1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Mоже линк? Јас не успев да најдам.
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @Snow-Star не знам дали си ја нашла во меѓувреме, ама еве сепак ќе оставам линк од каде што ја симнав јас. Само што завршив со Чемберлен, одма ја ставам оваа на киндлот и ви се придружувам :)
     
    На SV1911 и Snow-Star им се допаѓа ова.
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Јас барав линк за The good daughter, Реинбоу пиша дека веќе ја чита, па побарав линк за неа. Погрешно сме се разбрале. :)
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ааа јасно :)
    И таа ја има на piratebay, еве линк http://thepiratebay.org/torrent/18222199/The+Good+DaughterKarin+Slaughter2017EPUB :)
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Дечки како оди читањето? До кај сте? Јас некаде до прва третина, некако бавно ми оди, увидов дека морам со поголемо внимание да ја читам книгава, инаку се губам :?: И малку мака имам со имињата :wasntme:
     
  6. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Јас за жал се уште не сум ја почнала. :( Ја планирам за вечерва или евентуално утре па да си терам турбо. :party:
    Инаку, Ана арно ме потсети... не знам дали изданието кое сте го симнале има фамилијарно дрвце па еве ви го тука за поглатко да ви оди читањето.

    [​IMG]
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Јас сум на почетокот, со планови да ја прочитам до утре, евентуално понедлник на полноќ и директно да пишам овде критика.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Јас денес ја почнав, не можев порано.
    До десет посто сум и засега можам да кажам дека ме вовлече приказната, начинот на раскажување многу ми се допаѓа. Има нешто така тажно и меланхолично...
    Уживам во секој збор.
    Се надевам за два три дена ќе ја завршам.
    Во меѓувреме да ставиме анкета?
     
  9. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Да го поместиме рокот тогаш, а? Нека бидат за среда или четврток рецензиите, за да нема спојлери во меѓувреме. Мислам дека на сите одговара.

    Може да се стави анкета исто.
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.143
    Пол:
    Женски
    Јас сум до 23% и мислам дека за 2 дена би ја завршила книгава. Викендов потфрлив со читање инаку ќе бев готова до сега. Не ми се испушта кога ќе почнам да читам.

    Се надевам дека настаните ќе продолжат да течат во овој редослед, имам претчувство дека книгата навистина ќе ми се допадне.
    Многу топол стил на раскажување - тоа најмногу ми се допадна и мене, не можам да го опишам ама звучи многу смирувачки и нежно, баш е уживање дури се чита.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Дајте некој предлог. Јас планирам The house of spirits да ја прпдолжам, од Изабел Алјенде, ми остана, а книгата е многу, многу фслена, и од членки од тука, па ете предлог.

    Со оваа сум до 60 посто, малку ме разочара, ама ништо страшно.
     
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Јас ја завршив пред некој ден, го ставам мислењето во спојлер во случај да не сте ја завршиле.

    Homegoing е полу автобиографска книга, напишана од Yaa Gyasi која самата е родена во Гана но живее и работи во Америка.

    Тргнувајќи од тука, се гледа дека авторот се потрудил да ја опише голготата на цела нација и мошне успешно, откако е објавена во средината на 2016 книгава е хит не само помеѓу љубителите на разказите за Африканскиот континент, туку допира до многу поширока публика.

    Почнува со оган и разделба на мајка од своето дете.
    Нараторот раскажува за Ефија убавицата, ќерка на почитуван човек во племето Фанте која нејзината мајка ја нарекува проколната и ја мрази од дното на душата. Приказната за Ефија доживува расплет кога мајка ѝ ќе признае дека всушност не и е мајка и ќе и даде црн камен покриен со злато како спомен од нејзината вистинска мајка. Ефија ја мажат за британец чие што семејство гради бродови за превоз на робови од Африка во Британија. Заедно со Џејмс живеат во замокот над затворите каде што стотици робови делат една мала ќелија без прозори. Ефија во неколку наврати се запрашува што се случува доле, но никогаш не превзема ништо. Од тој брак се раѓа еден син.

    Наредната приказна е посветена на Еси, ќерка на племенски лидер која што никогаш во својот живот не видела страдање и не слушнала лош збор. Помошничка во куќата на мајка ѝ ќе ја каже вистината за нејзината мајка која што била роб пред да успее да избега и да ја остави својата ќерка. За замена Еси ќе мора да прати порака до таткото на слугинката чија армија после неколку месеци ќе го нападне селото каде што живее Еси, а неа ќе ја однесат во дворецот како роб. Пред да ја киднапираат, мајка ѝ и ја кажува вистината за постарата сестра и ѝ дава идентичен црн камен покриен со злато. Еси завршува како роб во Америка, а каменот подарок од мајка ѝ вечно изгубен во изметот во ќелијата.

    Наредните приказни ги опишуваат животите на потомците на Ефија и Еси, проклетството кое навидум ги прогонува во текот на 250 години се додека семјството не се соедини повторно.

    Секој лик е доволно разработен за да биде интересен, а историјата на секоја генерација доволно долга за да читателот дознае што се случило и зошто, без да се навлегува во многу детали.

    Мене лично ми се допадна, дури за малку ме расплака пред крајот.

    Имам уште многу за пишување, ќе почекам другите да напишете па да почнеме дискусија.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Прво, да и се заблагодарам на @DzingrlakaDzikica што ја предложи книгава. Целосно ме освои и ќе ми остане запаметена. Не памтам друга книга на оваа тематика толку да ми оставила длабок впечаток.

    Да почнам од структурата. Морам да признаам дека малку се разочарав кога сфатив дека се повеќе како раскази кои следат повеќе генерации, а мислев дека ќе се сконцентрира приказната на Еси и Ефиа и нивните засебни патувања. Не прочитав нешто многу од кратката критика, повеќе сакам кога не знам точно за што се работи. Па мислев дека нема да успее авторката да ја држи приказната во рацете.
    Но бев грешка. И тоа како. Седум генерации, 250 години, толку историја прикажано, толку ликови поминаа, а сите ликови препознатливи сами за себе, дури и на толку малку страници. Навистина ретко кој може да го направи тоа, затоа и симнувам капа на авторката.

    За ликовите можам да кажам дека само на Еси приказната малку ми делуваше недоработено и избрзано, мислам дека можела уште малку детали да додаде. Приказната за потомците на Ефиа некако повеќе ми се допадна. И приказната на Old Lady ми остави најголем впечаток. Колку ми беше жал за девојчињата, а она остана жива и живееше толку долго...
    Исто така и приказната на Коџо, кога му ја земаа Ана, пред породување, срцето ми се скина на парчиња. Каква злоба имало, низ што се поминувал невин народ, а зошто, само поради бојата на кожата. Ми се гадеше од сликите каде што ги чуваа заробени, ми се гадеше од племињата што заробуваа и тргуваа со свои луѓе, што придонесуваа кон таков одвратен чин. Ама такви секогаш имало, и за жал секогаш ќе има.
    Имаше зло и тоа какво зло во стеблото на Ефиа, самата таа мажена за таков човек.

    За крајот, многу сакав некако да дознаат дека потекнуваат од две сестри, ама штом и сестрите не знаеја една за друга, зашто пак и они да знаат. Ама така повеќе ќе ми се допаднеше крајот и како читател ќе ми дадеше малку поголема сатисфакција.

    Од цитати, тој погоре издвоениот уште поголем впечаток ми остави кога си го доби своето значење. Злото поттикнува повеќе зло, злото неретко тргнува од самиот дом, злото тргнало од самите племиња кои тргуваа со своите...

    “We believe the one who has power. He is the one who gets to write the story. So when you study history, you must ask yourself, Whose story am I missing? Whose voice was suppressed so that this voice could come forth? Once you have figured that out, you must find that story too. From there you get a clearer, yet still imperfect, picture.”
    Ова исто така, победникот ја пишува историјата, поточно кажано здравје.

    “The family is like the forest: if you are outside it is dense; if you are inside you see that each tree has its own position.”


    И многу, многу други цитати. Петка од мене има книгава, и покрај малите забелешки.
     
    На do-re-mi, DzingrlakaDzikica и SV1911 им се допаѓа ова.
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Мене целиот расказ за Маркус ми е полн со цитати, толку убаво напишани што не е можно да не се соживее читателот со проблемите на цела една нација.

    Колку сакав да ги задавам сите оние бели ѓубриња кои мислат дека поради бојата на кожата се подобри.

    Сликите од затворот не ми излегуваат од глава... Како 250+ девојки и жени успеале да поминат во толку мало место, вистина ли се случувале вакви работи?! :x
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Па, замокот постои и веројатно се случувале.
    Најодвратни описи беа тие, најтрагични, најпотресителни. Кога лежеа една врз друга, некогаш и по три. Кога Еси ја осети како таа врз неа уринираше и мочката се слеваше и по нејзините нозе...
    А некои доброволно се мажеа, добро, не доброволно, ама речиси. Зошто самите тие учествуваа, зошто Асанте ги ловеа, а Фанте ги продаваа... Сите имаа крв на рацете, сите.

    Читав нешто за книгава и се вели дека речиси во секој лик е точно опишан еден период, како Сони со Хероинот, како Вили што се омажи за маж со светла кожа и потоа тој ја остави за да помине како белец. Можеби, но тоа за мене не одзема ништо од книгата.

    Маркус стоеше на местото каде животот на Еси беше целосно променет, каде беше закопано исто синџирче што го имаше Марџори, а не ни знаеше...

    Две сестри, едната Гана, другата Америка, толку различни, а сепак од една мајка.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Не ја дочитавте книгата луѓе? :doh:
     
  17. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Better late than never, не? :) Месецов планирам повеќе да се посветам на книгите кои верно ме чекаат уште од ноември. Следна на списокот ми е The Essex Serpent од Sarah Perry па заинтересираните (ако ги има) нека се јават и ќе договориме нешто. :lol:

    Сега, да пишам збор-два за книгата како што е ред. :)

    Имав мал проблем на почетокот дур да се навикнам на специфичниот наратив. Имав скроз различна претстава за тоа како ќе тече приказната. Попрво би рекла дека станува збор за збирка раскази (забележавте дека секоја приказна беше по 20 стр.?) отколку роман. Можеби фактот дека сите беа крвно поврзани некако ме натера да продолжам со читањето и баш ми е мило што не се откажав. Забележав дека и самата авторка сакала да го зачува континуитетот со повторливите симболи како црниот камен/приврзок. Приказните сите до една беа полни со толку интересни детали и ликови што страните едноставно сами се вртеа. Стилот на пишување си имаше посебен шмек, лесен за читање а сепак налетав на мноогу делови кои едноставно ме оставија без збор и сакав да си ги запишам на страна. Сигурно ќе се навраќам на некои од нив во иднина.
    Како еден од најпотресните моменти ќе го издвојам можеби оној во тоалетот кога го натераа Роберт да си ја силува жената додека шефот мастурбираше гледајќи ги a на крај му рече утредента да не се појавува на работа. Вториот кога Акуа си ги запали двете ќеркички во сон а таа кутрата каков товар и траума имаше собрано во душата.

    2017 ја посветив речиси целосно на книги со африканска тематика. Оваа конкретно беше една од подобрите ама не и најдобра. Сепак, за почит е фактот дека книгава е првенче на писателката и за мене беше како час по историја. Кој талент... ќе кажам браво! Се надевам дека нема да помине долго пред да видиме нов наслов од неа.

    Во врска со темава, можеби најголем „turn off“ за мене е рокот кој ми се виде некако краток. Можеби треба да биде една книга - еден месец. Колку и да имаме мерак некогаш да прочитаме нешто искрснуваат работи кои одземаат од слободното време предвидено за читање.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    6.768
    Пол:
    Женски
    Неκаκо замρела темава?:?:
    Не може ли κнигите да се на маκедонсκи?:wasntme:
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Дека претежно на читачи читаме.

    Ја ставам The great Alone од Кристин Хана, нека биде за месец април, кој сака нека повели. Потоа дајте предлози за следната.
    Ќе ја прикачам утре во пдф кој сака да ја симне.
    Ајде да се размрдаме малку. :)
     
    На Snow-Star, WarriorMind и Mishela им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Еве ја во пдф книгата.
    @AnaKarenina ајде после Лусинда Рајли приклучи се, @SV1911 @DzingrlakaDzikica @crimson @Snow-Star не знам дали заборавив некој, ама секој кој е расположен е добредојден.
     

    Прикачени фајлови:

    На Snow-Star, crimson, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.