,колку и да си силен,пред неа стоеше психопатот кој проба да ја силува пред 20 години.
    Во врска со Пол нема многу што да се каже,мислев сепак ќе испадне невин,барем до некоја мера.Ете тоа малку ме разочара,не знам што очекував,можеби малку повозбудлив крај,некој сосема друг да испадне психото.Ама и покрај тоа,ептен грозоморно беа демонстрирани цените со мачењето,право да ви кажам,до толкав детал што ако ги затворев очите буквално можев да си ја замислам гаражата со синџирите и девојка како вриска.
    Мислам дека насловот е прилично погоден и се согласувам дека имаше некои доста вистинити фрази во врска со убавите жени,како оваа
    "The world stops for you when you’re pretty. That’s why women spend billions on crap for their faces. Their whole life, they’re the center of attention. People want to be around them just because they’re attractive. Their jokes are funnier. Their lives are better."

    Се разбира,тоа не значи по дифолт дека убавите жени со го бараат,а мислам дека тоа сакаше да се нагласи во книгава.

    Пријатно се изненадив од трилеро,посебно бидејќи излегуваше барем малку од клише моментите.
    Дефинитивно би прочитала нешто друго од авторката,ако има.

    За следна книга ќе прочепкам малце па да дадам некој предлог.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Моментот кога јас се посомневав за секунда нешто друго да не се случува беше кога и се јави на Kлер и и рече дека има објаснување, дека не е вмешан, дека не е така како што изгледа. Ама се беше јасно во следната секунда, кога Лидија ја затвори во багажникот.
    Ако испаднеше друг книгава немаше да се издвојува од другите трилери, ќе беше само еден евтин обид на авторката да направи некој демек појак пресврт и целата психолошка позадина ќе паднеше во вода. Според мене барем. :)
    Мене ни едно очекување не ми исполни приказната, а сепак ми се допадна.
    И се надевам дека ќе се најде некој да ја преведе, си заслужува книгава.

    За Americanah не можам да најдам линк, не можам да најдам ни за една друга што ја барав, Not if I see you first.|(
     
    На 1209 и Marossa им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас додека ја читав цело време си мислев дека Пол сепак нема да биде негативецот. Не затоа што сакав да биде совршениот сопруг, туку некако уште од самиот старт беше посочен како невиден психопат. Ден после неговиот погреб Клер дознава каков бил и што имал на компјутерот, па не ѝ се веруваше дека цело време го криел тоа од неа, па како можела да не го познава иако биле заедно 20 години... Ми делуваше дека таквото упорно посочување е со цел to throw us off the track.

    Ми се допадна како беа доловени ликовите, иако ниту еден не ми беше нешто посебно симпатичен. До душа, можеби едната половина на Пол, онаа нормалната :D Си го препознав сопствениот перфекционизам во неговиот лик, дури и некои идеи за организација по дома ми дојдоа од него :lol: Клер ми беше некако плитка, како да немаше ништо во неа. Освен херојскиот подвиг на крајот, целата слика што ја имав за неа беше негувана жена со скапа гардероба која повремено си се занимава со хуманитарни акции. Ништо повеќе не видов од неа. Лидија во тој поглед многу повеќе ми се допадна, како беше доловено нејзното справување со исчезнувањето на Џулија, како ја променило мајчинството и колку станала силна после сето тоа. Не беше ништо бајковито, дури и кога беше во прашање нејзиниот љубовен живот. Немаше принц на бел коњ што ја спасил, никакви клише моменти од тој тип. А раскажувањата на таткото стварно ме погодија :( Ми текна на сите емисии што сум ги гледала на телевизија за исчезнати луѓе, особено девојки. Најстрашна е мислата кога не знаеш каде е и дали воопшто е жива. А токму тоа не те пушта да продолжиш понатаму - таа трошка надеж дека некогаш пак ќе се врати. Сум гледала мајки, татковци и сестри кои баш тоа го викаат - знаат дека нивната ќерка/сестра е мртва, едноставно чувствуваат во себе, ама се надеваат дека барем ќе го најдат телото. За конечно да можат да се помират со тоа, да имаат што би рекле они - closure. Кога сум кај тоа, можеби малку ми фалеше перспективата на Хелен. Не мораше да биде ни како посебно поглавје, само малку повеќе глас од неа. На моменти ми делуваше дури и нереално нејзиното однесување. Џулија ја изгубила, Лидија сама си заминала, а она се премажила. Целиот контакт со Лидија се сведувал само на некакви писма што никогаш не стигнале до неа. Не ми личеше дека толку многу се борела за да ја задржи ќерка си во нејзиниот живот. И внука добила, а ништо за тоа не знаела. Не знам како ја држело срце да не се заинтересира како живее и што прави Лидија во животот. Мислам, кога веќе ѝ ја знае адресата.

    Имаше некои делови од кои буквално ми се повраќаше, да можев ќе ги прескокнев :puke: Нема ни да се обидам психолошки да анализирам луѓе кои се способни за такво брутално насилство.

    Главно книгата ми се допадна, макар што ќе се сложам со Реин дека некои работи се повторуваа. Сепак не ми беше досадна, а имаше и добри цитати:
    “It's the truth. I'm sorry to be blunt about it, but girls don't like guys who are doormats. Especially pretty girls, because there's no novelty in it. Guys are hitting on them all of the time. They can't walk down the street or order a coffee or stand on a corner without some idiot making a comment about how attractive they are. And the women smile because it's easier than telling them to go fuck themselves. And less dangerous, because if a man rejects a woman, she goes home and cries for a few days. If a woman rejects a man, he can rape and kill her.

    “That’s when you fall in love with somebody. The lust and fucking like rabbits and letting your life fall to shit so you can be around him—that’s passion. It’s borderline obsession. And it always burns itself out. You know that, Liddie. That high never, ever lasts. But being in that hospital, taking care of him, I started to realize that what I had with Paul, what I thought I had, that was more than love. That was being in love. It was so tangible I could almost touch it with my hands. I could bite it with my teeth.”
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Поминувам во клубов да прашам да не има феминки заинтересирани за читање? :wasntme:
    Сега летен период, помалку обврски, повеќе слободно време, па можеби имате желба да ја живнеме малку темава :)
     
    На elimkd, do-re-mi, sia.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Me, me! 8-|
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Може. На ред ми е од Колин Хувер една, па од Лусинда Рајли и ќе излезе новата од Лиен Мориарти, за која се надевам ќе сакате да ја ставиме тука. Па, предложете нешто. Јас мислам дека сум за опасен, мистериозен и морничав трилер. Ако излегло нешто такво добро во последно време.:wasntme:
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И јас сум за некој трилер, одамна немам нешто такво читано. Ако бираме нешто што го имаме и во печатена верзија на македонски (за да можат повеќе феминки да ни се приклучат) предлог од мене за Behind Closed Doors (еве торент за тие што сакаат да ја читаат на англиски), а на македонски е издание на Сакам Книги, под наслов Зад затворени врати. Ја читал некој? :?: Има прилично добри коментари на goodreads и висока оценка. Макар што пишува Perfect for fans of "The Girl on the Train", а јас баш не ја сакав книгава :D Ама ми делува интересна. Ако имате други предлози пишете :)
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    The Girl on the Train беше џабе потрошено време за мене, ептен лигава и депресивна. :drunk:
    Изминативе два месеца воопшто не сум во тек со новите книги, така да ќе читам што и да предложите. :wasntme:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Лелее Ана, како да си ми ги прочитала мислите. Баш вчера се мислев да пишам, сакав да предложам барем една книга месечно да ставаме колку да не замре темата, а очигледно толку и ни дозволува времето на повеќето. Скоро цела година не сум прочитала нешто различно од стручна литература, така да добро ќе ми дојде што и да одберете. :)
     
    Последна измена: 1 јули 2016
    На Gosh и AnaKarenina им се допаѓа ова.