1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Оф леле, ја па се чудев што е работата, немав поим дека тој збор има и такво значење :D Сега видов во речник :) Цело време си го преведувам како азил, ми се уврте идеја дека ќе ја носи во Нов Зеланд... Не знам уствари што си размислував, некако не се ни трудев да разберам.

    Јас планирав да ја почнам Кога ќе заигра срцето од Џејн Мур. Ми се најде дома, некој и ја дал на сестра ми, ја најдов на гр, има коментари дека е лесна, читлива книга, баш како за во лето. Па ај :)
     
    На sia.bella и RainBow им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ахм азил, за во задгробниот свет само.]:):rofl:
    Ја почнав Lonesome Dove, интересна ми е, ќе почекаат другите. Уствари утре излегува од Лиен новата. Може таа ако има торент преку ред да ја фатам.^_^
     
    На do-re-mi, sia.bella и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас паднав во блага депресија кога видов дека kickass го симнале, книги строго од таму симнував, многу ретко од други сајтови ако книгата ја нема на овој. Викендов видов дека пак го ставиле, ми дојде душа на место :D
    Лиен обавезно ќе ни биде на листа, кога ќе излезе торент ќе ја ставиме во клубов :)
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Леле Ана, и јас исто сум разбрала, како азил си го преведов и јас - ова професионална деформација :lol: Кога ќе видиш така и пологично би било, отколку ова другото што беше, ама да не бараме логика во безсмислена книга. Добро е Реин што објасна подетално, уште ќе бевме во заблуда. :D
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ја симнаааав:party::dance: направив премиум акаунт на мобилизм со десет дена free trial, ама сега гледам може и со обичен акаунт.:devil: еве симнете си ја во пдф.
     

    Прикачени фајлови:

    На do-re-mi, Sky-butterfly, sia.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Јас вака падобрански да влетам со прашањето :$

    Ја симнав од Лиам книгата. И ја ѕирнав на кратко и веднаш ме заинтересира.
    Туку, во искушение и недоумица сум дали да ја читам. Би сакала да ја купам книгата и да ја имам. Претходните две ги имам.А не ги читам книгите по два пати, барем не во блиска иднина.
    Затоа ме интересира ако знаете, колку обично помине време тука кај нас да ја преведат и издадат?
    Месец, два, шест месеци? Година? Повеќе? :?:

    Патем, редовно ве следам кога сте активни, ама никако да се погодам со читањето на избраната книга.
    Еве во моментот ја завршувам трилогијата Милениум, па или ќе ја читнам ова од Лиам или уште некои што ги имам на редот, како на пример Илјада невероватни сонца од Халед Хосеини.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Прочитај ја, па можеш после да си ја земеш. За преводот авторката до сега ја преведуваат од сакамкниги, не знам дали @I <3 Books е уште активна, она е од сакам книги, па може ако сака да пише дали и кога ќе ја преведуваат.
    Јас почнав да ја читам, до сега е истиот концепт како и Големи мали лаги, се се врти околу едно попладне...
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Како иде со книгата луѓе? Мене ептен ме завлече, а има и добар хумор, на глас си се посмеав, и цел ден си се смеам кога ќе ми текне на еден дијалог. :rofl:
    Да не ја дочита некој од Лиен да ја прокоментираме во меѓувреме?
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.307
    Допаѓања:
    41.456
    Пол:
    Женски
    Дали Pretty girls се чита сега? Јас скоро ја читав ама некако не се сеќавам многу бледа ми е.
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас сум при крај со Лиен, ама некако сафра ме фаќа ]:) Реин ја дочита? Те молам кажи ми дека крајот ќе ги оправда сите овие долги, долги страници раскажувања за скарата... Очекувам некоја бомбастична завршница, макар што крајот наѕира и немам чувство дека такво нешто ќе добијам :( А толку бев возбудена за книгава, баталив сè за да ја читам.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ја дочитав јас, пишав во Последна прочитана http://forum.femina.mk/threads/Последна-прочитана-книга-и-кратка-критика.852/page-117, за жал ништо не ја оправдува книгава.
    Lonesome Dove се чита сега. Pretty girls помина, ама можеш да се надоврзеш, ми се чини слабо беше коментирана.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не знам Лиен дали во другата тема да ја коментирам, или овде да дискутираме за книгата? Макар што не знам што би дискутирале... (facepalm)
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Јас сакав да продискутираме за некои недоследности и нафрлани работи колку да има плус мистерија.
    Карактерот на Дакота воопшто не ми беше логичен. Прво, има наговестување дека е злобно девојче, јас барем така почнав да ја гледам, нели со сите тие мисли во главата, дека може да си мисли што сака и никој не ја слуша, ама сите мисли и беа злобни. Потоа испадна премило девојче, ептен се каело бла, бла, а не беше ни крива воопшто кога знаеја дека не е со другите девојчиња.
    Исто и на крајот, кога испадна дека Холи ја турнала, тоа бепе крајно непотребно зашто отвори други прашања кои секако нема да бидат одговорени. Плус, никаде не беше спомнато дека Холи има таква жичка или така го чувствува бесот. Башка ако ја турнала и видела дека се дави зашто не викнала?
    Пре би поверувала дека Дакота ја бутнала.
    Уште не ми се верува дека од еден автор може толку различни работи да излезат.
    Ставив во спојлер зашто не е официјално ставена за дискутирање, па да не ја чита некој во меѓувреме.
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене Дакота не ми остави впечаток на злобно девојче, што знам :?: Некако беше премногу повлечена и изолирана, а целата фрка со тоа дека се чувствувала виновна, ми изгледаше само како начин Лиен да ја вклучи во нешто. Ете, да не биде дека е само девојчето што чита книги и толку.
    А за тоа со Холи се согласувам, апсолутно немаше потреба такво нешто на самиот крај, како целата приказна да се измести, вклучително и впечатокот за Холи. Мирно девојченце, си собира камчиња, а одеднаш испаѓа дека ја турнала сестра ѝ и продолжила да си игра ко ништо да не било :^)

    Мене малку Ерика ми беше нејасна, што беше тоа со собирањето ствари од кај Климентина (јас вака си ја викав цело време, не можев како Клементајн да ја читам :D )? Ај тоа некои ланчиња, што ти ја знам, ама патиката на Холи? :^) Многу ми беше во стил: Не можам да бидам Климентина, ама ај ќе се преправам дека нејзиното семејство е мое и дека нејзините ствари се мои...

    А во однос на целокупниот впечаток од книгата, мене тотално ме разочара, а толку многу се израдував кога видов дека ја има во електронска верзија и ќе можам да ја читам. Ај на почетокот ми беше интригантна, постојано си замислував што толку шокантно се случило на тој ден, ама после толку многу развлекување и тупење, мене сафра ме фати! Уште па кога видов дека настанот воопшто не е толку шокантен и реакциите на ликовите се крајно преувеличени, уште толку се разочарав. А Лиен ми е една од омилените...
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Мене за Дакота ме збуни со тие мисли што ги имаше, лоши, затоа ми делуваше злобно и ми се измести целата слика. Ме мрзи сега да барам по книгата.
    А и Ерика ми беше конфузна, прво ми делуваше како да и фали нешто, да, има пореметувања, ама мислев дека е поклинички некако, а после до крај ептен нормална испадна, нормални конверзации, абе се супер.
    Па колку беше надувано тоа со нејзиното губење на меморијата, јас мислев она нешто направила, па мислев она го турнала Хари, па со Оливер го наместиле демек се утепал по скали, абе триста филмови ми се свртеа.(facepalm)
    Крајно, крајно разочарувачки.
    https://www.thereadingroom.com/arti...hawkins-into-the-rank-of-richest-authors/1984
    А ова па, лелееее, фејспалм не е доволен.
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Хахахаха, леле стварно и јас кои филмови си ги направив за таа ситуација со Ерика :D Дупка во сеќавањето имаше, викам којзнае заради што ѝ се случило тоа. Прво мислев дека она го бутнала девојчето, од пуста љубомора кон Климентина. Па сега не се сеќава, зашто несвесно го направила тоа, зашто некако цело време имав впечаток дека женава има психички проблеми. После си викам Хари го бутнал девојчето, а она го видела. Eден куп комбинации си направив во глава. Па и моментот со Ерика кога само зјапа во фонтаната неколку минути |( Леле па тоа како беше раскажано... Девојчево се дави, оваа стои и зјае ко теле во шарена врата, не може да се свести ни кај се наоѓа. Па филмови во глава ѝ се вртат, ѝ се причинува дека мајка ѝ нешто ѝ збори... Не бе, дефинитивно женава си имаше некој проблем.
     
  17. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Јас не знам колку пати ја почнав книгава и исто толку пати не успеав да ја прочитам првата глава. :$

    @RainBow ти до каде си? Ја прочита?

    Да не прашувам во другата тема, проверен ми е вашиот вкус и предлозите кои сте ми ги дале :nod: па да ми предложите книга со убава љубовна приказна, во таков mood сум некако. Фала однапред. :wasntme:
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    До никаде сум. Немам ич време и ми остана така книгата. Читав по страница-две и се изнервирав зашто само ми се разводенува приказната и потоа губам интерес, Не знам ни дали ни кога ќе ја дочитам.
    За предлози, од Дороти Кумсон, http://www.sakamknigi.mk/index.php/drami/semejni/item/40141-добра-ноќ,-убавице-дороти-кумсон
    Ако сакаш од YA нешто поинтересно, I'll give you the sun е одлична, еве моја критика.
    http://forum.femina.mk/threads/Последна-прочитана-книга-и-кратка-критика.852/page-102#post-2321351
    Ако сакаш нешто љубовно изопачено ѕирни ја трилогијата од Тарин Фишер https://www.goodreads.com/book/show/13312527-the-opportunist мене ептен ми остави впечаток со ликовите. Нешто историско и вестерн https://www.goodreads.com/book/show/8262550-eyes-of-silver-eyes-of-gold, преубава книга, омилена од жанрот ми е.
    The art of hearing heartbeats е ептен љубовна, со преубава приказна. Мое мислење за книгата http://forum.femina.mk/threads/Последна-прочитана-книга-и-кратка-критика.852/page-100#post-2270441

    Инаку, сакав да ви речам да ја ставиме Daisy in chains од Шерон Болтон излегла најнова, ептен ми фати око, мислам да ја почнам во првиот слободен момент. https://www.goodreads.com/book/show/27418655-daisy-in-chains
     
    На sia.bella и do-re-mi им се допаѓа ова.
  19. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за предлозите @RainBow, се ми се допаѓа и се мислам по кој редослед да ги почнам.

    А и предлогот за трилерот за овде излгеда ветувачки, јас сум за. (y)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dear_Thing

    Dear_Thing Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2015
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    2.661
    Пол:
    Женски
    Јас и ти очигледно имаме страшно сличен вкус за книги. Новава од Лиен ме уби, ме уништи, малку е да се рече дека „,ме разочара“. Патем, жената ми е една од најомилените авторки, Тајната на сопругот и Големи мали лаги беа фантастични. Сакам Книги нема ни да ја преведуваат, ова 100% потврдено-прашано, ја отстапиле на друга издавачка куќа, нејќат ни да чујат. Абе ова ни на деби книга не личеше, жалосно... Од друга страна, Убави девојки ми беше ТОП. А Daisy in chains нема допирна точка со Мали црни лаги - претходната ми беше каде-каде подобра.

    Дај препорачајте нешто ново добро :?: